хахах се извинувам, но како прецени колкаво его имам и колкав бип . Но ќе испочитувам и не би ти се обратил од чиста култура девојко
Во Австралија (и во Америка секако) постојат таканаречени градинки за милениците, каде се плаќа отприлика 10 долари од ден за додека сопствениците се на работа да им ги чуваат, и тоа е сосем нормално а за некои и секојдневно, со оглед на плататите нивни и општо нивниот менталитет одлично го прифана тој тренд и начин на живот, а лично моја пријателка има два мопсови и 4 дена во неделата го носе во градинка а едниот ден ги носе со неа на работа, каде што таму имаат градинка, како за деца, така и за миленици. Значи кога вакви работи ќе прочитам толку ми е криво за условите во нашата држава и за ограниченото размислување на луѓето кај нас шо уште кога ќе чуе дека чуваш куче или додека го шеташ, или ако галиш/раниш улично куче те гледа лево и ретардирано а не па у градинка да го носиш или на базен да плива. Нема потреба од толку осудување и озборување, секој со својот мерак и буџет нека си одлучува, ако јас имам време, нерви и желба да си го гледам и сакам миленичето, и ако имам пари тоа е мој избор дали ќе го разгалувам и тинтрам, нема потреба одма од осудувања види ја, забегала, луѓе леб немаат, вода немаат, а она кучето го ране со месо, спие со него, го носе по пат со неа и слично. Да, луѓе немаат основни услови за живот секаде низ светот, и јас не можам да го сменам тоа, ни некој друг што чува куче, секој со своите проблеми, пошто секој проблем си има своја тежина, животот е еден и секој за себе нека си гледа, секој нека си го живее својот живот и нека си ги гледа своите проблеми. Си направив најубав планер од 3 различни тефтери, си купив стикери различни, си купив пенкала во боја како стикерите, и еве ме седната у канцеларија си го средувам планерот. Сето воа убаво ама што бре Ано душо ќе планираш толку?! До петок сум во канцеларија и готово, колективен одмор , судовите и они не работат, а тоа ти е еднакво на немање работа. И земав си се слушнав со другарка од Воден, Грција шо има 3 месечно бебенце, да им одам на гости две недели, конечлно после сто години пријателство, од кога памтам за себе се решив да одам и тоа баш во кризава Следен битен датум во планерот е викенд во Охрид, Љубаништа, со дечко ми, мерак не фана и готово, се решивме. Сакам да си го посетам местото кое ги буди најубавите детски спомени од мојот живот, години и години фамилијарниот одмор ни беше баш тука, на најубавата плажа, во најубавиот кампинг, за кој слушнав дека веќе не фукнционира, штета и жално... Како и да е, ние ќе бидеме сместени во една куќа, насабајле ќе пиеме кафе и ќе си мезиме појадок на плажа додека си пецаме риба, чисто рекреативно, мерак ни е бе, додека езерото е најмирно, и ја има најубавата плава хоризонтална линија. После следува па одморот и така натаму, уште не ми е испланиран август, за јули зборуваме сега, а една најбитна работа во вавгуст откако ќе се вратам од одмор е активно, макотрпно, секојдневно барање работа, листање огласи и главоболки. Затоа сега за сега ќе се фокусирам на убавите патувања што ми престојат, па кога ќе дојде време за грижи ќе му ја мислам. Имајте убав ден, чао!
Случајно при менување на каналите на телевизија на сител 3 налетав на Сител Бамбини. Се вратив во времето кога бев мала и кога постоеа Сител Бамбините, постоеше Бушава Азбука, постоеа уште многу други убави емисии за деца. Според мене тогаш навистина имавме убаво детство, за разлика од денешниве деца, не се посветува внимание на нив, во денешно време на телевизиската програма нема ништо интересно и поучно за децата. Денешниве деца уште од 10-тина години излегуваат до доцна, пушат, се пијанчат, прерано имаат дечковци/девојки, наместо како порано кога бев дете (и сега се чувствувам уште дете, имам 17 ипол години, но сакам да кажам кога бев помала) имаше вистинско детство, постоеше дружење и играње во маало со топка, со ластик, со јаже, постоеше играње на жмурка, се додека не се стемнеше и нашите родители не не собереа дома. Ретко кој од денешните деца има слушнато за Сител Бамбини, за Бушава Азбука, за Мечето Ушко, ретко кој од денешниве деца гледа Том&Џери. И не се срамам да кажам дека и со 17 ипол години знам понекогаш да седнам и да гледам емисии за деца или понекогаш кога ќе начекам да гледам Том&Џери, бидејќи на тој начин можам да се вратам години наназад кога постоеше вистинско детство и навистина штета што денешниве деца нема никогаш да осетат што значи вистинско детство. Тогаш освен што децата си играа, се дружеа, гледаа емисии за деца кои се интересни и поучни, децата порано читаа и лектири, за разлика од денешниве деца што прерано влегуваат во светот на возрасните и не си го живеат детството. Порано многу поубаво детство и многу поубав живот имале нашите баби и дедовци и нашите родители, во споредба со детството и животот кој ние го живееме.
Отидов неколку дена на одмор и шетање, се вратив како да сум била на целодневна работа. Ни со времето, а ни со него не можевме да се погодиме. Ако бев вчера бесна и изнервирана, денес сум дупло! Аман, мир да се немало, бар неколку часа. Ми бараат и душава и телово одмор, еден долг, без нервози и со многу сонце одмор. Ајде и времево малку нека ме послужи, па да пијам кафенце на тераса, додека сонцето ме грее по лице и ме милува нежно ветре, и да не мислам на ништо освен на убавата песна на славејчињата.
