1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Втор час во школо,мислам дека трае цела вечност..
    Тенкју Год :x
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    ЗОШТО некои луге не знаат да си гледаат пред себе, туку се мешаат таму каде што не се повикани :?:
    како вчера што дознав дека несоодветни луге на мајка ми и зборувале како тоа јас сум излезена некаде и сум ороспија |( :tmi: поголема лага и глупост во зивотот немам слушнато(смајли што се крсти)
    баш сакам некој од гореспоменатите да се појави пред мене и да ми го казе ова во лице, има да има промена во личниот имиџ ]:) , а колку што знам ороспиите се секоја вечер со друг , а не ко мене -после подолго време да се гледа со момче :!: бог да чува и брани

    а како тоа е ова демократија во земјава -машко да јаде банана во јавност ,а зенско да биде критикувана, и исмејувана(оти тоа личело на машкиот полов орган :tmi: :fubar: )
     
    На Loritaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Сакам да кажам...

    Само сакам да кажам:
    [​IMG] ;)
     
    На la-chicka и Loritaa им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ако ја напрам семинарската како што треба покрај овај пртисок абе нема да има како мене
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.548
    Допаѓања:
    6.316
    Сакам да кажам...

    Ау, тешко било во Јбт, тешко. :( Денес ама ни заредија и испрашувања и тестови. Биологија ни влегува и ајде, оп, наставно ливче. Мислам дека ми се стемни во тој момент. Ама, добро лесни беа прашањата па мислам дека се извлеков некако. Француски тест, физика ко обично си испрашуваше. А леле губевме географија денес со Љубица, абе тоа биле фештииии! :rofl: Го глеаме ни влага информатика на час место Бубикс :D и ние онакви здивевме, ЈЕЕЕЕЕЕЕЕС немаме географија. Овој ни се изнасмеа човеков. :D А таман рече ќе ме испрашувала денес. Аман, глава неможам да кренам од географија, секој ден учам и секој ден го слушам она Љубичиното.. ајде ти ученичка у пакет со нејзината иронична насмевка. И ко за инат една те иста лекција ме прашуваше а ме виде дека не ја знам и после за инат јас не и ја учев ама ништо, 4ка ми стави. Ејј, па треба да се прослави ова, 4ка имам кај Каревска.
    Него, тоа е тоа. Уште малку на курс па после да се фрлам на учење на математика, физика, хемија и слично.. Па, после тренинг. (Нормално ако го преживеам сево ова, а не верувам.)
    Ве бакнувам. :*
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Нека ми е со среќа од овој петок, па се‘ до другиот.
    Книгите чекаат, тестовите исто така.

    Тешко мене!
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Другата недела имам колоквиуми а мене мува не ме лазе. :wasntme: Ке одам да прочитам нешто, да поучам малку, а вие драги феминки ако видете до 8 часот да сум онлајн овде или да напишам некое мислење да ми писнете :wasntme: ајт. [​IMG]
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сакам да зборувам за парите и за мојата мајка.


    Пари како пари, секогаш ни фалат, секогаш ни се малку. Јас во животот за среќа или жал, не сум имала родители од типот да паѓаат на фората на децата: „Мамо тато сите имаат ова, она; мамо тато сите одат таму; мамо тато сите излегуваат до толку...“ итн моменти. Значи кај нив не поминувало тоа. Јас сум нивно дете, и тие деца за кои јас ги наведувам, и тие си имаат свои родители и секој различно воспитува, постапува, крај на приказната. Јас од тие пусти пари сум пропатила многу во животот. Не сум имала 5-6 пара фармерки да ги менувам, сум носела едни дур не се излитат, дур не ми виснат на задникот. Не сум одела на групни екскурзии по 7-8 дена зошто сум немала пари. Не сум отишла на одмор со друштво ниту дечко зошто сум немала пари. Не сум излегувала надвор затоа што сум немала пари. Видете, не го пишувам ова за да некој ме сожалува, и да рече: „Види ја сирота“. Не сакам жалопојки на мојот живот, доволно ми бил сјебан. Во животот не сум имала се што ќе посакам, но тоа што ми требало најнеопходното сум го имала. Ќе се утешам некогаш дека некои други го немаат па ни тоа што јас го имам, но кога ќе го видам моето опкружување ќе сфатам колку всушност „назад„ сум јас. Опкружена сум со девојки кои имаат пари секој ден да си купат што сакаат. Имаат 10 пара фармерки, 10тина ташни и сл., можат да излегуваат секој викенд и да трошат пари до неба.
    Ете и јас некогаш си го дозволувам тој луксуз, но ако заштедам некој денар и плус ако имам среќа да има мајка ми некоја поголема банкнота во паричникот. Нејсе, не сум одела со скинати работи, сум знаела и многу пари да имам во џеб, но на крајот пак се враќаме на почетокот.
    Да, парите не можат се да купат, но материјалните работи од кои ни се состои 90% од животот, се купува со пари. Жалам за пропуштените моменти.



