Се разбира делумно се согласувам со тоа пишаното, но времето не лечи ништо, времето прави само понекогаш да подзаборавиме на работите што ни се случиле како негативност, но пак стих на песна збор од случаен минувач може да не наврати денови, месеци чак и години наназад...и не дека не ценам тоа што се обидуваат можеби да ислушаат тоа што имам да кажам, но барем биди искрен кажи нема никогаш да бидеш ист како порано, промената ќе биде присутна каде во помали каде во поголеми количини изразета, само немој во негативна, баш на тоа мислев на вакви совети од слушателот ценам...а совети како време лечи, или понашање како пес избеган од синџир или клин со клин се ваде е стварно исцедени и преслушани муабети за напазар...И баш и по тоа се познава кој е пријател а кој само стои како камче пред тебе зјапајќи..
Јас со 10 годишнава виза за Америка што не сум тагната на партиво, да одам да проверам да не ми ставиле некоја забрана за персона нон грата или како? Мислам ова и успат да се пофалам. У реду е дечки, не се преселивте во Америка, на забава сте само и не е Белата куќа во прашање. А од попладниња освен оние кои ќе ве разбудат во шок, сакам па и кога ќе се издувам на кеј, а на враќање ќе си купам 3 пара конудри.Еве сега расфрлани кутии по под, комшијата го слушам и се дере на жена му, изгледа и она си купила 3 пара, па ми оди да ја викнам заедно да се двоумиме дали погрешивме во изборот?
Во ваквите вечери нема поголема среќа од тоа да имаш тераса со совршен поглед кон месечината... Да го одложуваш сонот со изговор - само уште една песна од релаксирачка плејлиста, само уште една до детал насликана исполнета фантазија, од оние кои ги замислуваме додека сонуваме со отворени очи... додека свеж воздух те гали по лицето и глетката ти дава некое необјасниво спокојство. I know I'm a (day/evening/night) dreamer, but I'm not the only one...
Хаха е да си купиш... зошто може ќе налеташ на некоја како мене, која не е жива ако не искоментира. Се пронајдов во постот ...денес поминува покрај мене една прилично згодна девојка со нежно кремасти панталони и црна танга. Па нели не сум од Македонија ако не искометирам ...Ама стварно некои жени сеуште не научија дека на бела и кремова панталона или суња не иде црна танга. Многу ефтино изгледа. Така да сеуште не има такви(кои не сме за фалење, туку за жалење) кои загледнуваат небитни работи.
Сите постови на @Someonespecial во СДК прво ги лајкнувам па ги читам.Ех која навика .СДК дека добрата паста за миење заби ја препознавам по тоа ако при првото отворање е толку многу лута и мириса на ментол е тоа е вистиснска добра паста.
Баба ми беше на гости, си седиме во дневна, а од соба излегува брат ми. Собрал цела кеса огромна со стари расипани кој знае од кога цедиња и вика ќе одам да ги фрлам овие. И баба ми ама чекај што е тоа, може ќе ви треба, леле колку се....брат ми и вика: Стари цедиња се, расипани и со вируси не ни требаат. И гледа таа зачудена каков вирус бре? Што сте ги чувале до сега со вируси? Леле синко чекај јас да ги фрлам, ти не се приближувај до нив. Опасен да не е вирусот? Како фатиле вирус? А на доктор вие бевте, да не ве префатило и вас? Почна да трча, со загрижена фаца... Успеа да ме насмееш бре бабичке Знам дека не се смее на стари луѓе ама ајде и мене ќе ми се смејат некогаш во иднина.......биди ми жива, здрава уште мнооогу години и не се лути кога ти се смееме
Многу често, најчесто додека извршувам банални обврски се фаќам себе си како си пеам. Не е ништо ново и непознато, туку смешно ми е тоа што јас воопшто не се чувствувам, сè додека останатите не ме „освестат“ дека тоа што го пеам не се слуша само во мојата глава. Си пеам додека се симнувам по скали, ритуал ми е додека бришам прашина и подови, додека турпирам нокти или додека дремам пред компјутер и чекам да ми стаса рендерот со главата потпрена на вкочанетата дланка. Всушност, не ми треба некоја којзнае каква обврска за целосно да се занесам и да изгубам ориентација за место и време. Мајка ми не пропушта прилика да ми каже дека ова се должи на тоа дека нештата ги работам од љубов, а мене навистина не ми е јасно, колку љубов би можело да има во бришењето прашина додека те тера на кивање или во врзувањето на искинатите врвки од старите патики ? Одамна ми стана јасно, дека очигледно ние две сме од оние таквите кои живеат од љубов и за љубов, ама никогаш не ѝ кажав дека не го правам тоа ненамерно и спонтано. Па, не знам ниту дали постои нешто што го правам, а нема некоја функција - важам за личност која сака само практични нешта. Многу пати се ставам во непријатна ситуација да размислувам одново и од почеток за некои работи кои тотално ми ја цедат позитивната енергија или ме мачат, а знам дека не е време да се оптеретувам со нешта кои биле или требало да бидат. Или пак само ми фали некој кој би ме разбрал и кој би ми дал храброст, макар со насмевка или допир. Затоа инстинктивно почнувам да пеам песна по тотално случаен избор, наводно за да се наполнам со позитива, а всушност од дното на душата посакувам да не си го трошам времето размислувајќи најчесто за глупости, за кои ми е криво тоа што се чувствувам немоќна за да променам било што. Не, не бегам од проблемите, туку си давам време да ми олади главата зашто ако нешто најмногу ме нервира после некој исфалширан тон , е избрзувањето при донесување некои важни одлуки или решавање големи проблеми додека уште ти чури главата и ти крварат раните. Не знам дали е погрешно или не, но еве ми помага за да размислувам трезвено при стресни периоди. А, што сакав всушност да кажам - мојот занес во „изведбата“ е толку неверојатно голем, што понекогаш ме фаќа страв дека можеби и ќе ме ограбат, а нема да приметам гланцајќи чевли или чинии. Додека буричкав и сортирав кои листови ми требаат и кои ќе ги фрлам, занесено си пеев песна и продолжив да си пеам додека не наслушнав акорди и ми се пресекоа нозете. Очигледно, паралелно со моето пеење се случувало она што го викаат живот - дечко ми се вратил од работа, видел дека сум зафатена и отишол да испазари без мене, се вратил, а на Западу ништа ново, па решил да се забавува со мене. Прекрасно, за успешно да извадиш некого како мене од памет.
