СДК среќа што постои форумов,па се релаксирам при оваа досада и жешко време.Ахх а колку би сакала да сум сега на некое море,плажа..некоја добра книга до мене и ладен коктел..мхмх.Ама ај ќе си почекам до Август.Боље икад него никад.
Ти сосема си ја утнала пораката. Не е исповед за да се знае дека тој е кретен, туку за другите жени кои поминуваат низ истото да се охрабрат и да се спасат од пеколот. Можеби не сите жени се толку јаки и храбри како тебе, има жени кои подлегнуваат под волјата на мажот и им треба поддршка и инспирација, да видат дека некоја друга која се нашла во истата ситуација нашла сила, па можат и тие да го направат истото.
Најмногу ме мачи периодот пред добивање, додека да пробие ЈАС СУМ НАЈПАМЕТНА. Така да запамтите АБЕ ЈАС СУМ ВО ПРАВО, ТОЧКА! А после 2-3 дена ОЛЕСНУВАЊЕ.
Деновиве колку трудници видов незнам ни јас Се радувам кога ќе видам бремена жена со стомаченце големо,па фатена рака за рака со љубениот ,насмеани,заљубени аххх убавини во истиот момент триста филма ми се вртат во глава Нека Господ на сите им ги наполни рацете со дечиња,сеуште не сум почуствувала на себе но можам да замислам колку голема радост е
^^^ Oк, тaкa некa биде, сaмo не знaев декa требa нa нет стaтијa дa прoчитaш зa дa се инспирирaш дa си зaминеш. Рaзбирaм јaс жени вo лoши ситуaции нa кoи не им е леснo дa си зaминaт пoрaди немaње хрaбрoст, aмa aкo oвaa имa мудa дa стaви сликa oд себе нa нет зa цел свет дa јa види, чистo се сoмневaм декa oд немoќ и стрaв oстaнaлa вo брaк.
Тоа е . Градот во кој другите знаат повеќе за тебе од самиот себе. Не очекував ништо повеќе нит поразлично. Се држам зафатена, па се трудам да не ми смета. Ајт на медитација право.
О Боже, истото ми се случува и на мене. Кога треба да се бара подарок за некого, буквално се опседнувам и само шетам во потрага по идеалното нешто. А после тоа, најголем мерак ми е да земам и сама да го запакувам, наместо да го ставам во обична украсна ќеса. Кулминација ми е кога подарокот ќе му се допадне на оној кому му го давам. А дали спомнав дека сакам да подарувам и без повод? Многу! Инаку, нешто друго СДК. Интересно е како секојдневни работи може да ве натераат да мислите на глупости. На пример, благодарение на една секојдневна обврска, си смислив гатанка за истата: Што е тоа, се мачиш околу него 2 часа, а го снемува за 15 минути? Епа јадење, драги мои. Како и да е, обожавам да готвам, без разлика колку време ми треба и дали надвор е +40 или -20 (добро, на ладно поубаво ми доаѓа, да не се лажеме ). А огромен комплимент ми е кога целото ќе се изеде со сласт!
И јас сама пакувам @Lady Phoenix , мислам дека нема потреба да пишувам дека за мене, подарокот не е комплетиран без убаво да го завиткам и без рачно изработена картичка испишана со интересен фонт. Обожавам да „вежбам“ нови фонтови, си имам специјална тетратка само за оваа намена, целата со чкртаници во секаков облик.
СДК по нозете имам шљивки од комарци не знам како им успеа да ме искасаат толку многу дури биле креативни па уметнички ги распоредиле убодите 100% комарциве биле од машки пол, женкари инаку што не ме каснале по рацете туку по нозете .
Туристичката агенција со која бевме договорени за утре да одиме на одмор во грција го откажаа аранжманот поради ситуацијата во грција не можеа претходните денови да кажат што е променето од пре две недели во грција и така ништо од одморот за сега
Како растат децата чудо едно ако до пред една година играше во калта, сега преку еден ден е излезена со другарки шетаат, се собираат разговараат, па музика, па сок, за кафе мали биле па ги слушам ги виделе симпатиите воздивнуваат, живеат во облаци... Ахх деца деца..
I feel good. Na na na na na Јуху, си купив карта, успешно ја чекирав после многу малтретирања, уплатив смештај, се договорив, и почнувам да се спремам. Од сабота ќе ве читам од плажа и шетајќи ја Барселона. Периодов не ми беше нешто добар, но знам како да си ја исполнам душичката. На мајка ми и е шубе, одам сама, не знам никој, ама голема сум, доста беше зависење од други луѓе, очекувања, надевања дека ќе се исполни нешто. Сама си се организирам, сама си планирам, за два дена си најдов и сместување и лет, си резервирав, си договорив. Мирна глава. Сега е на ред пакување, пребарувања кај да шетам, на која плажа да одам, каде да одам на шопинг и во кои барови да јадам Прехепи сум си, и мило ми е што конечно си собрав храброст да почнам нова книга, се надевам со помалку разочарувања, а повеќе авантури и бескрајно долги моменти.
