Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Покрај вистинскиот маж жените се среќни,покрај сите останати калибри на мажи,жените мора да бидат јаки.

    *********

    Го гледам форумов и ми западна во око една работа.Ако поставите некое малку покомплексно прашање знајте нема да добиете никакво мислење или не дај боже конкретен одговор.Ама затоа ниедно поставено прашање во темите за секс или козметика ,не останало неодговорено.Што ни покажува ова?:?:
    Какви членови сме собрани на Феминава???
    Простете рано сабајле сум зајадлива.
     
    На Captain-Omni, tirkenbal, Luna91 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Синоќа заспав плачејќи. Колку и да знаеш дека барем не е отиден преку три света, Германија не е мала работа, боли тоа што кога ќе поминеме покрај неговата куќа и нема да можеме да одиме да играме фудбал кога и да посакаме, ќе го гледаме на неколку месеци, години..
    Мнооогу драг и близок другар, соученик, 9 години заедно не се малку.
     
    На Moonstone.17, hermosa, Umbrella22 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Веројатно одговорот би бил козметичарки и сексолози. Комбинација снова, м? :makeup: (mooning)
     
    На Captain-Omni, crazylady, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    52 години од Скопскиот катастрофален земјотрес.

    Нашите медиуми и портали и денес се занимаваат со дневно политички теми.(facepalm)
     
    На Captain-Omni, Madam-A, Ivy89 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Никогаш не дозволувајте друг да биде родител на вашите деца. Без разлика дали се тоа тетки,чичковци или странци. Сносете одговорност за воспитувањето и не пуштајте други луѓе да носат одлуки за вашите деца,без разлика дали изгледале едно или десет.
     
    На sweetgirl358, eliesaab, Luna91 и 25 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ова одамна го тврдам.
    Некои премногу ги осатваат на бабите
     
    На Luna91, kukla21, samovila.red. и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Оној селфи стапот во г.з да си го напикате, кои ретардирани трендови излегуваат не ми се верува.
    Порано си се шеташ некаде, излегува добар момент за сликање, застануваш некој и замолуваш да те слика. Ми фали тоа, не паметам кога последен пат некој непознат ме замолил да го сликам. Јас радосна оти баш мене ме одбрале (оти нели сигурно мора најубава од сите други да сум штом ете, баш јас :rofl:), а тој не мора да се глупира со нешто како стапов во случајов. Или мора 100 фотки да се сликнат за една да се одбере за на фб, па нема смисла секој втор да го застануваш или некој да ангажираш цел ден по тебе да оди со фотоапарат. Во тој случај ви признавам, стапот е идеално решение за вашите маки.
     
    На QweenSM, Luna91, Valerin и 29 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Неприродни работи.
    Ќе се местат еден саат и ке напрват 5 слики за една да одина ФБ.
    Битно е лајкови да имашшшшш....
     
    На samovila.red., DVAANGELA, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  9. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.203
    Горам,но не од жештината,горам од пеколот кој врие внатре во мене!
     
    На kjukli и Petar80 им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Периодов сум тешко педерче.
    Заљубено педерче.
    Ми оди во љубов, а се понашам како другарката/тетката што е сигнл и ги убедува сите како е подобро да си сингл и најдобар совет и е - сите ќе раскинете.
    Тоа е убавината на имање дечко - ај терај си викендот, јас мојот... ама мирен да бидеш, слушна?! За мене не се секирај, голема сум јас, знам да се чувам. Еве сега ме прашува дали ме боли главата, не само што ме боли, туку и искочи на кафе со другарките, ме напушти... а кога ќе се замислам дека треба да излезам на сонцево, па уште и до каде... ми оди гаг за повраќање, одма знам дека ќе ми се слоши, со тахикардииве...посластици.

    И не знам шо фаца имам, ама не ме викаат маци, маче, срц, душо, сонце...мене најселски во свет ме викаат - ЦУЦИ. А најмногу цуци ме викаат медицински сестри. И уште ова не знам зошто така - од сите луѓе на светов после луѓе со проблеми и стари луѓе најмногу ми оди муабет со медицински сестри и доктори, или дефинитивно ја утнав професијата или стварно сум пациент со дијагноза Е 20 #хехе.

    А многу ме загрижува што сабајле сањав дека сум имала мотор Дукати и сум се курчела низ град со него, па после ми го украле... Си викав, ај бе исто е ко да возиш точак, колку може да е тешко човече? И стварно... се изнавозев на мотор!!! Ама од каде и на мојава потсвест таква сулуда идеја?

    И кажано меѓу нас... многу мразам одење на гости и да ми доаѓаат гости... освен другарките за кафе и пиење...а она прописното...со најава и сериозност, со све, со пичке си материне. Е МНОГУ МРАЗАМ!!! Не сакам формалности, доста ме јебат секој ден по работа... ама ај, човештво, како сакате, штом така сакате и сте мнозинство, која сум јас да ви кажувам дека без веза е. Као нема кафани и кафичи прописно да се оставиме. А сум за да частам по такви места, само мирот и удобноста на домот да си ги задржам, како на својот, така и на туѓиот.
     
