Жалам не успеав да те задржам. Ми недостигаат раширените раце за прегратка на нашето зборно место, како сега да те гледам како идиш према мене, ме боли но што да сторам. Не знам што и да кажам залудно е. Направив само две грешки во жовотот , првата за жал заврши трагично rip. Пријателу не успеа да го поднесиш притисокот, жалам цел живот ќе те носам на совест. Втората грешка ја направив со тебе. И кога ќе видиш првата е од премногу храброст а другата од страв. Јас не знам за средина, тоа е мојот проблем. Се би дал за една прегратка, искрена и со љубов.Сега сватив што е битно во животот. Не биле битни ни пари ни капитал битна била љубовта што јас ја немам. Не можам да сакам, имам се ама залудно. Секогаш сум имал решение за секој проблем, сега немам, не знам како да се справам со ова чуство. Ова не сум јас, не можам да се поднесам. Ех да се разбудам. Или ќе замини еден од нас или не знам. Прв пат во животот немам одговор. Сега немам минато, моето минато се закопа, плачам и ме боли но мораше така, а уште полошо немам иднина. НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ...
Ау, какво мачориште сум си запознала.Големи широки рамења,густо брадиште па, па, па!Па и sleeve tattoos.На двете раце,мајко Божја! Ќе си ц'кнам од мераак, значи.Конечно Февруари и за мене да дојде, хиихихихи. А што требаше само да направам?!Па да си излезам од комфорт зоната, многу нормално.Да се тргнам од местата каде што вообичаено се движам, да се тргнам од луѓето со кои вообичаено сум ииии...Убави нешта ми се случуваат!Нови за мене и помалце чудни ама ги сакам. Вечерва беше...па да речеме многу поучно искуство.Ми требаат почесто вакви вечери. Нозете ме болат од играње, половината ме врти, ма се, се ме боли и не сум спиена доволно,а никогаш побудна не сум била. Дефинитивно, дефинитивно ми требаше нешто што по долго време ќе ме избаци од колосек.
Не ги разбирам луѓево што постојано се жалат нешто Отчекувате да ве сожалуваме? Или мислите дека на секој ваш проблем ние палиме патиките, доаѓаме кај вас дома и ви ги решаваме сите проблеми а вие си седите со скрстени раце #евенезнам
Само од вас зависи како ќе си поминете низ денот, низ месеците, низ животот. Помислувате од сабајле леле пак морам да станам рано, ме чекаат тие и тие обврски, безволно се кревате од кревет и одма тмурно почнал денот или се будите наспани, задоволни и благодарни што имате чест да присуствувате на уште еден спектакуларен феномен - поздравување на новото утро и се чувствувате благословено што имате пред вас неограничен избор како ќе прочекорите низ овој уникатен и еден и единствен ден кој нити бил нити ќе биде пак! А најголемиот извор на среќа и задоволсвто ќе го пронајдете во моментот кога ќе успеете да направите нешто убаво за некој друг, само низ овозможување на среќата на други нашата е вистинска и голема. Па што чекате, прегрнете го тој до вас, дете, сопруг, партнер, јавете и се на мајка ви, на татко ви, помуабетете со бабави или дедо ви, дајте и комплимент на колешката или другарката!!!
Единственото место на кое може секогаш да се потпреме е домот. И додека сите други врски во животот се релативни, онаа со семејството е единствената која никогаш нема да не изневери. Таа е посебна по својата природа во нашиот живот и незаменлива е по јачина. Чувството на припадност некаде и поврзаноста со важните личности е знак дека никаде не е како во сопствениот дом.
Отκаκо станав ρодител појасно ми станува зошто мама не саκала да јаде гумени и сладолед, зошто после пρоба на облеκи по дуќани често велеше па не ми се бендисаа баш, а сеκогаш и се бендисуваше нешто само за нас децата, зошто тато одел на ρабота со точаκ велејκи деκа му е супеρ ρеκρеација, сеκогаш велел јадете вие, и сл. ситници κои ρодителите ги пρават и дуρи си дете ти е најноρмално, а κога ќе си ρодител и самиот ти е уште појасно!
ЈАС така, ЈАС вака, ЈАС ова, ЈАС она... ЈАС, ЈАС, ЈАС! Од вакви саможивни луѓе нема полошо и болна сум цела недела после средбата со нив! А колку само поспособни има од вас таквите кои што стриктно зборувате во прво лице еднина, ама ете...тие молчат, делуваат и успесите зборуваат за нив, а не нивните големи усти!
Живеј за тоа што ќе биде утре, а не за тоа што било вчера. Прекинете да се враќате кон минатото што и да направите,минатото си останува само минато. Имајте убав исполнет ден со среќа и радост И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ-СКОПЈЕ ВЕ САКА
Па да, вреди да се проба и да се даде шанса. Како ќе испадне сето ова не знам, се надевам добро.Оваа вечер ќе ми ја реши мистеријата и хаосот во главата.Сеее надевам ќе напишам добри вести на форумов..
