Нема што да се каже денеска освен дека е недела и дека е ден за читање и уживање (како и секој друг ден распустов). Ова е најдосадното и најстуденото лето досега .
Се убаво, ама утрото после пијана ноќ ми е смрт. Е, и да.. пред саат време станав така да утро е се уште за мене.
Ви се случило ли некогаш да мора да пишувате иста порака, ист пост, по втор пат, зошто по некоја грешка ви се избришала или можеби да водите ист разговор повторно?! Не зборам за оние вообичаените, туку зборам за оние почувствителните?! Отсекогаш сум мислел дека за да си добар уметник треба да имаш две работи, едната е чувствителност, а другата е дарба да знаеш чувствата да ги преточиш во дело. Тоа е разликата од добар уметник, до wanna be уметник......... чувствата се разлика, делото чувства, буди чувства. Дали ви е полесно кога ќе кажете нешто што ве мачи, ќе се развикате или исплачете? Поентата ми беше, вториот пат кога ќе ја пишувам пораката, постот, вториот пат кога ќе го правам истиот разговор, многу е поблед, многу е побезличен, посиромашен, понебитен. Еднаш напишав голема порака со многу чувства, личноста не ја виде 2-3 дена, првиот ден после неколку саати кога ја прочитав, избришав дел, мислев дека не сум сакал да го кажам, вториот ден избришав уште нешто, третиот ден ја избришав цела......кажете ги чувствата сега, кога ги чувствувате, зошто можеби кога ќе изброите до 5 веќе нема да бидат тука.
Зошто?!?! Секоја втора слика,на фејсбук или инстаграм, девојки во купаќи или без разлика во што, со фаци, мислиш ќе препукнат, бидејќи го собрале стомакот колку можат повеќе.За слика де, рамен да им е. Не ми пречи воопшто тоа, но зошто да се срамат?!Или нека поработат на себеси, а ако не сакаат нека се чувствуваат убаво и среќно, и додека се сликаат наместо ,да биде .
Еден ден ќе се сретнеме, како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. Немирот на светот ќе биде со нас. Со дланките ќе го помрачиме сонцето и со фенер ќе се доближуваме. Еден ден ветрот нема да го промени правецот. Брезата ќе испрати лисја во нашите чевли пред прагот. Волците ќе тргнат по нашата невиност. Пеперутките ќе го остават својот прав врз нашите образи. Една старица секое утро ќе раскажува за нас во чекалната. И ова што го кажувам е веќе кажано: го чекаме ветрот како две знамиња на граничен премин. Еден ден сите сенки ќе нè одминат. - Н.М.
СДК1Многу е убаво чуството кога ќе наидеш на некоја стара пријателка,буквално неочекувано,во гужва,после добри 10 години,и кога ќе се препознаете и нема да знаете од кај да почнете со раскажување... Вчерашниот ден ми беше исполнет со една таква средба и многу ми е мило што судбината повторно не спои со една таква прекрасна личност. По 6-часовниот муабет,конечно сфатив колку ми фалела и колку имаме за надокнадување СДК2 А уште поубаво чуство е,кога знаеш дека има уште само 9 дена до одморот кој си го планирал цела година. Возбуда на највисоко ниво,поготово кога ќе ми текне дека уште малце ќе треба купување,пакување,последни припреми... 4 најдобри другарки,10 дена,омилена дестинација,прв самостоен одмор Се надевам дека ќе се вратам со убави спомени и доживувања. Budva here we come
СДК денес ми е многу посебен датум затоа што многу посебен човек за мене, слави роденден. Му посакувам се најубаво, целата среќа на овој свет да е негова, затоа што привилегија е да познаваш таков човек и е вистинско богатство да биде твој пријател. Најсреќен роденден, се надевам уште дооолго ќе си го славиш!
Ветувањето кое си го дадов на себе дека никогаш повеќе во животот нема да дозволам некоја личност, посебно партнер да ме става под опцијата МОЖЕБИ и плановите со мене да му се на стаклени нозе, па пренамагања, предомислувања и понашања во стилот држ не дај, си го исполнувам и многу сум горда на себе со оглед на фактот дека важам за емотивна личност која лесно се приврзува. Откако го допрев дното заради таа моја емотивност, сега дефинитивно работите не се полесни, ама се поедноставни, а јас сум порационална и знам дека морам да барам назад онолку колку што давам! Ниту сум собрана на ливада, нити некој друг е тоа... Кога ќе најдам таков маж кој што ја сфаќа суштината на оваа реченица ќе бидам среќна и ќе направам се за тој да биде уште посреќен што ме одбрал мене. А до тогаш...лет ит би... Знам дека не е животот мед и млеко, ама ова проблемиве би можеле да почнат да ме заобиколуваат за промена, зашто хеј! на човек од арно ќе му здосади , а не од тешкотии...
