Се шетaм вчерa низ мaркет и ми јa пуштaaт песнaвa, дискретнo си шизaм и јa пoтпевнувaв вчерa вo текoт нa денoт, сегa нa пaузa пaк ми текнa и си викaм aј дa јa побарам. И јa зaслушувaм уствaри штo се пее и ете ми светнa зaштo ми билa убaвa . А ми се дешaвaлo тaкa дa се зaрaзaм сo некoјa песнa и пoшo сум шутелa и не зaпaзувaм штo се збoри, кoгa ќе јa слушнaм ми дoaѓa дa не знaм кaде дa се скријaм нa кaкoв текст сум се рaзигрувaлa . Пoвршнa сум, пaѓaм нa мелoдијa, јбг. мoже времевo е тaпa aмa штo гo вртaм, јaс сум ин д муд Убaв ден, вaшa М
Не постои ден а да не погледан во звездите и да ја барам твојата звезда,цело време се прашувам дали има друг живот таму горе?дали некогаш би се виделе пак?дали некогаш ке можам да те гушнам и да ти кажам колку многу ми фалиш?Дали воопшто ме гледаш?дали го следиш секој мој чекор?или никогаш нема пофторно да се видиме,но одоговор нема и нема ни да има.Само едно знам дека дека срцето ми е скршено на 10000000 парчиња и целиот живот така ке живеам,но се надевам дека еден ден ке се видиме. Да бидеш силен... тоа значи дека треба да веруваш... и во моментите кога имаш најмалку сила за тоа.
Синоќа седев под ѕвездено небо, и само гледав во тие ѕвезди и се молев, барав некој знак некоја мала ситница која ќе ми ја врати изгубената надеж, тагата во мојата душа која владее во мене долго време, а синоќа остана мој вечен придружник. Премногу ми е тешко, сакам да гледам надежно на работите дека се ќе биде во ред, но нема. Лага е дека времето лечи се, поминаа три месеци од погребот на баба ми, а мене се повеќе ми недостига. Сакам да и го слушнам гласот, да ме гушне, да кажуваат смешни случки со дедо ми и сите да не насмеат, а среќата во нејзимоте очи да не исчезне гледајќи не нас сите насмеани. Една прегратка од неа само една Но тој што отишол не се враќа ..... Аххх животе до каде отиде што стори, каде сум старата јас ....
Пораснавме заедно. Бев со неа кога го допираше врвот и кога тонеше на дното. Од секогаш сакаше да биде во центарот на вниманието и незнам како ама и успеваше, живееше брз живот, воопшто не размислуваше, не планираше, само го правеше тоа што сакаше. Јас бев спротивно од неа, со месеци размислував, планирав, се срамев, и секогаш се разочарував на крајот поради пропаднатите планови. Бевме два различни света а додека бевме заедно совршено функциониравме, со часовме седевме и се смеевме, до изгрејсонце разговаравме за се и сешто, ги обожававме долгите прошетки, ги знаевеме и најдлабоките тајни една на друга. Ја тешев кога беше изневерена, тепана, навредувана, се смеев со неа кога беше заљубена, се радував кога и предложи брак, кога помагав околку подготовките за свадбата, кога дознав дека е бремена. Сега скоро една година после нејзината свадба јас и таа сме странци Пред некој ден ја сретнав на улица, се насмеав и очекував прегратка, таа само ми ја сврте главата и ѕвонев не ми се јави, си реков ајде не ме видела, не го чула телефонот. Ја оправдував Отворив фб да и пишам порака.. Ме избришала од пријатели. Ме боли, таа ми беше единствена останата овде, единствена на која можев да и кажам се. Сега е само странец. И не, нема да ја барам повеќе, кога таа заборавила, ќе заборавам и јас. Од се срце и посакувам се најдобро, и ја посакувам цела среќа на светов. Заслужува таа.
