Ја видов првата ластовичка денеска. Ми даде некоја надеж дека навистина следуваат поубави моменти, ми го направи денот. Исто пред некој ден видов две врапчиња, пиеа вода од едно вирче и се прскаа. И тоа ми даде надеж. Сакам да сум птица, која лета, која е слободна, која нема обврски, која може што сака да прави... На план сум да си земам две папагалчиња, само брат ми нека потпорасне, иако и не е баш мал, ама пак е малечок е, а мама и да не сакам, 3 против 1 не може. Јас и тато од порано сакаме некое милениче да земеме и така сме во можност зошто да не, а и брат ми ги сака животните, па таман, само мама не сака животни, како мала ја каснало едно куче и од тогаш не сака да види било какво животно или милениче. Знаете колку ми е жал кога ќе видам како некои луѓе малтретираат улични кучиња или било што и да е. Во понеделникот двајца момчиња на моја возраст ги познавам, маваа со камења едно беспомошно мало маче, кутрото. Им се развикав, па слушнаа и други луѓе и избегаа како попарени, многу мразам такви машки нека земе некој и во иднина така нивните деца нека ги тепа, па како ќе им биде. И животните имаат душа. Ако ве интересира физика поминав одлично на тестот и добив 5ка, ама и да не ве интересира јас морам да се пофалам, знам досадна сум со школово.
Ова што ми се случува можам да го споредам со Супер Нова. Сега чекам да се создаде нова ѕвезда. Ако не се создаде ќе земам џиновска правосмукалка и ќе ги усмукам сите ѕвезди и планети и цееееееел космос!!!
Не знам каде да си ја кажам маката, па ајде тука, џанам се е дозволено и нема рација за оф топици. Не сакам да бидам безобрана, разбирам и игра и се, ама па не можам да си опростам што сум пишувала во темата Како се вика форумџиката над вас? па сега цело време ми се појавува кога одам во Види ги сопствените: мислења | теми . Пак ке речеам, сама си сум крива Цело време се вртат едно 4-5 девојчина во темата.. Интересно е првите 50пати, ама браво како се уште не им досадило. Тоа се вика карактер (а не ова моево, да не сум станела од компјутер, а денес 200 обавези ми се нац`цкале)! Може нема опција да си го сменеш никот за да си го напишеш името ама можат во потпис, кога веќе толку е голем меракот да споделат. Исто така, ако толку сакате да ви го погодат името, може да предложете во Среќни коцки да ве погодуват! М,
Ах, мила Мадам.А само да знаеш колку си во право, едно 5-6 деца од 12-13 години го урнисаа форумов и просто да ти е страв да кликнеш на актуелни теми се едни те исти никови. За среќа јас немам направено таква грешка како тебе да кометирам во тие теми кои децава најмногу ги сакаат. ама кое фајде, а кликнам на Актуелни теми, косата ми се крева нагоре. Јас незнам како не најдоа за сходно модераторите барем да ги опоменат дека претеруваат, некој и да каже нешто паметно нема ни да се примети од ове дечиштава што си мислат дека ова е нивна интерна игра па ќе си се поздравуваат и ќе си разговараат од типшот: Нели учиш? А, не еве уште малку па ќе почнам...... Дете од 13 години 1300 мислења, па да беше директен потомок на Ајнштајн, немаше да биде толку мудро. Стварно е претеризам.
Не можам да си дојдам при себе.Со мака ги собирав парите,за мене да ми ги земат.Отварам фиоката и гледам пола фалат.Колку ми е тешко.Во школо ич не јадев,облека си немам купено којзнае од кога,ништо си немам купено,си собирав и некој си ги земал.А најлошо е тоа што тој некој е од дома.Или мајка ми или брат ми,трет нема.Татко ми сигурно не е.500 ден. Знам.Може не се многу,ама мене многу ми значат,за мене многу се..Доста ми е од се веке.Да умрам најдобро.
Една од тие сум јас. И навистина лошо се чуствувам кога некој вака пишува. И ние имаме право да бидеме дел од форумов, а и не правиме ништо лошо. Јас сум една од тие што ти пречам? Сигурно бидејќи имам 1200 мислења, ама не ми е битна таа бројка, напротив тука стекнав многу добри пријателства, созреав, не се однесувам детинесто, многу проблеми решив, многу совети дознав... Не е тоа лошо, но ОК е. Можеби пречиме тоа е. Не сакам да се расправам, поготово НЕ СО ПОВОЗРАСНИ ОД МЕНЕ 15+ години, но немојте вака па, запознајте не прво.
Душо,ти сериозно ова? Срамота..ќе умираш за што некој парите ти ги земал.Немој така да зборуваш за себеси.Знам,те разбирам,парите за тебе многу значат,ама ете и тоа се дешава.Па подобро е да ти ги земал некој од дома,а не некој што не го познаваш.Прашај кој ти ги земал парите и кажи му без твоја дозвола повторно да не зема. Поздравче
Dream-Girl Па за тоа се Личните пораки разговарајте колку сакате а не овде да не малтретирате сите и да неможеме да видиме ништо освен вашите глупост. Ова мила не е градинка па да вие си играте, туку форум на кој се дискутираат и малку по сериозни работи од вашето поздравување и на секоја минута да не информирате што носите, или што јадете.
