Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК цел ден не сум станата од пред компјутер. Буквално. Цел ден сум само со едно лепче со ајвар, незнам што се случува со мене, дали нешто потсвесно ме мачи или настинка е во прашање незнам.
    И еве го пак филџанот со кафе превртен пред мене. А не дека некој ќе ми гледа. Сама си пиев сама си го превртив. Навика
     
  2. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Специјален поздрав до...

    Ах колку е убаво да си дете такво безгрижно што појма нема колку е сиров животот и колку се расипани луѓето :worried:
    Братучетка ми беше на гости кај мене и баш ме развесели заборавив дека имам болки,се смеев ,се игравме ,ме чешлаше ме ,ме шминкаше :D :D ме направи клован ама ако :D .
    Се изнасмејав со неа место температура вели пемпература и упорно никој не може да ја натера да каже поинаку. :rofl: :rofl: .
    Таа во градинка си учи стихотворби , а јас учам глупости по биохемија :puke:

    Зошто не можам кога ќе пораснам да сум дете !? :(
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ме фаќа еуфорија. :)
    Дневната мириса на пандишпан, а брмчењето на миксерот се слуша дури до детската. Се подготвува роденденска торта со мојата омилена група. :rock:
    Многу се радувам на овој ден :lol: , секогаш вакви ситници можат да ме направат најсреќна. :)
    Само уште некој час... :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Сакам да кажам...

    ... дека бришам од CV-то тимска работа!
    Не сум јас способна за тимска работа, освен ако јас не го делегирам или координирам дотичниот тим за работа.
    Јас сум за да работам САМА.
    Инаку, тимот секогаш има еден гзолижач, еден плачко, еден кој е неодлучен и не може да се реши со векови, еден тужи-баба итн, еден мочко кој оди на пауза на секои 10 мин, итн...
    Не можам да се поднесам со жени, не ме поднесуваат ни они, а вчера бев дискриминирана на работното место - не поради фактот што сум жена, ил плава, ил дебела, ил паметна, туку поради - мојот хороскопски знак!
    Ко 16 годишна тинејџерка се осетив, зашто шефицата буквално ми сврте грб и не ми правеше муабет до крај на радничкото време, само зашто нејзиното лично мислење е дека шкорпиите биле одвратни!
    ОДВРАТНИ! :devil:

    Се' што посакав во тој момент беше сукало во рака.
    Толку.
     
    На Offspring, BoaVista, k.i.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    сдк... мајка ми не е должна да ме слуша како сум изнервирана ама пак ме слуша... па не е таа виновна што се ме нервира, ама ај ке минат и овие денови :|
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ... се чувствувам многу бедно ...
    и сдк дека на факултет не разбирам буквално ништо само блеам како теле во шарена врата и ми е страв дека ке паднам на секој колоквиум и така ... цел ден на факс па сега и да сакам да учам немам сила спијам со отворени очи .... е тоа сакав да кажам . :|
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.730
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК доста е за денес, Одмор ми треба. Ама до 6 сабајле одмор ли е тоа?! :(
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сакам да кажам...

    Сдк се чувствувам одвратно кога сум сведок на неправди , секогаш е така ако имаш врски супер ако не никој не те ферма :|
    ..и времево ми иде на нерви , не ми се влече чадор по мене ..а деновиве 3 пати по ред се враќам од тренинзи по дождот и си киснам :wasntme:
    а не за друго и ужасно ми се спие ама не се давам , не планирам пред полноќ да одам во кревет и така утре сме 2ра смена , ми треба едно убаво кафенце во моментов , и фино друштво за кафица за да ми се подобри расположениево :)

    нешто вакво добро ќе ми дојде , повелете кој е за ;)
    [​IMG]
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Како бе може да има толку непрокопсани луѓе??? Во округ на студенски вози со недозволена брзина, па ни малку респект кон тоа дека девојчиња минуваат, ја профуче низ ѓолот не направи лом од глава до пети. Битно фраер испадна човекот, нека му е на чест. Ми се одмили и јадење и се. Среќа моја блиску бев до дома, не дај Боже да ми се случеше тоа во центар или на излегување.
    Ех како се способни луѓето за еден момент да ти го качат притисокот до 200. А јас пак никако да престанам да се нервирам за ситници. Ми се скрати животот од такви секирации. :devil:
    Од утре ветувам!!!
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    СДК имав добар ден, со огледн на очекувањата можам да кажам дека денот ми беше убаво организиран, времето доволно за се што планирав а расположението на високо ниво!
    СДК денес го променив друштвото со кое одам на кафе... разбив монотонија и супер си поминав во друштво на 6 колешки од работа, трач муабети, кафе и вкусна палачинка!
     
