Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк научив историја и географија, денес испрашуваат, па со среќа да ми е! :)

    Сдк од ова учење немам време за мене.. сакам да седнам да пишувам, да цртам, да изгледам некој интересен филм, да отидам на масажа, да отидам на шопинг.... :(
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    го слушам новиов албум на каролина...
    има некои добри песнички, ок е!
    сепак морам да кажам дека станува подобра како што проаѓа време
     
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денов баш и не ми започна најубаво. Поспана сум цело време, во школо ич не ми се оди, сакам да одам надвор на прошетка, а не да седам затворена во училна со толку многу деца. Но сепак, малово слатко бебче ме расположи и ме насмеа до солзи, така што сега имам малку повеќе енергија за денот што следи. Имајте пријатен ден! :)

    http://www.youtube.com/watch?v=5P6UU6m3 ... r_embedded

    П.с. Трендафилка честито награда и со здравје да си го користиш парфемчето! :*
     
    На Trendafilka и wolf4e им се допаѓа ова.
  4. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам...

    Многу голем баксуз сум,нема поголем баксуз од мене,за било што :(
     
  5. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Сакам да кажам...

    СДК дека денов ич неубаво ми почна, понеделнички дека :( . Ако е вака цела недела не знам што ќе правам ;( .
    Имајте убав ден .
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Направив една семинарска, останаа уште две
    ах, ќе бидеее
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК убав ден! Иако сама по дома сепак немам време за досада :) Задоволна сум што успеав да ги завршам задачите кои ги имав испланирано, а попладнево редно е да си се почестам со добар шопинг :D
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    СДК дека имате поздрав од Пирамитка ;)
    Посебен поздрав до КИМ (White Lies биле одлични) :)
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес ми се уврте во глава дека сум трудна, макар што не би требало. :^)
    изгледа премногу го читам форумов во делот за бебиња :D
     
  10. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам благодарам за советите на девојките во Сакам да прашам темата.
    Второ е дека оваа недела и следната не бомбардираа со тестови. :) Побрзо нека заврше таму да си го пуштам мозокот на пасење. :D
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    СДК ..
    Исто е секој час, чекам ѕвонче за скок од столче и .. трм трм трм трм :music:

    Да, исто е секој час. Наставници само не известуваат дека ќе си одат. Кој Норвешка кај жената, кој Германија на шетање. Одам и јас да се спремам за Италија. 8) :D Се шегувам. :)

    Одам да правам проект за Мр. Бин(че). :)
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    На Сител има емисија која почна со песната Џули (од Даниел) и се појави една жена. Водителката кажа дека нејзе и’ била посветена оваа песна. Јас викам аман мори кој ти посветил тебе песна?!?!
    И женава кога почна да зборува (уште трае емисијата) се воодушевив!
    Уште една песна би и’ напишала жими се’.
    Браво Џули, браво! Силна и паметна жена. :bow:
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Голем дел од форумџиките, ги нема? :^)
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека измина едно преубаво понеделничко претпладне... за промена. :) Филм, пуканки, кафе и муабет со другарките. Ме чека учење, ама добро ќе ми дојде по четиридневниот одмор и лудување. :lol:
    Со душа чекам утре да дојде да излезам. :$
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.680
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК главата ме распукна :@ абе пиев апче,спиев,одморив и не поминува,незнам шо да направам веќе,мислам ќе ми експлодира од болка ако ја наведнам надолу :worried: И денес се смрзнав!Признавам ладно време само ако има снег надвор вака не :fubar: Вечер ќе одам на кафе со другарките.Ќе се изнамуабетиме белким ќе ми помине тогаш,после сум на јога ќе се релаксирам и ќе си дојдам одма во кревет.Имам и за учење,ама не учам,се изморив веќе и доста е! :doh: И сакам да го слушнам,да го видам и да го гушнам,ама изгледа сонот ми го презеде денес :D Поздрав феминки имајте пријатно попладне и пријатна вечер :*
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК срамота ова што се случуваше денес во парламентот. Оние во жолтите блузи, мислиш од комунално претријатие се, плус овации, правење циркус во собрание, урлање !!! Мислев дека гледам некоја емисија за деца до 6 години :x :x :x :x :fubar:
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека само Чак Норис може да ги врати старите профили на ФБ. :lol: Не го менувам, па што сака нека биде. :D

    Како што спомна Бројче, многу ми е празно форумчето, сите ги нема. :(
     
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    сдк - како ја замислувам мојата иднина!? :?: е стварно незнам што да пишувам! :tmi: мисли не ми доаѓат.. а тема за состав ми е.. е како де? со деца, во скромна куќа со маж.. без војни со љубов, ама.. :lol: :@
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    СДК Јсп се цареви. Во зима фучи се е отворено плус ви капе врз глава вода ако врне,онака колку за освежување на косата а Во лето кај што е жешко,внатре е како сауна па и ни еден прозор не се отвара :D :D :D

    Абе во другите држави бараат вакви автобуси ама не можат да најдат. Најдобри сме. :P :P :P
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    " Предизвиците на животот не треба да те парализираат, тие треба да ти помогнат да откриеш кој си навистина. "
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.