Дефинитивно еден од најиритантните моменти при читање е кога таман успеваш во твојата фантазија да си создадеш слика за ликовите и местото на случувањата како самата да си насред таа атмосфера... иии токму тогаш некој од домашните те вика и те прекинува. Ептен би било корисно вакво нешто...
Многу ми е интересно форумското удварање, ама многу ... и не ми е разбирливо, посебно од возрасни членки... Дури и исти зборчиња се употребуваат за одредени работи во постовите... Кај го имаме ова улизување во реалноста во немерливи количини, па и во виртуелниов свет е стварно премногу. И смешно ми е, ете...уствари не знам дали повеќе е смешно отколку жално. Во реалноста можеби ќе речеш од практични причини, ама овде?
Чувството кога ќе си ја засакаш својата работа, која не ти е ни по струка, она кога си посветена целосно што дури забораваш да погледнеш во часовникот дека времето поминало - е тоа е непроценливо.
Спешлке потполно ист момент доживеав прееска Во книгата полициска бркотница, јас цела внесена во ситуацијата, таман да го фатат убиецот - мене телефонот ми ѕвони Туку не знам дали ова само мене ми се случува, ама потсвесно во глава ми се пушта музика кога читам, во зависност од сцената На пример прееска за момент се фатив себе како ми пее Jungle Shadow од Кирил Џајковски Јас сум само за да правам филмови по книги, онака како што си ги замислувам. Којзнае што ќе испадне
конечно на мајка ми и текнало да се осигураме што значи одиме напред инаку сакав да кажам дека баш пред некој ден слушав на тв за лица со шекерна болест не им се препорачува да станат мајки(а згора на се и епилепсија што имам може да замислите) и нормално дојдовме дома до кавга а што сум тарнеров синдром е плус(втор или трет месец од бременоста ке доживеам спонтан абортус) со други зборови имам 30 ама изгледа ДОПРВА ке почнат животните проблеми господ со мајка богородица нека ми е на помош
Секогаш се нервирам кога одредени госпоѓици ќе почнат да дрдорат како не било се за материјалното, како требало и можело да се ужива и без многу скапи работи... Истата по цел ден в рака со Ајфон 6+ Секоја вечер излезена во скапи облеки, брендови... Жити се’, луѓе, знаеме дека сакате сите да мислат дека сте прекрасни добронамерни душички, ама не се контрајте барем. Не велам да немате скапи облеки, телефони и триста чуда, ама барем не се правете како да не ви е важно да не сте над сите, да не го имате најскапото, бидејќи немаше да го имате ако не ви беше важно. Некој ќе рече, аха, љубоморна си и’. Таман работа, не би паѓала толку ниско да си ја трескам главата од земја бидејќи некоја таму имала повеќе од мене. Сериозно? Не луѓе, стварно, сериозно?
Ви доага ли некогаш да викате,плачете а да немате пред кого? Освен вас тука се само белите зидови и никој друг. Кога би можеле тие да зборуваат што ли се ке кажат...
Многу нешто ги осквернавивте моментите - убавите девојки се сами, силнит жени се сами... Прво, дефинирајте силна жена? Што е силна жена? Што е независна жена? Ако е толку силна и независна, зошто и е потребен маж? Да се разбереме, самодоволна е правиот збор. Исто така и самозаљубена и егоцентрична. Никој не ви ја зима независноста и силината ако знаете да се носите со она што го имате. Исто така не се кршите на нечии осудувања, или сепак сте лигли кои патат да бидат прифатени по секоја цена, но вашето его не може да поднесе дека тоа не е така, па правите скандал? Get over yourself. Ако се нарекувате силна жена и наоѓате дечко кој ќе ве почитува и сака, а сепак тогаш го нарекувате лигуш, мекуш, папучар и не го почитувате, копнеете по силниот маж, па го наоѓате и брише под со вас, па и трчкате по него, ама и тврдите дека не може да поднесе колку тоа сте силни. Силната нема да каже колку е силна, тебе сесре те боли јако, сомелена си како мелено месо. И што е убава девојка? По кој критериум? Па на форумов од тоа што сум видела на темата што се дефинира дека е убава и сама, а потоа сум го видела во модни критики и по темите за шминки, мене ич не ми биле убави... што не значи дека сум во право, туку дека убавината е релативна! И затоа чил и бришете, изгледа не ќе да е убавината, туку вашата умисленост дека сте убави па билдате его или навистина сте убави со големо его...па ќе да е егцето што е полно проблемчиња и мушички, ви подзаскапува, па никој не може да ве поднесе, а пред се самите не можете да се поднесете. Сметате само дека сте убави дека заслужувате некој Брет Пит или некој кој ќе ви ги бакнува нозете, а вие ќе можете да му газите по достоинството или вие да си играте со нечие. Се молат лиглите овај силните да одат да си куцаат на бројчаникот и да не не замараат нас обичните кои си го тераме филмот и се сакаме здраво и не се сакаме како да сме единствено вредни на светот, оќеј? Палам штиклите,ме инспирираше тука некој женски муабет,а можр и од виново им е. Патем,ме вика бичи бич кога сум во пмс...па да оправдам,ама не почнав јас туку Диор - Ако имате криви нозе,нагласете го деколтето. - Диор. А кога ќе замислам колку немаат ни тоа ни тоа па мислат дека се згодни А ние па со двете и цицки и прави нозе сепак не тврдиме дека сме згодни. Ах животе,курво.
