Тоа што толку може да ни го разубави денот за миг со еден мал гест е насмевката ... Не ставате влог,а сепак добивате.Ве обзема пријатно расположение,позитивна мисла и чувство на исполнетост.Како сончевите зраци да ви се следбеник.За волја на вистината се помалку има лица кои ги краси искрена насмевка.А таа е толку воочлива во нашиот поглед што не би останале рамнодушни на нечиј израз на задоволство. Но и незадоволството има своја страна на манифестација и препознатливост Се почесто искреноста и љубезноста е заменета со лицемерна насмевка.Заборавивме вистински,без глумење да се смееме.Провидна,патетична и неприродна во време на темни облаци ни предизвикува мрачно секојдневие и болно сознание дека дождот го победил сонцето. Се поверојатно е дека таа одлучува кој е победникот...
И таман мислев дека имам мир во душата конечно, таман си направив еден куп планови - се' се расипа. Повторно, уште еднаш... И сега пак се' од почеток, се вратив на почетокот на кругот. Дали пак ќе се вртам без да знам каде одам? Како да одлучам, што да направам? Уф, вака збркана не сум била одамна...
Ќе дојде момент кога ќе ти се деси ова да го направи некоја личност со која не се сакате или немате почит и тогаш ќе ти дојде едно убаво. Ќе си речеш Ано царице и непријателите те сакаат, па мислат дека не те сакаат од што си предобра!!!
Каде е културтата и почитта на овој народ. КАДЕ? Секојдневно сум очевидец на тоа дека и возрасните немаат култура. Возрасните треба да ни се пример и да не учат нас помладиете на почит и култура. Кога одев на училиште имаше една стара бабичка која буквално се влечеше по патот, имала болки во нозете и плус беше многу натоварена. Поминаа многу луѓе дури и две жени искоментираа "има болки едвај се движи а погледни ја колку се натоварила " Луѓе бре, што ви е гајле зошто толку се натоварила, имала потреба да пазарува наместо да и помогнат тие оговараат и не превземаат ништо за да го намалат товарот на оваа бабичка. Јас и помогнав и ниту ми паднаа раците ни ништо. Десет минути ја придружив до нејзината куќа и по патот постојано ме благословуваше и ми се забчагодаруваше. Оваа мала случка уште повеќе ми го разубави денот, бидејќи нема ништо поубаво да добиеш благослов од постарите!
Сонувај сонувачу. Не е пролет ама Март е,нема сонце но врне дожд,утро мрак. Ми краде парче од душата а јас наивно посакувам,му давам парчиња за тој да ги состави како најблескав мозаик или оној темниот. Пролетта не доцни,зимата задоцни. Клуч. Закучи ги сите нешта во мала црна кутија, нешта кои ти го заматуваат погледот и стави ја кутијата во орманот зад марамите кои веќе одамна не ги носиш. Да тлеат.Да фатат прашина,да те заборават ,да ги заборавиш. А ти реков и тогаш љубовта е горка и проклето блескава.И пак и се нудиш и пак ти се нуди. Новиот парфем ми мириса на пролет,од некаде украден мирис,а признавам потајно сум заљубена во зимата. Цреши. Доцнења и подранувања. Дојов повторно,во своја кожа но дел од мене секогаш како дождот ќе се враќа,во денот или во најтивкиот дел од ноќта.
Лутко.. Пак со истите проблеми. Пак со старите чувства и навики. Се' по старо, во ново време. Пак срцето го даваш на некој што нема ни свое. Зошто Лутко, зошто мислиш твоето би му било важно? Ти ќе си повредена. Ти ќе бидеш со глава надоле, а тој со егото нагоре.
Не бре, ке се фалам дека Игор на мој грб славен станал )) Хихи Он топик - Иначе, сите забележаа дека сум пресреќна и дека зрачам. 5мина денеска ме прашаа оти сум толку убава. Епа, тајна драги мои.
Минатото не е запишано со молив за да го избришеш..Тоа е како сопствената сенка,секогаш те следи и те спречува да продолжиш кон иднината
Изедов чоколадо со брзина на светлината. Милка од Швајцарија. Не да се фалам, ама врска немаат нашиве Милки. Го отворам и одма се чувствува привлечна чоколадна арома. А, вкусот....неопишлив. Многу ми е криво што кај нас го носат ѓубрето и се она со најмал квалитет. Па, не сме стока. И ние сме луѓе. За нашиот стандард и прескапи се кај нас, ем најнеквалитетни. Брат ми ми пратил и кесе Ритер чоколади, намалени на 0,5 евра, а рокот им трае. Па, кога кај нас ќе најдеш Ритер намалено на 30 ден.? Дури и со поминат рок да е, ќе го платиш од 50ден. нагоре. И некако....се дупло си плаќаме ние овде... Пиев кафе. Уствари вода со арома на кафе. По иницијатива на другарка, седнавме во ‘поелитен‘ кафич. Не сум кафеџивка, ама ајде ми се присака едно кафенце. Полошо кафе во живот не сум пиела. Ем плаќаш, ем добиваш мизерен квалитет. За услуга не правам муабет. И една чаша вода со бакнеж од кармин на неа. За поздрав. И сето ова стана нормална работа кај нас... Толку од денов.