СДК ... од вчера повторно сум во фаза : иамсимпатијаичуднибубивостомачето. , И си се гледаме, па што?! , ,
Лето е кога ги гледам сите сезони од Сексот и градот. И како стареам Кери ми е глупача, па почнав и да се нервирам на некои сцени како може да биде таква. Многу си ја сакам серијава, ќе си гледам и гледам и гледам па можеби и кога ќе имам 60 години. Се прашувам како тогаш ќе ја доживувам Кери
Гледам луѓево почнале да дипломираат, сликани со китки, па со таа фамилија, па цмок цмок, па со друга фамилија, цмок цмок едно друго.... Други па одма и се вработија, ајде аирлија, со лесно нека им е, нека се уновчуваат дипломите па и трудот. Трети па гледам, де свадби, де трудни, де родиле. Има некои и со возачки, и деверуши, и старосватици, куми.... А еве ја со Индијанциве, се научивме како се мете, еве сега се учиме да џогираме. Леле ама брзо метееееееееш. Еееееееее, да, ние во Македонија си ги метеме пештерите. И под рутерот за вифи во пештарата си подметувам. Нови биле во работата, аха, ок. Брум и моп, моп и брум, да бе, различни биле. Дастпен ќе користиш ееееееее, само ако имаш магистратура од метењето, пред да дојдам ја труд пишував на тема метење, па усовршив, затоа. Во слободно време па ќе почнам за џогирањето да пишувам труд, може ќе послужи за идни генерации. Ти и викаш притисни со џогерот, треба водено да биде, она те гледа бледо, како тоа да притисне, врз што да притисне? Како водено, да тече ли? Водопад, да. Па ногата ќе си ја скрши ако притисне, очекувам со ногата да тупне некој ден... Шо знам, може ќе го тресеме паркетот, еве ја не знам. Немам паркет во пештерата дома. Ламинат е мојот. Друга работа...... Да се потераш од пм, сам, до три лепе, и благе ама благе везе да немаш што ти зборуваат, кај идеш, што ќе правиш, како ќе правиш.... храбро, многу храбро. Па ај да не знаеш англиски, ок, не мора, ама три чисти во главата ако немаш, и тука и таму и дома ќе си ги немаш. Нашле торба со нечисти алишта будалите, од што не знаат што прават и што носат со нив, на прибирање, и торбата на жената со нечистите алишта и ја прибрале. Нит некој им рекол, нит па треба да се прибере, исто како да украдеш нешто. Тргнале сиротите назад, им се видело многу тешко, фанале да отвораат торбите, кога, оппппп, леле што направивме. Ај што направивте, па акал да имавте малце кај и што носите. Ајде назад, ќе ја враќаат, во грешна соба ја пикнале. Глуп и поглуп дел 109304903. Па и на никој не кажале, денот си помина. Туку не знаат да ти кажат, мислам џабе, ќе ти кажат со мимики и оди разбери. Оди после наредниот ден улавеј се, извинувај се, торбата полна со работи поскапи од нив, абе.... ајде барај ја торбата, влегувај како ненормална, ѕиркај, отворај перални (може и ги уклучиле на вриење, се' си бива, веќе кога се улавеат)... трчај е да, ја најдов на крај, во земја пропаднав додека се објаснам. Гледам денеска си ја закачиле на високо торбата, да не им ја дрпнат пак. И викаш, те молам оди донеси ми го тоа и тоа од таму и таму. Те гледа вака - . Ја упростуваш реченицата - донеси ми тоа. Па те гледа - . Почнуваш и објаснуваш што ти треба, пример, ти треба ќесе и шшшшшшшушкаш да разбере. Ти треба торба со мраз и правиш БРРР БРРРР БРРРР, КОЛД КОЛД КОЛД, СНОУ СНОУ СНОУ, оти АЈС е премногу меинстрим, а не дај Боже да не те разбере ќе ти донесе сладолед.... Ахаааааа. Преминуваме на момент од каде да го донесе, и црташ мапа кое каде стои, и и пишуваш со големи букви на ливче, уште да го залепиш на неа и да ја истркалаш до местото. И викаш, и ќе одиш ли... ЈЕС. Ме разбра ли што треба? ЈЕС. Кога ќе одиш - ЈЕС. Гение. Најдоа некои прашоци, хемии, некои амерички глупости, леле леле леле, го пиеш ми вика ова млекцево (нешто како моја кравица) и ми вика, сите витамини за денеска обезбедени, глеј