кјукли од секогаш сум го поскаувала тоа но никогаш до сега не сум имала храброст да го сторам тоа..ама ај кога те прочитав тебе можеби и јас ке направам така ама следната год здравје...најдобро сама да се одмориш да размилиш и др ...убав помин
Секогаш слушам и читам, луѓето велат дека имаат некои пријатели со кои колку време и да не стапиле во контакт, кога ќе се видат, зборуваат со нив како никогаш да не се разделиле. Си викав, како е можно, збор да не си кажат толку време, а сепак да им оди толку добро муабетот. Сè додека не сфатив дека и јас имам две такви другарки, а не сум забележала. Со едната сме семејни пријатели, понекогаш одиме до некој град од земјава, а некогаш и на подолг одмор некаде во соседните држави. Многу ретко се допишуваме по социјалниве мрежи, ама затоа кога ќе се сретнеме се однесуваме како цел живот да сме биле најдобри другарки. Најубавите спомени од животот ги имам со неа. Не сме се виделе од лани летото, штета. Кога ги гледам сликите и видеата што ги снимавме по цели денови, ептен ми фали и сакам да се вратам назад во времето, токму на тоа место, токму во тоа време... Другата ми е другарка од училиште, која пред неколку години се пресели во странство. Си доаѓа летото и за Нова година и иако не контактираме останатиот дел од годината, кога ќе се врати продолжуваме каде што сме застанале, како никогаш да не сме се разделиле. Шатаме низ градот, правиме глупости, не спиеме до доцните часови и се смееме онака здраво за цел живот. Е па таа вечерва се враќа, и едвај чекам да ја видам, и да продолжиме каде што застанавме зимата, да шетаме, да се смееме, да уживаме, без да мислиме дека ни е кратко времето, да го живееме секој миг. Едвај чекам.
Ретко имам лош ден. Денес имав лош ден. Се благодарение на личности кои имале/имаат лош живот. И напредната технологија има свој бенефит во сечиј живот. Пример смартфоните, ако не повлечеш добро за слушалката да се спушти другата страна има да слушне секакви пикантерии кои не би требало инаку да стигнат до нејзино уво. На пример ( ах шамар на кармата баш вчера престанав да верувам во лицемерие ) пред малку тоа го направи моја, па сега не и толку добра колешка. Жално само со неа си се имавме на работа. Ѕвонела кај мене и секако ме смета за дел од оние луѓе кои не ги преслушуваат пораките од Вип секретарка. Се правдаше кај маж за тоа како ги загубила новите чевлички за син и. Вели јас сум била скроз сјодена со умот, сум ја деконцетрирала со моите покани за дружба ( невер хепенд ) и сигурно сум ги фрлила, само прашањето е каде, оти тоа е ѓубрето. Ненормална ова она, и на крај рече, дека ако бил стариот шеф досега три пати ќе сум била казнета на плата. Ама толерантни биле овие. Се тоа оти можно било дека утре ќе ја пречекаат неизмиени финџали од денес што пиела кафе. Не ме повреди голем дел од ова. Сто пати нагалсив дека судоперка не сум. Ненормална сум. Чевлите ги заборави оти таа е сјодена со умот, ја прогонував и и напоменував да ги прибере во шкафот ама неа и беа побитни трач муабетите со другата колешка, и на крајот на денот откако не се појави да ги земе јас уредно ги ставив на видно место за утре да ги најде. Болна работа бе. Болна работа.
Како да дознаеш дали некој е луд...Не не ти треба триста документишта од "стручно лице", патем и тие се со поблага форма на лудило, вистинските луди живеат меѓу нас...За да ги дознаеш треба само едноставно да позборуваш два-три збора со нив, ако зборуваат за себе во трето лице,имате добитник... И да ќе заборавев и тие што се полу голи на фб само за да се лајкни страната, само тоа сакале...
Ona koga ke te pogodi 'Zal za Despina' vo srce (koe btw eci od kaj komsiite), vreme e da si legnam...Preumorna sum za takvi misli
Денес заедно требаше да печеме риба со бело вино, ко секоја година. Да ја поставиме масата, и додека ги чекаме блиските, пропратно да си мезиме кикиритки, по обичај со чаша пиво. И уште една година помина, а ти не си тука. Мислам те. Пречесто. Деновиве особено. Недостасуваш многу. Мислам на тебе кришум, за да не ги растажувам останатите. Проклет да е денот кога замина. Проклето нека е се! Боли ко првиот ден. Пече во градиве. Очиве те бараат во секој! А денес требаше да го славиме твојот именден..
Ја читам веста за колата забиеа во излог на улица васил ѓоргов и го гледам телото покриено со бел чаршав,на девојката која била усмртена на лице место. Можеби сум кажала на фоумов,а можеби не ,без да бидам оквалификувана како некаков си опозиционерски мислител.. Увозот на стар автомобили не требаше да се дозволи,погледнете ја таблицата на колата,тоа е кола од увоз. Не смееше да се дзволаат возачки дозволи за деца со навршени 16 год. Се претворвме во Албанија ред 10години.Кога падна Хоџа им дзволија увоз на автомобили и тие го донесоа ѓубрето од Европа.Ако до вчера возеа стар фиат,сега возат мерцедес,и петаат по патиштата мислејќи дека се јаки фраера,а на ској чекор гинат. ЖАЛНО Е КОЛКУ ЖВОТ ЗГАСНААСАМО ВАА ГОДНА ЗАРАДИ НЕСОВЕСН ВОЗАЧИ.