Компромис е кога нему му се слуша Дрејк а на тебе Guns N' Roses и си пуштате и тоа и тоа во исто време
Гневот и омразата се манифестација на подлабок проблем. А тоа, според мене, е резултат на несигурност, ниска самодоверба и осаменост. Затоа отстранете го гневот кон одредена личност и поработете на својата самодоверба. И дури тогаш ќе сватите дека некој луѓе околу вас не се дигнати, туку полни со самодоверба и никој искомплексиран и со ниска вредност не може да допре до нив. Имајте убав ден.
Студенти, дојденци-вработени кои го мразат Скопје... Обично се тие кои ни миг не се одвоиле од сукњата и топлата манџа на мама, па сега сè им изгледа комплицирано. А, има и такви кои упорно пекаат дека тука трошеле пари, а не биле "популарни" како во својот град. А, бе сè треба да се проба во животот, крај краева, нормално е некогаш да излезеш од родителскиот дом. Е, шо Скопје... Ајде добро, кога немаш пари, поарно во дупка да се скриеш, ама не, не зборувам за такви (иако, секој од нас бар еднаш ((можеби)) се нашол во таква ситуација). Будимо реални, Скопје е град кој нуди сè што во рамки на нашата државичка може да се замисли. Каде го има тоа на друго место? Во кој наш град? Скопје, јас те сакам и мене секогаш си ми убав...
@jloves па најискрено да ти кажам ќерка сум на мајка што се бори со рак и татко болен од срце.. И најгорда на цел свет што ќе можам некако да им помогнам
Само храбро Дај боже и двајцата да бидат добро и заедно да се радувате на твоите и нивните успеси во животот.
двете другарки имаат дечковци јас заљубена во друг-само на него мислам а овој со кој сум сега мислам дека ме изневерува
Може не можам да премолчам кога нешто ми пречи и/или го сметам за глупаво, али изненадување - не сум Баба Рога и знам дека не можам никому да посакам лошо од срце. Крв ми е, но, за жал, никогаш близок и премногу ми згрешил...но крв ми е. И ме заболе кога слушнав до кај стигнал. А, ми викаат некои си т.н. загрижени роднини „Ее, го стигна кармата од Бога“ и почнуваат со што би било кога би било... Абе, нормални сте?! Хесусе, сочувај ме од вампирачи на кои им е досадно во животот, и кои мислат дека ако го спомнат Господ во подлиот муабет, простено им е за глупите размислувања. Него, ај во пишана форма, ама како ви успева тоа суќња да го изговорите, без да скршите јазик?
интересно ова со сечење на половина се ама после 12 годишна врска типот и девојката му оболеле многу долг период на време ама да сечеш ти на половина
Не знам зошто ама деновиве ми се врти во глава дека уствари ептен е важно да си најдеш некој со кој на исти работи ќе се смеете.. Има ли таква будала за мене и зошто не?
Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат. Денот иако не ми започна најдобро едноставно се разбудив нерасположен,сепак нема да се предадам целиот дени да си го кренам расположението на највисоко ниво.Имајте убав и позитивен ден.
Ух, нема да должам многу, бидејќи немам многу зборови со кои би ги искажала моите чувства во моментов. Ќе кажам само дека чувството да си првенец на генерација е прекрасно. Па уште кога ќе те прогласат пред класовите и ќе те испогушкаат сите. Ете, така. Ќе одам да се порадувам малку, па ќе ми помине и ќе се навратам на добиените награди, убави книжулиња, да ги читнам. Woohoo! И, да, би сакала “славењево“ да го продолжам со тоа што ќе се запишам и ќе ме примат во Корчагин, па да одмарам цело лето додека можам. Ајт, поздрав! Ќе си приумрам од среќа!
ПОГОЛЕМА ПЛАТА ЗА СКОПЈАНИ КОИ ЌЕ ДОАЃААТ СО ВЕЛОСИПЕД НА РАБОТА! (Мислеле на јавна администрација) http://vistina.mk/2015/06/20/pogolema-plata-za-skopjanite-koi-na-rabota-k-e-doagaat-so-velosiped/ И во Грчка вака ги наградуваа,затоа сега молат за кредити да не банкнотираат.
Во секое нормално (најверојатно ) македонско семејство грав се јаде во петок, кај нас во сабота или понеделник. Баба ми сигурно се превртува во гроб. Ај барем со ребра е
Немојте да дозволите осаменоста да ве натера да завршите во рацете на погрешна личност ! Have a nice day
Комплекс наречен - влијателен на социјални мрежи. Као не ми е битно у животов, ама еве јас да ви нагласам дека колку-толку влијателен сум. Се знаеме и све тоа, ама не те додавам јас јер сум јас влијателниот, ти по дифолд треба да ми се повиниш мене. Извини сестро, битна си како ланскиот снег. Вика - колку-толку сум оставила име. Име за што? За твитање за твојот богат или небогат сексуален живот, нејебит и слични ми ти работи? Епа честитки, се надевам дека ова ќе биде твојот најголем животен успех зошто повеќе и не заслужваш. Се започна со 100 души твитерџии, хуморот на 5 за да привлечат маса луѓе да ги читаат и после прајте ја математиката како оди тоа. Кој превари-тој товари, не е мерило за квалитет, но добро принцезо, ако ти е полесно, биди со тој памет. Дечки, извинете, имате малку личност на егото. Ме јаде туѓ срам, мајке ми. Твитер за тебе е гинекологија, и имаш мислења за твоите репродуктивни органи минимум три, па присобери се малку.