Никогаш не сум го чекала Септември како што го чекам годинава. Не дека летово е лошо, далеку од тоа. Баш е прекрасно! Само ајде Септември доаѓај за да биде уште поинтересно. Нов живот, нова околина, нови луѓе, тој ... Постои и мала доза на страв, не одрекувам, но се надевам и многу убави работи. Па здравје, ќе видиме.
Гледав еден Американски фим , не го фатив од почеток ама нејсе,сега да преминам на главното,она што ме погоди во срце право е тоа што имаа една забранета љубов,и се изборија заедно против сите,на крајот без никакви формалности,земаа 2 непознати сведоци и се потпишаа,и во лице им ги фрлија документите од матично на сите и сите им останаа занемени..е колку го посакувам ова,всушност не знам што ќе биде натаму со мојов факен лајв,ама желба ми беше од секогаш да се омажам тајно и без никакви подготовки,ајде може и ќе бидне..само не го кажав онај најглавниот дел,на времето имав една забранета љубов,која до ден денес ми го пара срцево ,ама не се изборив за атер на семејството,роднините и комшиите,ама да ми беше тогаш овај памет не знам до кои граници ќе заминев,сигурно до бескрајот ,до пеколот и назад. И доста полемизирање и филозофирање,најглавното што сакам да го кажам е да се борите за вашата љубов,на никој нема да му биде гајле за вас ,кога еден ден ќе зажалите за пропуштените шанси и што ќе бидете заробени секој ден меѓу 4 ѕида!!!
Не можам да спијам. Имаме нов член, прекрасно мало кученце. Го најадовме, напивме, делумно го избањавме, го избањаа со раствор против болви, го врзаа во двор. Се одра лаејќи и пиштејќи, не остави без спиење покрај вруќинава. Во три сабајле излегов со намера да ја исечам врвката, ама ќе се изгуби, ноќе го донесоа, не ја знае околината, а и малецко е, душиче, си сака мајка, другите кученца. Додека го галам седи мирен, се тргнам ли вришти. Ама подобро за него да се навикне, немало да преживее таму на овој пекол. Ги жалам другите што останале. Утре пред работа ќе го видам и на дневна светлина а и да го искарам малку Не знам како не се умори и да заспие, цело време вришти. Да земам перница треба и кај него да легнам
Една поговорка вели дека утрото е помудро од вечерта, но зошто секоjа моjа креативна, мотивирачка и живото-менувачка идеjа ми се поjавува баш во ситните саати?
Секој ден иста песна. Станува бебу во 5-6,малку смешки,малку во двор на свеж воздух,потоа на бањање,па пиење млекце и спиење. Дур да расчистам,бебу станал.Ајде во раце шеткај натаму наваму.И пак ќе заспие ајде спремај ручек.Времето брзо ке помине и ајд пак тоа. И на крај никој не ти верува.Време за одмор нема!
Чувството кога ќе ни се случи нешто толку неверојатно, кое, колку и да се трудиме подоцна, не можеме да го побиеме со ништо ново што правиме, па сфаќаме колку ни е всушност празно и пусто е познато како непроменлива состојба.Тонење во местото од кое не можеме ни чекор да направиме. Фатени сме во оков од кој надолу гледаме длабочина, а угоре е височина. Дијаметралните разлики тешко се победуваат. Невозможна мешавина на среќа, надеж и гнев. Се распрснуваме и се собираме на сите страни. И кога правиме ретроспектива на настаните, сфаќаме дека поенергични, а помеланхолични не сме биле. И кога ќе видиме дека остатокот од светот, иако не е совршен, е далеку посовршен од овој овде, и дека постојат личности кои го прават подобар, а истиот тој свет е на дофат на дланката, согледуваме декадетелината со четири листа не одминала. Не сака да биде храбра за да си дозволи отпорност на ова парче тло. Не вирее тука и не не милува. Тоа чувство има цена. Не не напушта... За да стигнеме некаде, треба да почнеме од некаде... Парите можеби не купуваат среќа, но со нив може да ги купиме нештата што ќе направат да се чувствуваме посреќни. За почеток, купете си го омилениот цвет. Негувајте го, гледајте го и дишете го мирисот во сопствениот простор. Тоа ќе ја продолжи вегетацијата, а вие ќе имате свој извор на среќа што ќе ви ги буди мислите и ќе ви го задржува погледот. Ќе имате причина за да создадете чувство на среќа. И така ќе си го надополнувате секојдневието со нешто ново... Среќата е во малите нешта, нели? Па, почнете...
СДК..не ставајте слики од децата на интернет Се знае кому му се драги тие деца и кој добро им мисли. Нам ни се најмили и љубовта кон нив сакаме да ја споделиме со цел свет, ама ЈА НАРУШУВАШ приватноста на бебето/детето... Зошто е потребно цел свет да знае кога јадело, како какало, кога станало, за првото запче... Со колку помалку луѓе ја споделуваш твојата интима, толку поквалитетно ќе си живееш. Не го сатавајте на тацна вашиот приватен живот. Не го давајте образот да Ви го шамара секоја будала.
Со мајками кога сме во пмс не се стои до нас. Двете се контраме се караме се правиме лом. Не зборуваме со денови за една ситница па после др ден се ќе помини. Двете имаме црвени тетки на гости во исти ден. Е тогаш само благо се јаде, се смееме за се абе прст да ти покажи ќе прсниш од смеа.вчера ми се јадеше нешто благо си земав си направив она ме гледа и ми се смее зад мене лом направив но сепак беше вкусна тортата. Денес одиме на плажа двете мајка и ќерка. Е баш ме интересира дали ќе ми рече сонце мамино ајде излези од вода и после 4 сати сончање да ми рече можеш да влезеш . хахахаха понекогаш ми недостасуваат тие моменти.
