1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Додека е помлад човек,што би се рекло народски задржан е на нога,помага во домашните обврски,гледање на внуци и слично,е тогаш е арен,ама кога ќе падне в постела на старост е тешко него,конкретно зборам за дедо ми,последниве години животот му е пекол во куќата кај Чичко ми,не го гледаат никако,сам се пере,си готви сам,сакаше да оди во дом за стари лица,ама не му дозволија ,ем не го гледаат ем не го пуштаат во дом,со нас е ситуацијата поинаква,не можиме да го земиме кај нас дома со снаа сме со внуци,а и самиот не сака свесен е дека не ни помогнал ништо во животот,цел живот работеше за чичко ми само,не ми дал ни 5 денари мене и на брат ми,секогаш ги фалеше само внуците од чичко ми,ама сепак ми е жал не го мразам и не му посакувам ништо,преѓе бев да го видам, го немав видено 3 месеци,Чичко ми и фамилијата си заминале безгрижно на одмор Будва,па и обврски му дале за низ дома,ццц како не му страм да го остават сам 10 дена не ми е јасно и сватливо8-|
     
    На 2212, eliesaab, marama и 23 други им се допаѓа ова.
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Не не дефинитивно, уште малце ако поминам време со Стојнето (читај @Kukla994) ќе збудалам начисто, цела ноќ се умревме од смеа како недоквакани за окото на Марик па плус и у Зоне си се најдовме. Ја Дока, она стринката на Зоне. Тактички скроз погрешно.

    Или бан за заразно смеење, глупирање или некој лек за одлепеност, зашто крај е !! @Marick14 Јавно ти се извинувам за ишараниот ѕид ама стварно сакаме да пробаме. Ептен е фетиш.

    Не се чудете на четот сабајле коа ке отворите зашто ни ние не знаеме што се лупетавме ама ако, ако смеата го продолжувала животот, тогаш ради ноќва со Кукле ќе поживееме 10-5 години плус.

    За многу вакви ноќи :beer:
     
    На hermosa, Sunshine.Sunshine, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Сите се луди на свој начин
     
    На eliesaab, Candid, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Научив да не простувам толку лесно.. Научив многу животни лекции кои ќе ми помогнат во животот. Доста ме газеа, сега јас сум на ред.
    Инаку, вакви утра сум многу расположена пред големи настани :D
    Изгреа сонцето а со него започна и нов ден.. Сакам да знам што ќе донесе овој ден, утрешниот и тој по него... Енергична сум и спремна за авантури.

    Имајте убав викенд феминки.
     
    На eliesaab, Salome, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Пред 2 дена се вратив од одмор. Прекрасно си поминав, видов доста работи, бевме и во музејот во Валона.
     
    На hermosa, cresa-jagoda, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ова лето се' се одвива како на забавена снимка, а луѓево со млитави движења се влечат по улица. Нигде ветре да мрдне лист...а јас чувствувам ветер во грбот. Мојот чекор по жешкиот асфалт е лесен. Полна сум со енергија, полна со идеи. Не, не пијам ништо...мислам пијам Саси и домашен леден чај. Адреналин до плафон. Значи успехот е најголемитот мотиватор кој те тера да грабиш напред.
    Ми вели една колешка - од што се откажуваш? За ова мора нешто да трпи? Сигурно мисли дека имам лош сексуален живот, фрустриран маж, не готвам, а моиве гнетат сендвичи. Не, бе ништо од тоа, еве прашај го маж ми, за готвењето прашај и на Фемина ....Патем не знам зошто луѓето имаат впечаток за мене дека не готвам???:|

    А од што сум се откажала - па на пример, немам фејсбук, не гледам турски серии, не водам маратонски телефонски разговори, сум раскртила со квази-пријатели и досадни комшики. Водам едноставен живот-едноставно се облекувам, едноставно се шминкам, носам едноставна фризура, домот ми е едноставо среден. Едноставно и практично се моите волшебни зборови.
    Значи не и го кажав ова на неа (на некои луѓе залудно е нешто да им објаснуваш), но ви кажувам вам, зошто знам дека не е залудно....
     
    На maculencence, Buttterfly, eliesaab и 37 други им се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате како ви се жалев изминатава недела дека сум вработена 24/7 ? :^)
    Епа сега пак ќе ви се жалам, зошто не сум...еве коси кубам по гостиве :lol:

    Нејсе, оваа недела се осеќам мрак, грлото ми помина, ме болат белите дробови, кашлам ко хронично болна баба...не одам на лекар, нееее ! :shake:
    Неделава со прст не мрдам...и впрочем, читам.

