Животот е чуден. Една мала грешка и веднаш се ќе се промени, од корен. Треба да знаеш да изиграш правилно а чувствата не смеат да бидат во игра цело време, можат и да ја уништат работата. Не ми замерувајте, вака денес се чувствувам. Инаку во глобала океј е, се држам, исполнувам планови и се држам до ветеното дека нема да дозволам некој повторно да ме сјебе. То е то.
Една од работите на Bucket List за годинава и што си ја исполнив ми беше да ја посетам Виена Се воодушевив, не сакав да заминам, сакав бескрајно да талкам по улиците и по замоците да гледам опуштени луѓе како тивко си пијат кафе и разговараат. Ме воодушеви музиката, толку многу што на сите улични изведувачи им застанував и обавезно им фрлав паричка Град кој ми влева некоја енергија посебна, ме инспирира и буди!! Дефинитивно сакам зимно време да ја посетам, велат дека е помагична
се нaпрaвив пaметнa и купив некoе си aрaпскo-мексикaнскo кaфе. И еве мoментaлнo гo пијaм нaјгрдoтo кaфе дo сегa. Амa пaк oд другa стрaнa, не ми е кривo, никaгaш не ми билo кривo кoгa нaрaчувaм некaкви невooбичaени јaдењa/пијaлoци... никaд се не знa нa штo мoжеш дa нaлетaш . убaв ден људи. . вaшa М, п.с. @Daleron , . Ич не ги врти. Убaвo дa си пoминеш
За да стигне до срцето на една жена, мажот најпрво мора да го искористи своето. Имајте убав понеделник и убава работна недела СКОПЈЕ ВЕ САКА,СЕКАДЕ И СЕКОГАШ
Многу сум разочарана од дечко ми... Не можам да поверувам дека е способен толку ладнокрвно да лаже и како тоа толку лесно и природно го прави...
Денес се чувствувам баш продуктивно.Си ги наполнив изминативе 2 недели батериите на море, се разлепшав, потемнев абе грчка божица станав. И ПМС-от го истерав без претерувања, само 2 порции сутлијаш...И така, уредно си станав утрово во 8 домаќински, се извежбав, па си дозволив една долга купка после вежбање, ви викам бе се разлепшав (циганката уште е жива ) . Се скоцкав и си отидов на состанокот што го закажавме вчера. Завршивме релативно брзо, така е во животот кога имаш бар една жена што те разбира, соулмејт. Комплиментиве ме опијанеа, им викам, не сум тоа јас тоа е мојата нова Шаума ( читај:море) . Шала на страна жени, утре ми пристигнуваат Французите, дочек им спремам, манифестации се крчкат, сценарија, прошетки со нив по локалитети, аква парк, џоигирање наутро...а ја се осеќам ко од марс падната, ама 2 недели одмор си го чинат своето. Дојдов само да се пофалам колку бев вредна денес, после состанокот успеав и ручек да направам и садови да измијам...и кафе со другарка си договорив. Одам да здивнам, утре треба да парлам Француски со мадам.
