Таџикистан или Курдистан..такво нешто сме...шеити..курди...незнам како да се наречам. Да ти е страв од дома да излезеш... Па кога го чув она на вести - терористите од Куманово планирале да напаѓаат на Камени мост случајни минувачи...НЕЗНАМ....ми влејаа страв во коски.
Пијалокот сервиран во чаша е како луѓето. Го набљудуваме и размислуваме... Примамлива глетка за вид и измешани чувства не окупираат. Да го вкусиме или да останеме рамнодушни на искушението на кое е најтешко да се одолее. Одлуката да посегнеме по него го вклучува и моментот на подготвеност да ја проголтаме содржината до дното и тогаш кога ќе го промени посакуваниот вкус. Така е и со нас. Надворешниот изглед е лукав предизвик наспроти внатрешниот состав кој изобилува со миксиран состав од вкусови. Некогаш слатко, некогаш горчливо чувство ја полни чашата помалку или повеќе. Умешноста да се балансира вкусот на секоја голтка е вештина со која ја контролираме количината за да не се прелее содржината. Здравицата со сопствената чаша е здравица со сопствениот избор.
Еден најголем ппоздрав до мојот бивш и неговата сегашна, девојко ти посакувам да си среќна со него, ама не верувам дека би било така.
Денес се чувствувам како латино дива.. Цел ден слушам песни од J Lo и си денсам низ дома. Одамна не сум била вака добро расположена и со толку вишок енергија. Имајте убав ден девојки! пс.Дечкото во спотов е
Е да, јас сум од оние што се разнежнуваат на секое отварање албум со слики, и од оние кај кои не бива отварање алманах без пуштање по некоја солза... Eдноставно I can't help myself, колку и да знам дека крајот на една дружба што значи 6 часа заедно секој работен ден нема да значи прекинување на комуникацијата со оние најдрагите што прираснале за срце, а и дека ќе има многумина за кои истото пак ќе значи познанство сведено на останување во листа на пријатели на фејсбук, честитање родендени и муабет левел што има ново кога ќе се сретнеме на улица. Ги читам откачениве песнички напишани од најкреативните, и ми прелетуваат низ глава флешбекови од изминатите четири години. Радостите за секој празен час кој ќе го поминеш во шлаење и кафе со по некој мал трач муабет, договорите за бегање од последен час во петок чисто од неподнослива досада или колекцијата смешни изговори пред професорите за „оправдано“ одење од истиот, ѕиркање на симпатиите, смешкање со другарките и споделување тајни додека забушаваш на клупа на физичко... И сфаќам колку ќе ми фалат сите тие мали задоволства, лудории, па дури и слатките училишни „маки“... оние кои порано ти изгледале како проблеми, а сега носталгијата сè што поминало ти го обојува розово, и светот на возрасните со сите неизвесности што те чекаат радо би ги заменила со повторно поминување на истите моменти. Буквално сите од моментот кога се запишавме и како изгубени Германци цело полугодие се нервиравме, тресевме на секој час дали ќе ни го погодат бројот и се чудевме на секоја лоша оценка што првпат ја добиваме, па сè до најубавата овогодинешна дружба, оние месец ипол бунтовност и солидарност кои засекогаш ќе ги памтам, и целата матурска еуфорија... Убаво констатиравме вчера со друштвото гледајќи ги новите генерации што се запишуваат после нас, дека кога би можеле повторно би се запишале и ние. Еднаш не така одамна една професорка ни рече, во животот после секое ослободување од неизвесноста, остварување една цел и навикнување на средината, следи нова која нè чека. Ех, да имаше времеплови... Туку, на добрата страна... нема нешто поубаво од попладневна дремка после конечно потполно завршување на некоја обврска. Од оние неколкучасовни после кои не знаеш која година е, на кауч во дневна, со кренати ролетни на сончевово време и отворен прозорец во другата соба. Конечно ѝ велам гудбај на државнава матура, и со радост почнувам слободен период кој одамна многу ми треба. Со мали нешта кои ме исполнуваат, информации кои не го оптоваруваат мозокот и долги ноќи седење до доцна со музика и филмчиња. Ајт поздрав...
сдк @Someonespecial - специ најнормално е да тагуваш малку, ти недостигаат луѓето со кои си поминала 4 години заедно секој ден. Ама сега следува нова тура нова авантура, на факултет уште првата недела ќе заборавиш на сите од средно. Ќе запознаваш нови лица, предавања, журки студентски забави. читални ехеее убавини. ај да се освежиме малку ааа
Многу се нервирам кога во локалната продавница ми тупосуваат мастики за џвакање или во блиската аптека аналгин и парацетамол наместо кусур.Веќе имам собрано кесичка мастики и парацетамоли и следен пат ќе пазарувам со кусурот .Така да знаат. Туку добро е и што тоа даваат во некои знаат само да изјават,немам денар или два.
Planovite za ovaa nedela mi se ispolnija. So dechkoto sme na ubavo mestence, odlicno za shetanje i uzivanje. Se nadevam kje imame prekrasna nedela. Imajte ubava vecher.
