Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    СДК Ким и јас сум со истите прашања, а одговори немам.Зошто некому тешкото цел живот, а некому се му е подмачкано и тоа не знам.Значи не знам ништо, само знам животот некому мајка е некому маќеа.И знам дека денес на површина испливува ѓубрето...а на дното останува златото.И правда тука нема. :|
     
  2. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    ^
    Само ме растаживте со вашиве мислења. И јас ги имам истите тие прашања. Зошто е олку сложен животов? Која е целта на постоењето? Вреди да се живее? А за кого да се живее? ... Зошто нема одговор на некои прашања? ;(
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    сдк девојки ... на никој патот не му е послан со рози секој од нас наидува на некој трн ... не постои човек кој што немал проблем или не бил тажен и паднат во депресија ... ајде соберете сила и главата горе .... Вака напред не ... вака во место се стои ... тоа се прашања на кои одговор нема да добиеме а секој од нас си ги поставува ... ајде размислете за што плачете и колку вреди ... преспијте малку и ке ви се смени мислењето ... ај ве гушкам силно и не бидете депресивни :hug:
     
    На katakomba24 и k.i.m им се допаѓа ова.
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Сакам да кажам...

    С да и К на една особа која константно ми ги тапира живците: :@

    точно е дека како што си вели

    ОТРОВОТ СЕ ЧУВА ВО МАЛИ ШИШИЊА
    но- И ГО*НОТО ЗА АНАЛИЗА ИСТО ТАКА!!!
    :devil:
     
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Сакам да кажам...

    СДК ,а воедно и да се надоврзам на погорните неколку мислења дека да, и јас како и нив неколку посебно последната година осеќам неизмерно тапкање во место,денови кои се само копија еден на друг,некоја промена на било кое поле...али никако не иде.Досега уште ме држи надежта и трпението,само до кога?
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ким, Џули и Катакомба ме инспираа на постов и не се одјавувам додека не реплицирам, бидејќи и јас си ги имам поставувано овие прашања.
    Знаете што заклучив дека кога сме среќни и се ни е убаво ние не го проколнуваме животот , и не се прашуваме зошто е сложен бидејќи не забележуваме од среќата, ама кога не сме среќни , сме депресивни и тогаш ни доаѓаат тие прашања на кои вреди убаво да се размисли и да соодветно да си одговориме на самите себе.
    Во многу ситуации сум си рекла на самата себе, зошто се родив? Е да искрено кажувам овде јавно неколку пати ми се има случено ова да си го речам и после некое време си викам на самата себе ех не требаше ова да го речам, ама ситуацијата и лошото чувство ме натерале на тоа, ама од после сфаќам дека не вреди да се прашувам тоа, вреди да размислам зошто дошло на пример до таа X ситуација.
    Да не требаше да живееме, немаше ни да постои животот така?
    Не живееме само ние, покрај нас насекаде во светот живеат уште милјарди личности сигурно и тие се запрашале за овие работи како нас, да знаете и кога ни е најтешко не сме единствените ние во тоа, ако нас ни е тешко за X причина , некому во истиот момент му е тешко за истата, а на некој трет исто така му е тешко ама за сосема друга причина.Меѓутоа никој не се прашува сега како му е на тој другиот, гледа само кога е среќен да му е нему добро, а кога е тажен завидува на среќните.
    И среќата и тагата луѓе се дел од животот.
    Како што не можеше да има рамнотежа ако постоеше само добро и само зло така е и со среќата и со тагата.
    Не може сите во исто време да сме среќни, ниту во исто време тажни.
    Живеете најпрво за самите себе, па за вашите блиски, треба да живеете за вашите цели кои што ќе си ги поставите и да тежнеете кон тоа да ги остварите.
    Не дозволувате на пречките да застанете и да паѓате во бездната, храбро одбегнувајте ги и продолжете да живеете, а дали вреди да се живее , секако дека ова прашање го поставуваме кога ни е тешко, ама кога се случуваат убави работи секако дека ВРЕДИ , вреди да се смееме, вреди и да се помачиме за нешто ако знаеме дека ќе се исплати, вреди да живееме за среќата и за убавите работи кои што ни се случиле и треба да ни се случат.
    И ајде избркајте ја депресијата да не дојдам јас со двоцефка да ја бркам :tmi:
    Најмногу од се сакам да сум јас среќна ама и луѓето кои ме опкружуваат, верувајте не можам да ги гледам моите блиски да се тажни, па затоа не сакам и вас што ве читам да бидете тажни, ви испраќам еве најголеми гушки и заедно да ја избркате таа на Д. :*
     
    На katakomba24, Gordana10, k.i.m и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК почнаа да ме мачат некои сомнежи, да ме гризе црвот...Уф колку го мразам тоа чувство. Не можев дури ни да заспијам од безброј мисли што ми е ројат во главава :?: Ќе мора да има еден сериозен разговор.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И уште ова би додала Не дозвлвуајте тагата да ве заслепи и да почне да ви го уништува животот, дозволете и на среќата да влезе во вашиот живот и да ви го разубави !
     
