Сакам да прашам, дали има некое ограничување колку постови може во текот на 24 часа да постира една личност? Е, сега ќе речете зошто да има ограничување. Па добро бе мајкуму стара, децава го окупираа форумов и немаат усул да престанат со постирање, глупости. Кликам на Актуелни теми, и што да видам, во сите актуелни теми едно 20 само во последниот час постирало едно дете кое има 13 години, и замислете 1300 и нешто мислења и така неколку деца кои немаат попаметна работа и се натпреваруваат кој од нив ќе има повеќе мислења. Мислам, стварно нема смисла, треба да се има малку усул, изгледа кај нас ништо неможе да функционира ако нема ограничувања. Покрај ваквите деца кои само го полнат форумов со теми што јадеш, пиеш, носиш...... некој што стварно нешто добро кажал се губи. Јас ставрно сваќам и младост и сакање да се докажеш колку си „памтна“ ама имај усул дека и некој друг треба да каже нешто.
Колку ми е убаво кога ќе видам машко со бурма ... Мене тоа многу убаво изгледа,да се знае дека е зафатен за цел живот ,нормално на некои со лоши намери една бурма не им значи ништо,ако имаат симпатии кон некој таков веќе зафатен човек ,но ја премногу ги почитувам таквите луѓе,што не се прават фраери и не ја носат бурмата само за една ден .... Убаво ми е се надевам ме разбравте шо сакам да кажам
Уфф ова е еден од моментите кога ме фаќа криза и ми иде врз пижамиве да облечам јакна, и директива до бензиска да тркнам и да си купам БЛАГО!! ПМС ли е..? Ма што и да е небитно, само нека помине. Денеска неможам самата да си се поднесам којзнае како им е на моиве со мене дома. Се надевам дека до утре ќе ми помине оваа вишок на негативна енергија.
Значи кога ке видам некој кој во своја сопствена реченица му се обраќа на друго лице со зборовите -АБЕ, БРЕ , БЕ да ми е поблиску главата од ѕид би му ја удрила. Какви се тие зборови, какви не разбирам, зошто се употребуваат? За да покажете некому дека сте интересни и као фенси модерни фраери и фраерки, интересни за друштво. Во прво одделение се учи како некој треба да се однесува и со какви зборови. Срамота! БЕЕЕЕЕ И АБЕЕЕЕ не е убаво и на животно да му се обратите со овие зборови, а не пак за човек.
Убаво што имаш вакво мислење. Обично мислат, аааа овој има бурма, значи проверена роба штом некоја го врзала. :geek: Барем маж ми така ми кажа. Него, јас не сум арна нешто со главата. Добро де, не во таа смисла. Цел ден притисокот ме зафркава, па мутна ми е главава, бетер од вардарот. Или до времево е нешто, ако ја прашам баба ми тој одговор го добивам. Секогаш. Времево е страшно неинспиративно и демотивирачко. И времето надвор и времето во кое живееме.
Денеска со дечкоми ја купивме првата заедничка алатка за домакинство , за нашето идно живеење, хаха колку сум среќна ... купивме блендер .. полека полека почнуваме со подготовките. Среќна сум мноооогу , ве заразувам сите со мојата среќа
Не,не,ненормална работа е ова се одјавувам од фб и ми се појавува Стево Пендаровски да го лајкнам за претседател алооо што ви е бре ја TВ неможам да гледам заради таа политика,вести,избори глупоштини он во компјутер ми влегол будала ненормална мир да се немало од нив
Спојлер хахаха исто сеа и мене покана од пријател ми стигна за да ја лајкнам страната Пендаровски за претседател. Груевски и Иванов на секој кош се појавуваат ако не си им фан. Немаме раат ни на фб И упорно не станувам фан, не ни планирам да станам на политичар и политичка партија.
..И сеуште стојам позади ставот дека оној што не бил на факултет никогаш нема да ја знае вистнската вредност и значење на бројот 6. Ситно се брои до дипломирање ,ептен ситно.
Немојте ни случајно, во ниедно време да гледате краткометражни филмчиња, клипчиња, да читате приказни, стории и триста чуда, за паранормални активности и духови! Ако се коркач/ка ко мене, немојте ни случајно! И сега цело време паметот таму ќе ми биде. А баш планирав сега да почнам да учам. Па кај најдоа баш сега, сите да заспијат. Утре прва стануваш Елено, уште недоразденето. Тешко тебе! Ќе дојде, ќе те уапа некој за меот. А и сега како што гледам, не ми бега Бумеранг. Тих бре, не знам ни мобилката каде ми е, да си ставам аларм за утре. :geek: Ќе поставам аларм кај на сестра ми мобилниот. Он е во моја близина, во безбедната зона!