  11. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Сакам да кажам...

    Сдк..дека немав лоша намера денес кога му се јавив.Сакав да го видам.Беше нешто нервозен,па нервозно разговараше и со мене.Имал тест,ќе учел.Само го прашав што ќе учи..Тоа не беше испрашување (како што тој тоа го свати),сакав подолго да го слушам неговиот глас...Ми фалеше..Знам дека го држи лутината и дека нема да се јави до крајот на денот,ниту да пише.Можеби и утре.Но нема ни јас.Немав лоша намера.
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми е мило што ја разработивме темата рецепти . Се забележува значителен напредок по подолг период стагнирање :)
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.073
    Допаѓања:
    9.815
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК мене ни психијатар не ми помага затоа што јас сум: Несозрено детиште глупо,се ми е сервирано на тацна,јас сум мочла и психијатрите дигнале раце од мене.
    СДК благодарам многу.Утре ќе одам на психијатар,ќе им речам многу си ја сакам државата и сите ме нападнаа поради тоа.
    Фала на прекрасните зборови.ПозЗдравчиња 8)
     
  14. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Сакам да кажам...

    сдк дека страшно многу сум стрвна на што и да ми текне одма ми се јаде, сега ќе си похувам сиренце, затоа што немам кашкавал :) , а викендот обавезно ќе одам во кафанче да се изнапијам и изнамезам
    ајде бујрум со мене :) кавадарци е ефтино за 300 ден и најаден и напијен :lol: :lol:
     
  15. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    Сакам да кажам...



    ееее летоска што убаво си поминав во кавадарци, мислам Нано се викаше ресторанче едно :)
    пак би дошла ;)

    иначе сдк дека ми се оди некадееееее далекууууууу од сееееееее
    али пусто учење ќе ме поремети и не ми остава доволно слободно време :doh:
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    268
    Сакам да кажам...

    Поховано сиренце или кашкавалче, па и тиквички на скара потпечени и некое компирче пржено или и тоа на скара :mm: :mm: само у кавадаречките кафани :)
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    да ви кажам дождот вчера ме натера да влезам пак во веро центар :rofl:
    морав да изгубам 1 саат време, а притоа да не киснам на дождот и да го наполнам стомачето :D
    барем тоалетите се засега чисти :clap: + не се секирајте џамбо не се затвара, ставија декларации на македонски јазик :rofl:
    сакав да и кажам на Хипи следен пат да ме земе и мене кај цимерките :( и да не шета со толку крената глава, бело палтенце и црвени хулахопки (од километар ја познав) :rofl:

    друго да ви кажам ќе се изнаспијам семестаров, ама па затоа цело попладне на факс ќе го поминувам.....како викаат во секое лошо има добро и обратно :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    абе оваа Mеган Фокс ми набива комплекси |(
    пластична ниедна :rofl: :rofl: :rofl: таа мене? :o
    офф лелеее бројчето забега до 100ка :rofl: :rofl:
     
  19. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    СКД многу ми фали ама не не и не не попуштам ќе водам инат
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    СДК дека дури има будали кои се нервираат дека некој им „залепил“ глупава етикета или им извадил уште поглупав муабет, ќе има и такви кои прават „злодела“. Ако фатам јас да се секирам за секој кој што рекол, кажал, НАПИШАЛ... да, НАПИШАЛ, затоа што некои си врзуваат во крпче и за нешто што ќе го прочитаат ТУКА! Аманте бре луѓе, за жалење сте. Имав едно време дилема дал сте повеќе ВИЕ за жалење и тие што ве нервираат, ама сега ми е разрешена. ВИЕ сте побетер.
    Ај мајката! Ми се покачи притисоков :D Мада шо добро ми доаѓа тоа, зашто си има навика да ми се снижува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.