Тоа е лошо. Само победата над стравот ќе ни ги донесе промените во животот. Be the change you want to see in the world.
Последниве неколку вечери не си легнувам дур не испијам шолја чај. Ме стоплува, а истовремено ме смирува и опушта. Прв пат во животов се откажав и оставив на судбината да решава. Или евентуално на другите. Доволно се трудев околу некои работи и мислам дека редно е да ги оставам така како што се. Па дали ќе се помрднат од местото или ќе останат каде што моментално се, не зависи од мене, а не ме ни интересира. Предолго време ги форсирав работите, и покрај сите напори ништо не се смени. Најдобро е вака. Да не чувствуваш, да не се замараш, да не си го тупиш мозокот со разни стратегии и филмови... Оставам времето да реши. Инаку, периодов ми е преисполнет, така што немам многу време за размислување. А и тоа малку време што ми остана, од утре го пополнувам со читање на веќе започната книга, која пред извесно време ја зачитав и ја баталив од непознати причини.
^^Јас да можев да најдам копче каде што пишува off, и за момент да се изгаснам, психички да се одморам. Периодов паралелно со сите фрки што ми се случуваат навечер пред спиење си правам некои филмови и сценарија во мојава глава. Магистратура, тези, ментори, бирократија, одење на скапани интервјуа за работа и во меѓувреме се трудам да најдам подарок за мајка ми за роденден. Незнам дали сум само јас, ама кога сум најуморна и кога сакам САМО ДА СПИЈАМ мозоков ми работи 300 на саат. Изминатава недела сум само со неколку часа спиена. Незнам ни самата како функционирам. Пореметен ми е цел биоритам, топлово време ми го поремети притисокот. Се осекам исцрпено, главоболките не ми поминуваат. Неможам да се сконцентрирам како што треба. Се осеќам како total walking disaster.
Сакам да кажам дека никако не можам да најдам златна средина. Или сум среќна и летам во облаци или сум нервозна и се` ме нервира па си барам издувен вентил.. него тоа не ми беше поентата. Јас кога сум расположена сум една личност и тогаш можам буквално се да направам за другите и притоа си одам наоколу и им цртам насмевки, дали сакале или не тоа е нивни проблем. ..арно ама кога сум повредена и бесна и незадоволна, се претворам во нешто многу ладнокрвно и лутината тешко ми мине, а колку само си ја мразам таа особина која порано ја немав. Дечко ми честопати знае да ми рече како луто пиперче си понекогаш, ем болиш, ем даваш апетит за уште. Денес додека чепкав низ стари слики од луди журки ме удри како гром од ведро небо дека јас не сум истата личност како тогаш, постегната сум, позатворена и сето тоа поради некоја монотонија која ми има завладеано со животов. Си викам СТОП! Ама овојпат стварно стоп. Зошто да е така? Крај краева ние ако не си го направиме убав животот и ако не се потрудиме околу тоа, никој друг нема да го направи истото за нас. Наместо за секоја ситница да преувеличуваме, повеќе да обрнеме внимание на позитивните работи кои ги добиваме од животот. Тоа го научив по караниците што ги имав со блиска особа во последно, во кои иако не бев во право јас упорно водев инает затоа што ете.. ништо не ми беше погодено, после некои сознанија кои од корен ми го сменија животот и перцепцијата за некои работи. Но, тоа не е причина да застанеш и да си ја удираш главата од ѕид.. ѕидот нема да се помрдне, а ти остануваш со скршена глава. Пак си зијан. Затоа решив да ја пуштам малку душичкава и да си го повратам она хедонистичкото во себе. Ќе се разгалам, заслужувам. А за да се уверам дека стварно почнувам со тоа што си го зацртав.. ми се пријадоа компири како на сликата во спојлер и решив дека иако саатот оди накај 4 по полноќ.. да си ги направам! (се печат моментално) Нека започне уживањето! :geek: Спојлер Првпат ги правам, се надевам ќе ги погодам. Бујрум!
