Додека во очите на едни сме сосема нормални,во други сме тотално абнормални.До кога со предрасуди,до кога ќе го судите секој чекор на другите? И тоа е абнормално за мене,има и во вас нешто настрано! Бркајте си работа,никој не вие седнал на софрата! Ограничени,затупани размислувања...everywhere...троскот...
„Дојди ваму, што си избегала толку?“.. Тивки чекори, погледи во темнината, насмевки.. Не се слушаше ништо освен нивното бучно смеење. „Дечко,ти си збудален!“.. Бакнеж. Молк. Долг прекрасен бакнеж.. Мала насмевка,повторно бакнеж.. „Хахаха, не ме гризи!“.. Тешко изусти тој, а таа насмеана ја зграбила неговата усна со нејзините заби, му се насмевнува и полека го бакнува.. Имаше долги бакнежи, а малку муабетење.. Имаше прекрасни прегратки и затворени очи кои се чувствуваа сигурно.. Беше еднаш, но таа ќе го памти засекогаш..
Ау, мислев дека нема да успеам, ама сум се излажала. Ова ми е 3ти ден без Фејсбук, фак јеа! Може звучам нетокму, ама успех си е успех! Ме немаше некое време и тука, бев премногу зафатена со обврски, се надевам ќе пишувам отсега повеќе. Имате топли поздрави од мене. http://www.youtube.com/watch?v=iJb7cBfrxbo
Ортопедот ме упати на физиотерапија поради болките во грбот. Утринава прва сеанса а јас пресреќна . Си викам сигурно на некоја справа што масира , може евентуално и рачно ќе фанам гагата да ме замасираат Одам таму и што да видам, фитнес студио. Еден куп справи за вежбање и полно бабички. Која точак врти, друга стомачни зајакнува, трета крева нешто. Бруки. Туку седнав таму и вежбај, вежбај. Едвај дојдов дома забрефтана и кога се навртив на јадењето... Не од умор, туку од фрустрациии едни бабички по фит од мене.
Се што лета не се јадееее....ама кој да сфати. Денеска денот -тапа....стандардно се и сите....Можеби е подобро така и од многу адреналин глава боли. Бидете ми поздравени,Ве сакам..... И он ме сака....
Понекогаш навистина најмногу ќе ти помогне, тој на кој најмалку се надеваш. А оној на кој најмногу се надеваш... ќе те батали. А бре будалче едно, до кога ќе се обидуваш да пружаш помош на оние што не заслуижуваат?
Да мор, ја користам.Ами немат посебна рецепта, само гледање од птичја перспектива, секако метафорично, додека двајцата се расправаат, едниот мудро молчи :geek: Не ти замерувам, воопшто. Убо име имаш :geek: . Данке
Се повеќе и повеќе се ближи тој ден кој долго го очекувам. Се повеќе и повеќе ја губам возбудата која ја имав пред 9 месеци, се откажувам,знае... Мојата трпеливост откажува..кога сите очекуваа да липам од плачење,јас се смеев полна со надеж. Бев најсреќната на светот,ги гледав ѕвездите и си правев филмчиња,се' што правев ме потсетуваше на мојот сон . Едно време ...се откажав,но се вратив бидејки надежта почна полека да се враќа,насмевката ги победи солзите,а надежта откажувањето... Но,не истата..се вратив полна со карактер,амбициозност.Кажав се што ми е на памет,спремна сум за нови предизвици...победи... No matter how hard is the past,you can always begin again . -Buddha
Да би можеле да ме разберете, Да би можеле збор да прочитате од моиве очи, Да можевте да видите дека секој со тоа може да се соочи, Велите, не сте губитници за тоа да ви се случи, Но, само со вашите дела тоа може да се одлучи.
Што туку приметив дека одбележувам 1 година дружење со Фемина. Па би сакала да ве почастам за истото.
Дури денес сфатив како е да сум без некои личности. Пред една година бев сигурна дека таа личност е никој и ништо во мојот живот. Денес дознав дека сум погрешила. Се плашам дека за неколку месеци таа личност ќе излезе од мојот живот.
Животот испишува страници,остава бледи траги низ времето... Ние сме само талкачи на кои судбината им ја напишала улогата.Во нас купишта желби кои тлеат до бескрај,копнежи и спомени за убави мигови,наплив од топло-ладни чувства. Сивило...Секојдневни разминувачи со различен израз на лицето,а толку слични во потрагата,сигурни во своето его,а немоќни да испуштат крик и да ја слечат наметката за да кажат:"Ова не сум јас "... Разумот не растргнува на парчиња,а душата ја плискаат некакви бранови. Сакам корица која сама ќе ја создавам,живејќи ја мојата личност.
Се чудам колку се безгрижни птиците, колку се слободни лебдејки помеѓу облаците иако изгледаат како на својте крилја да го носат небото. Една птица застанува на расцветана гранка и ја пополнува сликата за бесконечната надеж и ја додава бојата на совршеноста, додека друго јато птици летаат заедно и не се одвојуваат... Слика на совршенство... Сдк денес го слушнав првото црцорење на птиците оваа година па целосно добив чуство дека доваѓа пролет.