Периодов сум многу одлучна што просто позитивно се изненадив Прекрасно ми е, иако имам период на мали избувнувања ама брзо ми поминува лутината. Не знам , ко препородена сум. Нека не поминуваат овие моменти брзо како викендот. Нема место за нови плачки, од сега само ќе зрачам од позитива.
СДК, почнува се полека преку онаквото да ми иди. Прајш а знајш дека е за џабе ама имаш онака малце надеж, си викаш шо знајш? Можи ќе тргни работата. И пробваш, прајш, местиш, токмиш, сечиш, лепиш. Да, се оди на поарно и си даваш поќе надеж, а знајш дека на еден начин за џабе е и е*аго боли.
Candid напишала bucket list и ми текна дека никогаш сериозно не сум направил еден. Добро, може и сум правел како помлад, ама кој да памти до сега, треба тоа да се апдејтира. My bucket list, date july 14, двеиљадиипетнаеста. 1. Да се изнервирам дека немам пари за авион и да морам со сопствен хеликоптер да одам до својот апартман на Малдивите. 2. Да ги частам сите вработени по две недели Ол-инклузив одмор во... шо знам... не далеку да не не ми се вратат, во Дубаи на пример. 3. Да направам толку добра организација за Нова Година, што сите деца до 5 години на новогодишната вечер ќе добијат поклон од Дедо Мраз, ама тој лично да им дојде на спиење и да им шепне „пссст, не кажувај на никого дека си ме видел“. 4. Да закупам цела дискотека една сабота вечер и во нејзе да ги викнам сите симпатии, неостварени љубови и бивши љубови на сите што ги знам, сум ги читал на форум, на Твитер, на работа, секаде... и да се пие гага до сабајле и сите од овие вториве да имаат резервирано соба во најблискиот хотел до дискотеката и да им делам клучеви во текот на вечерта. 5. Да направам една Зоолошка градина with the size of Студеничани. Да има од бубашваби, до диносауруси. На оние места кај што треба да има крави, кози и слични ствари, да има знак „иди кај баба ти у село, не биди мутав“, а на терариумот за бубашваби да пишува Welcome to hell. Специјален оддел, with the size of Батинци, за кучиња скитници, мачки бездомнички и слично. И нормално џиновски аквариум, земја од 2 милиона ебан делфин нема у нејзе. 6. Да направам џиновска кино сала, стадион и сала за indoor спортови во Шуто Оризари. Ќе ги видите подоцна благодетите од тие насмеани фаци. 7. Да се пензионирам без чувство на неисполнетост и тага. 8. Да частам гитара, усна хармоника и шише рум тројца бездомници во Њу Орлеанс кои за возвратат ќе седат со мене на пристаниште цела вечер и ќе свират блуз. 9. Да запловам со стара јахта низ Мексиканскиот Залив кон Насау, источно од Бахамите, облечен во сино бела маичка и бела капа на главата, во позадина да свири колекција кубански џез чија касета ќе ја најдам заборавена во некоја фиока под палубата и само да замислувам за убавината на залезот до крајот на животот. 10. Да напишам проштални писма до сите луѓе кои сум ги познавал и ми биле мили барем во еден момент од животот. На најмилите и би им напишал на крајот „Не бев совршен, ама дадов сè од себе“.
Таму сме одамна веќе. Конечно пеколни жештини, да се стоплам и јас, вечно премрзната. Инаку, на неколку месеци ми се случува нешто здравствено и после секој таков настан си ги прередувам приоритетите, животот е краток, без нервози, бла бла, ама кога ќе видам дека се е во ред или ќе се оправам и заборавам и пак исто си терам. По некој месец пак нешто ме потсетува на приоритетите, па продолжувам со зен фаза, која не трае долго нормално зашто сум премногу живчана за такво нешто. И така, си се вртам во еден круг.
бејби многу си дарежлив, а можам да забележам и некако многу скромен. туку ме интересира, што праиме во врска со 4тово ?
СКД во Германија сум и човек неможе лето да види! Еве го истура. За две недели во Мк па таму со жештините како ке се истрпи Никако не ни се погодува бре
СКД, са од клас имаја сликано резултати од матура (зошто класика: страната се мајтапи) и све сум положила Секогаш се нервирам без причина кога полагам било што ама ај со среќа нема ми е. Частам tumblr колачиња од среќа!! И сите матурантки кои положија тука нека им е со среќа, мн среќни моменти во иднина А за тие што не положивте, don't worry, секогаш има следен пат. #goodluck
Жени, дојдов дома пред пола саат на ручек...па да ве видам и вас патем, зш ме чека пречек после. Од утрово телефони, луѓе во канцеларија, гужви па во сета збрка купував торта и изненаџење роденденско правев! Ви реков нели...жена за сва времена...Опасно е да се играш со жени, вака ја од искуство, сама со себе што си се играм... Врв на сВе ми е мензисот.Болки до умирање ама не! Не се давааааааааам. Дојдов да си го дефинирам денешното расположение ама не можам.Продуктивно, креативно, изгужвано, сјебано, среќно.... До пред пола саат знаев, еве гладна бев.Сега во такви фрки сум.Хаос.Хаотично се осеќам. Телефонот не престана да ѕвони, па уште по дома ми фалеа моите да ми мрчат... Одам да пивнам едно кафе да се смирам, ај адиос. Мадам чека...
