Сакам да кажам... Дека сум многу двострана личност, учам математчка економија и планирам да станам бизнис жена да основам фамилија убава се сериозно тоа убав живот, од друга страна слушам рок се облекувам во рок ганс н роусес блузи, и сега, некој помош за ова вака не личи нели? не личи.
@marijaaxl Стилот на облекување нема апсолутно никваква врска со создавањето на семејство и наоѓањето на работа.Ако се чувствуваш посамуверено и посигурно во рок блузи,одење на рок концерти прави го тоа Он топик.Летово јас потполно се сменив едноставно станав посигурна,подобра,потолерантна.И да,ја сум онаа која на 40+ степени носи црни фармерки и црна нирвана блуза по градот
Работи што не сакав да ги дознаам, денес ми плеснаа шамар. Стискам заби, се трудам да не допрат до мене...
СДК Страв ме фаќа.. Сега се чувствувам како да сум во врска со климатизерот. Ако отидам за Катар изгледа ќе треба врскава да ни стане посериозна, може и во брак да стапам . Море само сакав да кажам дека се топам како сладолед
Таман се порадував на живот и се', не исполажаа овде дека Морисеј ќе го донесуваат. Бич плс. Е, какви другари имам ја да ви кажам. Пред два дена ми открија дека се регистрирале пред пола година. И само јас и дечко ми знаеме. И не знам што попрво да направам, што да и кажам ни како на себе да си се обратам, а не пак на нив. Ги сакам и такви регистрирани, тоа е. Едит: а не тука свадби, прстени, па ве замараат другарките, па нервозни се на топлото, па го сакале или не. Вака, ко мојава.
Ми доаѓа сама себе да се изнатепам, наместо да фатам да се борам, да бидам силна, јас сум се раскукала тука, сум се намрштила, паѓам во депресија, плачам по цели денови срам да ми биде! Јас не бев ваква, знаев да покажам заби а сега што е ова од мене..
Што комарци ќе беа овие..летаат, ни да зуѕнат и дури трепнеш касаат. Zaboravi brige, ne reklame си се врти на едниот канал на TV додека се паузира со филмовите. Само кај нашиве, мора да биде обратно Никаква креативност, ни па поширок спектар на бои.Тие едни исти се, по обичај сврзани со политика.
@Madam-A го прочитав твоето погоре напишано и се пронајдов и јас би сакала такви долги патувања преполни со приказни и авантури.Разни луѓе да си запознавам и да споделуваме мислења,вкусови и идеи. Арно ама, реалноста овде во државичкава е малку поинаква Нема така удобно да патуваш па да ти е расположението на високо ниво за да можеш да го оствариш замисленото. Прво, промаја од сите страни ќе те бие. Второ, реткост е да најдеш љубезен човек в купе па да се запознаеш. Трето, ќе го преполнат возот ( ај за довде-ај за донде) луѓе кои ќе пробаат да се шверцаат.Ќе влегуваат од купе во купе и ќе ги тревожат останатите со безвезе приказни како заборавил нешто,му паднало блабла колку да помине контролата Четврто, тамам ќе се избориш да место, ќе ти дојде некој без осет мириса на лук и запршка па чевли ќе си соблече, јадење ќе си отвори , со децата ќе се расправа и што уште не... Не сакав да звучам грубо или негативно, само сум реална според она што јас го имам видено и доживеано За она што сме го замислиле -ајт странство! И сакам да кажам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН на една моја личност
Животов е суров, но се ќе си дојде на свое место.. Ќе го дочекам тоа што е мое, и ке докажам дека со крената глава ке успеам иако знам колку е болна и тешка неправдата во животот мој.
Се онеможувам веќе од грижи, а најмалку се грижам за себе си. И така денес фино, екг...како на баба ми. Сите на нозе, утре кардиолог. Се надевам не е работава до пресадување на срце дојдена. Црн хумор, ама сериозно и тоа ми дојде на ум. Ако надвор е суша, и јас денес се потрудив да пресушам, се скапав од плачење. Се осетив како да имам 2-3 години и мајка ми и татко ми ме занимаваат на секое мое плачење - види сине, видииии *прават смешни фаци* со тоа што не правеа смешни фаци, ама ете...смешни муабети. Си се изнаплакав...поштено. Он не знае што ми е, ни па мислам дека поседува капацитет да разбере што ми е (не дека е глуп, ама не е тој тип на човек), и покрај објаснетото него просто не му е јасно како сум непомирлива. Па пичка ли ти матер на секое мое сочувствување со сите твои срања, да си изедам тоа што сум дробела, да не се викам ко што се викам ако некогаш во животов и колку и да те сакам се соживеам со твојата болка. Абе собери си парталите и отиди си како цел поштен свет, не да паѓаш во несвести. Како рече докторката - ова ти е се од грижата за сите, од стресот, најмалку од физички фактор како што сметавме. Секој си има свое срце и нека си се грижи со неговото срце за неговите работи, ти ако треба со креда ќе си нацрташ до каде да ти се приближат. Права е...не да не. Да, јас сум од тие себичните шо ги пишував пред некој ден. Не се грижам за себе, па после да се грижат други за мене... не сакам да сум и во кожа на мајка ми, пак јас се секирам што она се секира. Ебате глупавата. И тривијалноста за да ги растераме облаците... испровоцирано - девојко, ти со твоите 50 кг никогаш нема да изгледаш така добро како јас со моите 60, оќе? Дека си го бараш, инаку заболе ме тасе за твојата анорексија за која слушаме веќе со месеци и роламе со очи, ама денес најде да се споредуваш со мене... па која патетика... Мојот песочен часовник не ти го давам за твојата дива градба со тесни колкови, мал и стиснат гз,непостоечки струк и огромни раменици, ок? Ти со моите 60 ќе изгледаш како каца,а јас имам струк и вака...па сега...тоа е.
Го сакам скандинавското лето. Најубавиот ден во годината е Дајте малку сонце бе, смрзнав. Само еднаш се избањав и толку, цели 28 степени беше Едвај чекам да си дојдам во Македонија на одмор. Гледав прогноза за тука, ќе врне цел Јули и Август Македонија, свадби, прослави па после една недела во Хрватска. Никогаш не сум била таму, а имам многу пријатели. После тоа се враќам назад со кола, ќе ми го има, два дена пат. Научена сум учење и работа нон стоп, и сега ме фаќа некоја пост-пост дипломска депресија, не знам што со животот. По досадно никогаш не ми било А изгледа од Септември ќе живеам сама во Скопје на некое време, и тоа ме плаши малку. Не трошоците, со тоа ќе се справам некако ама самотијата и враќањето во реалноста
Сакам да кажам дека најнеочекувано си фатив дечко и ми се чини дека доста долго време никој толку наеднаш не почнал да ме привлеква и едноставно да оди преубо работата. Никој не мислеше дека ќе тера сериозно, дури ни јас.