Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.451
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека распоредот ми е најглуп, крш и никаков :@ :@
    Во четврток имам предавање од 9-10 и после од 14-16 и јас кај ќе одам 4 саати, цццц :@ :@ слично е и во вторник :@
    И сакам да ја поздравам оффи одамна се немаме сретнато на чет. позз мила :* :* :*
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    СДК треснав глупост :lol: ... пред него...сега ми е срам! Аххх зошто сум толку деконцентрирана беее!
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    оффспринг мислам дека претера, немој да мислис дека да седис во канцеларија е најлесната работа лези лебу да те јадам. дали ти со твоите 19 години знаес што е мобинг? дали си почуствувала притисок, на работа, понижување, непочитување, непризнавање на трудот. немој да мешаш баби и жаби и конфекција е тешка да ама си шиат они цел ден и ние од канцеларија би можела така да гледаме ако сакаш ех што му е убаво цел ден си шијат а умот може да им лета на друго место. старите велат секоја планина со својата тежина. едно е да си исцрпен од физичка работа а сосем друга од ментална, на крајот заморот и трудот е ист. така да треба се да почитуваш ќе ти дојде редот и тебе да работиш па ќе видиш...
     
    На Lisaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    сдк Денес е подобро е од вчера, утре кој знае...
    ве сакам сите сеуште!
     
    На Winter.Girl, Angelche, Miss-Independent и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lisaa

    Lisaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    11
    Сакам да кажам...

    И ние те сакаме Ози најмногу на светот :* А утре ќе биде подобро од денес, верувај ми :)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    подрска од сите тука сме оззи ...
     
  7. Lisaa

    Lisaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    11
    Сакам да кажам...

    ^^^^

    Крајно дрзок одговор! Мислам дека оффсприн стварно не знае што е мобинг :^) И не знае што е ментален притисок до срж да ти врши некој секој читав ден, да немаш време за приватен живот, да не те плаќаат со месеци, да се изживуваат на тебе, а принудена сум да трпам зошто зависам од тука,платата морам дома да ја дадам да се платат сметки и да се купи јадење...Кој не осетил на кожа ваков притисок, нема никакво право да коментира и дрски одговори да дава. BTW освен во канцеларија, јас и физичка работа вршам во фирмата(лајната на сите им ги чистам и носам и доставувам пратки како поштар на мој трошок, кој никој не ми го плаќа)..Ај да си заќутам, испадна ова се правдам. И може превод на термините - аздис и чепатлуци :^) Joelie, ти всушност даде поадекватно мислење за ова...
     
  8. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Сакам да кажам...

    СДК дека си ги средив ноктите и некако интересни ми испаднаа :lol:
    ви се допаѓат ли :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    озии прими и мое сочуство биди јака и исполни му ги очекувањата на татко ти биди таква како што тој сакал да бидеш,верувај дека тој кај и да е ќе те гледа и ќе се гордее со тебе и твоите успеси тој вечно ќе живее во твоето срце
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    не... ама се гледа дека се со многу труд направени! браво за тебе! :clap:
    СДК моите ми оставија многу обврски по дома, а мене не ми се станува од компјутееер! Уффф ме фати голема мрза! :@
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Сакам да кажам...

    СДК дека се повеќе гледам и среќавам намуртени лица, луѓе на кои им е преку од се, луѓе кои се вреѓаат за секоја глупост и се штрекаат за се и сешто, луѓе со негативни чуства - бре денот со еден збор да ти го расипат во момент! Хм, аман веќе! СДК да имав сила, би го сменила тоа, па ако можам јас да гледам позитивно дури и кога немам најмала причина за тоа, може ваљда и некој друг да се потруди малку, зарем со насмевка не се постигнува повеќе?! |(
    Како и да е, насмевка една во склоп на коментаров - зошто и тој наликува веќе на луѓето кои ги среќавам во последно време :)
     
  12. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, си ги средувам и ја ноктите, ама класично.
    Една боја, бело горе, и шибам :)

    .... Кога ќе ги видам машкине на фејзбук, со 101 слика, и од тие 101 , 80 им се со стомаци, разголени, божем покажуваат мускули , ми доаѓа нагон на повраќање. Зарам незнаат тие што е убавина?
    П.С. и они почнаа да се сликаат со фаца-патка. Леле, до каде отиде светов.. Што ќе биде наредно ? :D


    .... Од денес ветувам дека ќе почнам да се бутам со секој ( мислам на друштво ) До вчера ми беше страм дека се бутам, сега коа ќе бидам викната нема да одбијам :)


    Како за крај, Јас сум најзаљубеното суштество на планетава, кое живее само за него, неговите насмевки!
    Ми се допаѓа кога ќе се разбудам со 1 пропуштена порака :inlove:
     
  13. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Сакам да кажам...

    СДК немам друштво за кафе .. не бев денес на школо се успав :lol: и се досадувам но без друштво има некоја за кафе ? :D
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    28.013
    Сакам да кажам...

    дека вчера бајаги претерав со алкохолот и неможам денес да се оправам . крш сум
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    Eве јас пијам ајде ќе ме дружиш? ;)
    СДК не знам,не знам до каде оди светов? :^) Млади се жалат,безволни се...депресивни..До некаде разбирам..ама и не разбирам затоа што на тие години јас не знаев што е да немаш волја,надеж,позитивна енергија..Едноставно си го живеев животот.Е сега знам ама сега е друга бројка во годините и други животни предизвици и ситуации. :| Ама вас помладите не ве разбирам?! :?:
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кажи му за мобингот што го трпиш на вујко ти, тој ќе ја среди шефицата. Или можеш да и ги пратиш озвучените батки и решен проблем. ;)
    Редактирав за да додадам:
    И од твојот поранешен профил се жалеше од шефицата, ама гледам ти во работно време нон - стоп дремиш на фемина и си играш игри во играчницата. Така да незнам кој тука забушава на работно место. :^)
     
    На Lisaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Сакам да кажам...

    Секако дека ке те дружам срце .. ај наздравје нека ни е :lol:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес сум нависта многу тажна ;( ;( ;( . Мораше ли после 3 години чекање, сега кога сум толку заљубена по втор пат и кога мислев дека се ми е ок да го добијам одговорот за работа во странство. Е ќе полудам неможам повеќе да издржам. :@ :@ :@
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    Не е страшно...Ова секој посакува. :) Може ќе заминате заедно...Тоа е уште поубава опција.Ако толку си ја очекувала оваа работа немој сега да се откажеш.А за каде ако не е тајна?
     
  20. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Заедно нема шанси да одиме, зашто дечко ми си го сака Скопје и несака да оди, а инаку во Дубаи :) Работата е екстра, паричките уште поубави :D Ми обезбедуваат стан за живеење и градинка за малата. Се, ама баш се, а јас сум си тажна :(
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.