    На Captain-Omni, samovila.red., stetoskop и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Кога не очекуваш ништо... добиваш сѐ... затоа што знаеш дека нема да се разочараш.
     
    На Sunshine.Sunshine, sparklie, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Веќе не планирам ништо од напред. Причина?
    Кога се ми е по планот ќе се најде некој паметен и ќе ми го сјебе.
    Извињавам се на израз и тој е за жене:)
    Мани на страна свој став свое јас, пред неки вољене особе едноставно топиш се и не можеш речи не:)

    Застанувам пред моиве тројца важни мажи во мојов живот и им велам...
    Јас го седнувам задников во кола кој иде иде ако не одам сама.
    Е кога ќе го слушнат тоа сама маж ми пред мене задникот го бапнал во кола:D
    Големиов ме бакнува во чело, ме дига врти и веднаш паѓа среќен пат кево... остани подолго уживај не враќај се :DШто значи мачката не е дома, куќа на располагање биче друштво забава и слободног секса:nod:
    Знам и вас ви иде да ги избркате мама и тато на неко време:) Кој не нек пише;)
    Малово го влечам уште некое време затоа што ужива во мојата вожња и сеуште не напуштен авантуристички дух.По некоја година и тоа нема да ми иде...
    Не због мојот дух него због свој простор своја слобода, бити сам на неко време.
    Сите на моменти сме го посакале тоа.
    Зборот ми беше - не планирано без многу што да понесам, што ми треба, вака така ќе биде, јас поминувам топ.
    За да појдам до една дестинација ми треба волја, добро расположение и нешто лова, лица кои не се бурзат, лица кои знаат да уживаат и од ситни мали нешта да направат рајски одмор за душа.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 26 јули 2015
    На do-re-mi, sparklie, Luna91 и 27 други им се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Мишка,мишка насекаде.Луѓе златни,мачни души..постојат ролони,постојат парфеми....ајде се простува.
    Во петокот беше Локум Фест,дел од Бит Фест.Се одржуваше во чаршијата во Битола,пред Еснаф,кафана/кафич шо е.Пејат,свират некои баби дедовци од којзнае каде собрани и кога се свртив да видам шо народ се собрал се старо,прастаро.Како во предисториски период се чувствував.После запееја некоја чалгаџиска група од Велес.Кутрите без прекин свири,пеј до кај 11 и нешто навечер.
    А јас?Јас традиционално си одам на Локум Фест секоја година иако не сум нешто по локумот таму.
    Ама оваа година како шо видов баби/дедовци не сум видела претходно.И вчера бев,во саботата.Виолета Томовска пеела.Народ собрано,ти се чини митинг.Ако нека излегуваат луѓето.Морав од таму да поминам бидејќи бев излезена па си бегав дома.Виолетчето се слушаше до зградата кај шо живеам.Машала до 11 и пол навечер пееше.Ако,нека пеј.
    Денес би сакала пак да ѕирнам нешто од Бит Фест,овој пат се мислам дали да одам на Шекспир фестивалот во НТБ.Да се оди или не,прашање е сега...
    :smirk:
     
    На samovila.red., GirlRose, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ..Од каде ли да почнам?! Ај, од почеток.
    Еден од подобрите другари ми иде во Германија, вчера испраќање, последна забава заедно за годинава, пијанчење, хаос. Плачки, мачки, кучки, лигавешки, другарчето ќе си оди. Мене само ми се насолзија очите, колку да не останам покуса. Всушност цел живот во основно со него седев заедно на клупа! Како да не ми е криво, какви глупости имаме правено, двајцата највисоки во цел клас и во последна клупа не ставаа, таа клупа е сон за глупости правење! :D И уствари не само на мене, на сите им е криво што си оди, ама се усреќи што си оди, искрено.
    Доста за ова, нешто друго да си кажам: исчитав лектира утрово и не знам што да правам, прегледав се` на социјални мрежи, забавни сајтови, триста чуда и сега што? Хороскоп да читнам, викам. Ми текна дека вчера си најдов симпатија, па не ми се верува дека ми е симпатија! Порано не му обрнував внимание, ама вчера ми стана сонце! И така, отварам хороскоп гледам за вчера, вика романтичен период, можни се емоции и чувства кон спротивниот пол, многу романтични чувства. Се шлапнувам со дланка по чело, не ми е верно што прочитав, зарем ова?(facepalm) Хороскопов погаѓал по нешто, онака може случајно, или не.
    Ќе си тупам сега главата со симпатија, бе, луда главо. :emo:
    Ќе се тргнам јас сега од темава, да не истрескам уште нешто. Бидете ми поздравени.
     
    На tirkenbal, eliesaab, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Колку е тенка границата кога балансираме...Само едно мало чкорче е доволно да потпали се...И потоа - пожар.

