Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    5.132
    Поради големиот број на страници и непрегледноста на минатата тема, се отвара ново продолжение на СДК. Ве замолуваме цитатите, поговорките, статусите и сликите да ги испраќате во соодветната тема, бидејќи од оваа ќе бидат избришани со цел да не се губи смислата на темава каде што можеме да се искажеме со сопствени зборови.

    Copyright Marley ©
     
    На rolulika, kitty123, RebeliousGirl007 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.254
    Пол:
    Женски
    Оп,првиот пост..Се надевам дека ке има убави постови како во предходната тема..
     
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.861
    Пол:
    Женски
    ^ За малку пред мене :talk: Само незнам што толку убаво имаше во последно време во СДК освен цитати,мудри мисли и тестови по географија и математика..

    Дома се погдотвува свадба.Брат ми делува толку возбудено и верувајте сака да биде вклучен во секоја подготовка.Баш пред малку со мајка ми на шала зборувавме за тоа како ќе ги виткаме салфетите и каква боја ќе бидат,кога не погледна луѓе,ќе не убиеше со поглед,имало време за тоа сам ќе одлучел,мислам :^) Седам вака и рамислувам дали некогаш кога ќе се омажам маж ми ќе биде волку возбуден и ангажиран во секоја ситница.
    Сладок е бате многу,го гледам во многу различно светло и ми делува ептен слатко,не ми се веруваше дека ќе биде волку вклучен во сите подготовки,пошто обично невестите се тие кои не спијат со денови.

    Топла купка,најубавите пижами,цигари,чај од јагода и ванила за уште една долга ноќ..
     
    На dzejdzej, Bescheiden, Сега Те Спржив и 25 други им се допаѓа ова.
  4. lana.del-rey

    lana.del-rey Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.302
    Охх,конечно и јас понекогаш да се чувствувам наспано.. :)
    Сум спиела вкупно 17 саати од вчера вечер навака,плус скоро цел ден го преспав.. :/
    Болна сум ПАК,ама ајде ќе помине.. :)
    Имајте пријатна вечер девојки! :)
     
    На Natalian и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.613
    Сдк многу ми е гајле дали некој ке ми верува или не.Ниту пак чуствувам потреба од правдање.
     
    На TaMaRa80, RebeliousGirl007, WaffleGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.315
    Допаѓања:
    8.354
    30.01.2013..
    Тогаш,тоа беше кобна вечер за мене..
    Ми раскина..Да тој,кој мислев дека ме сака.А јас?Јас го сакав многу,безусловно..
    Останав затечена,со кнедла во грлото,насолзени очи и празни раце.
    Во недостиг од поддршка,се зачленив на форумов.Се сеќавам дека првиот пост ми беше во темата 'Совети од машка страна за сите девојки',со стандардното прашање во ваква ситуација-Што понатаму,како да го преболам?
    Денес,30.01.2014,се смеам за тоа :D
    Драго ми е што во тој момент станав дел од семејството наречено Фемина.
    Убаво е да слушнеш различни мислења за одреден проблем,размена на искуства,совети,споделување на битни моменти со виртуелни пријатели,учење на нешто ново..И најбитното,тука јас сум јас,без маска,лицемерие,преправање.
    Сметам дека временскиот период од една година ми е продуктиво потрошен :)
    И секако,се надевам дека и во иднина ќе продолжи нашата дружба Драги виртуелни пријатели! :)
     
    На dzejdzej, Ekstaza, xoxo5 и 34 други им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    5.006
    Пол:
    Женски
    Конечно!Одамна го барав овој начин на живот!КОнечно можам да кажам дека сум го направила правиот избор,сум тргнала по правиот пат!Продолжувам понатаму надевајќи се дека остатокот од животот ке го поминам вака!Одамна не ми е било досадно,одамна не сум пуштила солза,одамна не се чувствувам празно!Сакам да кажам дека се гордеам со себе,сакам да кажам го пронајдов патот до среќата!

    Ако навистина сакаш ке успееш,само не откажувај се,што и да е
     
    На Doryana, krofnicka27, Klimentina Evin и 7 други им се допаѓа ова.
  8. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.488
    СДК на арно и со убаво да ни врви темава. :D
    Се надевам дека ќе има одлични постови и некои форумџики ќе ни се вратат во игра.
    :?:
    п.с:A,jас?-Ништо,ме боли глава малце,малце стомаче и така.
    Онака,за пред тест. :tmi:


    Добра ноќ,луѓенца.
    :yawn:
     
    На RebeliousGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.889
    Пол:
    Женски
    СДК мнгоу ми е мило што сум помеѓу првите кои пишуваат на новата тема :D
     
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.027
    СДК Не е крај без разлика на се што ќе ни се испречи на пат :) :)
     