Има неколку работи во последниве неколку недели за кои многу се израдував! Прво,мајка ми се вработи. Понапорно е на ова работно место бидејќи цел ден е на нозе,но барем платата е добра. Ем од дома ќе излезе малце,да не и' е досадно,ем ќе си зема плата. Мами,со среќа нека ти е,што побрзо да си ја земеш првата плата! Втора работа се свадбите. Едната беше од мојата полу-сестра,земени си беа уште лани тие,но прославата одлучија да биде оваа година,а другата беше од некои роднини кои прв пат ги гледам,ама нема врска .И замислете,свадбите во ист ден се погодија,од сестра ми беше денска свадба,другата ноќна.Окапав цел ден на штикли,о-ка-пав,ниту балетанки ниту патики сменив,оти од фустанот ништо немаше да остане,само ќе се сопнував. Останав дама до крај со штиклите. Друг проблем беше косата. Ја испогорев,лом ја направив. Бидејќи многу рано требаше да станеме за првата свадба,во друг град требаше да одиме,немав ни закажано на фризер,па сама туткав,правев и пак на крај се распадна,ама нема врска,не е толку важна косата колку самата веселба на свадбата. Денот беше многу напорен,а и ноќта пред свадбите не можев никако да се наспијам,ем од возбуда ем од жешкото. Едвај го чекав утрото сестра ми да ја видам. Свaдби обично не сакам од причина што не сакам многу гужви(тек на оро кога се фаќаат, па не се знае кој на каде оди и се туркаат,е тоа ме нервира), но морам да признаам дека најубав дел од цела свадба ми е првиот танц на младите. Милина кога ги гледам така да танцуваат заедно на омилената песна,не го симнуваат погледот еден од друг... На првиот танц од свадбата на сестра ми солзи на очи од среќа ми надојдоа. Ех,што да правам кога и двата пара на свадбите беа толку убави,а јас пак емотивна... Им посакувам вечна љубов и среќа,цел живот да се насмеани и весели исто како што беа и на денот на нивните свадби!
Знам дека живееме во време кога треба да се однесуваш ненормално за да бидеш нормален и не треба да се двоиш од другите за да не бидеш црна овца. Знам дека многу вредности се изместени. Ама, кажи ми, кој сака во близина човек кој шири негативна енергија? Нормално, никој. Јас сум си насмеана, со позитивна енергија, а дали таму некој мисли дека треба да изгледам без емоции и да се смеам на не знам колку минути ич не ми е гајле.
Што Ви фаќа умот да одите да купите млеко,леб,јогурт в продавница и ви даваат фискална сметак.И?фискалната се проверува на каса или евентуално по пат и кусурот исто....е неможи ова само кај нас го има некој да си оди дома да се врати другиот ден и да речи не бе јас нејќев млеко сосила ми го даде и ми врати 200денари помалку.....Господе помагај.....несалам луѓе....ќе се отрујам
Back to the reality Не сум јас тип за летен одмор, ама ми бара душичкава понекогаш и моренце Ако треба и сто пати на ден ќе појдам на плажа и ќе си се вратам назад ама да седнам да се сончам и да горам, само тоа не, а кога си со родители, штачеш, не ми се слуша мрчење секоја можна прилика.. Среќа-несреќа, уште вториот ден ми дојде тетката со црвено ауди и така фино лепо 2 дена поминав без плажа, под клима, шуќур што ја имаше, ќе си пукнев од саклети без неа. Вака ко ќе размислам подобро и не беше толку лошо, водата-убава, чиста, тиркизна ама сонцето жеже жеже и тако то..Како и секој одмор помина низ прсти, не како седум дена, како седум секунди да беа.. Со цела фамилија од цела Македонија ќе се сретнеш таму а овде не доаѓа предвид такво нешто, и да сакаш нема да ги најдеш тука, пола од "сограѓаните" таму, абре радости Јас вака изрод да бидам секогаш, поубаво си поминав во автобусот, климата дува, внатре камен ладно, двајца лепотани спроти моето седиште, едниот колку мене ќе да беше, си се измеркавме, си се изнагледавме и сега никако да го најдам, барем на слика да го гледам, ако дознае детето дека цел божји ден манијачам по фејзбуков друг пат нема да му текне да оди со автобус на одмор од вакви ко мене,од убо поубо, ама мамино галениче Се правев јас малку наудрена демек не го гледам,ово оно, ама На неколку пати си се фативме кај што си се ѕвериме.. Брат му имал 25 години, исти беа, тоа очите а него а брат му го гледаш,мајка им не ги остави на раат, бацни го, гушни го, фати го за раче, под раче, ко бебиња ги третираше, ептен смешна и грда глетка. Тој едниот што го бендисав уста не отвори, стварно си беше ко бебе. И да, едвај чекав да ни ги земат и поделат пасошите за да му слушнам име и презиме, убаво е со автобус кога патуваш на сите им слушаш имиња и презимиња и после манијачиш На крајот името сигурно го запаметив ама презимето бе,незнам дали беше така, а па со брат му различни презимиња имаа и сега, ако го најдам едниот ќе го најдам и овај што ми треба, а многу сакам да го најдам Сепак, надежда последна умира, не се откажувам .