    На Gordana10 и teddybear им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ех да беше така лесно Лукс немаше да има несреќни луѓе на планетава. Едноставно некогаш не можеш сам против себе :)
     
    На Lux, teddybear и julie77 им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    Сд и К на Луксче...мора да има и вакви денови нели...Кај мене се за жал многу повеќе и почести иако не покажувам ама денес едноставно од некои причини пукнав.Трпението ми попушта, а некако се ми стои во место колку и да се трудам.Животот со некого си поигрува многу често. :worried:
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Знам дека не е лесно Реинбоу ама мораме некогаш и ние да се потрудиме да си го направиме животот поубав ;)
    Не смее трпението да ти попушти, што да ти кажам друго биди храбра што и да е ќе се среди , животот со сите си поигрува, еех и со мене колку пати, се надевам дека се ќе биде во ред со сите.
    И нескромно и неискрено од мене ќе биде ако кажам дека не ми значите, да не ми значевте немаше вака да ви пишувам , сакам да помагам онаму кај што мислам дека е потребно, не знаев дека вака виртуелно некои личности можат да ти бидат драги ,а воопшто не ги знаеш кои се. :?:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    162.693
    Сакам да кажам...

    Сдк овај да прашам...шо ви е бе?!
    Дај живо,весело,насмеано и сончево као денов шо си беше.Почнале со беседи,констелации на ѕвездите,поврзаност со космосот,закон за првилечности (карикирам де)...Смислата на живеењето...смислата на живеењето....хммм...овај да.
    Ајде,ајде,утре понеделнички,фино,лепо и полетно,има време до вторник кој е значително поглупав од неговиот претходни!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Леле Лилитке зошто, ама зошто ме потсети дека е утре понеделник? А еве јас си седам си кулирам мислејќи дека утре ќе си поспијам :(
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Јас не си дозволувам да запаќам во депресии, и многу кратко ми трае негативноста кога ја имам, но сега стварно ме замислија некои работи. Некои знаци кои незнам дали се точни или не. (а не би сакала)
    Незнам ни како да се изјаснам. Се плашам од сабата себе.
    Скршнавме малку од темава ама...

    СДК не требаше да пијам кафе.
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ееех па сега Виножитке требало да се наспиеш викендов за да ти држи до идниот :lol: така јас правам, ти сега на крајов од денов ти текна дека утре е понеделник :D
    Лил мене не ми е ништо, пробував да избркам една баба рога на Д , ама ако не се потрудиш самиот никој не помага :D
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    162.693
    Сакам да кажам...

    Их,јас сакам понеделници.Нова енергија,нови можности и поводи!И да се врнежливи мене ми делуваат како облеани со светлина која поминува низ лелеава,бела завеса.Баш ми се симпатични,ведри и најчесто,најисполнети со обврски и убави луѓе! :rofl:
    Е веќе вторник ми е стандардно пејн ин ди ес!Иако често прави исклучоци и знае да се погоди фин,како продолжение на понеделникот! :D
    Ајде,ајде дечки,ајде ведрина... :rofl:
    Eве ви убаво песнуле!
    http://www.youtube.com/watch?v=GhK81hZj4L4&ob=av2e
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека не знам кога последен пат почувствував вистинска радост во мене. :x

    Не го сакам. Ако го сакав доволно силно, повеќе од себе ќе се променев. Но не се сакам ни себеси, во тоа е проблемот. Многу сум комплицирана деновиве, ни сама не можам да се сфатам.
     
  18. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    649
    Сакам да кажам...

    СДК оваа сесилија само аватари од џенифер лопез става.....идол да не ти е сеси???? :)
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Сакам да кажам...


    :D претходниот не ми беше од неа, а ни првиот ;)

    Си личиме во телата затоа ;)

    Иста секси градба сме :D

    И мила ми е многу
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Сакам да кажам...

    СДК кој ги пофали Hurts, секоја чест :bow:
    Ги слушам и можеби паричките се во Америка, ама никогаш нема да имаат така добра музика како Британците.
    Muse, Radiohead и сега Hurts ми го потврдуваат тоа. :)
     
    На Phyramide и Wild.Child им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.