Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк ... си гледав венчаници до сега :lol: нека не ви оди одма паметот кај што не треба женички едни рано ми е :rofl: иако не е лоша идеата :)

    инаку сдк спиев како бебе и обожавам кога вака ке се разбудам ... :wasntme:

    Ве поздравувам ви посакувам пријатно утро и убав и весел ден на сите. :)


    :hug: :hug: :hug: :hug:
     
  2. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    Сакам да кажам...

    Сдк дека многу ми е глупаво ова време.Само кога ќе помислам дека треба да доучам уште неколку лекции по бизнис.Само кога ќе помислам дека треба да одам и на Црвен Крст. :(
    Патем научив да давам вештачко дишење. :$ :$
    Многу тешка недела,а стасаа и советите.Е така ми е кога не си ја фатив книгата посовреме. :?:

    Тешко е тоа што по точно 2 години јас и дечко ми ќе се разделиме.Само тоа како да го преболам. ;(
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Во мене се борат различни чувства...
    Гнев, љубов, носталгија, нервоза, тага, заљубеност, меланхонија... да трепнам ќе ми капнат солзи.
    Во последно време премногу мислам на една личност, уф зашто баш сега... кога е касно.. е јбг така иде тоа. Премногу ми недостига таа личност, сега знам дека ќе бев посреќна со тебе.
    А? Што е ова? Повеќе не те сакам? - Не... те сакам, ама не така како што сакам да те сакам, можеби тоа е заради тоа што ти не ме сакаш како што јас сакам да ме сакаш...
    Едно знам, повеќе не те чувствувам како порано...повеќе не се вознемирувам за тебе и за секоја твоја постапка како порано... повеќе не мислам на тебе 24 часа, и повеќе не ми недостасуваш ако се слушнеме само еднаш во текот на целиот ден... епа тоа е... повеќе не те сакам како порано.
    Што ќе биде сега? Е ајде направи нешто за пак да ми се разбудат чувства де, ти тоа го можеш многу лесно, мене толку ми треба... ајде да видиме... 8)
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК си ги сакам мама, тато, бато, вујче, вујна, баба, дедо, свекорот, свекрвата, золвата, зетот, ве сакам вас феминки, а највеќе си го сакам теленцето мое :inlove: :inlove: !!!!
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес сосема му се предадов на Kanye West. Човеку, не ти е потребно да добиваш музички награди, албумот ти е бездруго одличен.
    Нејсе. Ме здрма музата, или вчерашниот муабет за фотографирање. Не знам што попрво. Ако најдам денес слободно време, вадам филмот од фрижидер, ставам во апаратот и ќе одам да штракам. Онака за ќејф, за душевно исполнување, за мерак.
    Ах - да! Вчера барав стари детски книги кои сум ги читала како дете. Не ми се верува - јас порасната ама чуството ми се врати како повторно да имам 6, 7, 8, 9... годинки. Патем, Анатх, ако ме читаш, ти текнува на муабетот? Волшебниот лифт и Зимски детективи беа книгите :)

    И ќе споделам една мисла која денес ја прочитав. Вели жената е сосема беспомошна, се додека...не и се исуши лакот! :) Наравоучение, внимавајте каков лак за нокти употребувате. Не дозволувајте да сте беспомошни долго време ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    5.436
    Сакам да кажам...

    сдк дека ги читам сите мислења на блонд и истите секогаш ми предизвикуваат насмевка на лицето и пријатно и топло чуство на среќа и љубов. само така продожи ;)
     
    На teddybear и blond им се допаѓа ова.
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Сакам да кажам...

    СДК кога знаеш дека ништо не си направил , нема потреба крив да се осеќаш .
    СДК тато ме ослободи од школо :rofl: Шетавме по кафани и касно дојдовме , не можев да се наспијам убаво за сабајле да станам :) :$
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    сдк никогаш не се стреми да те ценат поради твоите достигнувања затоа што тогаш луѓето ке престанат да те ценат поради тебе самиот.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК. ајде сеа во школоооо и цел ден ти поминал таму -.-

    кој ја измислил оваа втора смена во школо???? :( :( :(

    СДК. дека денес сум расположена, ми се игра, ми се дружи, НЕ ми се дреме во школо цел ден...

    & зошто понеделник е толку далеку од петок, а петок е толку блиску до понеделник? :( -.-
     
    На GirlWithGreenSkarf му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    сдк дека заборавив да ви кажам дека повторно запливувам во студентските води, и покрај тоа што работам, потребно ми е и македонско образование и планирам до докор стигнам :D чекор по чекот ќе биде се, и сдк дека многу сум задоволна и среќна што си одлучив така и сигурна сум дека ќе постигнам се , па немора десетки да редам :D
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    Сакам да кажам...

