Најсреќна сум кога моите се среќни.. Фала богу што сега се добро и мама и бате, само да се живи и здрави..
Вистинската вредност на одредена ситуација,ја сознаваме тогаш кога ќе стане само спомен..за жал Затоа борете се за тоа што го сакате,борете се со сите сили и средства,не дозволувајте да ви останат само спомените,бидејќи колку и да се добри,од спомени не се живее!! Good night to all!!!
Напорно е да работиш по 12 часа без малку одмор,но не се жалам и нема да покажам слабост пред моите. Одмори се,не се мачи,можеме ние ќе се снајдеме некако - вели мама,но не е така на неа па и на татко ми им е потребен одмор кои многу години по ред го заслужуваат а не го добиваат па затоа секогаш ќе гледам да им помагам колку што можам, и секогаш ќе правам се за среќата на мама и тато Преморена сум ама душата ми е полна, и секогаш заедно сме посилни
Едвај чекам да ми завршат работните обврски и да заминам на одмор да се опуштам и да се релаксирам.. пошо како иди повеќе обврски и преку глава ми идат некои работи..
Денес прв пат ме пуштија сама на терен. Не дека не сум била и порано, ама овој пат навистина имав зададена обврска која требаше да ја извршам и додека грижливо си сумирав податоци во тетратката, еден (очигледно неупатен) мајстор ми се обрати со архитектке. Нормално, ниту на крај памет не ми падна дека ми се обраќа мене и продолжив да си бројам и запишувам. Дури кога дојде до мене ми стана јасно кому му зборел. Сирот човек, дури и ми персира (мајка ми на ова би кажала: „А тебе едно незгодно...“ ), а јас го гледам со неверување ко малку падната од Марс. Среќа знаев да му одговорам на оние неколку прашања кои му ги постави, инаку инженерка жими га*от ќе беше муабетов. И така, цел ден ми се навраќаат мислите на тоа и само се смешкам ко нетокму.
Вечерва не можев никого да поднесам, па пешачев од дома до центар и назад мислејќи ќе ми помине ама слабо. Освен што ме болат нозете, ништо друго не се смени. Хаос ми се мисливе, ми се бега некаде далеку од цивилизација, да си разбистрам глава малце.
сабајле се разбудив дома,во мојот кревет.ме рзбуди мирисот на свежо кафе и мирисот на супа.исто како во моите соништа.баш исто.за момент помислив дека сонувавм.но веќе кога ги отворив очите реално беше.јас сум дома. можеби премногу сум носталгична.премногу сум приврзана за дома.за семејството.затоа мислам дека не постои поголема среќа од тоа,дома да бидеш, со тие што ги сакаш.на моменти мислам дека сонувам.па ми е страв да се разбудам.исто кога бев далеку од дома.често сонував па кога ќе се разбудев се разочарував. тешка година за мене.за момент мислев дека дното го допрев.и најлошо ми беше што бев сама. сега сум среќна.тие што ми значат се до мене.нека потрае ова. тие што се нашле на мое место знаат што значи далечината и колку боли да си далеку од дома.
СДК, ако едвај си ги држиш солзите пред некој, ако тој е причина за то ти да плачиш и од ко ќе тргниш за дома цел пат да плачиш, е бегај од него. И то е знак.
Не знам за вас, ама во нашите кафе дружења скоро неизбежни се муабетите за пари и работа. Дури на моменти веќе ми е смачено од тоа да ги слушам истите работи. Се полнам со негативна енергија, се демотивирам и губам надеж дека нешто ќе тргне на подобро. Релаксирачки ми се моментите кога приквечер со точак ја вртам населбава. Некои работи не се смениле. Бабите ги шетаат внуците низ парк, спротистите трчаат и вежбаат на игралиштата, децата си играат на улица, а некаде ќе сретнеш и по некој пуканкар. Не се сеќавам летово да сум поминала покрај некое игралиште, а да не видам како луѓе играат фудбал или кошарка. Дури и клупите на страна никогаш не се празни. Секогаш има некој што навива и грицка сончоглед. И нормално, експерт е за спорт Па си мислам, ако ништо друго, барем луѓево знаат да си најдат издувен вентил. Нешто што ќе им помогне да ги тргнат од глава секојдневните проблеми. А кој ги нема...
Еве сум на дното, но цврсто стојам на нозе, не паѓам... Се борам да се искачам таму каде што припаѓам... Не е лесно, но не се предавам... затоа и постојам!