Многу често ми се случува да се исплачам сама, меѓу четири ѕида. Не зашто нема пред кого, туку не сакам никого да оптоварувам со моите грижи и проблеми. Чуден човек сум ти јас, секогаш сум тука да ги ислушам сите, да дадам совет, утеха, а кога дојде ред јас да се исплачам сама себеси сум си најдобро рамо за плачење.
http://telma.com.mk/vesti/telma-storijasemejstvo-od-bitola-bara-pomosh-za-sinot Броеви за донација: 078 463 610 075 143 600 070 143 181 Ве молам шернувајте го ова на социјалните мрежи. 100 денари нема да не обогатат, а на некој можат многу да му помогнат! Знам дека е за во Хуманитарни акции, но за да не отварам нова тема ова ми е побрз начин. Ви благодарам!
денес малце се раздува ветре ама шо бе, пекол е пак лани цело лето врнеше и не ни годеше, сега се печеме ко гуштери Само што измив заби, видов дека не сум ги дојала соленките . А така ми се јаде денес солено. Само барам теми по феминава да пишувам пошо не ми се спие. Досада, шо да се праи...
Чувството кога ти се пушта шефот на мајка ти (млад е, нема ни 30 год) Прво како ме пронајде на фб, со моето име и презиме има 1000 девојки а тој не знае ни како изгледам.....уште пред некој ден знам правеле муабет со мајка ми колкави деца има и му кажала за ќеркичката нејзина дека има 20+ год, убава на мама (јас си додавам дека рекла убава) И овој одма чекај да и се пуштам ја.... кај трчаш бе....мислиш секое женско што има над 20 год можеш да го легнеш? Демек шеф си? Демек главен нешто ау ау....I don't get it... Второ што меша работа со приватен живот? Уствари јас немам врска со неговата работа ама на некој начин поврзана сум...добро ај нема врска... Трето...абе дечко, немаш карактер, а и башка што и на изглед не си мој тип. Плав, висок, ама штета мене црни ме привлекуваат уште од мала. И четврто ај гледај си ја работата... Реакцијата на мајка ми кога на зезање (ама пред неа мртва сериозна) и реков дали сака да добие покачување
Велат дека убаво е кога ќе се исплачеш,се чистат очните капаци,ем ти се олеснува на душичката,ама ајде де,колку ми се плачи а не ми идат солзи...туку многу ме замислува фактот што често кога ме натажува нешто,или евоцирам некои емоции и спомени од минатото,тивко и нешумно ми се тркала една солзичка од едното око,е таа солза да знаете како боли,таа се ствара од притисок,од некој си страв од плачење и олеснување на душата,таа солза е предавникот и секогаш издава дека боли нешто во душичката,проклето боли а јас се стегам и берам се во себе,многу ја мразам оваа особина,ама ете проклет карактер
Додека мрморите под мустаќ, дека некој бил по вас, а сепак завршил прв "преку врски", само потврдувате колку всушност се сожалувате самите себе си, бидејќи ќе чекате ред како обичен смртник. Луѓето не се исти. Ниту биле, ниту ќе бидат. Постоеле кралеви и слуги, робовладетели и робови, султани и слуги...
Еве ме конечно дома, разочарана од сите. Добро, освен од најдобрата другарка. Од неа мислам дека никогаш нема да се разочарам. Единствена ми е, во секоја ситуација е овде. А другите, дури и сестра ми... како да не се истите. Се чудам дали воопшто ми е сестра. Ја немав видено повеќе од десет дена, одам да ја гушнам и таа ме побутнува настрана. Молам??? Епа добро тогаш, и јас ќе се однесувам како да немам сестра од сега... Ама проблемот е што не можам. Премногу сум емотивна. Премногу ги сакам сите, освен себеси. Премногу има надеж во мене. И на крај, премногу се разочарувам...
Не постои нешто што ме иритира повеќе од искомплексирани луѓе кои упорно се трудат да ти ги наметнат нивните комплекси. Ама мавни ми се жено, не сум дојдена да ти ги слушам 'жалопојките' и притоа 'да извлечам поука'. Па уште навредени кога на фин начин ќе ги отераш зад седумте планини. Ау госпожата од Големото Добро Утро. Море мавни ми се!