Лесно ти е тебе се смееш по цел ден,малечка си немаш проблеми за ништо не грижиш Спојлер ништо не забележувате ама кога ќе размислам подобро и така е се надевам дека уште долго време единствен проблем ќе ми биде што да облечам,како да ги налакирам ноктиве и како да се нашминкам..... Спојлер тоа што се чувствувам како да сум сама на светов е друга приказна Останете ми со здравје...
Зошто се нервирам кога стануваат хит песни кои сум ги изнаслушала месеци претходно, како на пример оваа? https://www.youtube.com/watch?v=K5KAc5CoCuk МОЈА Е!!! Тргнете ги гнасните рачиња и ушиња од неа!
Музика најгласно што може. checked Креветот топли си го цел ден. checked Очекувај порака. checked Не размислувај за утрешниот ден. Радувај се на туѓата среќа. checked Заборави на сопствените маки и тагата. Насмеј се колку и да си тажна. Радувај се на туѓата љубов. checked Наврати се на деновите кога и ти беше среќна и насмеана во срцето. checked Заборави го она што те измачува. (ех, да знаев што е тоа )
Светов е отиден у пм! Ти го мислиш семеен човек, со внуци, тој да ти бил монструм! Се уште не ми се верува, се тресам целата. Го познавав, секогаш насмеан, дедо на моја другарка, силувал дете Што да речам, за таквите бесилка!
Вчера ја добив најубавата вест во мојот живот. Се роди Михаил. СТАНАВ ТЕТКА. Кога ми кажа мама цела се тресев, а солзи се тркалаа по моето лице. Најубавите солзи беа тоа. Поголема среќа нема за мене. Нека е жив, здрав и многу среќен. Го сака тете.
Камо среќа целиот свет да прави и да размислува така како оваа мало девојче ... Неможев да останам рамнодушна Морав да го споделам видеово овде со вас .... http://www.youtube.com/watch?v=iwQZggdZrOo#t=128
Зошто ми е толку глупо и бесмислено да пишувам на теми како...пффф...ајвар, осми март, прва љубов, другарство, пролет, лето, есен(посебно оваа), зима...? На пример, каква песна вие би пишувале на тема „ајвар“? Глупо е. Или пак оние досадни клишеа за пролетта, есента, бла бла, есен златна, есен мила, есен дојде, лето пројде, бла бла, пролет дојде, бла бла, зима пројде, пак бла бла... ИЛИ, вечната тема која „никогаш не станува клише“(како да не), барем тука во Струмица, карневал... Па ајде, можеи сум дете, но имам повеќе во главата од ајварот и есента... Па да не заборавам на другартвото... Не е тоа другарство што вие го нарекувате, другарчиња. Тоа е сателитско следење и кружење околу вашиот пријател и пикање на нос таму каде што не му е местото - во туѓи расправии. Но, конечно наставничката македонски реши за оние кои сакаат повеќе, да даде некои поинтересни и теми на кои треба да се размислува а не да се пишува шаблонски. БЛАГОДАРАМ ШТО МЕ ПОШТЕДИВТЕ ОД ТЕМИ ЗА ПРОЛЕТТА И КАРНЕВАЛОТ...И...АЈВАРОТ Толку.
Eдно бебе, миризливо и кревко... Тоа се најубавите и единствени сиви очи кои ги познавам...така неискусни и желни за спознавање на животот, зачудено вперени во секое лице, колку само надеж подарија... Колку само сакам да го гледам додека спие и сонува за млеко и мајка му...или за шутите му сестри...или зачудениот татко... Ништо не може да ги изостри емоциите како едно малечко измочкано бебе
Видов нешто што видно ме потресе и целото мое расположение замина во неповрат. Една иста песна ме прогонува цело време и има големо негативно влјание врз мене. Ќе речете, како може една песна толку да влијае врз тебе. Но, можно е. Сега, кога после долго време повторно ја слушнав таа песна, ми се навратија стари, лоши спомени, а и денешната ситуација е баш иста како таа во минатото, само со друга личност. Се почувствував исто како тогаш. Бедно, разочарано, бесно... Посакувам никогаш да не постоеше песништево. Мислев Далеку од очи, далеку и од срце!, но денес сфатив дека не е така. Ако сакаш и на крај на свет биди, оној кој те сака и на кој му значиш, секогаш ќе мисли на тебе и ќе те чува во срцето. И споменот на тебе нема никогаш да избледи, па дури и 100 години да не те види. А јас, сфатив дека залудно е сеуште да се залажувам себе си и да верувам во невозможното. Најверојатно, за него не сум била достојна за паметење и драго ми е што ми е далеку од очи, а се надевам за брзо и од срце.