Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк расположена сум како и секогаш за ...
    [​IMG]
    :*
     
  2. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Сакам да кажам...

    Еве еден free hug Candy od mene :hug:

    И еден бисер на мудроста и од мене:Светот е сцена: доаѓаш, гледаш и си одиш. :)
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    ^^ Кенди гушкањеееееее :hug: :hug: :hug:
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^^^^
    :* :* :* :* фала душички!!!! ако не сте вие јас со кого ке се гушкам :?: :)
    и сакам да кажам големо hug за julie77 обожавам што си се дружиме по форумов
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    173
    Сакам да кажам...

    СДК ми се смачи од турски,шпански или индиски серии па стварно што е ова на секоја програма мора ли да има индиски или турски ех да знаеше Гоце Делчев колку турски серии гледаат Македонциве...
     
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Џули многу добра мисла ;)

    СДК секој што зборува нешто премолчува , најчесто она најдоброто. ;)

    Fide, sed cui, vide ! :)
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Нема да ви кажувам во каков емотивен хаос сум, колку нефер работи ми се случуваат и колку бедно се чувствувам. Ќе ги прескокнам сите негативности кои ми се случија оваа недела, ќе пишувам за нешто друго, за еден случајно чуен разговор :!:
    "Удобно" се сместив на столчето во еден автобус на јсп и кога до мене застануваат 2 жени на околу 40 годишна воздраст. Почнаа да си тераат муабет кој навидум изгледаше како за две пријателки кои одамна не се виделе. Ама Гоу нема да биде Гоу ако не го заслуша и темелно анализира разговорот....кој течеше вака.....Едната жена Х која се враќаше од работа беше слушател и само ги потврдуваше речениците и констатациите на жената Y. Оваа вторава колку што сфатив од разговорот живее и работи во странство и беше дојдена на одмор и да се види со роднините. Па почна да раскажува со боја и тон на гласот кој јас го нарекувам препичување....како овде луѓето биле песимисти и само се жалеле, дека ако останела тука да живее ќе полудела, како успевале со 8000 ден. месечно да преживеат, а таа само за 1 месец што била тука потрошила 500 евра, како таму каде што живее сега е се поубаво, луѓето се зезаат и се весели, има подобри услови за живот, има супер пријателки со кои секој ден после напорната работа пие кафе и се дружи, како таму се носи брендирана гардероба, а не како овде крпи на кило!!! Паралелно со овие фалби течеа и други реченици кои сега ќе ги напишам.....дека работела двократно и тоа и одземало многу време па неможела со мажот да се види, дека навечер била преморена и на лакти и коленици се враќала накај дома, дека едно време шиела во конфекција и не била добро платена и т.н.
    Па си викам добро бе жено каква контрадикторност кажуваш, дали воопшто се преслушуваш што изговараш (а цел автобус те слуша).....пример како може да се утепуваш од работа и во исто време да се забавуваш со пријателките после работа, а си преморена......кој лажеш дека животот во странство е мед и млеко НАС?!....или можеби се обидуваш сама себе да се убедиш дека имаш добар живот?
    Една поука.....луѓе внимавајте што зборувате, не се сите прости и глупави, а вие најпаметни.....може да го постигнете спротивниот ефект со некои ваши зборови и да испаднете смешни и будали :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На GeorGinnA, nitokris и irenna им се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Настаните кои ги посакуваме најмногу-не се случуваат,или пак,ако се случат,не се ни во времето ни во околностите кои тие би ни дале екстремно задоволство... :)
     
  9. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    959
    Сакам да кажам...

    Утре пак од 5 треба да станувам :@
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    Гоу знаеш нели Србите имаат една добра изрека Кад се сељак покондури...Тоа е уште еден балкански (македонски) синдром
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Сакам да кажам...

    СДК уште еден месец и ќе дојде 2011 година.
    Значи годинава колку брзо ми пројде...
    [​IMG]
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека неделава бев многу зафатена, немав време да размислувам. Сконцентрирана на обврските, ги запоставив чувствата. Колку и да сакав да мислам на се` што ми се случува, се враќав дома преморена и чекав само да најдам некое ќоше за да заспијам. Вака ми е потешко. Сакам да сум солза. Да се слеам по нечие лице и да потонам во кристално чистото море. Сигурно би била некоја малечка, безвредна и лажна солза, но барем никогаш немаше да се почувствувам осамено. Кога би ги собрала сите, би направила потоп. Да потоне се` што е мое, што некогаш било... требало да биде.
    Јас сум обичен губитник, без харизма и самодоверба. Можам многу, но немам средства и начин.
    Ќе помине ден, два... ништо нема да се смени.
    Се` на се`, ја мразам годинава. Животот ми се сврте за 360 степени. Час е бело, час е црно. Заспивам како оптимист, а се будам како најголем песимист, односно само реалист.
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Сакам да кажам...

