Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    извини велешанче тоа мене не ми е за браво или јас не го сваќам како што треба ... :?:

    Инаку сакам да кажам дека денес ќе учам и дека ми се расипаа плановите требаше утре да одам во кино на мајки и испадна дека сум на слава па ништо од бизнисот .... :lol:
    тежок е овој брачен живот :rofl: се шалам ... одам сега на едно кафе со хемијата па после ќе ве читкам :rofl:
     
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    според мене е браво затоа што е искрен, и што се обидува да ги поучи другите да не ги прават неговите грешки...
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    ааа тогаш добро .. за искреноста браво ама дека е лажго не браво :rofl: поздрав до тебе велешанче погрешно сум го протолкувала :* :* :*
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК .. Еве ме и мене конечно. :)
    После напорните викенди, добро е чувството да седиш опуштено, релаксирано пред компјутер.
    Моменталното време во градов, сончево со мал број на облаци, ако застанеш надвор -50 степени, и со одреден број на лицемерни луѓе кои идат под него.
    Е така.
    Љубов? Што беше тоа? :D
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК се преспав :lol: синоќа заспав кај 8 и спиев до полноќ. Станав, јадев, пиев апченце, го позамарав малку мм и пак заспав. И си станав утрово во 9 свежа, најсвежа !
    Сега собирам сили и одам на долга прошетка !
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    оооо мило ми е за тебе блонд ... гледаш дека ке спиеш ... :rofl: ајде вечер пак ...

    а сдк дека јас некако до заклучок дојдов дека иако жените се трудни и хормоните ги полудуваат на маживе потешко им е се тоа да го поднесат :rofl: не знам колку ми е точен заклучоков :)

    инаку Сдк дека баба и дедо се караат цело сабајле а јас им се смеам ... што да правам друго чаре нема ... многу се интересни кога се расправаат ... овој пат кавгата е за правосмукалката... стварно голема дилема имаат луѓето :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Теди, точно е тоа. Еве мм тешко ме издржува и не може да ме сфати :lol: а пак јас се си се вадам со тоа дека сум бремена, поради бременоста сум таква и да не ме нервира :rofl:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека Вајлд ќе оди да се шиша. :) It's time for change...
    Утрово кажав нешто без да размислам, ама гајле ми е ако повредив некого. Само бев реална и мајка ми ја знае вистината и знае дека крајно не е во право, така да - не се замарам.
    Во дилема сум уште дали да се направам црвена пак, ама не знам. :?:
    Не мора да се согласувате со секого, ниту да се трудите да им се допаднете на сите. :)
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Нешто не ми е јасно....има 2 теми за анализа на членовите и за кажување позитивни и негативни работи за некоја од форумџиките, така?!
    Значи таму без некој да се налути можеме да кажеме и негативности (се разбира со одбрани зборови) :D
    Јас читам....читам...читам....и никаде не прочитав негативност, негативна критика за мене, зошто? :^)
    Ме натера ова да се замислам како јас сум се претставила на фоумов и како ме гледаат оние кои не ме знаат врз основа само на моите чувства и ставови кои ги пишувам овде. Сите кои овде пишуваме сме луѓе со доблести и маани.....па дајте ви се молам пишете некоја критика, не сте фер :lol:
    Сите овде сме паметни и разумни цури, приземјени и реални.....и знаеме дека никој не е совршен и дека е невозможно да ги добиеш симпатиите и наколоноста на сите :)

    Ај доста замарам вака посабајле....денес сум ептен расположена за муабет :talk: ама скриптине не се многу дружељубиви :wasntme:
    Гоу сака анализа од тие што не ја сакаат :rofl:
     
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    полека, но сигурно полудувам...
     
  11. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Сакам да кажам...

    Ма што се замарааам.
    Мене топ ми е, си уживам, карај се ти со мене, јас ќе си се смеам.
    И нервирај се. Доста јас го правев тоа. Муахах ]:)
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    завршииииииииив со полагање, ќе положам 4 од 5... презадоволна сум, идам на спиење и вечер на Северинчето.... јеее јеее... ве сакам Феминкиии
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.075
    Сакам да кажам...

