Да, тешко е времето ме гази морам да донесам одлука оваа сутуација ми го унуштува спокојот. Да, тешко е морам да го послушам разумот , а срцето е против оваа одлука. Да, тешко е но ќе го пребродам и овој лош кошмар!!!
Она кога си поминуваш убаво, со убави луѓе околу тебе и наеднаш се појавува најужасната фаца што не сакаш ни во најлудиот кошмар да ја сретнеш повторно...стварно мал бил светот....од каде ти овде жити се?
Шизиш сабота навечер до доцна во ноќта. Следното утро се будиш во 7. What the hell...?! Попладневната дремка на татко ми трае подолго. Жедна ко камила, а само една текила мавнав, жими се‘. На Витамин Ц бев цела вечер.
Сакам да кажам дека ми е преку кур од муабети за свадби, од препирки меѓу снаи и свекрви, од лоши луѓе и од луѓе што немаат рбет.
СДК, се уклучувам на фб и така разгледувам и наеднаш ми излезе на почетна една објава и баш ме бендиса, па ај си реков да ја споделам и со вас. ( Денов ми е love me, feed me, never leave me. Ш'убав ден за да си пишиш нешто, ама незнајте колку работи не сум напишал/споделил од шо се плашам какви се ликој че ме прочита, како че ме разбера/свата, ако и воопшто, пошто универзумов содржи протони,неутрони, електрони и морони.. за жал, и поубо е интернето да ти падни отколку самодовербата. And then....ми прек*рчи и премногу зборувајне во себе че те избудали, вака сподели.. едни че те напра нездрав, други па можи че те разбераа за да те разбери мора да е истомисленик и исто да гледаме на опшествово. Сличности е*а'те, реткост... е вака се спобудалувам од ко си го избришав твитеро, пошто таму уште појче се збудалував, а ова ми се само последици, нездрав со твитер последици, трајни. А поубав беше, јас го гледав како фб без шминка. Да, изгледа оти многу се анонимни али сепак поубав беше. Овде лична илузија е дека треба да изгледаш убаво на сликата за сликата да е уба + не е толку убо јагода и нутела колку вие шо сте во филм влезени... или грешам, прости. Да, имаше павило дека ако не споделиш шо/како/каде/кога исто е ко да не си напрајл ништо, па зато се чекираме пред да заминиме нели? за да престанам да пишувам треба да го избришам и фб/офф и секако сеа че видам нешто од типо како i dont usually drink, but when i do subota je dan za alkohol. Препорака, Block me baby one more time. ) Иначее за то со јагоди и нутела е потполно во правоо. I feel you зa кoмбинaцијaтa сo нутелa. ...
Човекот кој секогаш ќе те задржи кога ќе паднеш,ќе ти ги избрише солзите за да ти каже дека се ќе биде во ред,ќе те расположи за да бидеш среќна,оној кој никогаш нема да те остави сама,ќе те насмее кога си тажна,ќе ти се јави и кога ќе се откажеш од него ќе те следи со душата каде и да одиш,ќе те спречи во намерата да се повредиш себеси. НЕМОЈ НИКОГАШ ДА ГО ИЗГУБИШ ТОЈ ЧОВЕК!
Како да го почнам постов, само правам пиши избриши. Се обидувам да не си искажам се што ми лежи на душа, да кажам дека сум подобра, дека сум се расположила ама ете не е така. Никад немам видено некој кошмар да трае волку долго, со месеци, се полнам со напнатос и ги повредувам значајните личности во мојот живот, посебно него. Колку е само душа од човек, го сакам најмногу, и никогаш нема да го заборавм синоќешниот разговор, кој ми внесе малку спокојство во душата нешто што го барам мноогу долго време. Чувајте ги личностите во вашиот живот кој се покрај вас и во добро и во лошо бидејќи верувајте ретки се таквите. Јас ќе го чувам, барем од сите лоши работи добив една добра лекција во животот. И како велат секое лошо за добро е
Неделно утро, јас разгледувам веренички прстени. Не, не се мажам, немам ни дечко, ми се омажи лик од книга
И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил. - Игор Џамбазов Баш така.
Poslednive nekolku utra mi se prekrasni. Najochekuvan del od godinata mu e letoto. Najmnogu bidejki sekoe utro me budi tuka do mene so baknez i nasmevka. Sekoe utro mi vleva ljubov i smea i taka mi zapochnuva denot. Eh, da beshe sekoe utro do mene. Aj be, preseli se kaj mene
"Еј и да ми се чуваш!!" Секој пат кога и да се разделувавме ми излетуваа од устата, но зошто? Зошто да се чува кога ни на момент не била моја, зошто тоа и го велев, зошто и последен пат кога се гледавме иако свесен дека е последен го кажав тоа? За што да се чува, што да чува, за кого да се чува? За сите наредни што ќе ги има, за се што ќе прави со наредни а со мене не ни помислуваше... Како и да е, можеби на наредна драга нема да и кажувам да се чува, него ли да ми дава се што има за мене, можеби и тоа беше мојата најголема грешка...