    На 4rever.unique и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    404
    Овие ЕВН се лопужи прва класа. Рака во оган ставам дека кај мене дома не се троши ни приближно толку колку што се плаќа.
    Ветувања, гасификација, мумификацијаблабла, се убаво, ама ова што го дерат СЕГА МОМЕНТАЛНО граѓанинот кој ќе му го врати? Очигледно овде се е дозволено... поточно, зависи, за кого како.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и IvanaJenner им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    7.906
    ајде со здравје да си ја користиме новава тема :)
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    9.217
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се „заљубев“ во некој, абе тоа како да ми е љубовта на животот... сега, кој и да сакам, го сакам, но не повеќе од себе си! 8) Затоа, немојте да се заљубите и за останете „со скршено срце“. Вие сте на прво место, вие сте во тоа тело, не е никој друг! :!:
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Xana1318, Doryana и 7 други им се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.315
    Допаѓања:
    8.354
    Никогаш не му верувајте на партнерот,кој се колне на вечна љубов!
    Љубовта е вечна,додека трае ;)
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Xana1318, Bojana_Ilcevska и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.023
    Нобелова награда за тебе!
     
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    2.164
    Онаа возбудливост ми недостасува. Отсекогаш сум го сакала, но има нешто што ми недостасува, а не знам што е... Ме загрижува тоа деновиве. :worried:
    Не сакам да е монотоно.
    Тој е толку смирен, стабилен, добар, а мене ми фали возбудливоста. Во секој момент да не знам што би ме очекувало од него. Сакам страст, сакам да ме изненадува во секој момент, да биде забеган, интересен, некогаш да биде и несериозен.
    Ни јас не знам што сакам, освен дека нешто недостасува, а го сакам...
     
    На Xana1318, lovely-girl, anggell и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.401
    Пол:
    Женски
    Ќе ми недостига старата тема.

    Знаете колку мразам кога некој ќе ми каже „си се променила“. Па секако, се променив за тебе бидејќи не правам како што ти одговара. Па фала богу мислам редно време беше да ги отворам очите.

    Не живееме во розов свет. Има само две бои црна и бела. Или си тажен, или среќен трето нема. Сега го сфатив тоа. Како помала добив многу совети за тоа дека животот јас треба да го сфатам како игра. Или водиш и одиш кон целта, или пополека тонеш ја губиш играта. А вложувањето во таа игра е среќа/несреќа.
    Размислив малку, се вратив неколку години наназад кога и сфатив дека никој не е победник во таа така наречена игра. Победник би бил некој што е бесмртик, а кој би го сакал тоа? Никој...

    Чувствувам дека сум опкружена со празни луѓе, празни погледи или пак само мене животот ми е празен.
    :rain: Дождот го мразев, сега сакам да врне, да грми и да врне посилно. Барем така ќе чувствувам дека времето ме разбира.
     
    На Dashing:), dzejdzej, Natalian и 6 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    82.098
    Неколку дена како мм е службено одсутен од држава ни.
    И добро ми оди-на работа,дома,ги развезувам децата по курсеви,тренинзи,пазарење за по дома,расчистување на снегот по дворот,наоѓање на човек кој ќе внесе дрва за огрев(за пари нормално),ручеци,алишта и др.секојдневни обврски.
    Функционирам одлично со двете деца.Значи човек се може сам,само ако има волја и мотив.
    Само....еве сега ...во овие ноќни часови ми недостасува мм.Не се смејте,не мислам на с.кс,туку негово присуство,негово промрчување пред да си легне,фрлањето на облеката на подот,викање по децата да си легнат оти е доцна,да ме предупреди на внимателно возење бидејќи се е под лед и најпосле да ми каже дека ме сака.
    Не е навика ова моето туку потреба да почувствуваш дека имаш некој до себе,некој на чие раме ќе ја ставиш главата и ќе слушаш како бие неговото срце.
    Љубов и време...
     
    На dzejdzej, Bescheiden, thebabylover и 35 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.483
    Оние бувљак денови, коа на крајот на денот седиш со теглата мед шумски у скут, и со браво кафе долга лажичка јадеш као задњо искапано со мед говедо - што се лепи насекаде, коа универзумот те крева до небо, па те лупа убаво и квалитетно од земја, коа ниту глупавиот чај од кесичка не ти испаѓа као што треба, коа носиш кеса со три милиони мали работи во неа, па на сред пуст пат во Недојдија што наликува на дивиот запад, ти се кине кучката и мораш да се снаоѓаш као знаеш и умееш, е тие денови бе лепотице, ми доаѓа да ги преспијам квалитетно!
     
    На dzejdzej, Nigredo Odor, LiderKa и 13 други им се допаѓа ова.
  20. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    35
    Секој најпрво треба да биде човек , потоа се останато.
     
    На Osamena devojka, Lady_021, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.