    Мојата мајка.
    Мојата мајка е борец, синоним за жена која не се предава никогаш, се бори секогаш за она за кое таа смета дека го заслужила. Ретко кога кажува нешто непромислено, дури не се ни сеќавам. Поголемиот дел од мојот животен век, се храневме од нејзината плата. Секогаш знаела и знае да се откаже од нешто за себе, за да го тргне на страна за нешто понатака, за мене и брат ми. Дури не памтам кога нешто си купила, а јас нон-стоп ја притискам дека она сакам, ова сакам. Срце ме боли и душата ме стега, и со солзи пишувам дека мајка ми е мојот идол. На некој им е Ким Кардашијан, можда Хилари Клинтон, но мојот идол е мајка ми. Проклета да сум кога ќе и повишам тон кога се што ќе ми каже е за мое добро. Проклета да сум за сите ујдурми што сум и ги направила за да си го напојам и најадам кејфот. Проклета да сум!
    Не знам дали значи, но планирам да го истотетовирам нејзиното име блиску до моето срце. Како ќе се снајдам за пари не знам, но ќе го направам. Впрочем, се што ќе замислам кога-тогаш ќе го направам. Не е убаво да се двојат родителите, овој повеќе сакам, оној повеќе сакам, и не личи, но за мене мајка ми секогаш е на прво место и секогаш така ќе остане. Всушност, не сум ни видела нешто подобро од таа личност, која створила се за мене.




    И искрено повеќе не можам да пишувам, премногу болна тема отворив.
    Извинете на долгото мислење, но морав да се олеснам.
    Поздрав и секое добро.



    П.С: Сакајте си ги мајките, единствени се.
     
    На Ognenija, Mishela, zhap4e и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    43.245
    Сакам да кажам...

    Шо фајде од тивка магла, кога можам да видам и низ неа какви се не грдотии имаме во градов.

    Но, добро.

    Можда е од бурекот што испарува. Особено оној со лути пиперчиња :)

    Сакав да кажам дека, главоболката е некогаш акумулиран стрес или неорганизираност на домот наречен Тело. Апчиња нити розеви стапчиња не помагаат.
    Секс треба да има секој штом му се пружа надежна шанса, јел да!
    Виолински клучеви, без петолиние, не е симфонија.
    Темна се чума зададе, обви цела една дланка живот, ех. Затоа подобро е да си лежам у кревет затрупана во ќебиња, со него. И да гледаме Шутел и како тие луѓе си се забавуваат пеејќи за животот!
    И јако им е!

    Одам сега да си сварам супа, носов нешто почна да мудрува.
    Како и сите ние некогаш.
     
    На Springy, Strumfeta93, GeorGinnA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Сакам да кажам...

