Прво искуство јадранско...Сума сумарум - нова животна лекција. Не знам како и зошто ама ова патување ме научи да уживам во малите моменти, што претходно не го умеев.Што се однесува до морето, ми се допадна, прекрасен редок тиркиз! Тиркизот е симбол на оптимизам, среќа и ведрина и Јадрансково море баш на тоа и ме асоцира...Убавини земски..ил привидни...ма појма неам! Песочни плажи, пина колада, сонце, сол у уста, познанства, олабавени црногорци - супер домаќини, Moritz Eis сладолед, клубови...(преполни со турбофолк , ама се најде и нешто нормално ), Стариот град - рај во мало...остаток од римското владеење и стил на Балканот...поплочени тесни патеки, кафулиња со свеќички навечер....романтики... Будва и јас - роман.А летото пишува страници...
Највеќе мразам кога нудите помош а потоа дволично се смеете. Колку само сте бесчувствителни. Ќе ве прашам на вас кога ќе ви изреагира некој така дали ќе се смеете.
Многу многу не слушам по македонските медиуми за најголемиот настан во историјата на вселенските истражувања. Имено за првпат на 14 јули 2015 година поркај џуџестата планета Плутон ќе прелета сателитот New Horizons и ќе испрати фотографии од него. Досега имавме само многу матни слики кои едвај успеа да ги направи вселенскиот телескоп Хабл.
Денес не знам колку бело вино испивме со другарките,ахам да,почнавме после 14 ч со ручекот,другарка ми беше сама и спреми убаво јадење,добро муабетче,и многуу винце,после неколку саати се префрливме кај мене,и пак со чаши вино во раце си седевме,а прозорците ширум отворени и си влегоаа колку да сакаш комарци,е па на здравје нека им е вечерата вечерва,имаат што да јадат од мене п.с моите не ме виделе одамна поднапиена,и не си легнаа дур не заминат другарките,е па ексик веќе,не сум мала де да се пијанчам,ми беше уствари ни беше убаво на душичката и си пиевме во граница на нормалата,а спомнав некаде дека имав многууу досадувања и лутења од типчето мое се запнал да ме раздели со другарките ,ама нема да може
Сакам да кажам дека ова лето мене дефинитивно не ми оди со работата. Бев пробно на едно место 2 дена- се продаде. Прашав на уште илјада. Од две места ќе ми се јавуваа- не се случи. Утре ете пак ќе одам на разговор.. Ми се смачи! Пола лето помина јас пари немам ич зачувано и ако не почнам да работам под итноооо ќе морам да се збогувам од одморот оваа година, а не можам да опишам колку ми треба очајно морално неизбежно оти во спротивно ќе полудам и ќе убијам некој или самата себе.(не сум сериозна за убивањето) Фак дис кантри.
Зошто сите во мојава околина се хомофоби? Како навредувањето на геј личностите да стана мода и нешто што сите го прават.. Во последниве 2-3 месеци сум дошла до контакт со многу различни кругови на луѓе и тоа е една од најчестите теми за која се зборува. Зошто не можат едноставно да се фокусираат на нивните животи, а не да се замараат со останатите? Што е толку важно кој со кого спие? Се дури луѓето се среќни и не прават нешто лошо што влијае на вашите животи ОСТАВЕТЕ ГИ НАМИРА!
СДК и на крај сепак така е, треба конечно да одлучиме како ќе гледаме на животот и на кого ќе дозволиме да управува со нас..Добро утро на сите Оскар Вајлд - мудра мисла
^^ @Elissa , вистинита мудрост која може да се применува во секојдневието и кај секого, и во пракса.Само и само ако дозволиме на вистинската страна од разумот непомешан со психотични, депресивни и деконструктивни мисли да владее имаме резултиран успех. Морав да ја искоментирам мислава, периодов баш на тоа се фокусирам и го варам тоа. Добро утро, и зграпчете го денот.
