Ич не ми се кука, ич не ми се плука по луѓе ... Не ми се вреѓа , не ми се збори дека е досадно и дека животот е гаден.. Не дека нема зошто,ама од тоа аир не видов. Некако уста не ми се отвара за негативности бе, ама ич!. Шо ти праве работа на себе, не можам да се препознаам. Животе убав, фала за изминатиот период... иако беше никаков, потребен ми беше. Да сфатам некои работи и да се спознаам. Инаку никогаш немаше да почнам да патувам духовно , а да не зборувам за исходот од тоа пфффффф....се регенерирам брееее Не само алое вера на кожа шо мачкам , ами и одвнатре сум нова.Само нааааааапред !
Убаво е да си среќен а уште поубаво другите да ги правиш среќни. Убаво е да сакаш но уште поубаво е кога си сакан од вистинската личност Нема поубаво нешто од искрена насмевка и безусловна љубов. Обидете се да го најдете најдоброто за вас,сите ние заслужуваме убав живот
Мојот нов Господин,се покажува стартно љубоморен,и гледам сака да ме одделува од другарките,е па нема да можи такаоколу 2 недели сме заедно и нема право на тоа,може утре ќе се скараме ,а без другарки не ми се останува,плус може да се направи баланс за се и сешто,ама оди тоа докажи го
Неколку месеци се лажам себеси и одбивам да си признаам одредени работи.. Ама... Ете денес нека е денот. Денес нека е денот кога ќе признаам дека веќе не му сум „прекрасната“... Веќе не му сум принцезата... Изгледа како цела љубов што ја имаше за мене така да испари... Се поминува. Дали има посилна вистина...? Ме боли душата и срцето и умот и телото. Знам дека нема да е крај на свет, само ќе биде крај на мојот свет, нашиот... Нека ми е Бог на помош.
Сакам кога мирот ми го нарушува само некој досаден бумбар додека пијам кафе на тераса. Се радувам на кригла вода со коцки мраз. Ме исполнува кога единствена караница дома ни е кој да влезе прв да се бања. Ме прави среќна трапавоста негова кога сака да ме направи среќна. И самите не сме свесни,колку ситниците не' прават среќни. Ми недостасувавте. Добра ви ноќ.
Добро што не добив срцев удар толку доцна. В крај музика на лаптоп, слушалките на уши си слушам, скокам, фрлам перници и одеднаш до врата забележав човек и срцето низ нос ќе ми излеташе...мислиш сите спијат ама не, брат ми ми застанал и 5 мин си ме гледал и ми викал полека демек да го слушнам...е како ќе те слушанам душата ми ја извади, скокнав, од петици ме извади идиотче.... прво вака ми заличи, нормално во 3 сабајле ко ќе правиш муабети на фб за најакиот хорор што си го гледала...па во 3.30 пушташ в крај музика а не гледаш околу тебе што се дешава Ајде сеа по бајачки ќе одам....
Само што заврши Interstellar; го гледав по не знам кој пат, но овој пат со сестра ми. Некои работи требаше да ѝ ги дообјаснам, но тоа воопшто не ми претставуваше проблем. Со оглед на тоа дека го имам гледано преку 5 пати, сакав да ѝ го доловам истото чувство кое јас го почувствував првиот пат. Многу ми е мило што сестра ми го разбра филмот и што ѝ се допадна. А сега, за крај: Do not go gentle into that good night, Old age should burn and rave at close of day; Rage, rage against the dying of the light. Лека ноќ
Во вакви денови пеколни и лепливи, посакуувам да имам една вила со базен и зеленило наоколу.Да викнам друштво, да направам коктели, да сервирам овошје и сладоледи, да пуштам нешто во латино ритам и да не носи атмосферата.Многу сакам да бидам домаќин на забави...обожавам да сервирам и да готвам за гости, да гледам како сите се насладуваат и уживаат.Јас сум ти хедонист и не се срамам од тоа, сакам да уживам во се што ми се нуди и материјално и духовно... Веројатно досега ви е јасно дека ги сакам сите годишни времиња, ама летово почнувам сериозно да го мразам, веројатно зошто најчесто немам пари за море, градот ни е топол, мртов и неинтересен...не учам, не работам...по цел ден ми е само книги, серија, готвење, некое излегување ваму таму...Летото треба да го дефинираат одмори, вода, сонце, плажи, забави и авантури...кај мене ништо од тоа.Ќе си се крчкам јас до есента, таа ми е сосем фина и по мерка. И еве ја вилата, ајде во некое наследство нека ми падне.