    Минатата година се беше супер, не сјајно, ама добро, задоволувачки. Но што е оваа година?
    Каде ги снема оние професори кои со насмевка влегуваат на час, за кои викање кон учениците е непознат поим, кои кога убаво одговараш ја ставаат најшармантната насмевка на лице и така те дослушуваат, а потоа следи „браво, така продолжи“? Каде отидоа тие?
    А сега, како друг дух да влегол во нивното тело... Вечно незадоволни, вечно ненасмеани...ако одговориш добро следи само едно „седи“ и белешка во тефтер, ако не одговориш добро следи дрзок говор.
    Минатата година тие истите беа мојата мотивација да продолжувам да се надоградувам, да учам уште повеќе, годинава се мојата најголема демотивација! Нивното однесување ме тера да не се грижам дали знам или не знам, да не се грижам како се однесувам на час...
    И да не бев тоа што сум, досега веројатно би имала над 20 неоправдани од недисциплина...
    Ама јас не можам така. Не ја трпам проклетата неправда, мразам непрофесионален однос, мразам улизување за една е*ена пофалба.
    Знаат колку вредам, а пак ништо не преземаат. Го знаат мојот револт и пак си продолжуваме по старо.
    До кога бе, до кога??
    До кога на часови ќе се работи со тапчовците кои освен глупости ништо не кажуваат, а оние кои знаат-знаат па не мора да ги активираме?
    До кога напразно ќе се закануваат со родител?
    До кога ќе се поминува неказнето?
    Тоа ли е приватно училиште?
    Наместо да добивам супер услови за настава, наместо трудот да се цени и да ме туркаат напред, наместо најдобрите да бидат навистина најдобри, овде на сето тоа се става дланка, сето тоа се покрива за да се справат со нередот од останатите....
    Но, сонцето со прст не се покрива!
    Оваа битка не е загубена. Овде јас нема ништо да загубам бидејки јас сум таа која сега има избор.
    Но, дали да продолжам таму да се борам, да го докажувам докажаното, да го зборувам веќе зборуваното?
    Дали вреди да се борам за нешто што не можам сега да го променам?
    Или едноставно да се завртам и да заминам од таму?
    Вечно неодговорено прашање ќе остане тоа...
    Времето и искуството ќе го дадат приближно точниот одговор.
    А дотогаш што? Да седам и да трпам? Или да ја зборувам вистината лично јас?
    Ете, и тоа не го знам.
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Сакам да кажам...

    СДК ... внимавајте малку што пишувате на форумов, непотребно навредувате некого.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Гуд деј тудеј ^_^
    Па во последно време секој деј ми е гуд деј, ако така и треба :)
    Одлучив дека ќе променам неколку нешта кај себе, и ќе се помирам со многу факти за да бидам многу посреќна. Се надевам и ќе успеам во тоа! :)
    Морам да си кажам дека ми е смачено од фејк пријателите. Тука се само кога имаат нешто да ти се пофалат, нешто да ти кажаат, да видиш колку многу интересен живот имаат додека на тебе ништо посебно не ти се случува, но кога ти имаш нешто да им кажеш е тогаш е друга приказна! Тогаш се прават дека те слушаат (а усвари си чмаат негде) и во прва прилика мењаат тема и го насочуваат раговорот пак кон нив! :^) Добро бе луѓе не се врти сиот свет околу вас само! Зошто им го трошите времето на некои луѓе толку, најдете некоја друга занимација, и бидете искраени веќе! :!:
    Ииии колку би сакала да можам да читам мисли! Навистина добро ќе ми дојде тоа! Нема да бидам толку збунета веќе кога ќе знам што мисли одредена особа. Занимливо. ^_^
    Се надевам Ноември ќе биде уште подобар од Октомври, имам некое предчувство дека нема да биде лошо. :wasntme:
    Ааа средношколски години, навистина најубави. Иако сум средно само 2 ипол месеци, откако почнав се е поинаку, многу поинаку. Ај лајк ит! 8)
    Одам да уживам во убавото топло кафенце, имајте прекрасен остаток од денот.
    Љуби вас Инди. :) :*
     
    На AnaKarenina, dancing.queen, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека некои луѓе ми недостигаат :worried: мразам што лесно се приврзувам за луѓево :worried: ама таков е животов, едни ќе дојдат и ќе заминат,трети ќе останат и така животот си тече и тече...

    Туку, ама фино се расплакав од кромидов што го сецкав :D :rofl: заборавив дека имам шминка на мене :D и пусти црни римел ми се растече :D сеа ко панда сум во очиве :rofl: :rofl: :wasntme:
     
