Го гледам ова форумов од птичја перспектива, нареден со еден куп теми, и безброј коментари кои не сум успеала ниту 10% да ги пролистам, а не пак да ги прочитам. И најверојатно ќе има уште неброени теми кои допрва ќе се отвораат. И се прашувам често самата себе, има ли нешто воопшто покомпликувано и посложено од жена ? Негде го најдов ова како појаснување за нас, жените ! Сигурно и од другана страна има нешто на таблата
@Abrakadabra, во врска со твојов муабет, почувствував потреба да те надополнам. Спојлер: види фотос И можам уште многу вакви да редам (жал ми е за маживе на форумов понекогаш, а да не зборам за оние околу нас ). Колку е и да е машкоданеста некоја жена, сепак е ЖЕНА! И е неподнослива често пати (особено еднаш во месецот, во тој критичен период ). И за крај, ова заслужуваше да не оди во спојлер: (I think this pretty much sums all that happens here. )
Некогаш поактивна, некогаш попасивна. Некогаш креативна, некогаш без идеа. Некогаш агресивно во одбраната на своите ставови, некогаш попуслива. Некогаш се смеев, некогаш се натажував . Некогаш се восхитував на човечката мудрост, некогаш ме зачудуваше човечката глупост. Некогаш внимавав што ќе напишам, некогаш бев без влакна на јазикот. Се на се мило ми е што ја прославив втората годишнина со вас драги феминки. Се надевам на убава дружба и понатаму.
По скоро 3 годишна врска, првпат ќе одиме на заеднички одмор. И уште многу денови има за одбројување до денот Д, сепак јас уште сега сум нетрпелива! Уште на самиот почеток, му дадов до знаење со каква девојка има работа. Мојата финансиска состојба не беше на завидно ниво. Додека сите цела година планираа каде ќе летуваат, јас правев список на книги кои би ги прочитала, или роднини каде би можела да поминам некој ден. Многупати знаев да се замислам, и да се самосожалувам. Да се обвинувам како го осудувам на монотонија неговото слободно време, само затоа што јас не би можела да си дозволам работи кои тој може. Дури и сакав да му раскинам поради тоа, замислете..до каде ми одеше умот. Другпат, па бев среќна што покрај се, јас имав некој до себе на кому не му беше важно дали ќе оди на некоја журка, или етно село, туку обожуваше времето да го минува со мене, иако бев без скршен денар во џебот. Летово, за првпат јас направив план за нас. Места кои би можеле да ги посетиме, плажи на кои би се излежувале до бескрај, зајдисонца кои би ги гледале... Знам дека со нетрпение очекувал наш заеднички одмор. Впрочем, и јас го очекував. А всушност, ова и е мојот прв вистински одмор во бедниот живот. Си ветив дека нема да се жалам, дека ќе бидам среќна и најдобра. Ќе му заблагодарам за целата поддршка што ја добив од него, за сето внимание кои ми го пружи и за сите изненадувања кои ми ги приреди. ...И кога ќе размислам подобро, јас сум среќна, бидејќи сум причина за неговата среќа! Имајте убава вечер! Сакајте вистински, искрено и длабоко, за да ви биде возвратено со иста мера! И за крај, не е ни важно колку пари имате во џебот, се додека ја имате вистинската личност до вас!
Животот има две страни. Ама за жал ние луѓето сме навикнати секогаш да го гледаме она лошото а доброто да го заборавиме. Ние самите свесно си го уништуваме животот па други ни се криви. Не, никој не е крив за тоа што го мислиш, збориш и правиш... Не знаеш да си го средиш животот па после некој друг ти е крив. Не. Јас или некој друг немаме проблеми? Нас се ни е убаво? Нормално дека не, ама никој не е должен да не слуша како кукаме со саати... Лично ќе кажам за себе. Имам милион проблеми и што треба да правам? Да се жалам и сожалувам? Не, фала. Затоа, сите негативни луѓе, ве молам подалеку од мене, немам време за личности кои што освен се жалат не знаат друго да направат. Ама, тоа е, не за џабе велат, од главата си патиме...
