Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се настинувам нееееее ;(
    Убаво викаше мама, облечисе вечер, ќе настинеш.. Јас не, пола гола ќе седам...
    Цели раце, дома смрзнати.
    И сега кивам, и ми тече носот ;( Неееееееееееееееееееее. ;(

    и .. Го видов, го видов во град, тој со тие што требаше да искача.. Јас со моето друштво.
    Ја видов и таа, се смееше цинично.. И Лелееее многу си разубавена ваква си, онаква си.. Ќе и ја лупнев една. (а тоа што му е бивша на мојот е др приказна. )
    Ццц, многу мразам такви луѓе кои ти делат комплименти, а позади грб јадат гомна :envy: .
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да кажам...

    Го видов, стоеше на улицата, го изгубив здивот, добро што бев во такси инаку тешко ќе соберев сила за да кажам едно здраво, а ти... како ли ќе изреагираше... :^) ... ќе го имаше ли оној поглед - специјален кој го чуваше за мене, или само ладно ќе одмавнеше со главата, чувствувам нешто, но незнам што, дали е радост затоа што те видов... или е тежина затоа што ми недостигаш, едно знам дека ми пробуди немир...
    толку си блиску до мене, а можам да те видам само случајно... но подобро е така, се смееше, дали таа те насмевнува сега? Остани така, подобро е што не контактираш со мене :* :x
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    ози .. дури сега прочитав :( ... прими мое сочуство и бидии многу, многу силна ... се ќе помине, еден ден се ќе се среди .. можеби болката уште ќе биде присутна, но ќе биде незабележива ... не заборавај дека сите ние многу те сакаме и мислиме на тебе ... :hug: :*
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ...не ми се верува колку брзо помина пола година. Како вчера да беше. :(
     
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека седам на работа и си мислам што ако не бев повнимателна, сега ќе бев покојна и во провалија.
    Возам 20 години имам возачка од две држави до сега во мојот живот немам посериозен прекршок направено како активен возач на кратки и долги релации.Но вчера ќе загинев од глупа девојка која штотуку положила и тато и купил џип.Не се седнува зад волан ,ако не се знае со него како, не се зема возачка под рака... ако се нема за волан рака.
    За прв пат во животот посакав некого да исшамарам а да не почуствувам ниту малку грижа за тоа.Но во тој момент и за тоа немав сила.Ја пуштив да си оди и покрај тоа што беше крива.
    Се утешив со тоа фала му на бога , што сум здрава и жива и во тој момент ми даде сила.
     
  6. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Сакам да кажам...

    Добро утро на сите :)
    Имајте пријатен ден :)
     
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Некогаш одамна еден старец му раскажувал приказна на својот внук.
    Во внатрешноста на секој човек се борат два волка.Едниот волк претставува...зло,бес,завист,љубомора,ароганција,лага,алчност,вина,лутина,егоизам...
    Другиот волк претставува... уживање,мир,љубов,надеж,љубезност,срдечност,вистина,вера,со-осечајност
    Малото дете се замислило и го прашало дедото??? И на крај кој волк победува дедо.?
    Победува оној волк кој ќе го храните во вас .
    Ова беше одговор за тие кои им беше тешко во одреден момент, и ме прашаа .... што да се биде во тој момент? Во тој момент треба да се биде вториот волк.
    А за сите нас поука :)
     
    На karak, Gordana10, angelce1 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Сакам да кажам...

    ''Снајди се, па живеј''.
    До кога?
    Доста ми е од уништени планови, и откажување во последен момент. |(
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Цел живот ќе е така Ahgelce и после толку мои години и јас се прашувам до кога .
    Но тоа е животот и бидете среќни што сте здрави и живи ... а се полека ќе си дојде на место колку и некогаш да изгледа тешко .Поздрав душо до тебе :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    СДК јас... Сакам да заминам од овде! Подобро ми е на факс, таму ги тргам мислите... А овде само ми е тешко ;( ;( ;(
     
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оззи душо ,верба ,надеж, сила во тебе ..твојот татко во никој момент не би сакал да те види таква .
    Ти кажав дека болката е понекогаш неиздржлива но за се треба време .А твојот татко ќе е вечно со тебе во твоите спомени срце и душа .А ти во овие моменти биди храбрата ќерка на тато и не потклекнувај .Ти ја кажав и мојата болка... но еве и денес сум жива а тие што сме ги изгубиле се сеуште во нас во нашите мисли и спомени од таму никој не може да ни ги земе .УТЕХА
     