Го гледав видеово и се шокирав и наежив..... Човеката злоба, немиосрди и бездушност до каде одат. Зарем овие змии и сите други животни заслужуваат ваква бруталност и смрт. Животните немаат ли душа, немаат право на да живеат во своето природно опкружување и средина, мораат ли да се масакрират и искористуваат на ваков начин. Ако се животни, зарем немаат право на свој живот....... После видеово секој коментар е иллишен. Ова треба стого да се забрани. СТОП ЗА НАСИЛСТВО,УБИВАЊЕ, ЗЛОУПОТРЕБА, МАЧЕЊЕ И ТОРТУРА ВРЗ ЖИВОТНИТЕ. Животните не заслужуваат вакво нешто. Ова е ужас, ова е казнено дело....... http://www.youtube.com/watch?v=ZT55RpM23Bw
Некогаш треба да си го оформам она „dear brain, night is for sleeping, not for thinking“ како рефрен на песничка и да си го повторувам како мантра додека моево мозоче не сфати... Демек сум легнала да спијам пред 12, ама што има везе, одвреме навреме мора од филозофии до секакви глупости да се превртат ноќеска... И така Спешл... до кај си со животните цели, зошто уште не размислуваш озбилно за одбирање факултет, професија? Со рилејшншип статусот... на топ листа синглови ли мислиш да се појавиш? Бај д уеј, за дискусијата пред некој ден требаше вакви аргументи да употребиш... И, плус да те потсетам на некоја врвна засрамувачка случка, да се долови пак „зини земјо голтни ме“ ефектот... иии за крај, Ајнштајновата равенка за тестот утре, како беше? Е така, и додајте уште и некоја песна кога ќе ми се заглави во глава, па видете. И како шлаг на тортата, факторот познат како чичко Марфи... тоа обавезно се дешава - кога сум прва смена нареден ден. И после зашто сум ненаспана на сабајле и зашто не можам да се расонам кога ќе легнам на „кратка“ дремка после школо..? Од уникатни причини.
Прости гледам не си стар член,епа кој ако не децата ке коментираат во тие теми .Нит пишува забрана 18+ нит пак забрана за 1200 мислења во храна и пијалоци.Така ...секој си ја укажува зрелоста. Но,од друга страна се сложувам со тебе во форумџиските игри си се врткаат 2-3 ица и толку .Моја идеја е да си се разлетаме во сите теми на форумов освен во оние :geek:
Добро не требаше да ја нападнам, моја грешка. Па и како нова членка треба да се однесуваме пристојно кон неа. Извини незна28, можеби до некаде си во право.
Не. ТАка ми дојде, ова е СДК и сакав да си се искажам. Кој сака можи да чита,кој не не мора. Па пишете и вие де, try it, гледам колку ептен е интересно овде. Добро што има по некоја интересна феминка, ретки ко дијаманти. Па да ти кажам и беа, потрудете се и вие еве, оставивме сите простор. Камо да ти беа и тебе сите тие мислења квалитетни и да не скокаше одма, можи повеќе ќе те почитував (за другите не знам). Дај Боже да биди форумот ко некогаш, и јас тоа сакам. А иначе да, подобро да ги читам старите мислења него ли новите
Сѐ како да пропаѓа. Само досадата и насилството растат. Некој си го прави интересното, во ред, но повредува многу личности околу него. Ако ти е досадно и чувстувап омраза кон некого купи си боксерска вреќа. Престани да ги осудуваш останатите, бидејќи всушност не знаеш што се случува со нив и какви проблеми имаат. Никогаш можеби не си се почувствувал како што тие се чувствуваат, а велиш дека знаеш како им е. Ти си само една глупава особа која не. се грижи за никого, само за сопственото. задоволство. Но, не сфаќаш дека твоето задоволство ќе те убие.Милион пати се обидов да ти кажам дека те мразам, но ти си мислеше дека тоа се празни зборови. Мојта почит никогаш нема да ја имаш безразлика колку се трудиш. Се обидував да те разберам и тебе и нештата кои те мачат. Мене ме мачат повеќе и полоши работи. Ти само ја отежнуваш ситуацијата. ТЕ МРАЗАМ!
Епа фино кажа драга, кој сака нека чита. Аналогно на тоа следува дека ти треба да ги читаш мислењата на постарите членови, а не како моите неквалитетни и плитки. Зошто побогу ме цитираше тогаш? И последното нешто што ме тангира е твојата почит(виртуелна). Ти тоа стварно? И не мрчи само, биди ти таа која ќе направи некоја револуција на форумов, и ќе ги напише најквалитетните мислења. Мислења кои ќе остават длабока трага на форумов и ќе останат запаметени од идните форумџии. И тоа во далечна иднина... хх
Не фала, завршив јас овде, особено па не ми се пишат вакви мислења со вакви иронични личности ко тебе што се обидуваат да кажат нешто паметно демек вау како и врати... Јас драга имам оставено трага овде и еве сега тебе простор ти оставам, можиш ти и уште. Јас завршив со пишување на мислења ко порано, бидејќи тогаш барем имаше и со кој муабет да си направиш, а и администраторите не заслужуваат да имаат толкава посетеност, исто така и членките како тебе што ги напаѓаат другите, па на никој не му се занимава да седи тука и да се расправа. Така да, отсега ни збор повеќе од мене. Богами твоите па ич нема да ги читам Не дека ти треба почитта моја, туку си покажуваш која си Обично не сакам да се расправам со никој, ама кога веќе имаше таква реакција на моето напишано... И доволно е веќе кажано, ајде аривидечи.