Не е лесно да имаш куќа над глава , ама па нема поубаво нешто кога си сам на свое и кога можеш да уживаш кога сакаш без никој да ти смета Генералката низ дома обично е во недела ама јас мојата овојпат ја подместив во сабота Си се разбудив наспиена и расположена за работа па си викам : а зошто па да не Ручек готов, средено се на свое место, завртев 2 перални чиста постелнина,прашината е фатена и од најнедофатливите места И затоа се исклучувам уште од сега до понеделник од секаква домаќинска работа и јас сум човек и јас треба да одмарам и да уживам Имајте убав викенд и еднаш сум ви кажала ама пак ќе ви кажам : дајте си самите на себе одмор,време има за секоја работа. Уживајте барем ден два во неделата без никакви замарања. Јас оваа си го научив од тета, нека ми е жива и здрава
Убаво е да слушнеш дека некого си сменил на подобро, лично ти, со твојата љубов и разбирање. А и нема поубаво чувство од тоа жената да се чувствува најсакана и најсреќна поради еден маж, кој прави се за неа и таа една насмевка која ќе му ја подари.
Радоста е голема,не голема огромна ееееееееее,го дознавме полот на бебенцето,ќе си имам ВНУКА, да ми бидат здрави и живи тие душички најсакани на Тетичка,има време до раѓањето,ама сакав да ја споделам со вас оваа убава вест досега сум најдобрата Тетка на свет за едно Внуче,се надевам ќе ме бидува да се снајдам во улогата Тетка на 2 анѓели мили несебично ќе ги сакам и двајцата,и нема да дозволам да осетат никаква разлика
Годинава нема одмор, нема да има средба со тиркизното море... Тоа е, мора да се жртвува нешто, нема се во животов. Барем во мојот. Ќе се помирам некако, инаку може само некоја депресија да ме мавне. Вие што ќе одите на одмор џитнете се по еднаш за мене.
Кој како сака нека свати ама јас никогаш не би дозволила куче/маче да го лижи моето дете по лицето, ниту пак да игра со него, да спие со него или додека јаде да трча наоколу.. нема шанси
Ona koga vleguvas vo butik so detska obleka a deteto e so tebe I prasuvas dali ima toa I toa I prodavackata te prasuva: -"Za kogo?" Za mene!! Da ne go nosis so sebe I taka taka, ke te prasa za kolku godini, ama em e so tebe I te prasuva za kogo Ova ni se sluci denes koga bevme jas majkami I sestrami.
Само што се разминав со една муслиманка.Опкелено со марама веројатно одеше кон џамијата.Претпоставувам дека мусилиманите го слават Рамазан .Никогаш не сум чувствувала различна затоа што сум православна христијанка и имам бела кожа.Според мене сите луѓе се исти.Среќна сум што израснав во вакво маало.Маало полно со луѓе со различни религии.Жал ми е што муслиманите честопати се сметани како терористи.Точно дека не ги оправдувам џихадистите,но сепак сметам дека сите муслимани не се такви.Сум била и во ситуации во кои сум слушнала муслиман да вели дека јаде свинско и дека не го почитува тоа право.Во себе си велев (и сеуште си велам) „Со кој памет го велиш тоа ?“.Јас си ја почитувам мојата религија но никогаш не сум ги понижувала луѓето кои се со различна од мојата.На крај сите сме луѓе од месо и коски.Секако дека сите немаме исти размислувања и ставови,но секогаш сум ги почитувала и туѓите ставови.Прееска бев сведок нешто до сега невидено.ДА ЈА НАВРЕДУВАМ СОПСТВЕНАТА МАЈКА.Јас мојата мајка секогаш сум ја гледала како нешто најскапоцено на овој свет. Таа ми го подарила најголемото богатство-животот,а јас да се однесувам кон неа како ѓубре.Да и велам преку телефон ДОСТА МОРИ ШУШУМИГО,ТЕБЕ ЛИ ЌЕ ТЕ СЛУШАМ итн.Секогаш сум ја слушала мајка ми,не велам дека сум најсовршеното дете на светов но сепак ја сакам најмногу на цел свет.Таа,брат ми и татко ми ми се најважното во животот.Многу ретко мајка ми можам да ја изнервирам,но еднаш ми има кажано:Јас на своето дете не можам да му се лутам,тоа е исто како цвеќе без вода.До следно видување девојки
Девојки! Некако успеав да се најавам пак после подолг период. Не знам што се случува на форумов, гледам многу промени. Само сакав да напишам неколку реда, да ве поздравам сите. Не знам колку има од членовите кои беа активни тогаш кога пишував по некој збор и јас. Како и да е, многу ми е мило што сум тука пак и сакам да ви посакам убава саботна вечер. Се надевам дека ќе бидам поактивна. Сигурно ќе бидам поактивна. Ми недостигавте. Среќна сум.
Спојлер Додека бдеев на тераса над самата себе видов ѕвезда како паѓа...не стигнав да си посакам желба... гледав во небото со очи полни солзи....таа ѕвезда ме потсети на мене и на мојот животот кој така за еден миг се урна, годините така ми пропаднаа, угодувајки им на другите, исполнувајки им желби, засмејувајки ги во тешки мигови само за да заборават на болката....бесцелно потрошени години и солзи на погрешни личности , им подарував пријателство , љубов, а добив навреди, болка, исмејување.... останаа само лузни длабоко сокриени но сепак видливи по студениот пропаднат лик, празен поглед и сивото мое лице, штета нив ниту шминка не ги покрива ... се прашувам зарем не заслужувам да бидам среќна, зарем не заслужувам да бидам сакана но одговор немам ниту јас ниту било кој знае за ова проклетство низ кое досега сум поминала и што сеуште го доживувам.... нема крај на моите страдања, паѓам во безмилоста на злобни и расипани луѓе ...