Значи СДК дека времево е за никаде. Сабајлево ко одев на училиште по сведителството, излегов од дома порано и шо е најтрагично излегов само по куси ракај (без боди) и фармерки, замрзнав. Катастрофа, сега сонце, после ветар (ме однесе ветров). Добро е то шо на матурава последнио предмет ми е положен (5ка супер). Дај Боже и другите да ми се така положени, ахххх со душа ги чекам резултатите... Иначе јас убо реков, најубо да си го извам јорганоо, па на другите нека му студи...
Денес сум малку емотивно потресена и носталгична по некои личности, по некои времиња. Но не, не барам некои кои одлучиле свесно да си заминат. Животот продолжи понатаму, исто и јас, барем така се надевам. Ќе продолжам да се смеам и да се однесувам како ништо да не се случило. Сето тоа е само кошмар.
Точно пред една недела ни дојде бебуш наш Пред 10 години, на мамичка твоја и рекоа дека не ќе може повторно да има деца. Она, ја прифати реалноста само со едно дете дека ќе остане, но октомври 2014 падна во шок кога дозна дека точно после 10 години повторно е бремена. И не само она, туку и сите ние. Како што проаѓаа месециве, не знам ни кога пројдоа, ко вчера да дознавме дека ќе има бебе, а пред недела ни дојде на свет Мислим дека сите се навикнавме иако ни беше чудно кога те видовме во болница умотано во пелени ко векна леб од пекара Те сакаме премногу Ти си Божјо чудо, божји дар !!
Од интервјуа ги обожавам најмногу оние на скајп. Што циркузи си праам во животов, ама не ни очекував дека ова ќе ми се случи. Од едно разочарување од македонски простотилак, во друго разочарување и хопа бато. Животе не си курва. Епа убав ден!!!
Синоќа, т.е во зори, не ни знам дали сонував или дремев со отворени очи и се чувствував виновно и грдо оти темава ми беше на игнор неколку месеци. Сонот ми е тотално пораметен со месеци. Ако не се напијам апче за спиење или апче за тахикардија се мачам минимум саат и пол и цел живот и сите ликови во него ги премотувам по 5 пати во главата, луѓе мозокот не ми спие, не ми мирува. Станувам, седнувам во вц, си вршам работа и мозокот за добро утро почнува да ми ги врти сите работи шо треба да се завршат, сите работи шо не сум ги завршила, па грдото чувство оти се не можам да пристигнам, па едната другарка шо направила, па другата, па трета, па тато, па мама па братот, па кучињата, мислите ми се разиграно пајдушко, не можам да ги контролирам, и нервите ми се така размрдани на тенок конец шо мислам дека во секој момент ќе ми експлодира главата и мозокот ќе ми истече пред очи. Табу тема биле психијатрите и психолозите, бре, кој вика така?! Сите сакат да одат, сите барем еднаш помислиле на тоа, а и сите имаме потреба од истите. Животот дојде до тоа ниво што фаррмацевските мафии го вртат светот, за се нешто отиди на доктор едни исти апчиња се вртат, едни исти дијагнози се пишат, истите лекови се трошат, ми дојде преку глава од апчиња и од одење по болници за ништо, сакам само мир во главата, не ме боле грло, не ми се гнојосани крајниците ни па имам чир бог да чува. И така, заминав кај докторот, кој сакаше прво после регуларниот преглед да ми препише амоксиклав за грлото, но не, му викам, дојдена сум за друго остај ти грлото, и така ми е хронично цел живот, дај еден упут за психијатрија. Ме гледа зачудено. Шо?! Напиша. Си бев, нормално во Кавадарци, во Неготино пропадна цела државна болница, се затворија, се уништија, а огромна зграда ни е болницата, одделенија за се имаше, пусто да остана се, ништо немаме тука, на една рака само отворени одделенија и нормално, другото се е приватно раштракано секаде низ градот. Бев си направив муабет со докторката, колку да си бидам на чисто