1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека покажувањето заби со заканувачки тон знае да ти донесе убавини.
    Синојќа, во кафиќ друштвото порачуваме топло чоколадо, кое регуларно си стои на менито, келнерот не одбива со зборовите: Да, има, али шанкерот не сака да го направи. Аха, а во кој ден ќе биде дотичниот светнат, да му дојдеме на чоколадо? Паднал во депресија, женската му раксинала или што? Како бе не сака, на работно место недоделканиот со чачкалица во уста, се шлае во шанкот и одбива муштерии, па каде бре беше времето кога муштеријата секогаш е во право, а ти да ќутиш, да го служиш и да викаш дали има уште.
    Им отворивме дискусија дал да се смутка чоколатце ил не, се разгледуваа сите опции и после толкаво тегавење келнерот со израз “чорап ме удрил“, ваљда шанкерот е некој авторитет, не одбива по втор пат.
    Е такви се нашите младилежи, мрзливи, го шиканираат газдата, се понашаат лезетно како буџетари, па пристапуваме на план Б, во стил ако за 5 минути не направите ве клеветиме на газдата, па вие сами си знаите. Е така, кога ќе спомнеш газда и шеф се скаменуваат и ни две ни три се фаќаат за работа и глеј, оп труп ни ги носи чашичките, а од пуста желба да ни угоди збутал повише чоколадо и му дојде чоколадото густо како пудинг со сите дузени цимети, шлаг пени, па и уште и салфети и вода ни носи. Хм,хм, топло и слатко на -2. Бар кејфови си направивме.
    Шуќур, кај се видела таква услуга?
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк како да не живеам во Штип.....ништо не гледам,ништо не приметувам...се последна дознавам :?:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк дека некако свесно или несвесно понекогаш правиме непромислени постапки. Што да правиш.

    Луѓе сме. Програмирани да грешиме и од грешките да учиме. Не секогаш. Некогаш и повеќе пати треба да се изгориме пред вистинската лекција да ја научиме. Ке научиме напамет. Но дали ке ја примениме и практично.... Некогаш паѓаме некогаш не.

    Убаво е кога си се изградил учејќи на твои грешки не гледајќи покрај туѓ г* да се протнеш и ти.
    Убаво е кога ке кажеме згрешив извини. Не постои човек безгрешен. Не постои ни една од нас на форумов што е светица. Ни една општо во цел свет не постои. Но постојат многу кои знаат да се извинат. Постојат и некои кои не знаат. Секако утре е нов ден.

    Би сакала да пишувам да извадам се од мене. Жалосно што ке напишам па тоа го кинам. Не прашувајте не знам зошто е тоа така. А од кога знам за себе јас пишувам и пишувам.. што ми дојде. Од кога се навикнав да пишувам на комјутер почнав книга. Недовршена. Не знам така да пишувам. Пак не знам зошто. Не ми е вистинско можеби.

    Ја симнувам капата и кажувам извини на личноста на која е потребно. Искрено е и простено ми е. Не е кој знае колкава грешка ама мене ме боли повеќе и од него. Тоа го знае и тој.

    Читајќи го постот на Лилит Се потсетив на дедовите очи болни и полни со солзи. како ме галат неговите раце што се тресат. Прашуваат дали сум стварно јас. Кажуваат дека крајот им се ближи. Еден сон. Мачен и страшен. Таму тој умира јас со него. Дедо не умре во реалноста. Можеби навистина постои нешто над се. Само ослепе скоро целосно. Можеби едвај функционира ама Дедо Господ не ми го зема сеуште. Немој никогаш. Го сакам жив.
    Лилит погоре кажа лика и прилика со некоја личност. Да се пронајдов. Јас и мојот дедо.

    Смрт на близок-најголемиот страв длабоко во мене.После него змиите. Викаат после смртта се оди на подобро место. Дали? Да не дошол некој да ни каже? Убаво е да веруваме. Жалосно е што никогаш нема да дознаеме.

    Каде всушност ние одиме?Што всушност е животот? Ма ништо. Еден збор. Обичен. Апстрактен поим.

    донесов еден заклучок. Имаме страшно сиромашен јазик. Поготово кога се работи за искажување чувства.
     