Какви луѓе сте вие кога постојано нешто дофрлате и укажувате на туѓите недостатоци ? Колку многу си поправена! Дебела! А што ти се тие црвени линии по нозете?! Алооо јас сум мајка,МАЈКА!!! Пред 3 месеци на свет донесов мало бебенце.Цели 9 месеци телото се ширело.Не може одма да бидам шланг,слаба како што бев и да тие црвени линии по нозете се стрии ако викате дека незнаете што се тоа.Ете уште си стојат и не избледуваат и зошто јас постојано морам да ви објаснувам,кога се правите дека не разбирате. Гледајте си го својот живот и грижете се за себе а другите оставете ги знаат и сами да си ги средат работите.Пријатно!!
Жалосно е колку некои луѓе немаат свој живот, па мора да најдат нечиј друг и да го набљудуваат и пратат во чекор. Место да си уживаат во својот, да се радуваат на секој нов ден, на тоа што денот им го носи, да си ја гледаат својата работа ... На некој начин тоа е и комплимент. Им се допаѓа се ваше, вашиот живот, вашиот начин на живеење,токму затоа и се замараат, но сепак не треба да подлегнуваат на ниска самодоверба и како болни константно да се замараат со туѓи животи. Кога ќе им се посочи ова, веднаш реагираат бурно и ќе негираат. Не никако не го прават тоа, само ја следат секоја ваша слика на социјалните мрежи,се препукуваат и коментираат што сте постирале, а што не. Со нетрпение чекаат да дојдат во муабет со некој за вашиот живот и ред други мизерни работи. Бидете свои, имајте свое сопствено јас и пред се бидете благодарни за се што ви е дадено и сакајте го тоа.Не гледајте со завидни очи кон другиот. Имајте убав ден. Надвор нема сонце денес, но одлично е за спиење и одмарање.
Секој пат кога ке видам насмеани лица без разлика на нивната возраст се радувам премногу се радувам,на моменти ке размислам кој знае каква мака си имаат овие луѓе но сепак се насмеани,насмеани се затоа што не се откажале од својата насмевка,е таквите ми даваат сила за да идам напред и да ги остварам сите мои сонови.Затоа да не се предаваме никогаш колку и да е тоа тешко,да гледаме за иднината и да се бориме за нејзе. Имајте убав ден СКОПЈЕ СЕКОГАШ ВЕ САКА
Значи кога ќе видам на порталиве со големи букви 8 кг ЗА 8 ДЕНА, ми се Значи ако одам на одмор на 9 август ич да не се мачам од сега да си правам рестрикции во храна...на 1-ви да почнам и ОП на 9-ти ќе бидам згодна
Како што е ред, петочки со првото ветре, после две недели слаб сон Лилит се разбуди со затнат нос, главоболка, грлоболка и све по ред, да не речам ебана се разбуди!!! Добро бе викенд иде, како можев? Ми оди да се расчукам сама себе. Ама убаво им викам на луѓево дека алергична сум на оние гадовите што живеат во климите. Ги премолив на работа да ги исчистат, последнава недела како почнавме да ги пуштаме се затнав целата.
Ладно, ептен си се чувам, си се наоблеков од глава до пети, си сварив чај со лимон и раат. Мирна глава.
СДК ... денеска и немам што да кажам. И не сакам да кажам. И да има и да сакам, џабе ќе биде да кажам. Ајт да не ви расипувам ден, имајте позитивен, исполнет и свој ден
Стави го човек во некаква гужва, метеж или посебно во ситуација што подразбира чекање на ред, и види му ја културата на однесување...
^ Како стареам се повеќе имам став за оние кои те оставаат да чекаш, од поединци до институции, повеќе зборува за нивната култура и организација. Има и таков тип на луѓе кои секако реагираат бурно и да нема гужва, едноставно дошол со намера да се кара.
Луѓе што ќе направат да те заболи устата од смеење и да не можеш да се прибереш некое време се my favorite kind of people.