Here we go again.... Пивофест '15 Моментално се слуша Get Lucky од Daftpunk Возбудливо...... Една ноќ пред големиот настан...... Градот конечно ќе живне...... Гласна музика, гужва, мирис на пиво и скара Можност да се случи нешто интересно..... Добредојдени сте сите. Поздрав од градот под кулите.
Одам по продавници со другарка А. Разгледуваме, бараме која маички, која ташни.....Случајно додека бевме во една од продавниците влезе моја друга не толку блиска другарка Б ( А и Б не се познаваат). Се поздраввме, ги запознав, почнавме нешто општо муабет, и таа ми кажа барала нешто била за на свадба и ок си разгледуваме која навака, која натака. А и Б се плеткаат по исти рафтови. Им тргнува муабетот. Сфаќаат дека имаат ист вкус. Бараат блузи со исти бендови, слушаат иста музика. Излегуваме после 10 саати од бутикот, А и Б стануваат најдобри другарки...а јас? Јас уште се мислам со каков натпис да ми биде маичката Ај да не мислам на најлошото...може лезбејки се....
Морам да ја споделам оваа вест со вас.Се смеам и плачам истовремено. Сигурна сум дека повеќе од вас го знаат тоа чувство. Ама ако. Знам дека е од среќа. И убаво ми е на душичката. Ќе станам тетка . Сестра ми само што ни ја кажа оваа радоста вест. Ви посакувам на сите да имате вакви среќни моменти.
Не, не, не сум уморен спремен сум, да и тоа како сум спремен за новите битки пред мене и да исфрлам личности од мојот живот како улав, исфрлам сета негативна енергија околу мене, исфрлам намќори, исфрлам оние што накриво ме погледнале, исфлрам оние кои ме навредиле, исфрлам оние кои ме повредиле иако ми биле свето, кој знае можда на крај и јас самиот ќе се исфрлам... Од овај момент па натаму приоритет во мојот живот сум само јас, никој друг, приоритет се моите цели и соништа, доста време губев на личности правеќи ги подобри дојде време кога треба да поработам самиот на себеси, та и онака доста има на што да се поработи секогаш... Дали грешам за дел од оние кои ги исфрлам од животот ? Па не знам, можеби, а можеби и не времето само ќе покаже...
Постојам во свет каде не може да ме разбуди зракот на сонцето, затоа што е во сенка од чадот на фабриките!
Среќна сум овие денови самата појава на срединава во која живеам ме исполнува. Уживам и сум опуштена ама она скрос. Платата земена од тато плус за шопинг на среќата и нема крај. Секој ден си купувам се што сакам па не се стегам бе како до сега, за тоа се парите за трошење па за некоја недела одмор следи. Уживам и сакам летооо. Се е опуштено,весело. Одам низ чаршија се шетам покрај езеро, милина. Гледаш гужва нема кај да седниш, решаваш да купиш сладолед од летница и си седиш на клупа. Се е среќно околу тебе. А јас си купив балон со хелиум си се радувам на него многу,бебе не ми е рамно .
И повторно се залажував себе си. А не требаше. Се` што требаше беше да заборавам. Да ги заборавам оние морници кога ќе ме допреше, оние виори кога ќе ме бакнеше, онаа насмевка кога наутро ќе се разбудев до него. Сосем едноставно. Само требаше да заборавам. И можеби некогаш ќе успеам. Скршено, залепено и никогаш исто. Но, со срце или без срце тоа е единствениот избор кој го имам.
Има нешто во тие денови кога се чувствуваш онака.Кога монотонијата малку ќе завладее, а потребни се промени.Ги доближуваш и најситните делчиња, па притоа паралелно, се отвара и нова перспектива за нештата. Никогаш, ама баш никогаш немојте да жалите за изгубеното време, дури и да сте го потрошиле на непотребни личности.Или на непотребни грижи. Како и да е, сепак од нив ги добивате само потребните лекции.