ме плаши и дијабетесот како болест и последиците од него арно си мислев да тркнам до центарот за дијабетес да ми објаснат се по ред уште и мајка ми кога ми рече внимавај колку јадеш обошје(содржи фруктоза) ме пресече
Две сестри, скоро идентични на изглед, различни само во возраста, родени со само една година разлика. Исти родетели, ист кревет, иста облека, исто училиште, иста баба, иста градинка...Па дури и иста бабица која ја пораѓала мајката. А толку многу различни по карактер. Постарата едвај заврши средно, на 19 беше бремена, на 20 роди и се омажи. Има две деца, работи како продавачка повремено, со маж кој е таксит повремено, заедно со свекор, свекрва, девер и золва, плус две дечиња, во двособен државен стан. Помладата првенец на генерација, прогласена за надеж на генерацијата на матура, со просек од 9,80 на факултет, со летна работа сите 4 години за да има пари за воз до факултет, со прво интервју во банка, и последно. Веднаш вработена во дирекција, за кратко време унапредена, шефица со огромна плата. Мажена за љубовта од детство, во нивни стан, со кредит кои сами го плаќаат, со одмори низ светот, уште без дете, кое кај да е, за неколку месеци треба да се појави. Едната несредена, секогаш намќореста, вечно несреќна жена, на која државата и е крива што мораше врски да фати за да заврши средно, па цел град ја знае по плачењата на мајка и за една двојка и лажењата дека е болна. Децата вечно се тепаат по улица, она вреска по нив, таткото ги пцуе. Мажот е еден багабонт од секогаш, кој неретко ја оплавува жена му во фацата, па нејзината докторка мора да пишува лажги дека е настината и затоа и е боледувањето, а не дека и скршил заб од тепање или има модро око и нос. Не може да го остави оти нема каде да оди. Нема свое јас, нема сила за да земе деца, да отиде сама под кирија, да работи и да ги чува. Вака барем пензиите на старите им ги јадат, а мажот кај да е, ќе умре од пиење, па нема да ја тепа. Другата дотерана, со совршена коса и нокти, со најубавите костуми за на работа, со маж кој ја почитува бескрајно, кој и масира стапала после работа, кој и цеди сокчиња. Со маж кој навечер ја зема од кафана каде што била со другарките, самошто разбуден од спиење, оти не сакала да си иде со такси. Маж кој ја чека среде ноќ на аеродром оти само што се вратила од службен пат некаде низ светот, па не сака да ја остави сама да си дојде. И сега... мајка им, татко им...Згрешиле ли нешто? Каде згрешиле? Исто ги воспитале, исто им дале, исто ги сакале, биде истите цело време. Со исто ќебе ги покривале, од ист леб им давале... Криви се за нешто? Криви се што не ја поттикнале да учи, да се цени, да се бори, да бара убав живот првата? Или се добри што успеале да всадат љубов кон учењето и работливоста и трудот кон другата? Понекогаш не е до вопситувањето, не е до родителите. Има нешто што некој го вика Господова работа, што некој го вика среќа, што некој друг го вика, Нештото. Епа едната го имала нештото, другата не. И што сакаш направи, две исти личности нема. Иако личат како јајде на јајце и се само една година разлика.
Затоа го напишав, научи нешто од ова. Види кај грешиш, види си ги опциите. Може ќе бидете две како втората. Никогаш не се знае
Сакам луѓе со кои можам да седам во празни кафичи. Да не мора да ечи музика за да ни биде пријатно, да не мора да има луѓе околу за да тече муабетот. Ама сакам и гужви, кај што можеш да бидеш најнезабележан затоа што има стотина изгубени души како тебе. И во ред е да си различен човек на двете различни места. Во ред е да се менуваш во зависност од околностите. Не е во ред да замараш некој со длабоки муабети во преполна дискотека, или да дремеш на телефон додека си на кафе со другар.
Ми е смачено од луѓе затворени во мозоците. Само право терај. Прости, некултурни, наметливи. Значи КОГА, ќе сфатите дека НЕМААТ сите исто мислење како вас. Јас сум доволно интелигентна сама да си оформам мислење за некоја тема. Ни од дома, ни пак некој друг не може да ми наметни мислење. Крајно некултурно и гнасно ми е, кога некој на секој можен начин се обидува да ме премисли. Секој си има свое мислење, не мора да се согласувате со моето, ама во најмала рака почитувате го и не се обидувајте да ми наметните ваше. Пример ќе дадам и тоа на страшна тема во Македонија- хомосексуалците. Ни сум хомосексуалка, ни познавам некој што е. Ама бескрајно и вечно ќе ги поддржувам. По милиони гледани документарни филмови, по милиони статии читани, книги, списанија, разговори, дебати- јас самостојно си оформив мислење кое баш е различно од мислењето на моите дома. Јас мислам дека секој има право да живее онака како што сака и точка. Јас тоа што сум го прочитала, истражувала, што сум се интересирала за темата, ме наведило да си донесам сопствен заклучок и што и да ми речите, нема да се премислам. Ете толку е едноставно. Јас прифаќам дека секој не мисли вака, и можам да дебатирам мирно до утре ако сакате. Со факти и мислења и примери, баш сакам да дебатирам, ама некој да застани и да ми ја вреѓа интелигенцијата бидејќи не мислам исто како него- не ти работи.