Еднаш ќе решам да се опуштам макар на еден ден и тогаш кога ќе ми помине денот и ќе почнам да си ги планирам обврските за наредниот, гледам дека се случиле толку многу работи, што дури и ја проколнувам идејата за моето луфтирање мозок. Утре ми е прв ден од пракса, за која пратив CV неколку часа пред истекот на крајниот рок и тотално ненадевајќи се дека ќе ме одберат. Повратниот мејл нормално, пуштен од завчера, а мене паметот- пуштен од синџир ми пасе на некоја ливада, светлосни години далеку од цивилизацијата. Пост-испитна преродба, можеби. Немав време да испаничам како човек, всушност, моментално паничам затоа што не можев да паничам на раат. Недела и онака веќе со години ми е ден за паника за било што. Баш сум таква како ова човече, туку нема-нема ќе си ја плеснам една петка по лице, колку за освеж. Инаку, од баба ми и дедо ми за роденден добив прстен, ама очигледно татко ми заборавил што ми купиле и се исповади од памет кога ме виде со прстен на рака, куку леле, како тоа ме побарале, а не сум кажала дома. Мислам, никогаш нема да му го заборавам погледот, буквално џарење во раката ко да ми е отсечена. Мене мозокот не ми го испроцесира тоа, мислев не дај Боже (ќе) му се слоши, се исповадив од памет за сите пари, мислам инстантно ми обеле косата од уплав и од нигде никаде си седнува на маса, ме вика на само додека мајка ми и брат ми се занимаваат во кујна и ми зборува некои работи, демек, си спремаш дипломска за следен семестар, ако, супер, нека се редат работите, ако мислите дека ќе бидете среќни тогаш и јас сум среќен, само биваше ли да не се брзате толку блаблабла... и тука веќе престанав да слушам и почнав да липам од смеење. За да биде уште покомично, денес ми беа на ручек и среќа моја што и дечко ми не беше дома инаку гарант ќе се истрауматизираше за цел живот. Тоа ти се вика луда куќа, на кој до што му е - јас се плашев да не ми загорел ручекот и да не сум утнала нешто, мајка ми ми прегледува чистота ко детектив и си се смешка задоволно под мустак, а татко ми ... татко ми е жива легенда, делата зборуваат доволно. И на крај, низ смеа ми вика: „Затоа не се оди милион години со еден дечко, баш убаво си знаевме јас и мајка ти, брзо и инстантно. Вака да не знаеш што да мислиш, колку и да не сакаш, умот натаму ќе ти забега.“ „Тате не ме дава“ - мисла на денот, цел ден ми се мота низ глава ...
Според бабите и дедовците сите болести идат оти не јадиме и оти се шетаме „разголени“ (летно време!!)
И тоа како функционира кога сите грижи ќе ги тргнам настрана.Па уште и кога старите фармерки веќе не ме собираат, ама затоа (не)свесно до доцна навечер околку фрижидерот се вртам Ем нови фармерки, ем некое килце плус.Убавини Тие кои мака мачат да се здебелат и се слабички ко мене, најдобро ќе ме сфатат
Дoјдoв дo зaклучoк декa кoгa и дa видaм негoвa сликa, длaбoкo си вдишувaм. Верoјaтнo кoгa би имaлa пoрoдилни контрaкции би требaлo дa му ги листaм сликиве ... И брaвo, уште oвa ми фалеше. Не ми се верувa декa ми пoбуди мaјчински инстинкти и нaсoкaтa нa рaзмислувaње oтиде нa пoрoдилен стoл ... кaкo и дa е, сaкaм сите децa дa ни личaт нa негo . . Oвулирaм. Не ми зaмерувaјте. Сo љубoв, вaшa М
Тотално не можам да ги разберам девојките кои раскинале со дечковците и сеуште ги сакаат, а истовремено се во врска со друг. Значи не судам, само муабет си правиме. „Клин со клин се избива“ не држи вода на оваа тема. Барем мислам кај мене дека нема да држи доколку евентуално скраја било дојде до раскинување. Значи не само што сте мизерни вие, туку и на некој друг му го заеб*ате животот. Никој не е крив ни должен да ви ги лечи болките, да ве сака а вие да го замислувате оној другиот што го сакате дури сте со него. Искрено јас мислам дека доколку се скарам со дечко ми, прва љубов, прво се, засега 2 години одиме, дека дооооолго време нема да можам да бидам со друг. Не велам дека ќе се завијам во црно и ќе жалам и дека никогаш нема да сум со некој друг. Туку дека буквално ќе ми биде гнас некој друг да ме допре. Да мислам и да сакам еден, а друг да ме бакнува и допира....НЕ. Зависи секако од девојката, ама сметам дека врска од 3-4-5 години, во 2 недели или 1 месец не се преболува. Дајте си време на себеси да се свестите да се навикнете на новата ситуација и не влегувајте за џабе во врски кои најчесто се осудени на пропаст. Дајте му време на времето.
