На мало чекорче сум да ја откачам тотално тремава, за да ми се исплати вложениот труд и со еден убав успех да ја заокружам неделава... Луѓенца пуштајте среќа утре, стискајте палци, ќе ми треба.
Среќна сум...И исполнета! Дури и кога нозете ме убиваат после сите обврски....Убаво ми е....Со убави луѓе,се е поубаво... И да,среќна сум што си остварив уште три нови познанства,со луѓе кои вредат....И тоа колку!!!!
Да, инает сум. Конечно признавам откако видов дека многу луѓе ми го викаат тоа. Обично не ме интересира туѓото мислење ама понекогаш стварно сакам да видам како изгледам во туѓите очи. Верувам дека сите би дале различни коментари бидејќи со сите сум различна. Не, не сум дволична воопшто туку имам многу различни карактери во себе кои не можам да ги истакнам со сите.
Кога сакаш да освестиш некого дека не треба да прави некоја работа, ти си аутоматски лош. Прво ти вика : да, да, во право си. :up: После: амааа.. јас пак направив, што да правам, знам дека не треба, АМА... Незнам која е поентата после сето тоа да се жалиме, кога свесно правиме грешки. Некогаш колку сакаш добро да направиш, толкувано е како најголемо злодело. Епа никој не ни е крив. Тоа што сам можеш да си го направиш, никој не може. Ќути си, трпи си.
Без нас -Нема да бидат исти улиците по кој чекоревме незнам зошто но нема, -нема да биди ист паркот во кој пешачевме се смеевме и јас како мало дете собирав камчиња, -без нас утрата ќе бидат пусти нема да има DOBRO UTRO, -без нас нема да биде иста плажата на која игравме со песокта,ниту морето кое немирно не удираше со брановите а ние силно се држевме за рака, -без нас нема да бидат исти NOKITE за тебе од мене нема повеќе добра нок,нема од мене топла вечера на маса, -за нас нема друга нова година јас нема да ја ружам елката, -за нас нема друга пролет,друга есен,друго лето нема ништо, IMA SAMO SPOMENI KOJ TI GI ZAPALI I PRETVORI VO PEPEL, за тебе поќе ме нема мене...
Уште еден чекор ме дели за да постигнам успех и да ми се исполни еден сон тоа ке биде многу голем успех за мене и секако оние кои што ме сакаат. Само да ми се исполни и ке дадам се од себе за да го задржам добиениот успех. Посакајте ми среќа бидејќи многу ми треба.
сдк... Не знаете колку сум тажна во моментов.Се чувствувам чудно...никој околу мене не сфаќа што всушност сакам јас да кажам и не е поради тоа што незнам да кажам или објаснам,тоа е поголема група луѓе кои никогаш нема да ги сфатат ваквите како мене.Јас сум многу реална и секогаш кажувам се и често знам и да заплачам за се бидејќи сум емотивна и мразам неправда.Мразам кога луѓето ме гледаат поинаку од тоа што сум иако не сум се претставила погрешно,мразам што мислат дека сум лоша,а само сум реална и многу добра(не е фалење,искрена сум).Повеќе пати знам да издржам многу работи за да не повредам некој...и пак сум лоша и не сфатена.Почнува веќе многу да ме боли ова,ама не сакам и не можам да бидам како другите,не можам . Се надевам ќе сфатите што сакав да кажам... . Пријатна ноќ
Иде најлошиот период и период што најмногу ме нервира. Периодот пред гласање. Сè е преплавено со политика, нема човек кај да избега за минутка раат. На радио реклами, на телевизија реклами, на билборди, на автобуси... Сега и на фејсбук. Лилјана Поповска suggested page. На Даниел страната во коментарите лајкнете ја страната на Пендаровски. Имаат ли луѓево некаква граница? Очигледно не. Дополнителна работа е што овој период го вади најлошото од луѓето. Целата некултура излегува на виделина, плукање, навредување, не се запира пред ништо. Семејство, пошироко и потесно, се е на тапет за пцуење. До толку сме затруени, во крвта ни е. Да помисли човек дека се борат луѓето за нешто, дека ако победи нивната страна ќе тече мед и млеко по улиците, на крајот на секое виножито ќе има грне со пари. Жалосно е. Имајте луѓе малку почит, зачувајте си го образот, барем тоа мало делче што можеби ви останало чисто.
Си лежам во кревет и си јадам наполитанки мобилниот во рака и чепкај на темиве во фемина и да ви кажам не ми се станува од креветов ама морам ...
Во земјата на лалиљата се наоѓа градот на гревовите, град на Црвената улица. На еден од излозите има жена која живее во минатото, а сепак е цврста во сегашноста и чекори кон иднината. Сама во своето срце и душа, гласно се смее и шегува додека во неа се` се руши и пропаѓа. Од нејзините усни се слуша најубавиот глас, додека позади затворената врата тие крвави усни се искривуваат во неиздржлив крик и незапирлив плач. Милува со поглед, очи од кои течат солзи кои никој не ги видел, а секој ги почуствувал. И не се осмелил да праша. Нејзиниот допир е сочуван и нежен, криејќи ги сите грубости кои ги допрела. Покрај машките удари и борби, сеуште не ја изгубила својата женственост. Се облекува во најсветли бои, а во себе се бори со најтешката темнина. Силна жена во чии ноздри влегол мирисот на никотин и сопствената крв, а сепак мириса на свежи рози. Жена, чија цврстина ја познаваш, а нежноста ја чувствуваш. ...фрлена во провалија, со крвави раце се искачува по карпата. Од пластична девојка, во храбра жена во која тече крв со борбеност и страв. Бела жена со црна душа. Голем уживател на алкохолот, пушач кој кажува мрсни шеги, бисексуалка која приредува раскошни забави за богатите. Љубител на орхидеи и изгрејсонце, после цела ноќ помината во бунило и кошмари. Постигнала успеси и не престанува. Неуморна. Херој, а не жртва. Силна е онаа жена која умрела по којзнае кој пат и тежнее кон повторно преродување. И стрпливо чека и чека... На улицата со црвените фенери, полна со жени кои ги нудат своите услуги на излози. Таа жена треба пак да се роди...