    Ама ај ќе помине, ништо не е ова...

    Туку дојдов да ве прашам како готвите на ова време ?
    Мене поокеј ми е да си вежбам, еве утрово во 9 ипол се препотив од Џилиенка и 30 days shred ама брате мили умрев од готвење неделава! :tmi::angel::devil:

    Еве не знам...не знам... 8)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Значи и во оваа тема не може човек да се искаже без да му се реплицира, а божем е слободна тема. Мислам дека за оваа тема треба да се стави опција да не се реплицира на постови, туку само да се читаат.

    Ова го пишувам поради прашинава што се крена околу постот на Bender Rodriguez, кој си кажа свое видување и мислење за машката мода и можеби ќе звучам како адвокат, ама еве, да кажам и мене што ми пречи. (Зашто ова не е прв пат вака да се случува)

    Според мене, зборот „мода“ и „сиромашни луѓе“ не одат заедно. Да појаснам за да не бидам погрешно сфатена: Мислам дека сите на форумов (надвор од него не е тема на разговор) имаме барем трошка осет кога се искажуваме во врска со нешто, еве конкретно во врска со модава, па автоматски ги изземаме оние кои немаат основни средства за живот. Инаку, ако толку ви пречеше тоа што го пишал, а сакате да дискутирате, има безброј теми на форумов на кои тоа можевте да го направите, па тагнете го и расправајте се, наместо темава да ја полните. Еве како на пример, неколку теми:

    http://forum.femina.mk/threads/Влечки-лајнарки.5305/
    http://forum.femina.mk/threads/Стил-на-облекување.24274/
    http://forum.femina.mk/threads/Лоши-модни-комбинации.2241/
    http://forum.femina.mk/threads/Како-се-облекува-вашиот-партнер.7496/
    http://forum.femina.mk/threads/Дали-стилот-чини-многу-пари.9512/
    http://forum.femina.mk/threads/Како-би-облекле-личност-од-спротивниот-пол.8616/

    Инаку, еве и јас да го кажам моето мислење, кога веќе други го кажаа. И мене не ми се допаѓаат машки кои носат рамбовки, зашто ми личи како да шетаат по долна маица. Не ми се допаѓаат ниту машки кои летно време шетаат низ град со целосно или прилично раскопчани кошули (ова повеќе на средовечни мажи се однесува), а не ми се допаѓаат ниту машки кои носат папучи или сандали низ град (од било која возраст, освен деца). Многу почитувам фино облечени луѓе (брендови ама ич не ме засегаат, зашто и за ефтини пари може убаво да се изгледа), особено повозрасни, да не речам постари луѓе кога се носат ем младешки, ем соодветно за нивна возраст. Сум гледала низ град како шетаат мажи од 60-70 години, во тенки летни панталони, маица со кратки и отприлика вакви еспадрили:

    [​IMG]

    Да ти е мерак да ги гледаш.

    Мене не ми се допаѓаат и несфатливи ми се и некои други машки трендови, ама нема тука да образложувам.
    Како и да е, ете, погоре наведениве работи едноставно не ми изгледаат убаво и привлечно. Но тоа е мој вкус, а за вкусовите не се расправа, ако не се лажам.

    Веќе не знам погоре кој спомна, па ме мрзи да се навраќам и да тагирам, ама да, ми пречат и женски кои се недолично облечени (речиси за на плажа). И ми пречат женски кои носат папучи низ град. Сандала е едно, папуча е друго, да се разбереме.

    И ако може малку повнимателно да читате нечии постови, да не ги земате толку буквално и да не реагирате импулсивно кога ќе посакате да реплицирате, зашто така настануваат хаосите на форумов. Кога некој пост ќе предизвика кај мене желба за реплицирање и контрирање, јас го препрочитувам внимателно повеќе пати, па потоа реагирам. За поставените грди машки стапала, со нокти со инфекции и дебелите чичковци во тесни бели маици, ако добро прочитавте и небуквално го разбравте постот, ќе сфатевте дека се ставени како слика како тој ги доживува мажите (без разлика како изгледаат) кога ги гледа така облечени.

    Ете толку од мене.
     
