#ОнаКога си во град каде што живо пиле не те знае кој си и што си и свиркаш на луѓето кои поминуваат на улица Епа кој си победил на градско на натпреварот за прво помош, ќе си оди на викенд во Струга Ја прошетавНе Стругата, се исончавНе, си исплакнавНе очи, а ова за свиркањево бруки, не бруки, тоа ти е Битно, вечерите кога седевНе надвор, бевНе со плус 350 ќебиња на нас Впечатоците од викендов се преубави, а може ли поинаку кога си била опкружена со другарки кои многу ги сакаш ? Бидете ми поздравени, насмеани и радосни!
Мене може навистина да ми е преку глава од турски серии ваљда поради синхронизацијата ама затоа од шпански сапуници никогаш доста, понекогаш ми недостига шпанскиот јазик па затоа и кога пијам кафе и ги затекнувам на тв ги загледувам. Далеку од тоа дека сите овци ми се на број ама денеска имам некој изопачен смисол за хумор на пример се изнасмеав на обредот за погреб на покојната во шпанската серија е добро срам ми е дека се смеев ама па кој не би се смеел на сцена каде ја ставиле умрената на бродче и ја возикаат низ нешто слично ко што загледав чиниш во наша Матка ќе да беше снимена сценава ја пуштиле да плови и така се збогува со најмилите кои стојат на брегот од сртана додека она си плови, плови , ама па убав ритуал ми се бендиса за последен пат да бидеш во толку убава природа па може рајот така убаво изгледа . Потоа си пијам кафе и се преиспитувам дали имам потреба од кратење на врвовите од косава и ми се враќа филмот на една дешавка со теткица со нов фриз тенџерко а па другава тетка и ласка ко демек многу подмладена, поубава е со нов фриз, таман и одговара на формата на лицето, ја погодиле демек абе си велам во памет не ја лажи жената ама па шта чеш не е до фризот цртите на лицето ти е се па и уште ко си тенџерко во главата бетер си отепан и смешен.
Комуникацијата може да ја претворите во долгометражен разговор и со часови да разменувате мислења, но ако сите тие искажани зборови се празни и безвредни ќе бидат фрлени во канта за отпадоци како топче од хартија. Добрата комуникација не значи многу кажани зборови на едно место. Суштината е посложена и покомплицирана од оние едноставни и банални работи кои наместо да прелетаат низ редовите, си создаваат базична подлога. Умешноста на разбирањето е во прецизноста на изрзување, малку да зборуваме, а многу да кажуваме. За мене, часовите на молчење се подрагоцени од разговорите кога ќе се премине онаа основна фаза на размена на зборови. Имајте на ум, дека добрата комуникација не секогаш бара употреба на зборови. Успешното искажување на емоциите ќе биде тогаш кога ќе го натерате партнерот вистински да сфати што се врти во вашата глава и како се чувствувате.
Деновиве ми се вртат чудни идеи во главата. Сакам некоја промена во изгледот, или undercut или dreadlocks..
Слика на профилот на фејсбук, синчето тригодишно скроз голо со курето напред... Добро бе, само мене ли ми се вакви слики крипи и ненормални или пак се тоа е нормално, а јас сум ненормална? Мајки бреј!
Веќе едвај чекам. Што и да купувам се бели ленени работи, марами или шарени и светкави. Море и пустина... од кај ли доаѓам? Што ли ме влече за вас, не знам... Не сум за урбани џунгли и средини...
Ме потсети на песнава, Азам ми е незаменлива. Што се однесува до мистичната привлечност на дините и оазите- не си единствената која копнее да потоне во бескрајното песочно пространство. Но како што пее Азам, 'in other worlds'.
Се враќам така натоварена со кеси од супермаркет,а во другата рака го држам телефонот на уво и се смеам како луда,зборував со братучеда ми,и таман ќе ја преминував улицата,од нигде никаде после толку месеци се појави тој,да ТОЈ,му излегов пред кола точно,а тој само неколку секунди ме гледаше занемено,јас се смеев дали се смеев ко луда ,и си заминав,не изустивме ни збор,важно направивме застој во сообраќајот,и плус ме виде изнасмеана до уши,нека мисли дека животот ми е 5 ка ,така насмеана не ме видел долго време,ги оставив кесите и заминав на кафе кај другарка ми,си правев муабет,ама неколку пати погледот го фрлав брзо и прецизно во телефонот кој ми беше на маса,дали тоа значи дека чекав некоја смс или повик од него ?! искрено не би сакала потајно да се надевам уште на него,посебно не денес,денес решив да оставам се зад себе,долг период сум сама и решив да му дадам прилика на некој,ќе видиме вечер како ќе се покажи,ќе одиме на кафе и муабет другарките ми велат сите дотерај се нашминкај се,повозбудени се од мене,а јас си седам си кулирам,велам ако ми е пишан ќе ме сака секаквашала настрана детето е ОК,комуницираме некое време на фб,е сега во живо ќе видиме како ќе се покажи,ќе ве известам за се..се читкаме вечер лепотици мои П.с Уште се осеќам како Жаде,кога ќе и гледаше Зораида на кафе и ќе и речеше гледам сенка,минатото и сегашноста ти се испреплетени Mactub,esta escrito!!!