жал ми е што почесто не комуницирам со членовите од форумот... долго време сега само читам мислења, и има многу девојки со кои делиме слични или дури и исти мислења за некои работи, си мислам би можеле и пријателки да станеме.. ама ете...
Колку се нервирам кога некој несвесен човек ќе му се развика на некоја бабичка или дедо Бев во пошта имаше многу гужва и си застанав да чекам ред,еден стар човек беше на ред и слушнав само:Јас не сум вработена на вас да ви пополнувам овде,неможам да се расправам со вас,пополни си сам ,што си застанал во редот Една вработена која беше на шалтерот со вакви зборови му се обраќаше на дедото а овој не зборува ништо и ја гледа ... по некое време и вели : Ќерко извини,но навистина ми треба помош не гледам,само треба да ти го кажам бројот и да го запишеш, Оваа пак се раздра како ненормална и повика друг кој е на ред... Разбирам дека неможе да му прави услуга на секој но каде бе ти е почитта кон постар човек,ако не друго обрати му се барем колтурно а не така Леле кога го видов дедот Абеее неможам да ви опишам бее каков поглед тажен имаше,стар,тешко се движи ... Му се понудив да му завршам работа се што треба Седна на столчето ми кажа бројче цени што беше потребно за 2-3 уплатници и застанав да си чекам ред и за мене и за него ... Не престана да ми се заблагодарува,вика :јас немам никој сам живеам моите се далеку,несакам да им досадува на луѓето што овде чекаат ред за да ми пополнат тоа што е потребно ... Господ да те плагослови чедо,среќа нека те прати секогаш-ми кажа.... Ах беее колку се радувам на таквите нивни благослови човек со добра душа се познава од далеку. Еднаш овде сум кажала дека ме радуваат зборовите на старите луѓе ,така и овој човек ми го разубави денот и направи да се чуствувам исполнето и убаво само што помогнав за една мала ситница А госпоѓата што се испонаша пред сите ,по него е ќе осети самата на себе такво однесување во иднина.
Море може да му направи услуга, само така и чини.Како којзнае колку е тешко да му пополнела.Не е само од почит, него баш заради тоа што е стар, тој да можел, сигурно немало да побара од неа да пополни наместо него.Па и им се развикуваат, ич не ги тангира.А тој кај стар, па и не гледал, арно стигнал до кај неа, за таа вратата пред нос да му ја затвори.Па така ко ќе ги слушнам, како се развикуваат силни се прават.А што е интересно, на туѓо ќе се развика, ама кога е свое во прашање, одма друга политика се води. Само тоа нервира кога ќе видам така, не можам да останам ладнокрвна и да се правам ко ќорава. За почит, нема такво нешто денес, ретки се таквите луѓе, преретки.
Значи преку глава ми дојдоа овие политички објави на фејсбук, па 90% е политика (читај вмро). Кој ќе трпи два месеци.
Утринава земав пари, но немав идеја што да и купам на мама за 8ми март. И ајде отидов со една другарка до парфимерија и со лично мои заштедени пари и купив парфем, црно моливче за очи и еден преубав кармин, нејзината омилена боја. Не можев да издржам до утре и веднаш и го дадов, само ми рече: - Не си требала толку да се трошиш за мене, си можела и една обична ружа да ми купиш, за мене најубав поклон е да бидеш успешна и да станеш добра личност, останото не е битно, па ме бакна и прегрна. Јас само и одговорив дека и тоа што сум и го подарила е малку во споредба со тоа што го заслужува, затоа што таа многу нешта прави за мене, за да станам личност како што треба. Нема ништо поубаво од таа мајчинска прегратка и тој искрен мајчински бакнеж. Ама и она мене не ме заборавила, сакала утре да ми го даде поклонот, но ете јас го открив, знам каде ги крие таквите работи. Еден преубав парфем, баш така тинејџерски, не многу нападен. Преубав, со задоволство ќе го носам не бидејќи е убав, туку дека е подарок од прекрасна личност - мојата мајка. А и од тато си добив едно ланче и тоа со задоволство ќе го носам. Тие се најпрекрасните личности и иако можеби не им покажувам премногу ги сакам.
Ќе осамне ден и за мене, ќе те здоболи и тебе како мене. Ќе се превиткуваш до зори во кревет зошто нема да можеш да заспиеш. Ќе си повторуваш секој ден дека ќе е полесно, а нема да биде. Ќе те стега срцето толку многу да не можеш да дишеш. Ќе се тешиш, ќе се убедуваш, ќе се лажеш. Ќе осамне ден и за мене... Ќе те здоболи и тебе.. Ќе знаеш како е.