Прочитав една мисла на календарот на работа и не ми излегува од глава. Ниту еден ветер не е поволен, ако не знаеш каде да пловиш.
Уште една "врска" замина во канта,имаше и убави и неубави моменти во овие 16-17 дена хм,ајде ќе ги паметам убавите моменти,и ќе се сеќавам како на едно искуство,ама,постои секогаш едно ама, се прашувам само до кога ќе ми се редат неуспешните врски,момци,ајде чекам кој ќе го разбие малерот а дотогаш наздравувам за животецов,добар е
Ако нешто научив во животов е дека тежина во душа не се чува. Никаква нервоза, никаков стрес, искажи се, развикај се нека ти олесни на душичката. Колку сум била наивна што се сум чувала во себе. Помина тоа време да молчам, да собирам во себе, да се нервирам. Се чувствувам повредено и изиграно. Сум толерирака секакви луѓе и сум била добра кон нив само ради мир во куќа. Искрено одсекогаш знаев дека секој си гледа само за себе, а пак упорно ги правам истите грешки. Се повторувам, се вртам во круг, со погрешни луѓе си фаќам работа. Знаете оние кои предизвикуваат негативна енергија? Е од такви негативни суштества да бегате бе луѓе, е тие се најлоши. Знаете какво е чувството кога нешто ќе собираш во себе, сите нервози и бес собрани наеднаш ќе излезат на површина? Епа непроценливо е, јас се олеснав, се преродив и плачам како мало дете за тоа колку сум била наивна за многу нешта. Се каам што си згрешив сама на себе. Е така драги бирајте со 4 очи отворени со какви личности сте опкружени во близина иако навидум не изгледа дека е толку битно, но тие најмногу влијаат на психа и негативно ни се одразуваат во иднина во некои работи.
За да успееш во животот, за да успееш да преживееш и да го искачиш последното скалило до успехот, треба да го користиш мозокот, а не срцето. Секогаш. Затоа што срцето и чуствата можат да погрешат, но мозокот не. Постојат докази за тоа.
Немојте да се плашите да излезете надвор од ,,нормалното". Наместо да играте според дадените правила дозволете си да бидете она што сте, а не она што се очекува од вас да бидете. Добра ноќ!
Пред само еден месец пред мене беа две опции за тоа како ќе го поминам летово - да патувам и да трошам или да отпатувам и да заработувам. Во нормални животни услови и околности без двоумење ќе го одберев првото, но во период на турбуленции, и свесна дека можеби нема да го издржам тоа темпо и ќе зажалам - избрав да излезам од мојата комфорна зона и да ги искористам шансите кои животот ми ги пружа... И еве ме после месец, здрава и жива, предадена на истражување на себеси и на ова мало парче рај на земјата и во ниту еден момент не се покајав за својата одлука... Си докажав на себеси дека можам, а исто и на оние што не веруваа во мене... Сума сумарум - месец исполнет со нови пријателства, нови приказни, нови случувања... Едно познанство кое е предвесник за драстични промени и има предиспозиции да постане нешто големо... Еден предлог кој направи за миг да се почувствувам како Деми Мур во Indecent Proposal, предлог кој инстантно беше одбиен... Тоа е тоа засега, краток рапорт... Ве поздравувам од местото каде што за првпат видов виножито околу сонце, каде секојдневно го гледам најубавото зајдисонце, каде бродовите ме потсеќаат на доаѓања и заминувања, каде полната месечина е приказна сама по себе и е breathtaking, каде морето ја има најубавата боја...
Желбите се како игра со пикадо. Многу стрели имаме во рацете, а една цел пред нас. Некоја е толку брза што посакуваме со склопени очи да ја погодиме целта. Некогаш и со ширум отворен поглед може да изгубиме контрола над погодокот и да не победи поразот. Единствена утеха е да ја одржиме рамнотежата на патеката за да не застраниме од насоката на движење. Нема гаранција дека некоја од многуте стрели ќе заврши на посакуваното место, но има нешто што ни подгрева надеж во целата неизвесност.