    На OzzyAngel и Angelche им се допаѓа ова.
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Оззи верувај знам колку ти е тешко .Годинава и мене мајка ми за малку ке ме напуштеше :worried: Среќа што навреме било се откриено , па се оперираше и сега е многу подобро.Јас си знаев како се боревме против ракот сите заедно ..Нормално дека тоа не е мала работа.Тешко е и многу болно,но сепак мора да се продолжи понатака и да се најде некое решение за да се преболи.
    Сите ние сме само кираџии на планетата Земја, нашето престојување има рок, кај некој подолг-кај некој пократок, али сепак заминуваме кога ќе отчука часовникот.Битно не се заклучувај во себе,плачи,тагувај,зборувај за тоа, имаш целосно право на тоа.Дозволи им на другите да дознаат од тебе колку прекрасен човек бил твојот татко и сподели ги убавите спомени со него и со другите.Додека твоето срце чука и се сеќава на него и тој сеуште живее.И биди сигурна те гледа и штити од некаде .
    Ќе бидеш добро , со тебе сме :)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    Јас не очекував мојот татко да замине! Јас си дојдов дома цела среќна да се видам со моите бидејќи 2 дена ги немав видено! Кога си дојдов, што видов??? Отворени врати, запалени ламби, најблиските тука, а моите- ги нема! ;( ;( ;( ;(
    Тешко ми е да ја слушам мајка ми... :(
     
  14. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ќе си пукнам од мака.. Најтешко ми е кога незнам што е подобро да изберам... :^) |(
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми е јасно да имаш комплекси на денешницава. Сите ги имаме, и јас ги имам... Ама не верував дека до толку може да влијаат врз личноста. Наместо со нив да научиш како да живееш и да бидел цврст човек, дозволуваш да те уништат. Страшно! :x
     
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се скарав со дечко ми :( и тоа за нешто што за мене претставува неважна работа. Беше сабајлево кај мене дома и седевме во мојата соба. Требаше да излеземе на кафе и низ чаршија нешто да купиме. Јас додека се спремував тој почна да ги разгледува моите работи и баш ме праша за едно мече кој ми го купил т.е. од кого е, а тоа ми го имаше купено бившиот, но јас го чував. Онака сум го ставила во шкафот не дека нешто ми значи, туку мече како мече зошто да го фрлам. Јас многу го сакам дечко ми и кога му кажав дека е од бившиот се налути, ми рече го чуваш ова и уште ми викаш што има врска, па земи обеси го на ѕид. Ми рече не одиме никаде не се спремувај, ја тресна вратата и си замина дома. Девојки кажете ми што да правам? Дали да му се јавам и да му се извинам или да чекам тој да ме побара. Кажете ми некој совет ве молам, што мислите?????
     
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Сакам да кажам...

    СДК дека вечер сум на свадба, многу ми се оди. Ви посакувам - на немажените: и на ваша глава, а на мажените и мајките: да си исчекате и на децата :)
     
  18. Sweet.Heart

    Sweet.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    Сакам да кажам...

    СДК т.е да се пофалам дека си ја шишав косата до рамиња :D 5-16 см. скратив но не ми е жал за прв пат :lol: :lol:
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека покрај толку исцрпната вечер вчера, јас станав рано. Прилично рано.... и се разочарав кога го видов времево одвратно и лигаво. Морав уште одма да си земам упсаринче за главата.
    Вчера имав преубава вечер па сега по малку си ги собирам впечатоците. :inlove: Уште се чувствувам како да имам пеперутки во стомак, ама веќе не се пеперутки повеќе како гуштери :D ..Никогаш не верував дека и јас можам така да се затрескам во некој.
    СДК пробајте да го игнорирате времето, и имајте убав ден.



    И сдк дека аватарот на Offspring ROCKS!! :rock: :rock:
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    24.065
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека денов ми почна работно.Средував по дома,бришев прашина,поминав со правосмукалката низ цел стан,ја чистев и бањата,бев многу вредна :lol:
    Сега одам да правам ручек за кога ќе си дојдат моите од работа да видат дека сум работела нешто и јас :D А не само да ме критикуваат дека ништо не фаќам по дома ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.