дека не полудувам, и шо, дојдовме до истиот заклучок до кој дојдов и јас сама, дека сум пренапната, дека незнам да одмарам психички, дека сакам се брзо да завршам и пристигнам, дека немам трпение и дека сама си барам рачки за се нешто. Ама добро, мислам дека само по потврда за ова бев и си добив на крај, колку да се успокојам малку дека не е ништо посериозно. На крај завршивме со нејзините проблеми, како и она има опсесив компулсив дисордер, и така некако убаво ми дојде на душата , и ми препорача јога пред спиење и по можност бокс или кикбокс како физичка активност. Интересен е фактот шо најнормално кај нас тука е, ако глава не ти помине од апче, си одиш кај бајачката од улицата, да ти побае од уроци. Ме боле глава, не ми мине од апче, одам да ми побаат. И така некња, со мама седиме, пијме кафе, двете со главоболка, ни од кафе ни од апче не мине, па си се фативме под мишка и пут под ноге кај комшивкава шо бае. На мама и помина одма, а јас легнав се наспав и утредента бев како нова. Дали е до баењето или не, кој да каже. Незнам колку е активна темата за мигрантите шо минат низ државата тука на форумот но јас да си го кажам моето. Секој ден во нашиот крај има по 100 мигранти насабајле, навечер, значи нонстоп, како минат се со цел да ја поминат државата наша бедна, и да стигнат по посигурно како Германија (најчесто сите одеа натаму). Организирани сме неколку луѓе и плус дечките од Црвен крст Неготино кој колку и како може да помага и да им го олесни бар за малку патот на овие напатени души. Од друга страна се тие шо гледаат да спечалат на туѓата мака, им продаваа точаци за смешно високи суми, поправки на истите за 15 евра, продавачите им наплаќаат дупло, крадци скриени ги ограбуваат, насилници ги тепаат и малтретираат... Страшен, суров пат минат, но кај нас минат најлошо скоро сите кажаа. Macedonia - big mafia, we know we know.. А ти шо да им кажиш освен да ги утешиш дека во секоја држава има и такви и вакви како нас шо им помагаат, дека и меѓу нив има и лоши и добри, ќе им подадиш ќебе, ќе им дадеш топло кафе, леб, вода, конзерви, некој протеин, алишта ако има или обувки, нешто што организацијата Легис ќе прате, ќе се истретираат лицата на кои им треба медицинска помош, ќе им дадеш совет во групи да се движат и во мали групи да се качуваат во воз и бус и на крај ќе седниш да испушиш една цигара со нив и да ја слушниш нивната приказна, и си ја споредуваш со твојата бедна мака која не вреде ништо во споредба со нивната, а тие се толку благодарни и толку учтиви и љубезни, за се едно нешто само тенкју тенкјуу ти викаат, те нудат со нивните сиријски урми, те нудат со цигара, ако ги одбиеш се навредуваат, абе ти се иде да ги гушниш и собериш сите и со кола до граница одма да ги носиш, ама не можиш, немоќен, и скиснат, ги сослушуваш, и чекаш утредента да те известат дали ја поминале границата или дали ги качиле во воз... И така јас денеска ќе го одмарам мозокот со новата сезона на Orange is the new black и ќе се оптегам цел ден во големиот кревет шо ни е во дневната и ќе си ги галам кучињата. Животот продолжува, светот надвор е страшен, сите сакаме поголема плата и на листата и нема крај.
Ќе ја видиш ситна,слабичка ,душата и е во носот од провидност и нежнотија...коганеебаштака. Вештерка не и е рамна.
Се препознав Чадорчево неделата правеше свадба мојата "другарка" заедно од раѓање,а сега странци... http://www.femina.mk/новости/занимливости/видео-невеста-и-го-подари-бидермаерот-на-пријателка-следуваше-предлог-за-брак Плачам за изгубените пријателстваи љубоморна сум и на девојкава што има пријателка како невестава,најважниот ден во животот и го посвети на неа