Сакам да кажам и воедно да го напишам мојот последен пост на овој форум. Тука сум уште од времето кога бев незрело дете загубено во светот со измешани ставови и исвртени реалности. Со нула самодоверба. Местово ми беше бегство од реалноста,такоречи. Се карав,се контрев се сложував,учев... Фемина ми беше втор дом и место на кое запознав многу,МНОГУ талентирани и добри луѓе со кои и ден денес сум во контакт. Форумот засекогаш ќе биде едно од местата кои на некој начин ми помогнале да созреам побрзо и да научам да дебатирам. Да можам полесно да пресудам што е добро а што не е. И најважното,да почитувам туѓо мислење. И затоа ви благодарам на сите кои на некој начин сте му помогнале на збунет адолесцент на женски форум да стане...помалку збунет за степен-два.
Велат човек се познава каков е по тоа какви пријатели има.Мене не ми се битно дали моите пријатели имат некој горен слој во опшеството и слични предрасуди. Јас ги прифаќам и со нивните мани,никој не е совршен.Не им судам и не очекувам многу.Секогаш се трудам да бидам што е повеќе присутна без многу прашања. Себичен о оној кој не дозволува да го отвори срцето пред пријател и кој што сака само да биде слушан без да слуша.Тоа би требало да е взаемно.Но за жал има некои што очекуваат многу без да дадат. Денес е денот кога судбината повторно ќе ни дозволи да муабетиме со часови,да се смееме за глупости,да плачиме без да се осетиме осудени...денес е денот... Едвај чекам! Btw па јас сум имала 1 роденден на фемина,сега гледам Не ми се верува за човек како мене што воопшто не ги конташе форумите,се задржа толку долго на едно виртуелно место.Можеби затоа што сте прекрасни или затоа што имам повеќе слободно време па го губам било дека...се ми се чини дека е првото
Денес не ми се допаѓа ништо. Не ми се допаѓа начинот и причината поради која се разбудив. Очекував ѕвончето да ми донесе друг човек. Човекот да ми донесе други вести. Ама.. Не ми се допаѓа времето. Тажно ми е небото. Како да ги притиска емоциите и само да го чека моментот кога веќе нема да може да издржи и ќе почне да плаче. И ќе плаче цел ден. Не ми се допаѓа мојот одраз во огледало. Не ми се допаѓа начинот на кој ми е наместена косата, не ми се допаѓаат очиве, уморни се, свенати. Пробав да се насмеам. Не ми се допаѓаше ни насмевката. Можеби дека вештачка и со сила, којзнае. Не ми се допаѓа тоа што се поистоветувам со небото. Тоа што и јас чувствувам тежина, но не смеам да пуштам солза. Или не сакам, не знам, мислам дека доста беше. Некогаш и ми се чини дека сама си паѓам на сопствените замки. Умот е страшна работа, ако не знаеш да го контролираш. Ми се чини и дека само една секунда невнимание ќе ме врати пак на почеток, кој ете повторно ме носи до стадуим на она „што сега?“ “не пак, до кога?“ што проклето ме нервира. Не ми се допаѓа тоа што нема кој да ми одговори на овие прашања, а толку ми се важни.. Важно се` поминува. И небото ќе се исплаче, можеби и јас ќе попуштам до крајот на денов, нервно или емотивно не знам, ќе видиме. А можеби и целава оваа ситуација ќе добие неочекуван пресврт, па денот ќе се разведри, ќе ми се развлече насмевка низ лицево, ќе ми засјајаат очите.. и ќе речам: „Е, ова веќе, ми се допаѓа“. Останете ми добри.
