Вчера се запознавме, денес ми се покани за наредна недела да ми дошла на гости за викенд... Ма ајде бре (каде е смајлито што се крсти) Женскава малку касни со букингот
@JollyGirl ме потсети на една случка со баба ми. Идам јас после работа да ја видам, и влагам она задремала и јас си земав си направив кафе, цигарче и си уживав во дворот. Влагам кај нејзе во соба и ја будам и она се буди таква цела збунета како да не знае каде е и ме прашува колку е саат и гледам на телефон и викам 7 и 45 е. И она уште позбунета ми вика ауууу ама многу рано си дошла и јас уште позбунета од нејзе и кога почна со прашања па како влезе па како ти отворија врата па зарем другите будни се одма сватив дека мисли дека го преспала цел ден и дека 7 и 45 сабајле е. Ај тоа, ама и откако и кажав дека поручек е и дека не го преспала денот на тетка ми и викаше дека вчера била на гости а уствари тој ден била па се убедувавме и се смеевме со нејзе уште цел саат после тоа.
Понекогаш мислам дека во моето тело има две Референтки. Едната мисли со главата Другата има големо и меко срце. Првата ,,цепа,, како и вели мозокот и во најголем дел од случаите правилно постапува Другата вечно е заебана..попустлива...плачка..лигла...дозволува да ја лажат, да ја мафтаат.. Ни без глава можам ни без срце. Животот вечно ќе ме ,,тумба,, угоре-удоле.
Колешке колешке користија главата почестоа срцето само во исклучителни случаеви. Недозволувај да те води срцето ма да знам дека понекогаш е повлијателно. А инаку не си ги оставај двете ни главата ни срцето секогаш да си ги имаш во глава ум во срце љубов позз
План Б, В... Не секогаш првичните планирања се одвиваат во посакувана насока. Само една мала ненајдена препрека на патот може да го успори времето во остварување на животните цели. Проширувањето на границите на разумот кон повеќе алтернативи ја отвора можноста секогаш да имаме резервна опција за да стигнеме до целта. Во ситуациите кога имаме тесна можност за избор, се покажува дека и "доброто" е подобро од подобрата варијанта.
Мислам дека премногу ниско ги допуштивме нашите стандарди, секој ден се пониски и пониски...Не станува збор за машко-женски стандарди, ами за оние поважните, денес случајно расчепкував низ постариот компјутер и налетав на играта Милионер, т.е. кој сака да биде Милионер? Е кој несака де, ама работава е што сум затупил, одвај до прва загарантирана идам а зошто? Епа драги мои тоа се должи на денешните забавно-голеножечки, порнографски емисии со Лила ванила и некој си такви слични на неа...лесни пари, изглупирај се едно 40 минути и освои понекогаш некоја пара... А што му фалеше порано на Милионер со Трендо, баш забавно-едуцирачка програма беше, знаевме главни градови на држави, сире морина, океани, знаевме од се по нешто, а денес на денешниве деца што им даваат...само турцизми, и голи нозе на ТВ, па потоа ако постана манијаци тогаш Цацко е виновен? Под хитно гласам да се укина сите порнографски емисии и да си се воведе онај стариот режим, милионерскиот режим, ама под ХИТНО!!! И што е најбитно не требаше да биде Трендо по танга пицнат па да биде најгледана емисија!
Како на трња седам додека не стигни визата,најцрни сценарија ми се вртат во главата,значи неможи некоја работа кај мене да се истера до крај ако не закочи некаде неможи,пробвам да не се нервирам и да мислам позитивно ама мн.тешко ми оди тоа уфффффффффффффффффф.... Малку ли беше борба и чекање и трпение и собирање на дукументи и фрлање пари на сите страни па сега стигнав до бунар уште од водата неможам да се напијам ексик да фати све преку глава ми дојде све... Друга работа што ме зачуди изминатите денови е оговарањата на луѓето и интересот за мојот живот како ќе течи понатаму и нивните погнози,господе боже сењачана на окупу што да кажам друго... Нивните клише муабети дека нема да се вратам повеќе тука и ќе запоставам све што имам започнато и оставам,бидејќи така правеле сите што заминале нели?можат само у г* да си ги напикат,и подобро би му било да предвидват во нивниот живот што ќе се случи дури тонат или се потонати во страшни го**а,да имбецили јас барем тој проблем го немам,знам што оставам зад себе и за што ќе се борам,знајте нема секој тенденци во животот 20 години да рмба за 30 квадратен стан или една кола во градче метро на метро,и нема тенденци секој да оди во странство,ама секој со својата среќа бе Бишки Мариоски секој со својата среќа то е... И знаете што едвај чекам да ви ги видам фаците кога ќе слушните дека сум стигнала до Академијата за судии и јавни обвинители,затоа што ќе стигнам бе,ќе одам против све и сите за да ги исполнам моите соништа,јас барем имам цел и ќе живеам за да ги исполнам и да бидам среќна а вие гледајтеме како го правам тоа дури седите во двор и јадите лепче со ајвар,гледате турски серии и пијате турско кафе само гледајте ме бичиз ќе имате што да видите...
