Во сабота славам годишница од кога сум се регистрирала на форумов,па можете да наминете на по едно парче торта
Секако дека имаш оставено трага. Само ќе те замолам да ме потсетиш мене, т.е нас новите за твоето револуционерно оставрување на форумов. Дека искрено, многу одамна го читав, уште пред да се зачленам, па тебе никаде не те сретнав. Всушност, ни од блиску не можеш да се споредиш со тие членови, за кои зборуваш а одамна ги нема. Како и да е, драго ми е што ја сфати мојата иронична поента. Ете паметна беше, и разбра каква сум И ајт, биди ми поздравена
Одам да си ја средам собата зш од врмето мислам дека ке умрам се ме боли :'( сакам сонце ми требе сонцеееееее !!!
http://www.youtube.com/watch?v=4Lki_IeM6bQ#t=54 Мислам дека секој коментар е излишен... Вреди да се изгледа Спојлер
Најдобра!!! ...не знам како да кажам дека парите не се најважната работа во светот, туку љубовта. А јас, за среќа или несреќа, сум заљубена во парите. Немој да мислиш дека парите можат да купат и направат се што ќе посакаш, доколку не си спремен да се видиш како правиш се за пари. Секој што ги љуби парите, завршува правејќи буквално се за да ги добие. Живеам за парите, сакам да ги имам сите, а тие што ги имам никогаш нема да бидат доволно. Сакам некој да ме види кога сум најлоша, и сеуште да мисли дека сум најдобра!
На врнежлив ден станав тетка за прв пат. Катја да си жива, здрава и згодна женска, тета те обожава уште сега.
Една недела се немам уклучено на фемина од компјутер. Пукнав Се уклучував два три пати од телефон ама не е тоа тоа Инаку во последниов период сум мноогу зафаната, само трчам ваму таму, или пак ако сум дома учам бидејќи имам испрашувања. И да среќна сум многу, зрачам со позитивна енергија и убаво ми е, ма најубаво Се запишав на курс по германски, во Мај ќе полагам сертификат англиски, а другата година француски. Hallo, Wie geht's? здраво како си- за почеток оди добро со учењето германски. Ќе се побркам некоја ден од волку учење на јазици. Незнам зошто омилено ми е тоа, учење на нов вокабулар. Францускиот и англискиот јазик ги усовршив, сега ќе му се запнам на германски.
Ако некој излезе од твојот живот не излегува и од твоето срце.Некој со кој си имал убави моменти исполнети со среќа и смеа ,засекогаш останува во твоето срце. ...Пријателите се паметат само по убавите спомени.
Ако нешто ме нервира, тогаш тоа е солење на памет, од страна на личност која не е достојна ништо да каже, во врска со случајот. Значи како да кажам. Погледнете се себеси! Аман, никој не е совршен. Ама немате право да зборите за нешто, коешто важи и за вас. Во случајов, фб ми спои некои жички. Моментот кога апсолутно неписмена личност, збори за некоја минимална, глупава, несмасна правописна грешка на другите. А бре погледни се себеси! Ако почнам да ти ги вадам сите правописни грешки, само од твојот профил, толку многу ќе се одолговлечи, што дури ќе влеземе во ЕУ и Нато. Така што, СУС! Не беше ова во смисол, се јави писмената личност. Ама ме нервира кога некој става зачин во туѓа манџа. Зајакот му рекол на магарето, дека има големи уши. Не ми пишал никој ништо, да не излезе дека мене ми солеле памет. Туку доволно е само да прочитам некој статус, што било, за да едноставно ми се спои плусот и минусот во главата. Се прават паметни, а всушност излегуваат многу глупави створења, во туѓи очи. А за жал во нечии очи, како високо интелегентни.
баш сакав за истото да пишам. но не само во статуси и во инбокс провокатираат а незнаат ништо за тебе. така преска ми пиша една и почна да ми пишува за тоа каква сум била јас. Па чекај, погледни се себеси. Незнаеш да кажеш здраво на англиски а мене ќе ми кажуваш. Моите оцени се сите заслужени и ги учам предметите кои ме интересираат. (пр:италијански, англиски, математика, македонски, програмирање). Ти, необразованото девојче кое само брка дечковци ќе ми кажуваш мене. Вау женска. Ти, која плачеш затоа што не сакаш да одиш да си купиш сендвич, на мене ќе ми викаш дека сум плачка или било каква. Па јас само еднаш плачев и тоа во пијана состојба. Барем јас не си ги кубам косите за дечковци или излегувам на пусти места сред ноќ. Незнам девојко како дома седиш на столчето за да се допишуваш.. Срамота! Ете зошто фејбук не треба да постои. Постојат личности кои само таму можат да се искажат, аво живо-глувци.
