1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Гледав спот со Б'лгарки :) Па добро, едно 2332424 пластични операции, 2323131 тони шминка и што ли уште не па тоа ти е совршен рецепт за традиционална Балканска певаљка. Па уште кога ќе земе тоа микрофонот ќе фати да рика како магарица :devil: всичко мичко...к'жи, искам те..... :swear: Извадиле тоа цицкиштата надвор божем ги спремаат маживе за нуркање, ко преживи-причаче. Богами во толкав силикон ако не се задушиш, комотно може еден споменик до Воинот на Коњ и слободно нека пишува Преживео сам буру силикона :swear:
    И цело врем едно та исто, с'блечи ме, с'блечи ме.... Мамица нивна, абре музика ли е тоа? Подобро ќе земам некоја Фока да ми рика од сабајле и по цели денови, дури и пари ќе и лепам на чело, додека и' го слушам "харизматичниот" глас. :devil:
    Кај гледав, пишман сум. :puke:
     
    На ines.h, BlackSwan5, smiley-32 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Сакам да кажам...

    Ќе беше супер доколку и СРЕДА беше неработен ден. Недела ми е многу далеку ...
     
  3. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Сакам да кажам...

    Познав една форумџика ама не и кажувам (срам ми е ) :rofl: :rofl:
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сакам да кажам...

    Мразам кога сум болна и имам тон работи за учење. Еднаш, еднаш не успеав да поминав ден во кревет, да одморам од ова школово. :@
     
  5. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Сакам да кажам...

    Мисс ,се сложувам со тебе :| Па кравата мука поубаво од нив :rofl:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Сакам да кажам...

    Mижуркаш цел ден,барајќи го креветот драг.
    Ах како би легнала ,со насмевка на лице,стуткана ко клопче, покриена преку глава...
    Требало да се работи.
    Како да бидеш исполнет,да вложуваш максимум кога не те исполнува? Се запишав на факултет полна елан и оптимизам,исполнета до максимум.Кога дипломирав бев најгорда.А потоа морав да ја подголтнам гордоста,беше тешко,најтешко,па да прифатам нешто друго.
    Ајде,сепак гледам светла точка што благодарение на не големото трупченце пари,секој 15ти на месецот,плаќам кирија за да бидам со љубовта,купувам храна и плаќам сметки,понекогаш се дозволува и луксуз за мене,ама претходно ако мама добие нешто од мене.И така,мижуркаш и преживуваш,а надеж веќе забораваш.Може ќе ми текне на неа,ако некогаш реши сама да ме натера пак да верувам во неа.
    Моја маана-не научив да лижам за*ници и лажно да се насмевнувам.Денес го сметам за маана,ама сепак горда сум длабоко во мене што некој кој ми дарил живот ме научил на чесност,искреност и правење добрина.
    Не сум добрата вила.Само денес се трудам малку од малку да ги заборавам овие прекрасни особини кои ми ги дарил еден прекрасен човек,зошто ако се раководам само со нив-ме однесе матна вода :|
    Не сакам,ама батали-не сум веќе мала.

    Се тешам дека од лошо има полошо.
    Сакам да живеам,и му благодарам на Господ секој нов ден.Да ми ги зачува живи и здрави малкуте луѓе што останаа единствено покрај мене.

    А за се друго има решение.За едно нема.
    Кога ќе помислам дека горе споменатата реченица,ми ја кажуваше татко ми кога се нервирав за ситници.Кога ќе помислам дека тој ми кажуваше така,а сега нема решение за вториот дел....
    Треба време да научиш да живееш без најголемата подршка.Да си ставиш во глава дека веќе не си галеничка и маза.
    Мене ми требаше многу.А цел живот ќе се учам да живеам без него.Кога фали некој,целата хармонија се руши.Од она што преостанува,можеш само да дадеш труд,да остане составено...
    А веќе никогаш нема да биде исто.
     
    На Strumfeta93, Serafima, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  8. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ФАЛА МУ НА ГОСПОД
     
    На Serafima и ines.h им се допаѓа ова.
  9. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    Сдк...дека среќата е зад наредниот пагол...не се откажувајте никогаш...бидејќи денес можеби врне,но тоа нема да трае засекогаш....

    ја денес така малце у заљубено стање :inlove: :* :lol: :lol:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Нема ни 10 поста утрово... Не можам кафето да си го испијам нормално...
    Фемина разбуди се...
     