    Не грижи се Wild Child.Тоа е само период.Никој не може да биде потполно среќен или несреќен.
    Сега така ни се чини,може сме тажни,а утре ќе се смееме.Не е се црно-бело,има и сиви нијанси.Сепак тоа е животот,не е совршен,но некогаш мора да го почувствуваш лошото за повеќе да го цениш доброто,и мораш да ја искусиш тагата,за послатка да ти биде среќата. :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Да се превземе нов чекор, да се изговори нов збор. Тоа е она од што луѓето се плашат ... Без никаков страв, тргнете самоуверено ...Имајте пријатна вечер ...
     
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    Сакам да кажам...

    сдк Чудно е тоа што понекогаш кога се чувствувам лошо, како се околу мене се руши, само да го слушнам твојот глас и наеднаш се веке станува подобро
    ФАЛА заради тоа што ме сакаш, дури и кога не се сакам јас себе си, што ја гледаш мојата убавина, што си тука за мене секогаш, кога немам никој покрај себе, фала што секогаш ме разбираш и правиш се да бидам срекна... ТЕ САКАМ МАМО ФАЛА ЗА СЕ!!! :l: :l: :l: :l:
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ме нервира грубоста на некои членки. Не сум обрнала внимание која како е, повеќе пати се случило. Посебно кога некоја ќе отвори тема за некој проблем или нешто, или пишала на латиница или нешто. Прво има некои кои прв пат се зачленуваат на форум, па и вие не сте биле сјајни кога прв пат сте пошле на некој форум. (со исклучоци)
    Друго, има исто некои познавам што не биле толку на компјутери во животот, посебно постари околу 30 години, па не може да очекувате да бидат со се запозаени, а со вашата нељубезност само ке ги тргате членовите од форумов.
    Се ставам на нивно место кога за сериозен проблем ќе виде отворена тема, сами знаете дека во момент на паника некоја едвај ќе се снајде како да се логира на форум и едвај ќе го најде местото каде што треба да пише, и сака побрзо одговор, најмалку ќе мисли дали имало теми или не, не е запознаена со тие работи уште.
    Имам стрина која има 33 години и од пред една година почна да користи компјутер, и сега прв пат се зачлена на форум (уствари јас и помогнав), камоли додека да се снајде каде да пише, како одат тие работи итн итн.
    Доволно е на љубезен начин да им се каже да ги видат правилата за форум, и да им се даде линк темата каде што може да го постават прашањето.
    Повеќе разбирање. ;)
     
    На irenna, LivingGlam, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК вака на форумот е тивко или кога лисјата паѓаат или кога сите се испозаспани. Во случајов е второто :D

    Е најмногу ме нервира кај човечкиот род е режисерството.
    Ај што ќе слушнат нешто, во ред, да прокоментираат-и тоа во ред, сите правиме така, ама филмови кога режираат-е тоа не можам да го смислам.

    Ти кажуваш дека оваа сезона нема да купиш чизми зашто убави ти се ланските, а после слушаш се расчуло насекаде дека имаш големо стапало и дека никаде не можеш да си најдеш чизми, па затоа нема да купиш. Оф... (ова го дадов како примерче да си ја кажам поентата, не дека е така со чизмиве :lol: )

    Значи, ако видиш или ако ти кажат дека имаш режисерска способност-веднаш пробај си ја среќата на филмското платно, барем ќе ќариш некој денар, а не да режираш случки од секојдневниот живот, оти така бизнис не се прави :D
    Е, што можеш да правиш-ништо, да си се изнасмееш и да си поќутиш, барем ќе ти е интересно секој ден си слушаш некоја шарена приказна :rofl:

    Ова ми беше дефинитивно најфилмската ноќ, штета што со себе не понесов пуканки. Не знаев инаку...
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека денов го чекав со недели и заради една да не речам глупост не можам да го исполнам реализираното.

    Кога ќе го кажат моето име нема да излезе никој...
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.823
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК навикава секој ден да станувам ви 6 ме убива. Легнав касно, ама нејсе, не можам да спијам.
    Друго СДК некои луѓе едноставно се премногу исфилмани. Би им препорачала нежно да го спуштат га*от на земја, инаку ќе треснат со сета сила.
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК конечно интернет после 2 дена
    скапав без нет, ама барем се наспав
    СДК дека стравот од страдање е пострашен од самото страдање
    СДК дека http://www.youtube.com/watch?v=o3ix8-DAyUk

    и СДК си го чекам љубави да пиеме утринско кафе
    и си се опарив је је
    и нека не врне, сакам да искочам вечер
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.