на опаковката што пишува, не мораш да јадеш салата, енергија ненормална. Ајде бе и викам, озбилно? Да бе ми вика, мртва ладна, уверена сто посто. Де да видам, на 200 мл, 30 грама шеќер, оооооооо, машала, гтни си ти сестре по 2-3 насабајле, таман.... ами оди сркни си 3-4 лажици шеќер, исто енергија, барем чист шеќер, знаеш на што си, од овоа мустаќи и рогови може да ти никнат. Леле ми викааааааа, леле ама работиш, ааааааа, многу работиш значи. Е работам викам, за тоа сум дојдена, кога ти гори под нозе, ќе работиш. А и она ко мене, за тоа дојдена, се потерала од усвета. Како да и објасниш со други зборови дека мора да те видат дека се трудиш и дека работиш, ако сакаш да си дојдеш со нешто друго освен со рака кикиритки од овде.... а не дека си како успорена видеоснимка од 92? Мада што и до човекот си е... Аааааа не можам вика ја толку, сакам да си заработам вика само парите да си ги вратам, да си платам факултет за цела година, да си купам карта за назад, нешто поклони за дома, да си купам нова гардероба, да одам на концерт и нешто ситно да остане за мене. Изгледа девојката мисли дека тука платата е нешто како на Доналд Трамп, саатнина 50 долари од саат, 100 долари прекувремено, по по пооооооо, па ајде пополека, побавно, ќе биде. Ајде, мали се, ќе пораснат. Шала на страна, ич не ми е лошо тука, да не ме мислите, еве ми стасуваат поздрави од Мк, многу ме мислат луѓево.... Глава боли од многу мислење. Има одбрана екипа, и со таа одбрана екипа може човек да работи од 6 сабајле до 9 вечер, после да отиде и да пие маргарити и да се смее ама да се смее додека не те фане мочалото и да се журка и да си помине најтоп.... И да не се умориш, да се одмориш притоа. Ама ова остатоков, како група апанчиња се бе...... џабе ги буткаш, ги палиш, де таков бензин, де ваков бензин, џаааааааабе, толку им е капацитетот. Не може со апанче по Монт Еверест, е не може....
Ме немаше долго време. Поради оправдани причини. Следна прилика се ќе ви кажам. Убавите работи се случуваат и мило ми е поради тоа. На спомнам дека мајка ми во фирмата кај со работи е унапредена и зема 3000 ден. повеќе јеееееееееееееееееее
СДК дека "Сакам да кажам ..." ми доаѓа како Добра Ноќ,како, какооо започната книга која со секоја свртена страница те примамува да не ја оставиш,нели де... Ќе сретнеш убава мисла, негде некој ќе ти исцрта смајл со пишаното.... А, има мислења каде потполно се пронаоѓам и оние со кои се согласувам а некако не ми одат заедно со "ми се допаѓа" ( ова сега -сакам кажам незнам речам ) ДОБРА ВИ НОЌ (некако хаос ми е главава))
Сакам да кажам дека не останало повеќе ни Ч од човек......разочарана сум до немајкаде....и уште еднаш ми се повтори девизата пази што мислиш тоа ќе ти дојде на глава...не, не што посакуваш туку што или какви мисли имаш...па не е некој несалам да си мисли лошо сам на себе....по еден период поминат без грижи сега пак се чуствувам за нигде,судбина пуста ме дотолче
Иди иди, несанице, да не видим твоје лице... Цела недела по ред, јас око не можам да склопам . Ако заспијам, тоа ќе е или после 6-7, или пак ќе поспијам 2-3 саати, ама во 4 часот обавезно будна сум, не се секирајте. И така денес си одлучив да не спијам воопшто. Леле што будни ќе ми беа овие мислите
Ова е само наше скопје тука ни е се.Како дете цело време си замислував,како кога ке порасанам ке идам некаде во странство,и таму ке градам кариера,па со тек на време ке си ги земам и мојте најблиски,ееееееее камо да беше се така лесно,премногу работи се сменија,целиот живот што го живеев нагло се промени,сепак си реков ке си останам дома во СКОПЈЕ,мојот живот припаѓа на СКОПЈЕ.
СДК, една е мајка, не се вика, не се кара со мајка дури и ко ќе ти се раздери дури ти спиеш за без причина. #storyofmylife. И ај уз пат добро утро.