Иако временцево е онакво какво што е, тмурно, темно, дождливо, во мојата душа огреа сонце. Дојдов до заклучок, кој требаше оддамна да го донесам. Целиот мој живот, виновникот за лошите работи што ми се случуваат го гледав во мене. Немав никаков почит кон самата себе, се ставав на најниското можно ниво. И зошто? Поради расипаноста на другите луге, затоа што не знаат да го ценат вистинското. Одсега јас сум на прво место, I've had enough of everything. And then she'd say, “It's okay I got lost on the way But I'm a supergirl And supergirls don't cry”
За вас незнам ама јас уживам баш затоа што времето е такво какво што е Еве и јуни веќе е пред крај еех да може и јули и август да биде вакво времето ќе бидам уште посреќна Мразам лето,мразам +40 степени под сенка,мразам кога немам доволно свеж воздух за дишење ... така да денот денеска ми е рај Поубаво неможе да биде Еднаш прашав овде дали сум единствена што мрази лето и дојдов до знаење дека има многу како мене што несакаат топло време,па затоа сеа сигурно знам дека повеќето феминки уживаат и тоа баш поради времето.
Кога треба да направам ручек за двајца, правам како за десет души а кога треба да направам за десет, правам како за двајца Никогаш нема да се научам Срамота
Сабајлево сечејќи банана (да, сечев банана) си завршив на шиење на прстот Не сакав да одам по болници ама кога почна нешто бело да се гледа, да течат црева, ај реков да не се расправам со овие дома да ги послушам еднаш и вистина во право биле.....Битно сестрите ми се изнасмееја кога слушнаа како сум се пресекла Ај да речиш нешто нормално сум работела, или месо замрзнато сум сечела или не знам што ок ќе се исплати болката....ама банана.... Добро, може се смееја за да не почнам да плачам па демек ми привлекуваат внимание p.s. Почнаа со сликање на свидетелствата Добро знаеме, сите сте со сите 5ки...браво....
Ух, конечно заврши и сесијава. Иако остаев нешто за во август, сепак сега можам конечно да кажам дека сум слободна Но, откако завршив, се ми е чудно, ми треба време да се привикнам дека нема испити секој ден, секоја недела. Имајте убав ден
СДК... Темна, тивка, црна во секое свое издание... Таинствено ги прегрнува долгите часови и го плете спокојот на сонот. Ја подредува азбуката на случувањата во хоризонтала и ги замолчува и најбучните гласови со својата убавина. Смирено ја погалува природата со големата наметка и не носи во крошната на пазувите. Таква е, ја дочекуваме со ист лик и познат изглед на залезот од денот. Ноќта е млада без разлика колку е доцна.
Го слушам мојот град,како дожд по олуците како моли за парче стихови, го гледам мојот град си ја влече душата по калдрми Скопје,вечен ли ќе бидеш? му велам. Ќе те има ли кога лицето ќе ми остаре? Би те опеала,но не умеам. Што е смртта понекогаш се прашувам. Јуни во Скопје секогаш носи тешки облаци,а јас бројам родендени. И среќна сум,со облаците и белите цветови во мојот двор. Со твоите засадени лаванди. Предај му се на Јуни и ќе те опие со безброј мириси од градините. Сакај,ќе знаеш за што се живее. Љуби,и ќе знаш како заспиваат поетите.
Ах тој Facebook reminder, ќе го згазам. Ме потсети на една личност што одамна ја бев заборавила, и го разбуди детското во мене, кога хормоните започнаа да ми работат и ка доживеав мојата прва љубов. Си беше еднаш... Како што вели дедоми, едно тутуле бале кое срамежливо и искрено симпатизираше едно момче, кое замислете, и преговори Јас скокам од радост, рипам Но ми го скрши срцето, сурово И ете така, нека ти е среќен роденденот Јас пак ќе те памтам
Ако сте стручни на некоја тема- не мора да сте препотентни и да сте СИГУРНО АПСОЛУТНО БЕЗГРЕШНИ. Сфаќам дека одредени теми ви се во струката, ама јас не сум малоумна да не знам основни работи.
Секогаш ми доаѓа топло на душата кога гледам деца што си играат на улица. Порано беше неизбежно да слушаш џагор по цел ден за време на летниот распуст, а сега дури и чудно ми е кога ќе слушнам како некој си игра со топка. Пред некој ден шетам со кучето и гледам две девојчиња си играат во двор. Доаѓа трето девојче и му вика на едното: Мила, зошто не ме викна да си играме? Јас знам зошто не сакаш да се дружиш со мене - затоа што Ања има поубава куќа. Прво мислев збори за некаква куќа за барбики, ама испадна дека сум била во заблуда... Цел пат го поминав во мисла за моето детство, за тоа како ние се дружевме и не ни беше важно кој каква куќа има, а секој од нас живеше во различни услови. Не знам, ете, различна перцепција сме имале. Јас единствено не сакав да се дружам со деца што лажат и ми ги упропастуваат играчките. Некој имаше „оригинални Барби кукли“ донесени од тетката од Америка, некој имаше барбики купени од пазар, ама сите заедно си игравме. Како деца, не сме биле толку оптоварени со паричната вредност на нештата. Повредни ни биле некои играчки за кои сме се приврзале, без разлика колку чинат.
Cheers to those careless nights with dim lights, loud music and a lot of booze! А ова се моите фармерки во комбинација со попуст на жестоки пијалаци. Спојлер: Да не се сфатиме погрешно не сум помочана