    Да, пожар. Душевен, психички, физички или емоционален. Те разурнува небаре целата Земјина полутопка сака да те исфрли некаде далеку од неа. Ама секогаш имало надеж... Ново утре. :sun:

    Депресивното однесување исто...

    Сакам да кажам дека некои луѓе никогаш нема да пораснат. Да созреат. Не судам никому, обично не се замарам со туѓите животи ама вчера имав една интересна посета.... И не можам да сфатам како некој 30 годишен човек може да се однесува како да не му е грижа за ништо во животот ? Така лабилно, без никакво чувство за себепронаоѓање, кариера, заработувачка, дом, семејство...
    Секој со своите сфаќања и приоритети ама мака ми е кога гледам близок како не прави ништо во животот и живее на парите на мама и тато кои нема да бидат тука секогаш... И после следува губиток. Самогубење.

    Ама не можам да променам ништо, не можам да допрам до него... Има изградено таков ѕид... Не вреди.

    Денес имав уште една интересна посета. Се враќам од кафенце со другарките и фамилијарна средба со фини роднини кои воопшто не ги знам... Луѓето се повеќе и повеќе ме изненадуваат, со секој нов ден. Позитивно од некои со кои требало да контактирам а не сум имала прилика... И негативно од оние кои ги знам цел живот... Затоа фамилија и семејство мене ме асоцира на четири личности.
    Јас, мајка, тато и брат ми. :l:
     
    На eliesaab, Candid, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Кога во дискотека некој од зад грб те прашува дали ти сметаат, а носиш високи сандали, нормално ќе си помислиш дека те прашува за сандалите. Ма ни на крај на памет не ми текна дека ме прашува дали ми сметаат очилата. Ни па на крај на памет ќе ми текнеше дека некој некаде ќе ми рече дека е бедно да се носат очила, особено во дискотека. Зошто е бедно? Мене ми е победно да не ги носам, да се срамам од тоа што носам очила и цела вечер да не гледам ништо.
     
    На eloves, Sunshine.Sunshine, sweetgirl358 и 28 други им се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Не дека смета туку несакајќи да не промашиш некој дечко ако не ги носиш а искрено мене пак девојка со наочарчиња ми е посехси од оние без
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    :D еднаш ми се скршија очилата и си го утнав дечкото :D само 2,3 пати сум поминала покрај него ко да не го познавам, а него го барав :D
     
    На cresa-jagoda, Avokado, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.474
    Луда женска работа во петокот ја претоварив ташната, мислиш во секој момент на пат ќе тргам, па уште и цел ден дома не се прибрав. Додади на тоа и клими и вентилатори што фрштат од сите страни и ќе добиеш на крај резултат болка во рамо и плешка ко да ти мавнал некој убав бокс. Некогаш беспотребно си го отежнувам животов, ни сама не знам зошто.

    Кога сум кај климиве летово ме претепува убаво, толку мразам жештини па тоа е чудо едно. Излези надвор препоти се, залепи се цел, влези во просторија смрзни и постојано бегај од изворот да не ти удира во една точка. Порано ни промаја осеќав, нит бутур. Сега сум се разлигавела нешто, секоја нагла температурна промена скапо си ја плаќам, ама ај налет ќе се издржи некако уште некој месец...па после ќе се жалам од вртоглавиците и облачното време ;):punch:
    Шала на стана, човек секогаш може да си најде причина да се жали и да се туфка, а не е фино тоа. Негативноста е зло најголемо. Нит сам се сакаш, ниту околината те сака, а продуктивноста е сведена на некој минимум или отерана у некоја скроз деструктивна насока. Пред некој ден ме возеше во такси едно чиче, уште една година до пензија му фали, абе толку позитивност собрана во еден човек одамна не сум сретнала. Сигурно чим на тие години седнал во кола тоа да го прави ниту му е сјајно, ниту животот му е песна, ама си гура бе и мака нема. Има повеќе воља и идеи од повеќето луѓе измеѓу 25-30 години што ги познавам. Меѓу другото има идеја и дека ќе живее преку 100 години заедно со женичката...па искрено и од се срце му посакувам.
    А јас ќе си отворам едно пиво што немам време да го испијам од средата, ќе исклучам нотификации од мејл и ќе си ја догледам серијата конечно, еве и тука официјално си ветувам :nod:
     
    На ozbilnazena, tirkenbal, eliesaab и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Минувам покрај зграда и слушам тинејџери од 15-16 години слушаат некои рок песни од мое време. Криво ми падна, ко да ми крадат од времето, од младоста. Ко да земаат нешто што нив не им припаѓа. Ми дојде да им речам -Исклучете, не се тие песни за вас, зар нема нови пеачи, групи, песни, ново време е, нови генерации...остајте ги тие песни, мои се. Мочковци ;(
     
    На eliesaab, Bozica1980, GirlRose и 5 други им се допаѓа ова.