    ... вчера ги имав најлудите марфиеви случки во 2010 година.
    Додека бев на работа втора смена, татко ми ми се јави , си го заборавил клучот и новчаникот на работа.
    Рано му е за склероза на човеков, си реков.
    ''Ако не па, ќе побарам отворен прозор и ќе се прекачам" .
    :^) :o :^)
    Кај мислеше да се јази нашиот Спајдермен, не знам. Јес да сме на први кат, ама височко е, не можам да сфатам како планирал да се искачи до прозорот, па макар да сме оставиле некој отворен. Во зима. :^)
    Плус со 45+ години и потенцијален кандидат за космодиск.
    Ја мислев ме зеза , му викам - Ма ти озбилен си?
    И ми спушти.
    Озбилен бил. Се додека не се слушнал со мајка ми која во истиот момент посакала да му скине вратче како во тинејџерските денови додека била на работа :rofl:
    Значи наравоучение - пробајте да не ги заборавате двете работи наеднаш, и новчаник и клуч.

    И најважното - не тргнувајте после работа директно на важен настан.
    Настан како прво здраво-живо со родителите на вашиот дечко.
    Не за друго, може на пример, да ви искрсне некој проблем, како да ви се расипе фискалната каса 10 минути пред излегување, па да ја удирате , да ја шамарите додека да ви извади финална сметка.
    Или да ви се заглави патентот на нови чизми и да не можете пола саат да го откопчате, да ви се скине и на крај да кренете раце и да тргнете во старите обувки.
    Или од нигде никаде, да се истури олук со вода врз главата и да ви се растече тушот на претходно грижливо нанесена шминка.
    Не, мене не ми се случило ништо од ова.
    Ама можело. :!:
    Само предупредувам. :x
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mims-89, skyAngel, x.Daisy.x и 3 други им се допаѓа ова.
  12. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Бидна и математиката напишав што напишав можев и повеќе ама ...ајде бе секој пат може повеќе :) :worried:
    Е зш мора да сум таков баксуз кога јас треба да кажам на некој , никој не ме приметува , а мене кога ми притреба некој да ми каже едно прашање одма ме видат право ме бркаат. :?: :doh: Баксуз ама баш типичен баксуз сум си јас !

    Сега пак одам да си се дружам со книгата... :sweat:
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК ова неспиењево лошо ми делува :( Уште пак (не)времето надвор... Да го фаќам креветот или кафето?
    Дури и компјутерот сфати дека не сум во нормала па ми понуди:
     

    Прикачени фајлови:

    • coffee.jpg
      coffee.jpg
      Големина на фајлот:
      16,6 KB
      Прегледи:
      107
  14. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Сакам да кажам...

    Завршив со полагањата аман веќе конечно.Какви сака нека се резултатите гајле ми е зошто се напнав максимално и ми треба одмооррр и шетање! :lol: Едвај го чекам проводот во кафана со колегите,ќе биде интересно :)Иии да...ќе имам слободно време да си пишувам и читкам на форумчево! :P
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Во случај да не сте знаеле
     

    Прикачени фајлови:

    На HoneyBun и Hipica им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДк дека се фарбав и конечно ми испадна убава плава боја,... :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Сдк не потсмејувај му се на човекот кој заради љубовта ја изгубил гордоста, туку на оној кој заради гордоста ја изгубил љубовта. Бидејки не е исто човек во пустина или пустина во човек.
    Човек во пустина и пустина во човек колку е голема разликата :x
     
    На skyAngel и 2468 им се допаѓа ова.
  18. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    Сакам да кажам...

    Денеска ќе си се искритикувам себе си.
    знааааам дека направив грешка што ја збуцкав работава,сега нема да и веруваат ама па преку се ми е веќе..не да ми се "преполни" чашата,три пати истече... :|
     
  19. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    СДК дека никој не видел аир од многу учење...што и онака се е со врски. :worried:
     
  20. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека овој живот не е фер!!!
    На лошите-добро,на добрите-лошо.До кога вака ?!?! :@
    Сакам да патиш поради сета болка што ми ја создаде!Сакам да те боли колку што ме болеше мене.Да плачеш,да молиш,а да нема никој...Да ти забодат нож во срце.... :fubar:
    Можеби не е убаво така да посакувам лошо,но само ти си тој во животот што ме повредил толку.Не заслужуваш добар живот.Зошто јас да плачам?!Зошто јас да тагувам?! Ништо лошо не сторив. :doh:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.