    Последна измена: 25 јули 2015
    На One.Moment, Annath, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Моментално се наоѓам во едно селце,за кое што ме сврзуваат еден куп спомени како дете. Доаѓавме во оваа викендичка со цела фамилија,секогаш беше полно луѓе и викотници,некогаш од смеа,некогаш од кавги. Во меѓувреме на сите ни се случи живот. И се разотидовме.
    Вчера кога после толку време влегов во собите,видов дека тука времето застанало. Сите кукли,играчки,сите предмети се на истото место. Ние пораснавме,а нашето детство и младоста на нашите родители останала да живее тука. Исто како тие викенди што секогаш ги поминувавме тука да се вртеле одново и одново.
    Дојдов тука за малку да се одморам,да здивнам и да избегам од горештините и успеав. Тука ја поминав најпријатната ноќ во ова лето.
    Свежичко е,дури морав да се покријам и да пазам да не настинам во текот на ноќта.
    Сега додека пијам кафе и ви пишувам друштво ми прават нечиви кокошки што забегале во мојот двор. :coffee:

    Ме мачи само здравјето на двајца блиски луѓе. Во вакви моменти сфаќам дека ништо не е важно,сите желби и грижи од пред два дена исчезнаа и се минорни во однос на оваа. Сакам луѓето што ги сакам да се здрави и среќни. Само тоа.

    Имајте убав викенд. :hug:
     
    На eliesaab, marama, ozbilnazena и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На ozbilnazena, samovila.red., hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.996
    Намрштени фаци на шалтер и глас на Хитлер или извештачена насмевка со лижачки глас... Доста звучи иритирачки а доживувањето е траги-комично.
    Отсекогаш сум била за оние природни фацки со барем малце ентузијазам и харизма во нив....
    Денеска имав од тие првите.. Бев в банка и немав доволно пари па кога ме загледа накриво вработената|(, Божеее.. и реков на младата благајничка ќе ви оставам лична карта и мобилен за да се осигурате... И ми вели :Не ми требаат лични карти мене... Се поплукав себеси. Си велам убаво постапив :wasntme:
    Не знаат со клиентела, не знаат. Ко смачено му е бе од работа и плата. Боже собирај вересија :D
     
    Последна измена: 25 јули 2015
    На eliesaab, samovila.red., Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.161
    Пол:
    Женски
    Лето и надлетни температури го гушат воздухот. Сакам сладолед, понекогаш.
    Да... Само овошен, сервиран во убави светли бои како што изгледа, да ја вкусам свежината и да знам дека јадам сладолед.
    Мизерна ми е неговата надградба со шлаг, пишкоти, кекс, свежо овошје и врв на се чоколаден прелив. Мислите ми изгубија концентрација од спектарот на состојки сместени на едно место.
    Нов летен десерт именуван како куп во менито на кафетериите со задолжително присуство на примерокот на секоја маса. Игра на сликички во различни форми и големини, доминација на неприродност, естетски колапс и други пропратни несоодветни детали што го прободуваат видот.
    Се комбинираат и неспоиви вкусови за да се привлече вниманието на клиентите со помпезноста.
    Ми се замрзнува погледот од шареноликата слика што го деградира поимот за нешто традиционално во подготовката и сервирањето.
    Нови идеи и творечки дух?
    И овде ли се роди идејата за профит?
    Зарем така изгледа креативноста на дело?
    Аматерските декоративни зафати развиле поголема брзина од бројот што го достигнува надворешната температура во намерата да совладаат нешто толку вкусно и едноставно.
    Не... не поминуваат низ мојата перцепција за свежината на поимот.
    Постојат многу други нешта каде треба да ја примениме инвентивноста и да се бориме за купот.
    Ова сигурно не е никаков натпревар, освен материјален, секако.
    И не заборавајте дека постои само сладолед каков што отсекогаш постоел.
    Највкусен е.
    Убавината е во едноставноста.

    [​IMG]
     
    На eliesaab, kjukli, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Мислите се чудо... те носат толку далеку... а да не мрднеш од место.
     
    На eliesaab, marama, ozbilnazena и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Моментот кога во кафуле нарачуваш ладно нес, а ти носат топло небаре го мучкале со вода од болјер. :| Пробуеш, и скоро во шок, со некои неартикулирани звуци од недоголтнатото го замолуваш келнерот да ти донесе бар уште две коцки лед, а тој ти праќа убиствен поглед небаре си му побарал цела цистерна мразулци.