Некаде во близина има after wedding party.. Не свесно го допирам прстот каде што еден ден треба да стои веренички прстен и размислувам.. Ќе ја имам ли таа среќа некогаш? Ќе го дочекам ли тој момент на човекот што го љубам да му кажам Да? Ќе ја имам ли таа среќа? Ќе ми се оствари ли и таа желба? Од самата помисла нешто ми се превртува внатре, срцето забрзано ми чука а очите ми даваат некој чудесен сјај.. Го замислувам и него така збунет, се препотува, петлачи, тупка у место и бара соодветни зборови за како да каже Ќе го препознаам уште одма, не знае да чува тајни тој, а уште помалку да држи некого во неизвесност, поготово мене А јас намерно ќе молчам, ќе го чекам да се искаже, да праша, ќе го оставам да се по мачи малце иако од внатре ќе врискам Да Да .. Ахх соништа соништа.. Посакувам да се остварите и тоа што поскоро, посакувам што поскоро да го имам постојано до себе..
Балканска работа значи, брејјјјјј. Абе сите од Балканов се иста стока. Ги знаете тоа нашите што фино лепо си седат некаде, и бистрат политика тука, гласаат, прегласуваат, итн итн? Е, и другите Балканци се такви. Дошле неговите пред 5 генерации, од Свирипичино до тука, од кај што ги стемнило, тука ги разденило, и пак бре тоа останува внатре. Кај испадна, кај никна, кај се запусти. Го гледаш едно високо, стројно, бреј, си викаш, види дете машала, па еден профил, ова тинејџеркиве испогинаа по него. Овој па знае да им прави филм, и уште полека им зборува, во стил - хау ју дуин и си стенка по малце. Оф мори мајко. Ама кога ќе ти зине, да си мавнеш шамар и бокс. Гркче испадна батето, абе брате, не знам кој те воспитувал, ама ја утнале работата. Штета што сте дошле дотука, се мачеле веројатно баба ти и дедо ти со некој прекуокеански брод, а со паметот таму сте останале. Стварно немам мака со ниедна нација, ни па со Грција, не ме интересира политика, мислам немам време за тоа во животот.... Ама дека нема да те разберам дека веројатно ми мрмориш ку*во или дека ми пцуеш некој на грчки и дека ми правиш фаци ако кажам од кај сум... Као, озбилно? Младо, здраво, право дете, со толку отворена иднина пред него? Роден и пораснат си тука, во општество каде што еве не знам што веќе е ненормално, се' е нормално според нив, се гледа дека не си пари дојден, лабаво си го прчи ајфонот 6 плус плус ова ќе да е, еден кожен шешир што веројатно чини повеќе од мојата неделна плата.... и што бре со мене се замараш, е тоа не ми е јасно. Претпоставувам дека само и пцовките ги знаеш на грчки, него ајде. Сум била во Грција веројатно повеќе пати од тебе и луѓето толку фини биле спрема мене, немам коментар, и нив не ги интересира политика, лепчето и сметките ги интересираат, очигледно мораат да си ги заработат, за разлика од тебе. Ама не не не, од сите, ете, таквите како него и како мал куп други во странство што се' знаат и се' диригираат, е тие ќе ја оправат државата. Бра-во. Што народ значи, од кај испадна овој менталитет, та и ние, та и тие околу нас, абре како во исто калапче правени. И така, ти бате улав, ама ја бате, уште поулава. Па ако ме пцуеш, барем да има за што да ме пцуеш. Ми зборува нешто, ми стенка, демек види ме, види ме ама сум згоден и неопходен, леле, леле. Лелеле од што сум згоден не можам да работам. Лелеле, од згодноќа работата сама се завршува. Лелелеле. Ја го гледам вака , он па нешто шизи. демек види ова, види она.... Аааааах, остарев за вакви работи, најозбилно остарев, море дете, оди тоа момите под 20 лажи ги. Море, му викам на крај, слушај, дај работа имам, не глуми, изнеси го ѓубрето и доста е за денеска. На крај почна да ми вика шефе.