Најголемата грешка на луѓево е што се натпреваруваат со другите, наместо со самите себеси и резултатот е, делумно или погрешно знаење за другиот, а никакво за себеси.
Ако не те расположат најневините, најискрените души т.е. малите дечиња, нема друг кој. Сите се зафатени со работа, намрштени, гледаат само на нив да им е убаво, а дечињата мали не знаат да лажат, не ти мислат лошо, не знаат да сокријат нешто, искрени се, не ги делат луѓето по раса, пол или богатство..... Попладнево ни ја оставија братучетка ми ( 4 годишна) да ја почуваме на неколку саати. Си седиме во двор јас, брат ми и другарка, а малата си трчкаше низ двор. Ама многу е немирна, по хиперактивно дете немам видено...абе бетер од машко се однесува. Обично девојчиња се понежни, помирни, ама оваа леле ѓаволче право е И така дур трчала, паднала и ете иде кај мене дека прстето на рака ја болело. Ајде јас и викам дај да го бацам и одма ќе ти помине....и таа се замисли за момент и вика: Еј, абе изгледа и татучко вчера дундето го болеше па мама му го бацуваше да му помине, тој правеше ооооо (и го имитира како правел) а јас станав да ми дадат сок ама тие се исплашија од мене Брат ми и другарка ми буквално по трева почнаа да се тркалаат од смеа и ги вадат мобилните да ја снимаат.. И јас се изнасмеав ама ај почнав и лекции да и држам да не кажува на никого надвор од тоа дома што им се случува, па дури ни на нас. Ништо да не кажува и да заборави тоа што видела зошто срамота е. И ми вика: А сега ти дека ми го баци прстето на никому да не кажувам? И тоа е срамота? И ајде оди објасни му на дете што е срамота, што не е, што е правино, што не е.... Ама душа мала не изнасема сите Дундето вујко ми го болело хахахаха уште сама си се смејам
Нема жена што не сака по дома да уредува. Не да пере, да пегла, да средува, брише прашина, усисува и слично, туку да средува ентериер. Тука спаѓам и јас, секако. Колку и да сум машкоданка, си работи естрогенот, нема што. Е сега што е работата... Со мојава луда посилна половина седиме и правиме баш сериозен муабет за еволуција. И наеднаш замолчевме и што ќе рече: „Абе вие жените што сте правеле пред илјадници години кога се живеело во пештери? Гарант и пештерите сте ги средувале... Сигурно вие сте тие што ги цртале тие бизончињата по пештерските ѕидови само за да не бидат празни...“ Ееее, машки памет, до кај оди. И да ви кажам, почнаа работи во главата да ми се мешаат, замислувам свекрвите, облечени такви во кожи и чуда, како ставаат миљенца насекаде, како се кубат со снаите, како снаите одат и прередуваат по тоа камењата во пештерите... И мене кај ми забега паметот не знам, ама еве го резултатот. Како и да е, убаво се изнасмеавме на сценаријава на сред ручек и со тоа смеење успеавме да го испофлекаме и чаршафот. Па сега вистинска домаќинска работа ме чека
Таа си спие во башка соба, ама ете се разбудила и сок сакала. Отишла изненадно изгледа кај нив во соба за мајка и да и даде сокче, ама малку зафатени биле луѓето Се надевам нема трауми да има
Душава ми поминува низ состојба за која имав читано, но не сфаќав што значи сето тоа. Да напушташ човек кој те љуби и си го љубела, да напуштиш поради тоа како функционира општеството, тажни судбини на ближните, секојдневно борење со сета таа негативна енергија која ја надвладеела љубовта... Се потрошивме, останавме без здив, а сега и кога веќе не сме заедно останавме и без топлите прегратки, смиреноста во срцата, страста за живот. Ќе си бидеме ангели од далеку, си рековме, во мислите барем да си се имаме. Се истисна и скрши меѓу нас најсветото, Љубовта. Кој знае каде ќе сме по некое време. Иднината ми е најмистериозното „место“ кое искрено ме плаши. Ах, каде заминаа тие безгрижни денови...
Ама мини и ти припаѓаш во тие,и сите некогаш сме биле .Мислам дека една феминка еднаш ти кажа секој пост тука ти беше замарање околу кој што прави и што кажува. Работи кои се надвор од твојот бизнис. Ете и ова е надвор од мојата работа но сакав да ти посочам кога веќе некој кажува и се смее на тоа што прави друг, да се запраша прво и он дали го прави тоа.  И малце он топик.  Сакам да кажам иако времево не е топло и убаво толку треба сами да направиме да ни биде сончево. Убави среќни моменти, дружења со блиски и добри луѓе .