Ме убија со македонскиве песни на радио... не дека не се убави, ама секоја вечер ова и истите, нема смисла веќе... Не нешто за релаксирање да пуштат, обврските мора сега да си ги исполнуваат, место на секој час по една да пуштаа. А не ми се слуша на слушалки (Еве, за Велигден ме спремаат со Џокси) Капучино и учебник...ама реков да видам што има тука...ама што да видам, исто па исто . Само трка кој да има повеќе мислења, гледам црвени цветчиња, чуда, а секој пост што го читам овде е од по 2-3 реченици кои немаат смисла. Некогаш само толку се доволни да се кажи и нешто со смисла, ама тоа е се поретко. И што дека старите членови некогаш ќе прочитаат по нешто, фала Богу, ако ни треба нешто, ама да пиши некој е ретко, се радуваме на успесите на сите што ни биле мили, но инспирацијата се губи после читањето на неколку реда или кога ќе видиш дека продолжува хаосот, се само тони како оној бродот "Коста Конкордија" , а капетанот избегал прв. Само ќе кажам поздрав до преживеаните од овој брод и поздрав до оние патници кои "умираат" (ко мене).
Вчера направив една година на Фемина, а не пишав Срам да ми е Ама тоа е од што немав време Школски обрвски, домашни.. Се ми се насобра За оваа една година, времето поубаво течеше, ми е мило што запознав и некои членки (од кои со една за брзо време ќе се видиме и лично ), Ви благодарам за моментите на кои сум се смеела до солзи Се надевам уште долго ќе се дружиме Денес правиме мекици за бебето на тета, па повелете и вие
Не мислите дека веќе ту мач е темата со старите членови? Да да, разбравме дека биле/се квалитетни, интелегентни, паметни. И дека само пишувале квалитетни мислења. Оставете простор малку и за новите. А ако толку ви бодат во очи, во тој случај читајте ги мислењата на старите членови и тоа е тоа.
СДК интересен е животот. Само секунда треба некој да ти улета во животот и да ти се сменат многу работи. За тоа постојано треба да бидеме спремни за акција и реакција.
Бога ми, чиниш торнадо ти поминало.Баш така, треба човек да е на готовс оти се може да очекува од другите луѓе.Барем да си е спремен за сваки случај, наоружан до заби
Добро само кај мене вакви се пријателите швркнати? сами си ставаат лајкови *хард фејспалм* Изгледа ќе треба да бришам некои стари пријатели.
Во понеделник Бушко ќе ја промовира Куќичка за птици преселници. Ќе се видам со куп драги луѓе и срцето ми е полно уште сега. Деновиве некако се завлековме во музика, храна и во дувлово наше си ја преиспитуваме иднината. Да се биде во љубов на далечина, да се гради врска преку виртуелни начини е пеколно тешко. Животот тече, танцот е со болен интензитет - го замислуваш партнерот, го допираш со сета енергија што би му ја дал да е припиен до тебе. Неговите зборови - дека ме љуби и покрај се’ што не’ снаоѓа, ми даваат сила за да издржам. Во спротивно, ниедна улица, уличка, ќепенец, вратичка, се’ што може да се отвори простум, нема да ми се чини ослободувачка. Утрава се сиви како гугутки, како мачори. Се повторувам. Ми треба ширум да проголтам од деновиве, како еклер во ПМС. Морам да кажам дека како што почна годинава, мноштво неубави работи соочив. Доста луѓе имаа проблеми со здравјето. Починаа неколку блиски луѓе на мои блиски луѓе. Многу констелации се измрдуваа од време и место. Имаше бран меланхолија кој потопи многу идеи и останавме како затечени од сето тоа. Бушко, вели дека ѕвездите си играт со нашето трпение. Ние, малечки запирки во Универзумот, па си се чудиме, а што би правеле? Војни на повидок, срцеви и нечовечни. Дехуманистички и во постојана психоза. А дека сево ова е борба, мноооогу голема борба... Со ветер и магла, со дожд и туѓа моќ, со невидена згрченост, е. И тоа не е ништо ново. Војната и Љубовта не се ништо ново. Ново е кога ќе го сфатиш тоа. Оптимизмот не ме напушта. Имам книга за промовирање. Скроз ја заборавив, драги мои. Скроз. Како да ме исцица сета негативност што ја сомелев во умов, како скиселено чувство, како заборав. Но, љубовта ми покажа други нешта. Дека може, мора и треба да се осветли патот - само таму си веруваме на себеси и на Другиот. Тешко е, оф колку е тешко, но тоа е. Едно е ова дишење, ова создавање свет. Морам да си ветам нешто - одење цврсто кон целта, зошто срцето веќе ми е таму. Не е на трон, не е на престол. Едноставно е таму, кај што ни замислениот Рај создава партитури, испева песни и ме тера да се исплачам ко мало дете, а срцето да ми се отвори ко бунар. Во него, ѕвезди паднати, од вчера. Од сите неба што ги гледам кога знам дека сум најмалечка на овој свет.