Ги читам мислењната мои во старата СДК ми навираат солзи во очите. Незнам зошто, ама ете, се било толку поразлично, ама личностите околу мене се истите тие, но сега моето мислење е поразлично за нив.Сменето е...неможам да кажам дали накај добро или лошо но и јас се сменив поради тоа, многу се сменив, нервозна сум (можеби е поради пмс но во состајба сум да убијам некој).Дома, како и секогаш неможам да седам, невладини организации, црвен крст- пхв проектите,драма и многу други активности се оние кои ме исполнуваат овој период, аххх да не се тие позитивни луѓе околу мене, ми се чини во депресија ќе паднам. Школото мислам уште толку ме отепува....Почнав да вежбам, тоа е ново, многу да вежбам, ќе го трансформирам телото за 3 месеци, како што сум 47kg до летото не сакам да ослабнам, само да се затегнам малку, можеби е чудно но кога сум нервозна вежбам, и се губи нервозата.Он, он....ме нервира бе!Ама ако.И нека иде викенд малку да се опуштам
Читам статус „Љубовта и гордоста не одат заедно, од нешто мора да се откажеш“ Гордоста не би ја прегазила за ништо. Тоа ме прави тоа што сум. Тоа ме дефинира како личност. А и како тоа љубовта и гордоста не одат заедно? Зошто да не одат заедно? Убаво е да си заљубен, можеби. Но, да имаш гордост е побитно. Гордоста пред се' А доколку треба да се откажам од љубовта за гордоста, би го направила тоа. Задржете си ги стандардите високо, а со нив и главата и штиклите. Тоа е жена. Жена без гордост не бидува. Мора да е горделива.. а тие и потешко ги добиваат. Тие се за чување.
Ја ишишав косата.Отидоа добри +15 см. Знаев дека нема да се премислам уште кога почнав да размислувам за шишање и да барам слики.Еве ја сега,до раменици,а што е најважно ми стои предобро. Тоа е заслуга на фризерката. Кога седнав на столот си реков,имаш време да станеш и да си одиш,да не плачеш после.Но реков да ризикувам и се исплатеше.Само моментот беше кога на крајот погледнав кон подот и ми се сврте од големиот куп влакна. Сега сум-убава,освежена,променета. Три во едно. Друго,утре патувам за Италија.Нека ми е среќен патот. Ве поздравувам феминки!
Се запрашувам каде ми биле очите? Колку бил убав животот,а јас тоа не сум го приметувала. Сум изгубила скапоцен дел од времето,скапоцен дел од мојата младост. Дел кој никогаш нема да се врати назад. Денови,месеци и години кои ќе останат запишани во минатото. Запишани во некоја историја,во нечии мисли. Нажалост неможе да се врати времето назад,ако би можело ништо не би било како што е. Се би сменила,ама некои работи се случуваат за да извлечеме лекции во животот. За да станеме посилни. Животот продолжува,со какви такви грешки,сепак ќе мораме да си живееме. Толку многу луѓе ме сакале,толку многу луѓе сум имала покрај мене. Дојде и вистинскиот човек,не го барав,сам ме пронајде. Господ ми го прати,како божји дар од ведро небо падна. Овој пат нема ни грешките да ги правам што сум ги правела. И ќе го чувам,како очите во главата ќе го чувам и ќе пазам на него. Ветувам,бидејќи заслужува. А пролетта? Што да кажам за нејзе освен дека е најубавиот период во годината? Чувајте ги најблиските,чувајте ги тие што не дозволуваат да се чуствувате осамено,што никогаш не ве оставаат сами и не ве забораваат,бидејќи тие се вредни за чување. Чувајте се и себеси.