Не ми се верува дека брачедами порасна, вчера низ шала и викам ајде да излезиме на кафе и прифати ја праша стрина ми полета од радост се спрема и ајде тргнавме абе цуце мое 12 год има ама како другарка да ми е се понаша. Се отворено си збори како се да доживеала во животот. Па ете ми нова другарка за излегување бе. Си седнавме на сендвич после на милкшејк. Си се смеевме си шетавме покрај езеро. За 4 часа уживање си се вративме. Уште не стигнати дома ми вика кога пак ?!?
Мене пак ми тргна во грепки. Овој пат изгребав 20 евра иако не се многу купив поклон на член од семејството и се чувствувам исполнето. Вчера беше одличен ден, денес се надевам исто така. Прошетки, смеи, глупости на едно место, запознавање на многу нови фаци и то... Сакам да се повтори сето тоа пак.
Читам веќе подолго време по фб групине жестоки дискусии за амбалажата на млекото од Битолска млекара и некакви си ознаки на картонските кутии доле. Си викам чудна работа, што ли не ќе им текне на луѓево. Дома не пиеме млеко, а тоа што го купуваме... стои и го фрламе, а кога купуваме купуваме битолско или мегле и онака сите се прашок. Ниту јогуртот не е јогурт, ниту млекото е млеко, ниту киселото млеко е кисело млеко. Ама фантастично ми е што овие ваквиве кои ги фаќа најмногу параноја се мајките кои нели не вакцинираат, мајките кои се богињи кралици и ниту една не е подобра од нив, мајките кои имаат сомнителен морал, мајките кои им се тип топ средени, посветени, ма фантастични. А простотилокот им се гледа како Венера деновиве... на светлосни години,а желбата за едукација сведена на нула...ама ете, за пофалба како тие им купуваат на домашните млекце само со број 1, дури и 10 маркети ќе поминат само да најдат ознака 1 доле на млекото, зошто тие со 7 ознака значеле КОЛКУ ПАТИ МЛЕКОТО БИЛО РЕЦИКЛИРАНО ИМ КАЖАЛЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАРКЕТОТ ИЛИИИИ ИМАМ ПОЗНАТА ШТО РАБОТИ ВО МАРКЕТ, ИМАМ ПОЗНАТА ШТО РАБОТИ ВО БИТОЛСКА МЛЕКАРА, МИ КАЖАА ОД СИГУРНИ ИЗВОРИ... Нели кога треба нешто да се убеди во државава, единица мерка е - ИМАМ ПОЗНАТ ТАМУ МИ КАЖА. Не ме заинтересирало, не сум прочитала, се смеев, ама просто во себе знаев дека е уште една глупавоќа на потребата да се истакнат. Чунки, невидени и несакани деца има еден куп во државава, што се вика со сила родени, па мора ете да се искпуваат вака или така, дека се вредни и паметни. Да ме засегаше, веројатно ќе се згнев да гуглам што значи тоа, особено па ако имав дете на кое би му давала млеко (иако никогаш не би, ќе му купувам од некое село домашно млеко ако веќе мора и сака). И така си листам јас утрово едно списание и хопааа... ми истера очи еден интересен факт. Се згнав да погуглам околу темата и секако, точно е. Епа ГРИЖЛИВИ МАМИЧКИ И ДОМАЌИНКИ, на здравје млекцето! Повелете, а за повеќе изгуглајте си сами и секако, вакцинирајте и нека владее мир во светот.
Понекогаш ми се случува да погледнам во некој човек што многу добро го познавам и на момент да се изгубам. Вчера се загледав во татко ми и добив чувство дека не го познавам, непознато лице, непознат човек, се случува и кога ќе поминам пред огледало забразана, го забележувам одразот и се враќам чекор назад, зјапам во него ама не се познавам, ми се враќа филмот, се што се случувало овие 14 години, се гледам в очи и се смеам на личноста пред мене и неможам да сфатам дека сум јас, добивам чувство дека дотогаш не сум живеела и не сум постоела. По неколку минути сепак се враќа старата "јас" и life's going on.. Претпоставувам на сите им се случува,или не?
Обично во тинејџерството кога сите трагаме по својот идентитет и имаме впечаток дека не се познаваме самите себе а и блиските околу нас. Во овој периот карактерот се ,,ПРОФИЛИРА,, (неколку години трае тоа) и личноста созрева.
Се гледаш во огледало и чуден ти е ликот како прв пат да го гледаш како да не знаеш ништо за себее .. интересно чувство сепак .. се тоа е до психата .. ретко ми се случува менее .. мн. ретко