    На Serafima, AnaKarenina и crazylady им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Пред некоја минута ставив песна во што би му кажале за една личност од моето детство.Со него ја сакав истата песна.Говорев за него еднаш и за сунгерот во фаца :D
    Колку ги сакам тие гимназиски денови и сакам да се вратат назад за да лудувам како што треба а не да бидам мирна како кукличка :wasntme: Уште десет пати ке му го залепев сунгерчето за да го видам пак тој сладок израз на лицето. :P
    Се секавам еднаш кога со едно шише играв во училницата и кога шутнав толку силно тоа излета преку прозорот и се удри во главата на директорот. :$ Срека никој не ме поткажа. :P
    Се секавам и на денот кога сакав да си ја намамам симпатијата да ми ја отвори вратата глумејки на сред час дека ми е лошо.Ееееј тикве сето тоа го сторив само за тебе.
    Се секавам и на екскурзијата кога со друга симпатија бевме во исти автобус а тој ме зезаше за преголемиот купен дрес величина XXL ама битно Роналдо да е |(
    Се секавам кога прв пат се карав со професорот по Историја за оценката и му реков или ке ми ставиш повисока или ке ти запалам тоа тефтерчето а позади мене ми даваа подршка.
    Се секавам и кога на омилениот професор за роденден му купивме поклон.И за моментот кога цел ден имавме испрашување цел клас избегаа а само 4 девојчиња останаа.И кога се премисливме тие што останаа заминале пио нас...Кој ремет падна на крајот.Навреди фрчеа заблеста девојка,зајаќки заби...
    На листата се многу такви случки ама едно нешто сакам.Ако не можам да се вратам барем еднаш да отидам на еден час и да се осетам како да сум се вратила во тие денови. :)
     
    На Adi888 и crazylady им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Сакам да кажам...

    сдк ќе земам ќе си пукам во лево колено :x :x

    http://www.idividi.com.mk/showbiz/celeb ... index.html

    јао, абе побожната жена, Aмин!!!!
    уште икона и направиле или си направила
    Oф море мајкоооо.. по очите и се гледа колку е злобна, нема си се моли секоја ноќ, се надевам дека гревовите нема да и бидат простени!
     
    На sweet-star и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сум ваква :^)

    Зошто се бришат мислења без потреба?

    Во вашите нокти имав напишано какви ми се ноктите, тие ми го избришале. :o

    Ауу, слика да не мора? Филм да снимам да не треба? |(
     
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сакам да се искажам зошто сум изреволтирана!
    Да му се плукнам и во образованието и во професорите кои работат ви тие образовни институции. Добро бе до каде се сведе ова учење?! До каде се сведоа предавањата?! До каде одат професорите кога нешто ги прашуваш да несака да ти одговори, а има завршено за тоа!? По кој принцип ги вработуваат таму и зошто?!
    Да се плукнам и во стандардите кои ги вовеле и ми ги набиваат над глава секој час! Врска нема тоа таму ништо. До каде стигнавме? Каква е оваа држава? Каде има за полагање матура да полагаш странски јазик. Ете Бугарија најблиску ја давам како пример. Отидете таму да видите дали ќе полагаш по 5 предмети. Само историја на Бугарија и Бугарски јазик. А ние? Сакаме во Европа. Ма и на Европа да и се плукнам. Кога сите одат чекор напред, ние се враќаме 10 назад!
    Е сега се изнервирав дури! И не ми се оди у школо веќе ради овие глупости!
    Ми личи на испукување ова. Не, не ја грешив темата.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    И веќе е здодевно да се пишува за тоа како е овој свет ладен... Здодевно е да гледаш тажни луѓе, уште потажни очи.. Изгубени души... Исплашени... Оставени сами на себе без избор.. Притиснати од злото околу себе и не само што е здодевно туку и убива.. Некогаш ќе прашаш зошто ?? А знаеш нема одговор..
    Луѓето газат, болеста ги демне, болеста да бидат себични лицимерни.. Некогаш беа тука за тебе, а денес брзаат да те уништат.. Мислиш ги познаваш, а всушност никогаш не си знаел какви монструми биле.. Тишина.. Молк.. Тивок плач.. И една желба, една молитва утре да е подобар ден ..
    Без истите стравови. Без истата слика. Без истиот тој ладен свет. Без ладните очи и без оние дволични лица. Без темното небо над душа што надвиснало. Без истиот немир што го убива срцето. Без оние кои соништата ти ги уништуваат. Само рака што ветува.. Само трошка љубов бар.. Само бар трошка доверба и доволен сјај во очите да знаеш дека негде сеуште има надеж, во некого постои нов свет за живеење.. Има сеуште надеж дека постои убав свет..
    Само една молитва утре да е подобар ден..
     