Sdk deka mnogu me reviltiraat neodgovorni majki koj iako znaat deka decata im se bolni gi pustaat da se druzat. Abe mene sovesta ne mi dava da nekoe dete se razboli poradi moja nevnimatelnost. Jas ako sum izlegla so bolno dete na ulica od kilometar vikam ne do nas bolnicki sme. Nisto strasno ne sme sugavi pa da krijam. A sega moeto malecko na 40 stepeni se bori cela vecer i eve skoro cel den so 38 t zosto radi NESOVESNOST ke si puknam
„Секоја чест“ на оние што можат да поставуваат свои слики на форумов, а истовремено да се исповедаат за своите најинтимни и најскриени работи. А уште повеќе ако тие постови можат да наштетат или навредат некој близок. Јас не можам така. Секогаш ми иде на ум дека е ова најпосетениот форум и лесно може некој да го злоупотреби тоа што сум го пишала или во најмала рака да гледа сеир.
Многу убаво се чувствувам кога денот си го започнам позитивно... Абе цел ден мед и млеко ми е. Продуктивност на нивоУ. Со убави и добри луѓе многу убаво се соработува. Едноставно ти даваат елан да продолжиш, те мотивираат до бескрај, полесно се работи. Не знам што се случува ама периодов сите мои блиски размислуваат за промени. Мали, поголеми, драстични...ама убави. Дај боже се да излезе како треба, да не трубиме пред време ама ми мириса на добро.... Се крчка нешто добро... Со нови сили за нови почетоци, така беше ?! Денов прекрасен, си земав нова книга, се видов со драга пријателка, си ја излечив настинкава со шопинг, ручекот готов, масата поставена, ги чекам уште домашните да се вратат... Не за џабе се вели после дождот оди сонце...или обратно Имајте убав ден , радувајте му се на секој миг и никогаш не се предавајте. Животот е убав, луѓенца. Само дајте му шанса, може многу да ви покаже.
Никогаш не бидете Мајка Тереза, никој нема да ви рече Благодарам и никој никогаш кога вас ќе ви треба помош нема да ви помогне, во денешно време секој гледа на било каков начин да те искористи, да ти наштети и да те направи уште и будала, бидејќи си бил добар кон сите.
Се чувствувам како најсебично суштество на земјава и имам огромна грижа на совест затоа што премногу кукам и плачам за своите проблеми кои се огромна глупост и нула наспрема други кои ги има по светов како што се луѓе настрадани во војна, во терористички напади, гладни и боси деца, некаде некој ги загубил своите родители или пак цел живот растел без нив препуштен на милост и немилост на животот, некоја мајка го загубила своето дете ( што по мене нема поголема болка од оваа) и ред други лоши ситуации. Она што главно секогаш ми ги отвара очите дека моите проблеми се далеку небитни наспрема другите се туѓите трагични случки посебно ме погодува болката и проблемите на моите блиски и тогаш се лутам на животот и барам правдина од Бога зошто не се среќни сите луѓе, зошто секогаш најдобрите личности кои заслужуваат да бидат среќни најчесто заболуваат од најтешката болест и умираат оставајќи зад себе семејства кои тагуваат по нив. Често кога зборувам за своите проблеми ја употребувам поговорката секоја планина си има своја тежина но може подобро би било да се рече од лошото секогаш има полошо. Затоа следен пат кога ќе пролеам солзи за паднат испит, пропадната врска , немање пријатели, потсмевање и плукање од другите ке си речам на себе си дека тоа не е вредно за моите солзи. Испитот ќе се положи, пропадната врска ќе се замени со некоја подобра , тие што ве плукаат си имаат проблем со самите нив и не заслужуваат да бидат покрај мене ниту дел од мојот живот. Сите погоре безначајни мали проблеми можат да се поправат но не може да се поправи загубата на еден човечки живот, жално што не може да се ублажи болката на оние кои ја доживеале најголеамата несреќа и загуба. Некои болни огнови вечно ќе горат во срцето на некои личности и од нив ќе им гори душата ниту безброј ноќи пролеани солзи нема да можат да го згаснат тој оган.
Да сум обетка, каде би се скрила?!?!?!?! Ах колку несмасна и заборавена сум јас. Ќе пукнам од нервоза!
Мислиш си го преболела и ајде одиш кај него на ѕид да видиш што му се дешава...кога му ја гледаш профилнта....се разубавил боо боо А моментално тој што ти се пушта.... It's OK.... Не, најсериозно бившите секогаш се разубавуваат.....или на тие што сте им дале корпа 5-6 пати, после некое време престануваат да ви се пуштаа и баш тогаш гледате дека најјаките манекени можат вода да му носат. Одеднаш се разубавиле луѓето... Well...fuck it....
Експозиција:Одиш на журка Заплет:На иста маса си со бившиот Кулминација:Дознаваш дека другарка ти се гледа со него Пресврт:Кога таа не е тука,тој ти се пушта без срам (Porque?!) Расплет:Си одиш на шанк и маваш шотови текила И ќе ме прашаат оти не излегувам со старо друштво Драма,драмааа
поглупаво суштество од мене не постои кај се родив кај се запустив само ги брукам моите со своето постоење мајка ми сирота не може да каже дека всушност не сум дипломирала на тој луксузен колеџ а коцките да се свртат во моја полза тешко речиси невозможно другарките веке им здосадив и двете имаат дечковци треба да читам книги-немам концентрација(којзнае дали ке ме примат на факс од септември ) и дали воопшто ке ја издржам таа нивна тортура мр рајт никако да се појави КАТАСТРОФА