Чуството кога во 7:30 одиш до најблискиот маркет, за да купиш паста за заби. Вчера вечерта ја потрошив пастата, ама мислев дека имаме уште една во шкафчето каде што чуваме потребни производи за лична хигиена, ама на мене не ми текна да пороверам. Станувам во 7, ми текна дека ја потрошив пастата и отворам шкафчето и гледам нема паста, 15 мин барав и немаше. И ми текна дека маркетот што е 2-3 мин од мојата зграда во 7:30 се отвара и влегувам прва муштерика и земам паста и овие на каса ми викаат, девојче не те мрзеше во 7 ипол да дојдеш за една паста. Јас им одговарам и викам, не, не ме мрзеше, а уствари како ми се спиеше. Па ај измив заби и тргнав на училиште, ама бруки бев цела поспана сум отишла за една паста, единствена во маркетот, ама што да правам морав паста да купам, тато сакаше да оди, ама викам јас ќе идам да одберам некоја убава. Битно завршив работа, сега само можам да се смеам. Супер ден денес, само 3 часа имав, а требаше 7, ама цело школо не ослободија, некој состанок / совет наставнички имаа. Си дојдов, си легнав и сега одморена, расположена, распеана, разиграна сум, ахам да и скоро 3кг сум ослабена без 300 грама, се трудам неделава во име на диетата, да не правам гревови, ко изминатата недела. Си земав еден роман што одамна го имав на ум, па сега ќе го читам. Што на ум, то на друм. Ај бидете ми поздравени.
Дојде ненадејно, тивко ја отвори вратата, без никаков шум.. се свртев од страв без да знам дека некој навистина влегол, но не видов ништо. Се скрил позади големите ѕидини. Наеднаш слушнав тивок шепот: „Јас сум новиот сопственик на ова место..“. Се свртев повторно, зачудено гледав во него. Си реков „зар е можно?“. Се борев, се борев со себе си, одев против себе си за да го истерам од тоа место. Но, беше залудно. Шепотејќи секојдневно навлегуваше се повеќе. Сфаќав дека навистина тој е новиот сопственик. Љубомора, гнев, љубов, тага, среќа, измешани чувства. Измешан ум. Го гледам, го обзема целото место, немам начин и немам сила да се борам против него. Колку повеќе обиди, толку помалку сила. Бегам, бегам подалеку од него и наеднаш пред мене повторно се појавува. Се враќам назад, излегува од секаде. Се откажав. Негово е. Тој е виновникот на моите зачудени погледи, на моите лажни насмевки. Паѓам. Ја има сета моќ и сета власт над мене и над местото. Не’ контролира само тој. Се прашувате што е тоа на кое тој е сопственик? Тоа е моето срце. „Зошто? Зошто го зема? Зошто кога не знаеш да го чуваш? Убаво беше и кога немаше никој!“. Молчеше и не ми даваше никаков одговор. Ме гледаше и ме замајуваше со неговите прекрасни очи. Ми се насмевнуваше и ме привлекуваше многу повеќе. Целосно ме зароби. Насекаде тој. Тој е сопственикот.. Новиот сопственик. Откажување. „Твое е, земи го.“, тивко изустив. Тоа беа последните сили. Се препуштив на чувствата.. се препуштив на него.
Си читам некои мисли објавени на форумов во форма на статуси на фејсбук. Постирани од ликови кои не ги ни познавам, ама биле фатени на радар од моиве пријатели. Одвреме навреме во инбокс ми стигнуваат линкови од објавените статуси - последен беше оној со Ескимите Ми биле крадени идеи и мисли уште од времето кога имав piczo блог. Иритирачки е кога гледате како некој презема туѓи дела и бесрамно прифаќа комплименти на своја сметка. Секогаш ќе ми пречи тоа, без разлика дали се работи за мое дело. А најстрашно ми е кога ќе видам како некој копира туѓи стихови. Е тоа... тоа е како да крадете парче од нечија душа. Тоа треба во закон да се предвиди како кривично дело.
Јас употребувам некои од нив. Нешто поконкретно те интересира за моите внатрешни чувства и планови во иднина додека ја конструирам реченицата или онака само сакаше да пишеш нешто? Или пак да не ти се доближувам за да не ми ја удриш главата од ѕид? 1во и основно, има разлика меѓу абе и абре / бе и бре . Овие вториве се навредливи, ама првите не. 2ро: стил на изразување не може да биде за да се привлече нечие внимание, ако некој употребува еднаш - можеби, ма да не знам што тука има посебно за да се привлече внимание, освен нели кога му се обраќаш на некој и поентата е тоа. 3то: Еве ти поконкретно какви зборови се, зашто гледам видно си заинтересирана: http://www.makedonski.info/search/бе 4то: Што ти е со заканиве?! Така да не те учеа тебе во прво одделение?