Нема вечер да шетам низ мојава населба, а да не ме придружуваат барем неколку улични кучиња. И тие сакаат друштво, макар и да не им дадеш ништо за јадење. Така можеби не чувствуваат дека се напуштени и сами. Пред некоја вечер друштво ни правеше едно дебелко кутре, буквално цело време одеше по нас. Во еден момент го нападна друго улично куче, а тек па кога го одбранивме и го избркавме другово, не нè испушти од видик. Каде ние, таму тоа. Синоќа седнуваме во парк и го гледаме од една страна дотрчува, радосно, мафта со опашката. Па си седна до нашата клупа. Кога и да дојдеше друго куче почнуваше да лае, демек нè чува Да можев, ќе си го земев дома Туку, нашава наполни 8 години Не ми се верува дека толку време помина... Си најдов некои фотки од првиот ден кога ми ја донесоа. Ова ѝ беше првото бањање После тоа следеа многу други борби во када, кога сме морале да смислуваме стратегии зашто не давала да ја бањаме и шишаме Што сè не сме пробале. Ама најмногу седи мирна кога ѝ броиме на шпански Не знам од каде ни дошла таа идеја, ниту пак кога за прв пат сме ја пробале, ама се покажала како најефикасна. Тогаш дозволува дури и муцето да ѝ го средиме со ножички. Viva el Español!
Многу се нервирам со ова возењето, секој нареден час си викам ќе бидам посконцентрирана, ама пак истите грешки. Не знам зошто толку паничам, или ќе ги направам убаво вежбите, па низ град со педалата не сум добра или арно низ град, ама на полигон рачната... Ја мразам, мислам животот ми се крати за една година кога одам на таа угорнината. Ама ајде, се тешам ќе се смене понатака со искуство, не можам да возам перфектно кога прв пат сега седнав зад волан. И така.. Да си ја кажам мојата мака со возењето
Иста бев и јас,се покајав 100 пати што уплатив за возење мислам дека животот ми се скрати од нервози само упорност и возење треба,полигонот го положив од прва иако мислев дека нема шанси да поминам на рачната најдобро ја направив(умре циганката што ме фалеше),ама затоа градска по 4 патКако и да е сега ми е супер,иако пред да почнав немав желба за возење,уплатив зашто морав да положам.
Ме утеши малце со ова Јас имам желба, не којзнае колкава, ама и од работа ми бараат, а веќе две и пол години сум таму. Полигон да поминам, за градска знам дека 3-4 пати ќе морам.
Сакам да кажам дека ме немаше еден период ..не бев активна на фемина Па еве сега се враќам. Пак ќе се дружиме P.S Знам дека не ви фалев
Значи непишано правило е кога се средуваш со депилатор, обавезно цела писта влакна промашуваш. Во вакви моменти сум благодарна што немам долги нозе Ахасјхсдашањдњернмкњнуигсдшпглсдшгмссоф
Денеска попладне решив да не излегувам со другарка ми,а и немаше што да кажиме веќе... И си го гледав Thor Се омрсив малце... Мњам... и ич не зажалив шо ги исседив тие 2 саати пред компјутер.. Сфатив дека за да се пронајдеш себеси треба најпрво да се изгубиш... Јас веќе одамна 'се изгубив' и да, да се барам себеси... Каква сум-таква сум.. Мирна и не сакам многу галами, сакам мирно да си работам, да си земам плата, да си имам дечко.... Не сум по големите друштва, собирања.. Шо знам можи не е во ред .. Или е можеби само период... Сакам еднаш засекогаш да ми се средат некои животни прашања.. 24 ги иам веќе...Се трудам да се сменам себеси во позитивна смисла.... И за добра ноќ.... Утре не заборавајте да бидете дупло подобри од тоа што сте биле денеска.
Денес беше еден од оние денови,кога бев сама дома после долго време,и како по обичај ечеше гласна музика,се и свашта слушав и играв како луда порано секогаш го правев ова,ама одкако ми се прошири семејството ретко се случува да имам можност за гласна музика,а ете токму тоа ме опушта менезгора на се,се враќав пешки од кај другарка ми,живее 3 км подалеку од мене и по цел пат си пеев,и да,среќна бев,онака без причина,ама можда и од винцето ми е од синоќа од прославатаплус,професијата ми е утната тотално,изгледа во мене има скриена танчерка,певаљка и пијаница,3 во 1 а сега продолжувам со музика,ама тивка и без играње и без вино
Денес денот ми помина премногу опуштено за мене. Не сум јас навикната на денови без брзање, нервози, потреба да бидам на 100 места одеднаш. Сакам секој ден да ми е ваков, опуштен. Да не се замарам дури и за оние битни и одлучувачки проблеми. Што ако се нервирам? Зарем тоа ќе смени нешто, ќе подобри? Од јануари па навака многу порази и неуспеси доживеав. Но, не дозволив тоа да ме разочара. Одлучив да бидам јака и да дадам се од себе. Не сакам да бидам од оние типови кои на тешки моменти се откажуваат. А многу пати сум била на работ. Но, сепак, сметам дека има нешто што ме чува. Што ме штиити. Што не ми дозволува да паднам. Тоа нешто е љубов. Онаа мајчинска, мотивирачка. Онаа поддршка во најбитните и клучни моменти. Она задоволство кога гледам барем ронка успех. Одлучив, од сега па натаму само сила и се ќе биде во ред