    На Serafima, Divinebutterfly и LilBaby им се допаѓа ова.
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК кажам дека тапа е кога вистината ќе ти фрзе една васпитна или пак ќе ти влепи чврга :devil:
    Да ви каже сега дада Синтија нешто што таа си го созна, нешто многу тапа.
    Шала на страна, СДК дека многу убави и најпосакувани работи се случуваат кога најмалку се надеваш. Дури кога ќе ги изгубиш сфаќаш дека кога си ги добил најмалку си се надевал на тоа.
    И можеби имало трошка сомнеж во тебе, нешто што ти вели дека многу убавина не е на арно. Ама си продолжил. Си станал зависен од чувството дека имаш се.
    Го имаш тоа што долго си го сакал. Сега, имаш се. Ама не обрнуваш внимание на тоа.
    Не дека не можеш. Ти не сакаш. Едноставно не сакаш да ја разгледаш опцијата дека тоа сега може да стане порано, и дека тоа имаш се, може да биде напишано во минато време. И уживаш. Да, се качуваш. Се погоре и погоре. И повторно, не обрнуваш внимание на онаа изрека “Што повисоко се качуваш, толку пониско паѓаш.“ Си велиш, е баш јас ќе бидам тој што ќе биде исклучок! Ама тоа никогаш не е така.
    Луѓето што толку си чекал да се појават и си ги сакал, на крајот, те разочарале. Те довеле до тој степен, ти сам да ги отфрлиш. И не бараш вина во себе, ниту во нив. Го бараш виновникот на друго место, не знаеш ни ти каде. Секој ден – различно. Луташ, барајќи нешто што нема да го најдеш. Знаеш, ти се случило и порано. И порано си се разочарал. И порано те повредиле. И порано си губел луѓе што си ги сакал. И сега, пак истото го правиш. Не учиш на грешките.
    Никој не учи на тие, личните грешки.
    Сите ги забораваме. Или барем се трудиме. И по некое време, се откажуваш од барање. Го прифаќаш фактот дека те разочарале и дека се тие криви за тоа.
    И не, не е себично да мислиш дека ти не си згрешил во ништо. Вистина е. Ќе се чувствуваше поинаку да згрешеше ти, зар не?

    И сега дојде до делот кога треба да ги мразиш. Тие, што те разочарале. Почнуваш. Стигнуваш до некој степен на омраза што всушност повеќе личи на оптеретување на сам себе со нив. Се фаќаш во грозна ситуација. Мислиш зошто, како? Како ЈАС, што имав се, останав без ништо? Пушташ некоја солза. Бараш песни со текст што опишува точно како се чувствуваш. После бараш песни со текст што опишува како си излегол од таа ситуација. Се лажеш, а знаеш. Колку само знаеш дека не си излегол од таа ситуација. Се чувствуваш над нив. Заборавив, готово е! И насмевката блеснува. За една секунда се чувствуваш повторно убаво. И, паф. Се снемува. Како лош рез за реклами усред емисија. Повторно назад. И се така… Во круг.

    Се додека не дојде време универзумот да те награди за трпеливоста. И пак, ќе добиеш нешто што си барал. Некоја чудна ствар, што си заборавил дека си ја барал, зафатен со барањето тоа првото, тоа битното, тоа ТВОЕТО, да ти се врати. И ќе се потсетиш. Се потсетуваш дека и ова другово си го барал, ама си го заборавил.
    И не е тоа чувството. Не се чувствуваш така, убаво, безгрижно како кога си имал “се“...

    И такој. По овој принцип функционира се`.
    Бам главчето во ѕид, БАМ :headbang:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Абре луѓе имајте почит меѓусебно бре, не дека не сум оговарала, која е таа што никогаш не посакала да слушне сочен трач? Нека крене рака м? Не, далеку од тоа, но веќе да почнеш да се мешаш во туѓи ствари, да буташ прсти е тоа не чини.... :|
    И што е оваа работа, порано барем во оваа тема фрчеа постови не можев да ги дочитам а сега ми глумите лудило, ништо не пишувате..Што, зарем форумов веќе стана место каде што се нема право на свое мислење или мислење без напаѓачка реакција?? Зарем стана место каде што не можеш да си го кажеш проблемот а притоа да не бидеш препознаен и сето тоа да биде искористено против тебе? Ако е така алал да им е на мрчаторите, секоја чест што напаѓаат интелектуалци тука а самите не знаат што да прават од животот свој. Море мрш, секогаш постои некој што расипува хармонија.
    Ја сакам поранешната топлина на ова гнездо назад, а кој има против нека иде у........ Косово ( да не бидам вулгарна) :swear:
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.