Хелоу хелоу ете ме мене чат пат се појавувам чат пат не Животецов ме засака некако убави нешта се случуваат.Со мажулето си животариме,заедно напредуваме,растиме а и во мене едно меурче расти-така го нарече докторот. Убаво ми е на душичкава,посебно чувство ме обзема кога знам дека во мене расти нов живот,плод на нашата искрена љубов.Здравје ако е се во ред за 6 месеци ќе јадите мекици . Размислувам често во последно за моите, како и за тоа дали ќе бидам доволно добра мајка за мојот ангел,дали ќе успеам да ги преминам сите перипетии и убавини што ги носи мајчинството.Чудни дилеми имам,знам и самата сум си чудна на себе дури. Ајде се ќе биде во ред,мора да биде,уште првиот момент кога ќе го имам во моите прегратки тоа мало невино душиче сите мисли ќе станат минато.Ајде сега ве оставам расположени,среќни и без грижи да ми сте секогаш.
СДК дека утре ми е роденден ех кога летна времето кога си реков за 4 месеци ми е роденден инаку полнам 30 години да ви се пофалам а ниту изгледам за таа возраст ниту гардероба имам за таа возраст освен 4-5 фустани(есенски и летни) и решив да организирам роденденска забава самата јас за себе(бидејки другаркиве се премногу себични за да ме изненадат очигледно) и наеднаш се соочувам со факт дека лугево не можам да ги најдам кој во странство на одмор, на другарка ми здравствени проблеми,на "шефчето" (така си го викам) најверојатно ке дојде на другариве и другаркиве од кинески немам кредит за да им кажам(не ги познавам доволно што карактери се сеуште здравје следната година) па планирај планирај нема да испадне кој дојде добредојден е
Машала колку добро ми почна неделата Ајде уште неколку дена, па да почнам да го пакувам куферот. Возбудена сум до 100ка. И не ви кажав дека татичко конечно се вработи на тоа место каде што чекаше со години. Сега го гледам колку среќен оди на работа, така го немав видено од многу одамна. И да, веќе почнува возбудата за внуката. До 30-ти овој месец, би требало да е веќе тука со нас. Многу се радувам, многу. Само среќа ме прати периодов, се надевам дека така ќе остане.
Уште еднаш, по милионити пат ми се покажа колку сум паничарка без причина кога станува збор за било каков тест или полагање и дека дефинитивно треба да тренирам живци за од септември, кога ќе треба да се барам во листа на положени за испити спрема кои матурава е ништо. Проверување одговори неколку дена после тестирањето, чат - пат повторно полагање у сон (кадешто нормално ти се паѓаат прашања како на кинески напишани и паѓаш), и којзнае колку чаши вода испиени денеска додека да ми се отвори сајтот... за на крај сè на сè три 5ки и една 4ка, што е најважно не се разочарав за она што го планирам за понатаму. Епа презадоволна сум, и официјално и за мене сите стресови околу фамознава матура се завршени! Cheers!
Спаѓам во групата на луѓе кои, не по своја волја, имаат константно лоши периоди во животот. Не дека не се трудам, давам максимално се од себе да променам нешто, ама ете..ко некој да преодредил дека мора да имам такво темпо на животот.. Како и да е, ја зедов првата плата. Аирлија нека е!
Со здравје да си ја трошиш , па да си заработиш уште повеќе парички . Твојот пост ми се поклопи со тоа што сакав да кажам . Убаво е чувството кога сам заработуваш и си независен но сепак колку и да земаш плата факт е дека треба рационално да планираш и да ја користиш. Нормално еден дел одат во домашен буџет, помош за сметки и храна, друг дел за гардероба и џепарлак и еден дел тргаш по страна како заштеда. Поентата ми е не треба да се биди расипник ниту скржавец туку рационално да се користат парите со тоа што од време на време ќе си допуштиш некое задоволство на пример ќе си купиш омилени книги од саем, ќе си купиш добри штикли, костим за капење или ќе си дозволиш присуство на концерт на твоја омилена група/пеач сеедно. Ова го кажувам затоа што на некои што им предложив да идеме на пиво фест ме одбија ко да им велам ќе одиме во Прилеп тутун да бериме од причина што немале пари. Се убаво ама јас разбирам повеќе од било кој како е да немаш пари но ако не работиш и си зависен од твоите родители кои ги земаат мизерна плата ама неможам да ги разберам луѓето што зимаат 300 евра плата или 18.000 денари, години вработени дека немаат денар во себе и тоа без обврски од типот маж/ жена, деца, а може и ми кажале само изговор од причина да не идеме заедно.
СДК ... Верувам во животното тркало. Верувам дека алчноста, материјализмот, не искрениот пристап кон животот и околината ... користењето на туѓата подадена рака, контролата над блиските и сл. еден ден и те како ви задава лош удар. Се' повеќе примери на распаѓање на фамилии поради овие причини. Верувам пак дека искрениот пристап, почитта, подадената рака, немањето ни грам алчност, завидливост ... немањето потреба од корист, од контрола отвара пат за добри нешта. Отвореното срце, секогаш на крај добива. Па размислете во која насока животното тркало сакате да ви се движи.
Сум пораснала! Каков шамар од животов добив,уште прстите ми се познаваат по образот,ама тука сум дишам,живеам,чекорам понатаму. Научив многу. И вечно ќе бидам благодарна за луѓето што физички или преку спомените се дел од мене. Имајте убава ноќ.