    На Go-Girl, crazylady, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес мора да успеам во тоа што вчера не успеав целосно, се надевам дека ќе можам да те вразумам и да разговараш сеиозно без твоето смешкање :@
     
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    ДОБРО УТРО
    девојчина па и тие малце машки што ги имаме на форумов !
    Музика бе музика ја сакам ја обожавам што да кажам не можам денот да го смислам без

    Метрополис (јеб..га ако е реклама ова )и Антена тука би ја вброила

    музиката ти ги отвара сетилата, ти ги милува, те буди, те држи буден, те смее,некогаш ќе те и растажи ќе те потсети на моменти кои си ги минал ќе те дигне деее!
    Чудно како секоја песна посебна емоција буди ....еве на пр. оваа секогаш ми буду страст и ме тера да го гушнам така силно да го припијам до мене да го сакам гушкам и танцувам да водам љубов трошејќи ја цела моја енергија .
    http://www.youtube.com/watch?v=WpmILPAcRQo
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Едно големо ФАК!!!!
    Значи неверојатно е тоа колку сум факинг болна!!! И колку се факинг нервирам.
    Ма само што оздравев, од каде бре пак ...
    Крајниците отечени како бабури, температура 38,7 пиеш парацетамол и оп 39,2 ... и си пееш уат д фак уат д фак додека гориш.
    180 пати ноќеска се туширав, пошто ради блади фервекс, вода течеше од мене заради температурата.
    Тетка докторка ми вика инекции, и јас и викам уааат не може алергична сум на пеницилин, а врска си нема ... ама нема шанси бре да шетам со изрешетан газ без да можам да седнам како човек, и ми даде коњски апчиња, и едно грдо за гаргара.
    И така си правам гаргара 4 пати на ден и си плачам.
    Два дена немам од кревет станато, и два дена немам ни 2 саати спиено.
    Се нервирам.
    Не можам да зборам, не можам да голтам, не можам да јадам, не можам да пијам, не можам да спијам, не можам да шетам.
    Згора на тоа пмс ме дрма јако, и згора на тоа овие од факултет го преместиле полагањето на први, а згора на тоа јас немам материјали.
    фенси ха!!!
    И згора на тоа тој треба да дојде да седи со мене, а јас сум ужас над ужасите, а сакам да го видам ... фак бре фак!!!
    Е џони, ла хенте стварно се муј лока.
    Имајте убав ден, како и да е подобар ќе биде од мојот сигурно.
    Јас сега ќе се фрлам на повторно убедување на баба ми дека НЕ ми се јаде. :D Луда жена бре ме полуде :) Ама тоа од љубов, затоа и не ја карам ... срцка ми е. :angel:
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да кажам...

    Прв пат почувствував љубомора.
    Баба и дедо над 70 години, едвај одеа, ама сепак се држеа под рака и си помагаа еден на друг во чекорењето. Не помислував дека би била љубоморна на толку стар пар.
    Не беа битни старите алишта, ниту пак искинатите кондури... Иако здравјето не ги служи добро, се имаа еден со друг да се тешат...


    И повеќе не можаавдхвјдм да пишувам, ми се меша во пишувањето Ј. Еве поздрав од него нј, бххб рвбхихбгу јмннбн гв цххгвјгјгјхфгвјхфјхфј ји

    Гратис гушкање за сите на кои им е потребно :hug:
    Блонд Олмајти 8)
     
    На zhap4e, Strumfeta93, Serafima и 17 други им се допаѓа ова.
  15. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    ... изгледа и јас како Меченцето ќе се разболувам. Па како да не се разболеш,колку сакаш јак имунитет имај ( а јас го имам ),кога некој ти кашла во соба,а рака не става,што сакате? Гуска невоспитана. |(

    Почнува да ме фаќа трема за колоквиумиве. Така,се потресувам на моменти. Што знам што ми е.

    И тоа. Ништо,некако периодов животов ми е празен ко што ми беше и правоаголников во кој пишувам пред да почнам било што да пишувам.

    Е,имам некој нов примерок од машкиот род,ми се матка нешто,али ќе видиме.

    Бидете ми поздравени девојки. :hai:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Сакам да кажам...