Моментот кога ќе си ја извадиш првата плата у живот од банкомат е живи радости. Мислам дека засекогаш би можела да живеам тука, не ми се верува до толку се да ми е по мерак, од цимери, колеги, шефови, клима, излегувања, шетања и се друго. Само не сакам што времево минува премногу брзо, мислам дека депресија ќе ме фати кога ќе си дојдам дома. Се обидувам да не мислам на тоа. Омилено нешто ми е откривање на нови тесни улички со триаголни покриви на куќи, преполни со зеленило и цвеќиња. Јас вака со слободен ден на располагање, па да шкртнам нешто колку да не ме заборавите.
Имам нов точак , со корпа.... Шеширот на глава и ич не ми чуееее.... Е таков ми е левелот, плус имам фризура и кога ми е средена косата и кога не ми е . Не викам "Нек пукну душмани", оти како и да ги немам ... толку сум пуна себи , не ги ни осеќам . Животе, песна си ми
Ова е таа кога се спремаш за на одмор. Овој е тој циркус што сакаш се да понесеш. Иии најубаво од тоа нема.
Неспиена..еден куп обврски, bad mood.Абе да се сокријам така у еден ќош и не ме пипајте работава.Луѓе по одмори, јас демек неам време за одмор годинава, еден куп обврски и решив ќе се жртвувам летово, домче ќе си седам.Депресија левел 1000.Море, плажа, ситен песок..not found..едино нешо пред мене е телефонов од кој ви се жалам моментално, вака, сабајлечки.. и да, на позадина си имам слика од плажа, која иронија.. И ко увек ајде да им избегаме на обрските. Вечер идам во кино.Бар на 2 саати мозок на пасење да пуштам. Шта речи а не заплакати ?
Јас какво кралско лето би требало да имам (ама баш!), а се замарам тука со глупости (мислам глупости у наводници). И ако може драги роднини и пријатели сите да останете здрави на некое време, оти јас ќе се онездравам веќе од грижи за вас, ок? Да се опоравам па терајте како мислите. Да се наспијам како човек, а не до пола сум будна и размишљам за вашето здравје и се тревожам, заспав со болка у желудник од грижи. Жими се, негрижа за своето здравје е себичност. Као јас се секирам за другите, за себе мање више, децата да ми се добри и после...децата, внуците ќе умираат од грижи, па да, тоа е тој процес. Еве како потресена сум!!! А после ваков содржаен момент - здравје, како и секоја жена да се заблагодарам на универзумот за една тривијална ствар - фала ти што немам куси нозе во однос на пропорциите на телото. Све, све ама жена со куси нозе... брат пер, не! E сега си можел и подобро да одиграш за други работи, ама како викаме тогаш - абе да сум здрава и жива, па и не мора еве да имам помал задник наречен гз, ама добро, ај него нека го. Добро и жени со многу долги нозе чии струк почнува од под мишки...и тоа не е финко. Другар ми вика - абе сите сме убави на свој начин, ама нечии начини се некако поубави #хехе #deep
Глупо е кога родителите ќе го споменат онај аргумент, "еее кај ја најде па таа е од село!" . Ги жалам децата кои имаат такви родители, притиснати од нив и тие постануваат бледа копија не знаеќи го фактот дека секој од нас потакнува од некое такво место, можеби не ние но нашите пра дедовци и дедовци, па затоа немојте да делите личности според тоа... И можеби Тоше и ја открил тајната, па и затоа имаше опеано "ех да можам да се заљубам во мала селанка на росна ледина, небесно висока, надолу да не догледувам..." . Да но што е со нашите животи ? Можеби и тоа е најдоброто нешто што може да ни се случи во нашите монотони гратски животи, убав ви ден...