колку се лугево себични и пишав на една девојка што мајка и е психолог и тоа многу добар-се знаеме од основно ама бевме други класови не сме се дружеле а таа е медицинско лице за на кафе и дадов број оти незнам како да ги решам проблемите дома таа ме избришала чекај бе жено ПОМОШ ми треба незнам доволно психологија ако не сакаш да помогнеш пиши ми не сакам да ти помогнам извини ама немам 2-3000 денари за сеанса кај мајка ти толку да си нечовек како не ти е жал
па што има веза дали е за услуга или не мене тоа не ми преттавува проблем ,,,некој и со години да не сум го видела ако ми пише за услуга зошто да не му помогнам ...ама сите сме различнии
Па и јас би те избришала и дефинитивно не би направила услуга на некоја што го немам видено 10 години и ми пишува само кога му треба нешто. Плус тоа и е работа на жената, добива плата, сигурно нема да оди и наоколу на сите да им помага. Да побараш нешто за кое човек е платен, да го направи бесплатно за тебе, посебно ако тој човек не ти е близок, е непочитување на неговата работа.
Од што изедов толку многу диња во последниве неколку дена, страв ме фаќа да не ми порасне една во стомак. Шала на страна, повелете сите на лубеница, зошто диња веќе нема! Спојлер For those of you who wonder, јас лубеница сечам вака Уживајте! 
Ми едитирале пост во темине за секс. Не се лутам, крива сум. Навистина не е убаво на некој да му речеш дека треба да се отепа Их, што сум злобна денес, ама си стојам на истото се‘ уште
Утре пак ќе се видам со Цирих, ми фалеше Лани во октомври се договорив со другарка дека до годинава во октомври ќе посетиме 5 различни градови во странски држави. Јас моето веќе го исполнив. Патувања ме прават среќна, се потсетувам дека ништо не е трајно и дека во секој момент можам едноставно да заминам. Ми треба тоа потсетување понекогаш, затоа што заборавам дека не сум врзана за едно место. А не чувствувам дека припаѓам само тука. Не е за мене живот да бидам заглавена на едно место, да немам со што да го споредам мојот комфор. Порадо би спиела во евтин мотел во некоја метропола, отколку во луксузен хотел на прв крак на Халкидики. И второто е океј, се додека не стане рутина. Ме плашат рутини, сакам возбуда, не сакам да се претворам во личност што го чита Коелјо додека пие апчиња за слабеење и вриштечки деца со прекумерна тежина и се качуваат на глава. Ако имам деца, сакам заедно да цртаме со мрсни боички и да ги учам како да собираат дропки. Сакам да израснат во самостојни зрели луѓе, без предрасуди и стереотипи. Затоа што ако јас, или било кој што јас сум го воспитала, стане барем пола од тажните лица што ги гледам наоколу, ќе биде мојот најголем неуспех во животот.
Веројатно многупати сте се нашле во ситуација кога сте сакале насобраниот животен материјал да го претворите во расказ со непознат жанр и да и го пренесете на вашата наводно најдобра пријателка за да споделите моменти кои ве притискаат како тежок тег на душата. Размислете уште еднаш... Дали би сакале да се доверите или да си ставите невидлива лента на устата со неограничена употреба со која ќе имате можност да му дадете поголема брзина на умот пред јазикот. Ќе ја користите по сопствена волја каде и кога треба за да не дозволите сами да ги прелеете зборовите. Никој нема да ја забележи, а вие ќе ја совладате нејзината функција. Се што ќе премолчите ќе му дадете вредност која може да има бројни предности и така ќе научите да се контролирате. Со време ќе развиете вештина и ќе стекнете особини кои ќе ве направат посебични и дистанцирани, ама ќе сфатите дека повеќе задоволства ќе зачувате за себе. Ќе увидите дека повеќе ќе уживате во секој момент што ви е само во вашето сеќавање. Останете мистериозни и интригантни. Малку по малку, чекор по чекор, ќе разбудите поголемо интересирање за вас. Непознатото е предизвик за љубопитни прашања. Молчењето ќе ви помогне да ги изострите сопствените инстинкти. Ако сакате да имате целосна контрола над ситуацијата, научете да ја контролирате насоката на комуникацијата. Молчењето е злато, дури и ако не верувате. Помалку зборови, поголем успех. Потрудете се за да се уверите.