    И јас како Теди ќе кажам едно големо ФАК!
    Не знам колку пати си го кажав денес зборов |(
    Знаете што? Никој не е комплетно среќен. И тогаш кога мислиме дека сме пресреќни, брзо поминува чувството.
    Се мачиме и ќе се мачиме. Секогаш има нешто што не спречува да бидеме среќни.
    И знаете што е најлошо? Кога се надеваш на нешто и кога ќе се разочараш.
    Ќе се мачиме и еден ден ќе умреме сите. И то. Поздрав до сите, одам јас у пичку матер.
     
    На Miss.Ricci, teddybear, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сакам да кажам...

    Колку само немав воља да пишам. Колку само немав ниту инспирација да се плукнам себеси на парче хартија, на виртуелно прозорче, на нотесче. Колку само сфатив некои работи. Колку само мавнав со ракава. Колку само се зачудив и запрепастив од некои сознанија. Колку само си го чешкам главчево од вчудоневиденост.

    И на крајот знаете што? Не ми е гајле за откинатиот есенски лист. Не ми е гајле дали некој ме разбира овде или не ме разбира. Не ми е дури ниту гајле дали некој мисли дека глумам некој кој не сум или сум таа која сум. Немам причина да се правдам ниту да се дообјаснувам, најмалку на еден форум. Не ми е ни гајле дали некој мене ми глуми другарство, наклонетост, позитивни чуства - не ми глуми мене, таквиот си го глуми целиот свој живот. Искрено не ми е ни гајле дали утре ќе изгрее сонце или нема, и онака не зависи од мене па зошто би се нервирала за работи кои се неменливи константи во овој проклето краток престој кој го имаме на земјава.

    Знам само едно, дека љубовта постои, и верувам сеуште во искреност и несебична добрина токму онолку колку што знам дека постои завист, љубомора, зајадливост помеѓу луѓето.

    А дури ни за тоа не ми е гајле. Кога еден ден ќе ви се стегне грлото толку многу што нема да знаете да изустите еден единствен збор, затоа што животот ве удрил со бетонски ѕид по глава - тогаш ќе разберете за што зборувам.

    Овој пост им го посветувам на сите оние кои имаат вистински проблеми во животот бидејќи сум со нив во мислите и им посакувам поскоро решавање на истите.
    Овој пост им го посветувам на оние кои имаат една единствена желба - да преживеат тие и нивните најблиски. Затоа што не е битно дали сте розеви, зелени или сини, и дали денес од досада сте решиле да хејтате некого, чисто онака - ради реда, битно е да сте здрави. И живи.

    А останатите? Не се ни осмелувајте да му судите на некој во чиишто чевли не сте поминале ниту еден кокошкин или паткин чекор. Сеедно е - придавката е употребена за да ја визуелизира големината на чекорот.

    Хвала вам на пажњи. А сад можете да смените телевизиски канал. Довиђења!
     
    На zhap4e, Lilit, ines.h и 21 други им се допаѓа ова.
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Убав ден е ова :!: Прекрасен !
    Среќен ти роденден бато мој !
    Да си ми жив и здрав уште сто години,горда е сестра ти на тебе што имаш нерви да ме поднесуваш кога сум најлоша :D
    Фалиш ужасно денес :(
    Кога ти се јавив осетив мхм,само јас ви недостасувам таму,но ајде знаевме дека ќе дојде денот кога сите ќе тргнеме по патеката на животот
    Не пишуавм веќе за да не се ;(
    Те сака твојата систер :*
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.050
    Допаѓања:
    20.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Го искапив мачето и цел саат се лиже :lol: се прекапува :lol: многу си го сакам :inlove:
     
  20. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    Да ти се плукнам у се! :devil:
    Толку гадно лош ден!Толку омраза кон се?! ПМС ли е,што ли е?! Многу е лошо! :devil:

    Ме изнервира професорот у школа и сите околу мене ме нервираат.Ги мразам бре! :devil: :@
    Уфф!
    Ми се јави вчера тој.Толку бев ладна што мораше да ми пее на телефон да ме развесели.Ми ја испоја "Милкеее душоооо срцето ме боли мамо милка не ми збори ..." :D
    Не се насмејав.Останав ладна и му одговарав во кратки црти.И денеска исто.Ми вртел 2 пати и после му вртам и викам - што си ме барал? Ако,нека почувствува малку незаинтересираност кога е говедо големо и тешко!
    Уфф колку го мразам во моментот!Свесни ли сте?...Нее,нее! не сте.

    Толку од мене феминки,одам јас да учам и да ја поправам утре единицата што незаслужено си ја добив денес.

    имајте убав ден :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.