Луѓе знаете што???дома суммм.плачам јас.плачат и моите.овој пат од среќа.година сонував за овој момент.на крај дојде.
сакам да кажам дека ми е многу мака што не пробав хамбургер од таа толку прочуена 'седмица' во Скопје. Ама многу ми е мака.
Среќен да ти е роденденот. Многу здравје, среќа, љубов и по некоја пара да те следат. Голема да растиш. ❤
Чувството кога му пишуваш на некому нешто сериозно во поетски стил и згрешаваш неколку букви а притоа е пратено. Зини земјо, голни ме.
Човек со позитивна енергија и насмевка на лицето е убав човек, без разлика каков нос има, каква уста, какви уши. Човек кој е намќор и шири негативна енергија е грд човек. Човек не се оценува како убав или грд по изгледот туку по однесувањето. А за изгледот, сите сме различни секој си има своја убавина.
Некогаш е токму така... Не судете за денот ако застранил од убавината на своето темпо... Некогаш вреди да одмавнете со погледот и да се занемари првиот впечаток... Некогаш доволно е само длабоко да воздивнете и да не размислувате на ништо некоја минута. Тишината не е само чудна, умее да биде и прекрасна кога има што да ни раскаже. Токму таа може да ни го направи денот голем и неочекувано да се појави некој и нешто во нашиот свет. Неочекуваните нешта и убавите моменти како бајка се појавуваат на следната празна страница. Испишуваат редови што ни ја спасуваат надежта и ни го осветлуваат егото. Животот не секогаш ни го дава она што го сакаме, но секогаш ќе ни го даде тоа што ни одговара најмногу во моментот. Посегнувањето по искуството е пресудно за да знаете што да правите со тоа.
Кога почнав да работам во цвеќара, односно јас само пакувам и декорирам . Па почнав да правам и цветни венчиња за коса. Е тогаш ептен сакав да направам венчиња за моминска вечер. Вчера кога добив порака бев пресреќна ! Едвај чекав да станам и еднај чекав да дојде утре! Сега само ми фали една чаша кафе да се напијам и да почнам да ги правам !!
Сакам да немам обврски..Така очајнички ми се бега на некои месец дена некаде далеку.Бек ин риалити, кај ќе идеш заглавена си у Скопјево Барби, со твоиве обврски нема одмор, нема лето ... Идам на винце и тестенини негде денес.И ќе се праам дека неам 1000 материјали кои ме чекаат дома за бубање и уште толку некои си документи од пракса за пополнување.. Sunday mood
Синоќа ми се споија жичките во главата,еднаш во годината то се случва ама за мене е доволно оти некој треба да ме чува...Се изжуркав ама јако,целото лошо што имаше останато во мене мислам сега го истресе алкохолот и музиката сите бевме расположени супер си поминавме,штета што имав заборавено толку години уназад дека треба да се забавуваш и што се имав запоставено...И штета што се лепат на мене само женети мажи,и само некој bad boys имам магнет во мене за комплицирање на живот... Да ве поздравам со синоќешното хитче
Борбата за живот и тешките моменти често нè запираат колку и да сме блиску до целта. Но, никогаш не се откажувајте. Имајте убав ден,сакајте за да бидете сакани
Ех животе драмо. Ме додава некој арап на фејсбук и го одбивам нормално. Ми пишува братучед сум ти, а го гледам црна арапина човече, па и рокер...и тоа кликам, позната ѕвезда таму. Пфффф хахаха братучед!!! Овој мене братучед? Поминуваат неколку дена пак... Им кажувам по дома... и мајка ми ги ококорува очите и ми вика - па братучед ти е ма!!! Каков братучед жено божја, гламја црн со онакво на главата. Абе братучед ти е!!! Се возбуди женава, дур се смири, покажи ми го да го видам...па тоа восклил на возбуда и среќа... Прича на векот, ама кој да ти знае дека некоја си моја тетка се омажила во Eмиратите... и имам втори братучеди арапи... Мислам дека го раскрстивме она со пустините сега за сега. Ако ви треба дефиниција за фамилија тарана, слободно давајте ја за пример мојава. Туку сите се згазија од смеење за 2 фарби палете јастук гратис. Мене сепак ми боде очи фактот - како тоа гратис јастук за купени две фарби??? И ова мора да го додадам како мука... Мелита отиде на 10 одмори, а јас уште на ниеден. Другарка ми доби упала на слепо црево... па и капарот ни го задржаа во агенција. Абе среќичка сум!!!
Да си се надополнам покусо да не останатм...Синоќа влетав на пусти Широк сокак од немај каде требаше да се помини да се стигни до кафичот каде што бев тргнала бе,и со светлосна брзина бам,погледот ми закочи на едно детиште,мажиште незнам како да го наречам за момент здивот ми го одзеде мајко мила каков став каков поглед,малку бев поднапиена ама за момент ми се причина како само јас и тој да сме таму и никој друг како да не постоеше,тоа ли беше ОНА ЧУСТВО?Сум заборавила,долго време ми се немаше случено вакво нешто,дури и се подзавртив да го пригледам а богами и тој,празничко беше корзото па претпоставувам дека има манато фокус на мојот задник,не е битно...ИИИИИИИ ќе се враќав назад во кафичот да одма кај него(што ти прави пусти алкохол)ама ај уште една пијчка ај уште една песна сега попослем не ојдов,ама битно убо си се журкав бе.А женчиња мои незнајте каква сум ако страшно ми падни некој во очи,му нема спас на чоекот вервајте...И еве човекот не ми изглева и денес од глава бе што ми стана Па кај беше овај до сега бе? Уствари кај бев јас глупата не излезено 100 месеци? Ќе биди мој нека не се занесва. Крст Ќао
Како си ми? Обично прашање, а толку некоја магична моќ има тоа МИ, на крајот. Се чувствуваш како стварно да му значиш на тој што те прашува, како стварно да си важна....толку мило звучи, толку нежно...за момент те прави да не си тажна, за момент те прави како да си битна..... Е токму тие другари да си ги чувате. Тие другари што и без да им кажеш дека нешто не е во ред со тебе, тие сами приметуваат. Секој ден те прашуваат како си МИ? Не те забораваат кога ќе фатат девојка/дечко. Не те бараат само од корист. Не се жалат само тие, ти оставаат простор и ти да кажеш нешто..... те сослушуваат. Не те бараат само кога им требаш. Не ти е срам пред нив да кажеш дека немаш пари. Не ти љубоморат на успесите, не се ситат на загубите. И за крај ..... НЕ ПОСТОЈАТ.