    Неколку минути подоцна, дур со другаров тропкаме со цефката по дното од чашата, во надеж дека така побрзо ќе се разлади, гледаме типов на една маса носи пун сад лед за две проклети макијата. :o Ај океј, му викам, кај и да е и нас ќе ни донесе. Чекаме, чекаме, довикуваме, абе абер нема. Кога, одеднаш доаѓаат нови гости, се сместуваат на соседната маса, и кога да видиме и` на нив цел сад. Мене тука ми пука филм, и дур сеуште послужува, станувам и доброволно си зимам. Oвој, ни две ни три ми се обраќа ,,Каде ма?'' А јас онака ноншалантно, ,,еве да земам неколку, па да те пријавам кај шефот'' и тука овој почнува да се правда у стил ,,аман немој, гужва е заборавив, бла бла''. Ама не знае дека со мене нема лабаво.... :muscle: :swear:

    ..Го оставив садот мраз на масата и чекав нов да донесе. :rofl:
     
    Последна измена: 25 јули 2015
    На Captain-Omni, sweetgirl358, sparklie и 23 други им се допаѓа ова.
  15. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    И оваа година ништо од одморот, а толку многу се радував и бев возбудена што барем пет дена ке бидам само со дечко ми. Какви се тие газди кои вработените ги третираат како робови, кои немаат точно определено работно време, кои секој ден одат на работа. Па дури и јадење не ни даваат цц.. Додека тие во рок од две недели, двапати одат на одмор по 5 дена и тоа на море, ние неможеме тука кај нас да отидеме. Ајде што ни е ограничено по 5 дена бидеќи за викенд има свадби и многу работа, па дури вели оди во понеделник врати се во четврток. Да,да ние само ке се малтретираме по автобус. Само вие уживајте, ние не сме луѓе нели!?
     
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.996
    Да се надополнам,се извинувам.
    Заборавив НАЈТРАГИЧНОТО :D
    Се вратив назад за да доплатам и ми вели :' Ќе ти должам денарче'
    Јас::o
    :wasntme: Извини, банката нема да ми врати денар?!
    Не ми е до денар воопшто, ни до два или три или десет.
    Ама не смее една банка со звучно име да си дозволи вакво нешто.
    Како и да е....... Хев а најс афтернун и дај нека заврни троа, не се диши :D
    Пис 8)
     
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе, по цел ден сте в раце со тоа телефоните, читате прогноза, башка ги гледате облаците над вас намрштени, стемнати, ама не, сепск чекате прво да заврни за да си одите од плажа!
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто во последно време не можам да поднесувам луѓе кои се незадоволни, негативни и само нешто мрчат.:@ Ко да ја земаат енергијата од воздухот и да ја бојат во сивило... Како помлада не ми сметаа дури и се трудев да ги развеселам, сега едноставно немам живци и инстантно бегам од нив.:toivo:
     
    На eliesaab, Candid, samovila.red. и 8 други им се допаѓа ова.
  19. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Без разлика колку кафиња и енергетски пијалоци ќе испиеш, пак нема да ти дадат толку енергија колку што можат позитивните луѓе! Факт! ;)
     
    На sparklie, eliesaab, kjukli и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Јaс сум женскo пa сaндaли, aпoстoлки, влечки, не нoсaм низ грaд. Пoвеќетo нoсaт aмa јaс не се чувствувaм удoбнo и нoсaм сaмo зa нa плaжa. Не ми сметa кoгa другите нoсaт, не ми е гaјле кoј кaкo се oблекувa, aмa ете јaс не.

    Кaкo ќе издржaм oдмoр сo друштвo не знaм:whew:
    Слушaјќи ги кaкo им е плaнoт дa гo пoминaт т.е. пoминеме oдмoрoт пaникa ме фaќa, не се прoнaoѓaм. Нo ќе биде верoјaтнo кaкo и секoгaш, тие ќе плaнирaaт зaеднички aктивнoсти, јaс ќе велaм -не сaкaм и ќе си терaм пo мoе, тие ќе се лутaт, јaс ќе се мoлaм дa ме oстaвaт нa мирa, и другoтo летo пaк сaкaaт сo нaс :D Зoштo, не ми е јaснo.
     
    На poenta, Abrakadabra, samovila.red. и 5 други им се допаѓа ова.