Смртта стана мое секојдневие. Додека чекаш да ти отворат врата низ прозор да го ѕирнеш, секакви човечки судбини ќе слушнеш. Камен ладна мајка дрогирана со седативи, која ти кажува тешко дека ќе биде нешто од нејзиниот син, дури и да остане жив. Вереница која спрема свадба, а ја будат со веста дека нејзиниот вереник се удрил во дрво и не се разбуди, во ковчег си го зеде. Детенце паднато од скала со тежок потрес на мозок. И уште многу други,жртви на сообраќајки, самоубиства, тешки болести. Сите човечки судбини во тие кревети од таа хорор соба ги преживеав, сите ги исплакав, на крај за твоето немаш солзи. И ми се смачи да го слушам тоа " и господ ги сака добрите кај него" . И на земјата и луѓето околу нив исто толку им требаат. Нема ништо полошо од болест, и ништо пострашно од смрт. Радувајте се на животот каков и да е, се додека сте здрави.Само се прашувам какви срца имаат сестри,доктори, болничари што секојдневно тоа го преживуваат? Секоја чест
Колку само не ме бива и не се разбирам од политика Гледам на алфа врти постигнат договор за излез од криза, мислев за кризата во Грција се однесува кога се појавува нашиот примиер и тоа за нас да се однесуваНе знам што ми е посмешно тоа што мислам дека ние не сме во криза т.е сум заборавила или што мислам дека сите веќе навикнавме и бидејки атракција ни е кризата во Грција па заборавивме на нашата.
Слатки ми се луѓето кои кога ќе слушнат од каде сум веднаш зборуваат на мојот дијалект. Всушност „зборуваат“, бидејќи тоа што го кажуваат на сè личи само на некој одреден дијалект не личи. Па уште ќе ме прашаат дали добро зборувале, и како сега да им кажеш не. Само кимам со главата „аха, да, тука некаде си.“ Патем, омилени ми се утрата кои започнуваат со кренати ролетни, потоа појадок на тераса со некоја комбинација на звуци од шумот на летниот ветар, црцорот на врапчињата и тивка плејлиста на Ед Ширан во позадина. Имајте весел сончев ден и не дозволувајте негативните вибрации од светот да допрат до вас. Ве сакам!
Деца... Мали по возраст, а големи за многу работи. Нивната љубопитност развива комплексен ментален склоп кој функционира изненадувачки кога ненадејно ќе ни постават некое бум-прашање. Животот во детскиот свет од блиску го осознавам од мојата внука. При прошетката низ град ми раскажа една училишна случка. Неколку ученици од паралелката поминувајќи низ училишниот ходник здогледале банкнота од 100 евра. Вперен поглед во моќта на парите. И нивниот мозок функционира низ перцепцијата на материјалната наклонетост. Седумгодишни деца ја почувствувале магичната привлечност на девизната валута на локација каде најмалку може да се очекува. Останав фрапирана од тоа што го слушнав. Внимателно почнав да ја опсипувам со детални прашања за нејзината информираност. И не можам да пронајдам зборови со кои ќе ја доловам возбудата изразена низ гестикулација за детално опишување на атмосферата. Ми ја пренесе вибрацијата и ме внесе во нејзината случка. Ги изгубив мислите кога нејзиното лице манифестираше неизвесност во обидот за стекнување сопственост на банкнотата меѓу групата натпреварувачи. За кратко време радоста ја замени со разочараност. Во еуфоријата кој да биде побрз во ловење на пленот забележале дека тоа е само обична хартија наменета за хигиенски потреби. Дружината зграпчила салфетка со изглед на банкнота. Тага во детските очи, треперлив глас и измешани чувства беше се што забележав во моментот. Нема победник, а сите се поразени. Пропадна можноста за зголемување на заштедата во касичката, а со тоа и планот за поголема инвестиција. Непозната е смислата на денешницата. Животот ни сервира непредвидливи перипетии и несакан расплет за секој и за се што не опкружува. Уште еднаш се потврди сознанието дека парите и среќата се ретки сојузници, па дури и во детското секојдневие.
Sdk se vrativme tolku od letnite ubavini mirnoto more i mirot i spokojot koj go imas nadvor od site realni problemi. Mene kako nenasitna seto toa mi e malku no se sto e slatko i krarko trae. Ajde pocnuva raboten den neka e na ubavo
Последниве денови ни музика не ми текнува да си пуштам. Само ги комбинирам 3-иот и 4-иот звук на сајтов: http://asoftmurmur.com/ и си кулирам со ладна лимонада во двор. Мозокот го ставам „на пасење“, нешто во овој стил:
Секој стресен период ми се отсликува на кожата. Во моментов цело лице ми е црвено и раздразнето, а егземата на рацете ми е се’ полоша. Во последниве неколку дена десет души ме прашаа на улица: "што си таква во лицето, што ти се направило такво?" Па земаат да препорачуваат - едната ми вели стави пудра ќе ти се исушат, другата имаше брилијантен предлог за Здраве крема, а третата: "имам една пријателка во аптека, да ја прашам да ти даде нешто?" Добро бе луѓе, малце осет не ќе е на одмет. Се иритирало, ќе помине. Гледајте си животот. Пооооо! Ме прават да се чувствувам глупо и несигурно. Ова можда требаше да оди во испукајте се... never mind, некако ми подолесна.
Квалитет > квантитет. Во секој аспект од животот. Почнувајќи од ситници како облека и козметика, до храна, пријателства, љубов.
Бидете насмеани и среќни, но направете го тоа за себе, а не за некој друг. Никој утре нема да дојде и да те праша како си.