Да ја отворав книгата колку шо го отворам фрижидерот,ќе бев доктор на науки! ’’Како можи да јадиш,а да не си дебела?“ Човече,човек сум ќе јадам,шо ќе правам?Не ќе шлукам со рацете и ете ти Бијонсе облини... ’’Добро бе чоек,ти само јадиш никако да се здебелиш!’’ Брат,повели,бујрум.Паралелно на диета и на јадење,шо сакаш повеќе? Видете вака со Бијонсе по телефон се слушаме и ете вака сум денес елегантно непополнета...Слаба,дебела,шо е важно де?Изгледот брат...абре послаба сум од Анџелина Џоли ако е за така! Важно ако сакам да слабеам уште поооооооовеќе,ќе го отворам кафезот од зоолошката на лавот и ќе се бркаме...ќе го натерам лавот нож во шаката да држи и кога ќе застани да ми речи: Ајде сега ти бркај ме! И таман фифти-фифти. И јас чечкалица и лавот како Накова од Танц со ѕвездите.
Убаво е кога ке добиеш комплимент од личност на која не си се надевала.И со таа личност направиш долги муабети и тогаш сфаќаш дека има некој кој те цени и почитува.
Болката и трагите од минатото неможам да ги заборавам колку и да се трудам да ги потиснувам длабоко во себе,сепак тие се дел од мене. Дел од мојот живот кој што сакам да го избришам и заборавам но никако не ми успева тоа ... Знам дека ќе заборавам само ако почуствувам и слушнам дека личноста што ми го загрози најубавиот дел од мојот живот пати. Го сакав повеќе од се правев се што ќе посакаше за него ,но тој ...ме газеше и влечеше по него како предмет а јас го сакав и понатаму ... Болката,тагата и солзите,времето и годините нема да може да ми ги врати никој .... но јас пак ќе кажам- ако,се е искуство,тоа што те повредува те прави послилен,боли само кога ќе го осетиш на себе,а тоа ми е лекција и ќе знам како да постапувам во иднина. Незнам да мразам и да посакувам лошо на никој,но тоа што го чуствувам кон него е посилно од мене,злото кое ми ја гори душава го имам само кон него ,кон никој друг... Дајбоже некогаш да имаш ќерка и да го почуствуваш тоа што моите родители го почуствуваа некогаш заради тебе,Господ е еден и верувам во него а на таквите како тебе им враќа дупло,верувам во тоа и знам дека е така... Поминаа повеќе години од кошмарот и од неубавите работи ,застанав пак на нозе силна и спремна да заборавам на се и да почнам нов живот. И да успеав,мислев дека несреќата ќе ме прати цел живот но не беше така ,зацртаното го остварив,ненадејно се појави човекот кој ми покажа и докажа што е вистинска љубов,ја вратив насмевката на моето лице и целата моја горчина ја претоври во добрина. Нема ништо поубаво да си добар и среќен човек исполнет со љубов и насмевки,радост и пред се уживање во малите нешта ... Минатото боли но полека и сигурно избледува,кога ги имаш вистинските луѓе до себе се може да се преброди а јас навистина ги имам оние вистинските ,го имам вистинскиот човек со кого сакам да го поминам целиот мој живот и цела моја љубов доживотно да ја посветам на него ... Не дозволувајте минатото да биде секогаш дел од вас ,оставете го колку и да е болно и продолжете да чекорите напред кон иднината заедно со луѓето кои би направиле се за вие да сте среќни ! Ви посакувам добра ноќ на сите
Чекам ред на билетара и пред мене стои еден дедичко. Доаѓа на ред да купува и истиот момент кога продавачката го праша колку билети сака и тој кога рече - Еден, само за мене, мислам дека се преполовив. Се изненадувам од самата себе колку сум станала емотивна. Постојано го мислев цел ден A мислите ми се движеа во премногу насоки за да можам да разграничам дали е за восхит тоа што и покрај се ужива во животот или тоа што беше сам. Несакајќи сето тоа ми се поистоветуваше со непознатата можна иднина за било кого. Така, денов некако ми стана потмурен дури и од времето. Море потмурен ми беше од врнежлив ден во доцна есен, а не само од денешниов ден. Утре веројатно кога ќе излезам од атмосферата во чие масло крчка гадната вистина, веројатно ќе си речам: Е ај после како да не живееш со полна пареа додека си млад... сега засега, ќе си продолжам да се бедирам. Carpe diem!
СДК дека преку глава ми е да се нервирам и плачам со денови. Чувствувам дека треба да напрам големи измени и да .. дека немам храброст за тие измени..