Луѓето станаа толку многу ладни едни кон други, што кога ќе ги касне комарец, тој веднаш добива пневмонија(воспаление на белите дробови). Си лежам дома и боледувам на раат,боледувам од најубавата болест се вика Фантазија. И додека обилно ги користам услугите на најголемиот цивилизациски пронајдок познат во турскиот аеробик под терминот кревет , упатувам долги и глупави погледи низ замаглениот прозорец кон остатоците на моето маало, и размислувам?! Какво е времето кога некој слон ќе седне на вашиот автомобил? - Време е да си купите нов автомобил! Какво е времето кога нашите интелегентни глави ќе ги заседнат нашиве политичари? Крајно време е да сфатиме дека ние живееме во држава во која владеат луѓе кои го достигнале зенитот на својата суета: Тие луѓе се убедени дека линијата што го раздвојува нивниот газ е почетен меридијан на планетарниот систем!
Навистина сакам повеќе да не ми доаѓа во соништата. Искрено, сакам да се одморам малку кога ќе заспијам. Фала.
Мојата храброст е преголема,некогаш ми го менува многу животот кон полошо. Можеби не е тоа што сум премногу храбра туку тоа што сум единствената храбра,да се спротистави на лошото. Сфатив и колку сум изменета.Која бев пред некое време,која сум сега.Многу подобра,да речам и попаметна личност.Многу поискусна и на тој начин ги научив повеќето од лекциите на животот.Сега сум посилна од било кога.Можам да чекорам со насмевка од увце до увце,но овој пат искрена,од срце.Среќна сум што сум личноста која сакав да бидам.Но немаше да успеам да немав надеж,немаше да успеам доколку не се соочував,немаше да успеам доколку не ја прифатев лошата вистина.И таа лоша вистина ме потикна да продолжам...и ете успеав,ја прифаќам вистината но овојпат со гордост и полно срце. Го продолжувам животот со полна пареа.
Авторски права,де. Па,и треба,но тоа што се злоупотребувани и објавувани како да се од некое друго лице,друга работа. Интересно ми беше тоа со Cka и со нејзиното мислење за гаќите и книгите кога било напишано дека е од Игор Џамбазов. Cka доколку го читаш ова сега,да си побараш тоа што е твое. Инаку,си го сакам временцево. Неодредено е.Ни сончево,ни врне. Ни пролет,ни зима. Како мене.
Не ми се верува какви чудовишта на светов постојат... Сигурно ја знаете Барбара. Барбара Попович, нашата претставничка на детска евровизија. Таа во исто школо со мене е, сум ви спомнувала... Во нашето школо, има девојче со посебни потреби. Денес, Барбара почнала да и се дере на неа, а конкуренција и била Пеглата. (така ја викаат) Замислете, да се дере некој на детенце со посебни потреби, тоа детенце да биде нарекувано „грев“! Барбара тоа го правеше. Искомплексирана, вообразена, и уште на мало детенце со посебни потреби да се дере, да го навредува. А, Пеглата уште се осмелила да и влепи шамар... штета што јас таму не бев...
Колку се само перверзни децата од нашата генерација. Девојчињата дозволуваат поголеми машки да ги „допираат“(онака, малку посилно) насекаде. А машките пак ги манијачат и разгледуваат сите, до последното девојче. И секој збор мораат да го „превртат“ и да го претворат во нешто перверзо... Ме прашува дали може да му ја дадам мојата тетратка за да препише, јас му велам „Добро, еве сега ќе ти дадам“ а овој ми вели „Аха, фала“ и се смее како ненормален.
Какви сме навистина покажуваме во моментите кога мислиме дека никој не нè гледа. Тогаш излегува она вистинското, она што го прикриваме кога мислиме дека некој нè набљудува, па правиме претстава од себеси.