СДК денес сум вознемирена,возбудена,исплашена.....Мн чуства ми се испомешани...... Денес за прв пат после 7 месеци го оставам моето бебенце дома да се вардат со баба му,а јас мораше да се вратам на работа.Седам на работа а паметот ми лета дома кај моето златокосо ангелче,што прави без мама.Навикнат е да е по цел ден само со мене....незнам како ќе заврши денов ама сега засега сум баш вака изгледам.....
Колку ми е само секој ден досаден, (не)исполнет само со моите бучни мисли, ништо друго. Од време на време знае да се појави таа едниствена светла точка која ми го разубавува секојдневието, крши монотонија и го обојува сивилото.. Ама баш ретко.. Е баш сум, заробеник на сопствените мисли, и на ништо друго (а колку би сакала да сум)
СДК ... Не можам да си најдам одговор во врска со стравот и несигурноста кај мажите во однос на сигурните, храбри, независни и комплетни жени?! Која им е поентата да држат чекор ко ракови, еден напред два назад ... Пред нив скоро комплетна жена која сигурно подобро ќе ги води низ животот него ли тие самите. Кај им отиде силата? Кај им отиде моќта за освојување? Кај им е упорноста?
Почнале луѓево со прашања од типот „ќе одиш на финалето на Ѕвезде Гранда у Борис Трајковски?“. НЕ! И после следи „ама зошто и наши натпреварувачи има таму?“. Затоа што не слушам таков тип на музика! Па следи „како можеш електронска музика да слушаш?“. Ете како што ти можеш шабанско да слушаш. И да, не верувам на луѓе што се фалат дека ќе одат на финалето на Ѕвездите на Гранд!
Секогаш пред да искочам, најчесто ова се случува пред да одам на роденден на соученик или соученичка, веќе екс, дома се “подготвувам“ психички за подоцнежната тортура тако звана турбофолк журка. Па дури си пуштам такви песни дома да ги научам да се вклопам малку во атмосферата таму, инаку ќе седам од страна и ќе фаќам сеир. Некако пробувам да си најдам место во такво друштво, ама нече. Не можам со задоволство да слушам таква музика и точка. Па каже.. уствари чекај, ги заборавив сите текстови, ме мрзи да гуглам, батали. Нејсе, исто сакам да кажам дека ме нервира кога некој сосила ми глуми лудило дека е пијан, мрш! Уствари може не ми глумат, ами навистина се мортус. Па пиење Бадел, цело друштво ќе го излигави отворот на шишето, па бунари, чуда, ц! Јас кога ќе се нафрлам на Гора мултивитамин, ќе се начукам и кревам раце на Цеца, ау! Пa Walk од Пантера ми се претвара во, овај, како беше.. осим што је виски џин и то без леда и што у очи ме та твоја гледа.. Додуша ќе земам чаша бунар, ама кога ќе се пружам за втора, се плескам по рака, буквално. Нејќам да се испијанам, барем не сега. Греота ми се овие што се прават летви од клас, па јас со мојот мајчински инстикт (молам? Што рече? Вака се викаше ова?) онака им викам абе доста ти е, абе не можам да те гледам, па дома кога ќе те одерат, абе седи мирен, абе, абе. Па ќе се клатат по улица, па ти држи ги да не паднат, кола да не ги удри. Добро, не сите, ама поблискиве другачки. И сега доаѓа фамозното вртење на тој што го сакаш кога си пијан, па изјавување љубав, ма даааа. И шо сеа? Ништо, онака да спомнам. После ми светнува во тиквава, па која сум јас да се грижам за нив, еее па више па више. Нормално за пубертетлии вака да сакаат да пијат, а не и да се однесуваат како мојата ценета, Ваше превосходство, Мунстоун (леле ама глуп ник имам); -Благодарам, благодарам. Веројатно. Ова последниов говор со мене веројатно не ми требаше. Не знам што кажав, пишав, искуцав. Уј, ама долг пост.
Скоро јули е, март ли е...Сабајле со волнено плетено пончо накисната ко глушец стигнав на работа. Колегиве на велико планираат одмори, викенди, резервации чуда, јас ги гледам само и си размислувам како не ми се оди никаде близу плажа. Дури и самата помисла ми е онака...мех, си знам дека душава друго ми бара. Ми се скита по некои фини симпатични градчиња со цвеќенца, тесни улички, туѓ народ, опојни мириси и шаренила. Уште од сега си замислувам како папсана и пресреќна се прибирам на стемнување, качувам нозе на балкон и средувам впечатоци со флаша добро вино. А искрено и на мисла сум дали да планирам друштво, месециве претходни беа исцрпувачки, долги и полни со перипетии, едно блиц избистрување ич нема лошо да ми дојде, знам. Во гради ми вибрира чудно убаво на самата помисла. Некогаш страшно си недостигам сама на себе.
Знаете што е секси? Секси е кога ќе се вратите од плажа, седите со штотуку измиена коса на балкон чиј мирис се шири на сите страни, пиете кафе во тишина гледајќи нагоре кон ѕвездите и да ви рече - за ова вреди да се живее додека ви ги масира стапалата пред да откачите некаде длабоко во ноќта. Епа пријатно.