Ехх младино... Се прашувам и чудам.. Зошто олку многу омраза уште од сега? На овие години? ......штета!
Пол Ван Дајк, со своите 43 години, е се' уште еден од најдобрите и најенергични диџеи на светот. Вечерва одлично го докажа тоа и можеме само да му се поклониме (иако не ја пушти Nothing but You ). Во меѓувреме, додека неговиот настап на Скопје гори беше криминално запоставен, сите радио-станици и ѕидови од градот „фрштат“ со вести и постери за “легендарниот, незаборавниот, најголемиот настан за годината“ а-ла Здравко Чолиќ. Настанот е толку е легендарен, незаборавен и единствен, што догодина ќе си го има пак... и пак... и пак... и така во круг. Сепак, се знае на чиви концерти „крцка“. Не дека Пиво фестот, со се' позголеменото присуство на шабанизми од година во година, не е доволен... Приоритети, шта чеш!?
Сдк, ако слушнете на тв дека некој рибар се удавил, тоа сум јас. Ако ме нема да шкртнам овде нешто де, скраја било. Среќен празник на сите од муслиманска вероисповед, имајте убави моменти каде и да сте. Поздрав за сега од мене, отидов.
Да не видев на календарот кој датум сме, ич немаше да ми текне на црвената тетка. Изгледа, ќе ми дојде на гости кога ќе бидам на одмор. Ама ич не ми е гајле. Бидејки, имам доживеано пострашни работи (болест на блиска личност, смрт на блиска личност ) веќе ич не се замарам за банални работи. Ми се скрши ноктот, ми изгоре колачот и што ти веќе не, а мене ич не ми е гајле. Не можам да ги разберам луѓето кои се нервираат за банални работи, дали не доживеале нешто пострашно во животов или што е работата стварно не знам.
ви текнувa нa грдoтo кaфе штo ви гo збoрев пред некoј ден? Епa ми се уaрни. некoлку денa не стигнaв дa купaм нoвo нoрмaлнo. И oд немaј кaде ќе си гo сркнев oвa oд сaбaјле, пa пoсле и пo ручек.... И тaкa си легнaв нa брaшнoтo. Дoбрo утрo. , вaшa М,
Главна вест на фемина ми беше кафето Мадам, како да не се сеќавам. Ама друго ме мачи, ти да не си мојата мадам, м ? Добро утро жени, одам и јас да си го ставам кафето, а со мадам се гледаме покасно.Денес рилекс тајм, ги носам по локалитети.
За многу години нека им е денешниов празник на членовите на форумов кои се од исламска вероисповед. Се' најубаво!
Пред некоj ден изглегувам од дома и гледам на нашата кола од страната на совозачот, каде што речиси секогаш седам jас, испишано I Love You и инициjалите на тоj што jа напишал пораката, па и срце со стрела нацртано. Деца бе, ме изнасмеаа.
СДК ... дефинитивно интимниот чин во љубовниот живот е изворот на емоции. Ни комуникацијата, ни грижата еден за друг, ни изненадувањата, делата во еден љубовен однос не може да ги извади на површина вистинските емоции, како што може баш тој интимен момент кога две единки физички и духовно се сплотуваат. И тоа е всушност основата во нашето емотивно живеење. Да не се лажеме, не во секој таков чин, момент може да ги има вистинските емоции. Само во оној кога двете единки создаваат вистинска целина.
Тивките ноќи кога ѕвездите треперат. Погледнувам нагоре, толку сме мали. Сакам да се изгубам низ просторот, да се плеткам во ѕвезден прав, да постоиме само јас и вечноста. Засекогаш...
Знаете го тоа чуство кога со некој личности си премногу близок и од толку ногу шо сте блиски заедно се гушете. Не можеш да дишеш и почнуваш да се оддалечуваш од таа личност шо накрај не се ни познавате. Треба да си дадеме шанса на самите себе. Треба кога ќе паднеме па да се исправеме на нозе. Сите ние заслужуваме среќа. Сите ние заслужуваме мир. Никој не е ни повеќе ни помалку. Никој! Само шо некој со длабок џеб и ниска самодоверба со пари си билдат его и прават си скали за да се икачат над сите. Парите се моќ. Парите го вртат свето, според нив, но всушност вистината е дека парите им го завртуват мозоко, не свето. 10 месеци поминаа. Уште барам утеха у други личности. Имам грешки направено, луда глава, такви ми се годините. Имам глупости кажувано, такви ми се годините. Еден ден ќе се смеам и ќе се срамам на сето оваа шо го правам од шо мислам дека е кул. Дури и песните не ме болат повеќе. Не сум таа истата. Може уште чекам некој личности на старото место, да се вратат и па да се глупираме заедно, ама не сум повеќе таа истата. Туку, на одмор си запознав еден баш таков ’чудак’ сличен на мене. Тоа ми беше најубавото нешто шо ми се случи цел одмор.
Кога ќе изнапишеш се и сешто на бивша пријателка, кога ќе и плесниш се во лице. Многу многу олеснува на душа. И покрај се и сешто што си направила пак не чини. Пак и пак си ти таа кривата. Но сепак секој збор кажан од мене иако е суров е реален и кажан од срце.
Ne e nisto strasno da ti dojde na odmor. Strasno e koga ke ti dojde na odmor po treti Pat e toa e stvarno znak deka te bie maler hahahg
Честит празник на сите од муслиманска вероисповед. Ви посакувам здравје, среќа, љубов и бериќет и уште многу години да си го славите.
Не сите чувства се посакувани.. <------- бојата на текстот е црвена 1. Се бањаш. Излегуваш надвор на +30 степени и авотубост наместо 2минути го чекаш 25.. и стануваш жива вода. 2. Чувството кога ќе помине болката од насакајќи гризнатиот јазик. 3. Чувствата пред и после мастурбирање .. 4. Одиш по улица се среќаваш со некоја позитивна особа.. се полниш со енергијата и по разделбата како да си ја ослободил Македонија. 5. Чувството кога копнееш по нешто материјално. Потоа го добибаш и за кратко време ти се спушта .. 6. Чувството кога објавуваш статус на фејсзбук дека си среќен а всушност имаш само чувство на моментално задоволство. 7. Чувството кога чувствуваш чувста. ( ДА ТОА СИ ТИ ВО МОМЕНТОТ ) ! 8, Ова предгодново немаше нешто многу везе ама пак чувството кога ќе налеташ на нешто несватливо.. Језда има уште милијарда чувства. Ама тоа е затоа што ние сме суштества кои работиме на чувства.
Девојки знаете она чувство кога сте на одмор и посакувате да не се вратите никогаш? Ете така ми е,најубаво.Уживам и ич за никој и ништо не се замарам
Честит нека ви е празникот Феминки,нека ви донесе мир,среќа и добро здравје на вас и вашите семејства