    На BeYourself и Angelche им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК од овие серииве,дали шпански,турски спас нема :D се само нив ги даваат,гледав Шеќерна,сега гледам Време на дождови :D штознам интересна ми се виде :D и :!: повеќе не гледам серии,оваа нека заврши и толку ]:) :D изгледа немаат што друго да дадат на телевизија |( :D
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Секоја наредна година, дочекот на НОВА ГОДИНА станува се поголем луксуз. Добро бе што се замислуваат угостителиве????
    За илустрација...во Ања , стоење 2000 ден, седење 2500... Седи бе... :@
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    И можеби ќе имаат полн простор..... ненормални бе, што си мислат?! :fubar:
    А не ме чуди искрено, резервација за Н.Г под 2000 денари нема шанси да се најде. Ако пред две години во диксотека беше 1200, сега е 2500. Како што кажа и самата, луксуз ќе стане.
    И видш- не видиш македончињата пак ќе се луксузираат во период на немаштија. Живот на висока нога, тоа ти е .
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК ептен се заразив со правење homemade новогодишни украси :D
    Сега си научив нов украс како се прави јееее :dance: :rofl:
    Си се занимавам бе :)
     
    На viki44e, BeYourself и teddybear им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека уживам во оваа неделна вечер, си пијам кафенце со цигара и гледам фудбал. Реал победува, Кристијано дава голови уф уф уф уживанција ипол. Единствено нешто што ме нервира во вака спокојната вечер е ладното време и тоа што не можам да отворам прозорец и да излуфтирам од чадот од цигарите :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми е многу мило што не постојат романтични момчиња само во филмовите и сериите :)

    Ех Јане Јане незнам уште колку шамарчиња ќе добиеш од Нона -- :D

    Ахх слатка љубов :D

    Дада е со тебеее :D Само освој ја :inlove:
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека само Господ може да ми суди!


    Секој има причина за своите страдања. Нека поминат само еден ден во моја кожа и ќе сфатат дека многу работи правам со причина.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК ете Ким си се занимава а јас се нервирам. Една глупава вежба по информатика не можам да ја сработам. И не ја правам. Ќе одам да учам. Шо да прам друго ко за све се нервирам. И една молба до вас ако може. Пратете ми малку храброст за утре. Ќе ми биде потреба. Ветувам дека ке ја вратам. :D :wasntme:
     
  12. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Стругааааа јас ти праќам храброст :lol: ете јас бев храбра и го скршив мразот и поставив мои слики на новата тема. :lol: Сега ме срам да пристапам да се видам :$
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Дој ма, заедно ќе прајме украси, јас ќе те научам и одма ќе заборајш на се :D
    Еве и јас ти праќам храброст :*
    И пиши ми ЛП ко ќе знајш за именцето :inlove:
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека си ја накитив елкичката, со милијарда сијалички низ куќава. Во мојата соба, во дневна, уште надвор треба :) Деновиве ќе прошетам со мама да се подновиме со лампиони и други новогодишни додатоци. Ми фали уште снегче за перфектната Новогодишна атмосфера.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Сакам да кажам...

    Сега и јас бе . Сакам и јас :lol: :$
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    СДК три чашки вино од оние со столче и супер ќе се осеќате... :D Виното е храна за се и лек :!:
    :drunk: малку сум вака сега :lol:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    Те видов Скајче...кукла си! :)
     
  18. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Сакам да кажам...

    Многу сакам да се вратат деновите кога беше лето.На плажа,покрај море,благо ветренце,на лежалка лежам со слушалки и омилената музика...уфффф мераци :worried:
     
  19. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.887
    Сакам да кажам...

    СД и К на Катакомба дека и ја пуштам и мојата храброст и да не биде тажна. :hug:

    СДК ме фати и мене Новогодишната еуфорија. Ги извадив сите новогодишни свеќички, украсчиња и си ги наредив во дневна. Сега уште елката да ми ја донесат од подрум и сијаличките да ги обесам и ќе чекам снегче. :)
    СДК дека една песна колку може да ве погоди. И Благодарам на Катакомба за песната, но што кога веќе немам ни јас сила за да ја посветам, веќе и кревам раце. Едно нешто е сигурно - готово е.

    СДК дека вреди да се трудиш, но само ако знаеш дека има иднина.
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.522
    Допаѓања:
    92.118
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДиК на Скај браво што стави слики :)
    И девојки не само гледајте , коментирајте :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.