Ме буди мајка ми, дошла тетка од Свирипичино Леле кога ме виде, ко зема да плаче, па да ме гушка, па да збори леле кутрото мое а јас што и е на оваа Слушната жената дека дека сум се верила ама вереникот ме малтертирал па татко ми ме земал назад па дошла да ме види, да ме жали над црната судбина Офф Господе Божее Па уште и ме прашува како сум го издржала сето тоа, требало многу порано да си дојдам Ќе умрамм Ми се одмили и кафе и доручек и се
Што е убаво чувството кога ќе се пицнам и ќе облечам розево маиче а од слушалки ми трешти iron maiden. А овие цели во црно што се затвараат со џемпери и мартинки во лето пола од нив на слушалки слушаат КАО ХУРЕММММ
Толку ми беше кариерата од студентските денови во Скопјево . Скопјенце, те сакам и се надевам ќе ти дојдам во друго време со диплома, а ти ќе ми понудиш работа од соништата. Добро нека биде седиштето овде, а да ги посетувам Франција , Белгија, Норвешка и сите странцки земјии... До тогаш ти ветуам дека ќе работам на себе.......ЧаоСкопјеЖурим
И јас те сакам и јас се надевам дека ке се вратиш со диплома,ке ти понудам каква сакаш работа .Седи си тука скопје те сака
Не ја презирам мојата работа, напротив, многу ми е флексибилна, имам прекрасни колешки и колеги но и тврдам дека тоа што сега го работам е само привремено. Сакам да пробам нови работи, да искусам нови нешта, да се надградувам како човек. Не се замислувам себеси на истото работно место после неколку години (барем сега засега) Не сакам организмот да ми умре заедно со неостварените желби и соништа. Парите не ми значат, највеќе ми значат соништата и сигурна сум дека во иднина ке го направам правилниот избор за себеси...
Значи на човек колку му е судено толку ќе има. Или пак,кога треба да ги отвори очите,тој ќе ги затвори,па после „толку му било судено“? Ранобудник сум.Велат будала човек и на свадба ќе си најде работа. Вчера вечерта исфрлив преко 30 пластични шишња.Ги ставив покрај ограда-поминуваат овие што собираат стари шишиња,па да не мешаат во кантата,вака подобро ќе ги видат.Ќе ги земат,продадат .....и најверојатно ќе однесат леб дома со парите од продадените шишиња. Утринава,пијам кафе на тераса и гледам поминува еден од луѓето што собираат шишиња.Турка количка,му ѕвони мобилниот,се јавува и додека збори гледа во небо и така „зевајќи“ во облаците ги одминува шишињата. По некое време,идат двајца Роми-најверојатно маж и жена.Она ја турка количката со стари шишиња ,а тој и се развикал и на секој петти чекор ја удира,де по глава,де по рамо.Поминаа и тие,шишињата останаа. Еве сега 13 часот,го пијам второто кафе,пак на тераса.Шишињата сеуште тука. И гледам иде едно девојче-ромче до кај 12 годинки.Ги виде шишињата ,погледна лево-десно,извади 2-3 кеси од торбичето,ги собра шишињата. И така,шишињата отидоа ,а јас се ставив на размислување дали секогаш „гледаме“ кога треба да „гледаме“. Или едноставно замижуваме?
Пет години со фемина..машала,машала,како вчера да беше кога се зачленив Денов убав,а јас среќна Ви праќам поздрав од убавата Тирана
days like this....може деновите како денес да траат цела вечност. Најпрво, супер помина операцијата од мајка му на дечко ми.Имаше потешкотии во дишењето и Словенија се оперираше и таму сите беа една недела. И не бевме баш на скајп или вибер и ми фалеше...Ама ете, вечер ќе појдам со татко ми на 2 дена.Таман да го видам и да ја видиме мајка ми, секако е подобро. Плус, немам возено на подолга реалација.Секогаш Скопје-Битола. Татко ми рече можи ќе ми ја даде неговата кола да возам...леле, пресреќна сум. Со душа чекам да го гушнам
Не сме се виделе 5 дена, премногу ми фали http://m.youtube.com/#/watch?v=tyytsgjNB_U Песнава како за нас да е специјално (уште колава ни фали и таман ) Ден 8 - ми се спие та ми се плаче ја мразам работавааа.... ојдох, вие имајте убав ден
Најмногу на свет мразам НЕПРАВДА и искористување,а токму тоа ми се случува мене ...Значи кога им требаш ејј ќе те разбудат и од сон само да им завршиш некоја работа, ама кога веќе немаат потреба од тебе ќе те поттурнат како да не постоиш, како да не си способен повеќе. Под јазик ми е , ќе пукнам кај и да е и се ќе кажам и така и така секогаш испаѓаш крив..А сето тоа од блиски луѓе да биде уште по жално, абе џабе не рекле подалеку од свој...
ПМС вирус владее Чинам да ве одминам, до вечер сум тука, а потоа се гледаме понеделник. Чинам некаде на кратко.
Големи сини очи, полна уста, бели здрави заби, густа убава коса, и треба да ја сожалуваме и плачеме оти не била апсолутно прекрасна ко фотошопирана и без шминка? Аха, еве се утепав од плачење оти акни имаш. Ти плачи за мене што косава ретка не можам со шминка да ја поправам, или нечиј крив нос, заби, клемпави уши, деформации разни низ лице и тело. Многу моќна порака, многу. Ме трогна. За девојкава од насловна зборам.