    СДК а бе не знам зошто сум толку блокирана :^) ... посебно кога добивам комплименти ( едно фала не ми излетува од уста)...во секунда ми прија и толку... Некако ко да не сакам да добивам... а ги слушам и од млади,возрасни...мажи, еии :tmi: посебно многу често од жени...ама толку ги примам резервирано што дури и помислувам дека од толку фалење ме урочуваат ]:) ... :?:
    П.С. Затоа мои феминки ве молам не ми делите комплименти(се шалам) ;) :D
    Ова беше фали ме усто расчепи се :lol: ... ред беше и на мене 8) :D
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК. дека овој текст секој треба да си го има запишано на мало ливче и да му стои закачено на тоалетното огледало во соба. Јас го имам напишано и ставено на огледалото, секое утро кога ќе го видам на некој начин ме охрабрува, а секоја вечер пред да си легнам ме развеселува без разлика колку ми бил тежок денот...

    На светот има дефинитивно двајца луѓе кои би умреле за вас. Најмалку 15 луѓе те сакаат на некој начин. Единствената причина зошто некој би те мразел е поради тоа што сака да биде како тебе. Твојата насмевка може да донесе среќа секому, дури и ако ти не си му драг. Секоја ноќ некој мисли на тебе пред да одаи на спиење. Некому му значиш најмногу на светот. Ти си посебен и единствен-а. Некој кој што не ни знаеш дека постои, те сака. Кога ќе ја направиш твојата најголема грешка, нешто добро излегува од тоа. Кога мислиш дека целиот свет ти свртел грб, погледни повторно. Секогаш запомни ги комплиментите кои си ги добил. Грубите навреди заборави ги.

    :*
     
    На Gordana10, julie77, thatsmysecret и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Juli ,за урокот немој да се секираш најмал проблем , познавам една баба која ќе направи да не те урочуваат ..си бае жената ;) А за комплиментите сигурно вредиш штом ги добиваш.Било од мажи или жени :D
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    Колку е убаво да се чувствуваш слободен. Без обрски и без грижи. Го правиш она што го сакаш и уживаш во истото. Се осеќам како пеперутка в лет. Слободна, независна, нежна, мала и слатка. Осеќам некоја среќа, без никаква причина. А можеби причината е поради тоа што околу мене има личности кои се секогаш тука за мене а тоа се секако Мамичка и Татичко. Оние кои секогаш се грижат да сум насмеана и весела, да ги тргнат сите негативности околу мене и да ми дадат до знаење дека сепак животот е убав. Оваа моја позитивна енергија се шири и ги правам луѓето насмеани. Животот е огледало, насмевни му се, ќе ти се насмевне, намурти му се, ќе ти се намурти. И една мисла постојано врти во мојата глава... „Виор на светлина ме врати во реалноста, го изгубив ликот на принцот во кого сепак наоѓаме она што самите ќе го внесеме, со самото тоа што сме, што имаме различни животи искуства, што не сме еднакво чувствителни кон истите поттици и што секој од нас има своја оптика.“ Живејте среќно. Пред се насмеано без разлика на случувањата. Тоа го научив денес. Одам да се смеам и да се радувам на животот. Безгрижно. :rofl:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Сакам да кажам...

    ... фали ме усто, расчепи ме, :D ама бев на фризер и косата конечно има убава, нежна, сребренкасто-пепелава русокоса нијанса, наместо онаа жолто-пченково-лимонова. :D
    Бреј, конечно се бендисав.

    А утре, излет.
    Деца, многу мразам излет. Не знам зошто, ама ме заморуваат.
    Ај сега ќе правиме салата. Па немаме даска, оф леле, па немаме зејтин, па сме заборавиле бибер. |(
    Ај сега ќе печеме месо, па ќе се умирисаме на скара. И задолжително таа проклета прошетка после ручек, кога се' што сакам е удобноста на мојот дом, душек на сред соба, и убаво спремено јадење и најубаво вино, а после тоа туш или наполнета када.
    ДОМА.

    ЈБГ, немаме сите иста логика на нештата наречени уживање во неделно попладне . :)
     
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дојде и мојот ред да седнам пред компјутер и да се опуштам со фемина :D конечно малку одмор и уживање. :)
     
  19. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    мамооооооооооо зш мора да си таква бее??? па сите имаат проблеми... и шо сакаш сеа да ти речам?? те молам кажи ми |( плс не ме нервирај, ако не ти е нешто у ред задржи си го за себе бе па, ллеее а не секој ден вака ми прајш ;( ;( ;(
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК ми недостига филмов, многу беше интересен
    [​IMG]
     
    На Trendafilka и nice-girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.