poglupo nesto od ova,zdravje http://popara.mk/2015/zhivot/ljubov-i-seks/mazhi-znaete-li-kolku-tochno-„vredi-vashata-devojka/ kako i da smetas ne vredis,sto kriteriumi ke bea i posle mazive pribirlivi,glupa statija
Во вистинско македонско семејство не бива силно невреме без при првата посилна грмотевица домашните да ти речат да исклучиш телевизор и пц, или ако си сама дома да ти се јават да прибереш алишта од тераса... True story...
Sakam da kazam deka imam youtube kanal i ako imate vreme poglednete go moeto novo video sto go staviv pred nekolku saati
Сите зборуваме за промени, секогаш секаде... Но вистинската промена, е таа кога ниту твојата сопствена мајка не може да те препознае! Денес, денес баш и тоа ми се случи. Мајчето си идеше од работа, ме здогледала надалеку, "Која е оваа будала по жешково? " помислила... Кога наближе само ми фрли еден поглед и готова беше да ме размине кога само се слушна она сецнатото, "Еј па овај е мојот син, оваа будала е моја!! " . "Мацко ти ли си ? " Јас сум да, само со пратена коса на одмор и долго испуштена вредна брада!!! Стил кој долго време се калеше и конечно виде бел ден... Убава ви вечер ...
Само јас можам Minions да го гледам без да се газам во смеа,а притоа да ја вадам 3Д наочарата на секои 5 минути,немате поим како ме гледаа сите,се осеќав како идиот,а и шо да праам кога не ми беше интересно,ајде атер за другарките бев,а и не ме задоволува нешто 3 дето,сакам 5 или 7Д,ама шо ќе правиш ова е Битола ,не е светот,или Скопје,ќе се задоволуваме и со трошки,кои во светот пред години беа актуелнимуабетот е сите напред,ние назад але але
секогаш кога доаѓа време да се враќам назад солзите ми се потешки од куферите. не знам зошто ама ме боли.
Без разлика кој жанр на филмови ви е омилен,секогаш постојат "исклучоци" кои ќе ги погледнете дали заради тоа што се актуелни или едноставно тоа има на телевизија.Е така и јас претежно сакам лајт филмови,романтични комедии и слично ама се сеќавам дека еднаш одамна имам фатено филм со Kevin Bacon и тоа баш твистет филм и сега во сеќавање ми е останат човекот како некој зол.Не дека он приватно е таков ама јас и кога гледам интервјуа со него се потресувам.Од друга страна пак Џим Кери не можам да го замислам во хорор филмови и затоа ми беше толку несвојствен во Бројот 23.
Сакам да кажам дека само што го направив профилов, онака од чиста досада. А и вообичаено секогаш имам да кажам по нешто и така..па да ве поздравам
@Bender Rodriguez ме потсети на една неубава случка Пред некое време се карав не можев да го убедам дечко ми дека со апостолки не се иде по град, го натерав да се пресоблече ама цело време ме прашуваше е добро што има лошо. Од каде тоа правило, и се трудам да му објаснам дека апостолки е сосема во ред на плажа да облечеш ама не е убаво во град ама на кого?! Иначе потполно се согласувам со тебе
Секоја приказна има своја прегратка и секоја прегратка е испишана со зборови. Приказната започнува од прегратката за утеха и поддршка и од онаа за споделување радост. Од онаа која затоплува, па се до онаа која ја замрзнува душата. И зборот насмевка носи своја порака. Тоа е приказната за вашата пријателка која ве дочекува со ведар гест на договореното место и ја искажува нетрпеливоста за средбата. Приказната за родителот кој низ насмевка му соопштува задоволство на своето дете од постигнатиот успех. Убавината на зборовите е во нивната моќ кога излегуваат од нас со некаква цел. Секоја закривена линија има магична аналогија која поттикнува на размислување. Еден израз на лицето крие различни значења. Насмевка од среќа, намсевка од милост, насмевка од задоволство, насмевка од иронија, насмевка од завист, насмевка од подбив... Сетете се на последната што сте ја добиле... Убаво ли се чувствувавте? Да, добивте гест, а не збор зад кој се крие цела сторија. Некогаш гестикуларниот чин многу повеќе ни е потребен од куп искажани зборови. Смејте се и низ прегратката создавајте приказни со искрена содржина.
Кога ќе се замислиш па, за некои работи некои луѓе не ни заслужуваат да знаат некои вистини со оглед на тоа што немаат капацитет да ги разберат или заради својата суета или затоа што се едноставно глупави. Некои вистини си се само ваши вистини, не мора целиот свет да ги знае се додека вие добро се носите самите со себе си нив и сте комотни, сте ги прифатиле и тоа е тоа. Некогаш е подобро да си преќутите, ќе останете само повредени од туѓата глупоќа, а не дека они се идеални.
Да те надополнам... Што па мора на глупоќата да и ја објаснуваш вистината ??...нека си глупее таму и нека мисли дека знае се.. А колку помалку знае вистини (посебно за мене) поубаво ќе си живеам.
Некад ти треба време да сфатиш дека некој е глуп. (што технички и тебе те прави глуп) Му даваш втора шанса да укапира, нели на секого му се случува, трета од карти, после толерираш и на крај сфаќаш дека навистина е ноторно глупа и ограничена личност полна со комплекси и фрустрации. Врз основа на своите комплекси и фрустрации става филтер и мери други луѓе...
Секој ден се повеќе и повеќе гледам како светот е окупиран од големата проста маса...а голотијата продава. Секој секого го гледа како секс поим. Работодавач, вработен, пријател, непријател... Додека љубовта кон културата опаѓа... Всушност, не опаѓа. Јас цврсто твдрам дека сеуште има вљубеници во она што живот значи, уметност, култура... ама се плашам да си ги искажат идеите, ставовите, да променат нешто, да направиме сите заедно чекор нанапред кон остварување на соништата... Разочарани ни се најкомпетентните луѓе од поредокот, од тоа како на никој за ништо не му е гајле, лоповски народ...без перспектива и простор за себенадоградба а и национална надоградба на културата... Сакаме да створиме нешто што не е наше, барок... Убаво ни изгледа градов , не ми е целта постов да испадне политички затоа што никогаш не бил и нема да биде, ама зошто не ја негуваме нашата култура ? Нашето изворно, најпроникливо.... Има толку многу добри луѓе...само ако им се даде шанса - чуда прават! Твори народов и има кликер....пари немаме. Ги гледам уметнициве како едвај чекаат да излезат надвор. смачено им е. Немаат од што да живеат. Ама сите сме си криви. Кога последен пат сте купиле уметничко дело од наш уметник ? А и како да купиме, кога плативе ни се така бедни... Правопропорционалност, шта чеш...