Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    ...не сум жена,ниту мајка, ама па сакам и јас еден цвет барем :lol:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Ме нервираат тие што учат за оценка. Не е оценката цел на учењето. Целта е да научиш. И што дека ќе имаш 5че кога си тапа, ништо не разбираш.
    Ама ако, еден ден сите ќе го сфатат тоа, но касно ќе биде.
    Дури се толку прости, што една „другарка“ ме гледаше како вртам низ феминава и ми вика Што е тоа цитирај? :x
    Каде оди светов?
     
    На cresa-jagoda и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денес ми е роденден!! За една година сум попаметна, помудра, поубава :wasntme:
    Расположена, уживам во денов..
    Happy birthday to me!! 8) :party: :party: :party:
     
    На Elennaa, Barbie20, BlackMistery и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до ПМС ама јас поштено си поплакав на твојов пост. И се сетив на повеќе вакви случки. Многу пати пред мои очи се има случувано ова. Со чест на исклучоци и да не претерам ама 85% од вработените на шалтерите се крајно некултурни и нетолерантни. Работат само по еден шаблон и ништо подалеку од тоа. Не дај боже да треба една бројка да ти допише, буквално одма ти ги фрла уплатниците и мрмља нешто. Јас знам дека е тешко да се работи со луѓе ама верувајте дека се' е до карактерот. Како одвај да чека да ти најде некоја грешка и одма се мурти и збори. И мене ми се случувале такви работи ама јас не им ќутам, културно и' кажувам две, три реченици па нека мрмори после цел ден. Ама за постариве лица ми паѓа повеќе жал, повеќето преќутуваат и затоа повеќе на нив се истураат. И после кога ќе го видам погледот на некој дедо срцето да ти се скрши. Ама и ова е како и се' останато во државава, за жал.
     
    На cresa-jagoda и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Премногу ме нервираат дечките од училната .-. Како може толку да се замараат за тоа што ќе сме и купиле на класната за 8-ми март.. Толку за оценки не се нервират и не зборат ВТФ?!? И јас со една марама од 5000 бои и црна кожена ташна, џипси ќе се прам? :@
    8-ми Март, се знае што треба да и дадеме , еден букет од црвени рози и ништо друго!
    Ај можи ќе сватат.. :|
    Надеж (има) :devil:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ако 14 век во хуманизмот е ренесансата за нас после толку векови претставува време кога литературата, книжевноста, политиката, уметноста биле во најсилен подем, век на најголемите откритија во светот, време кога излегле најубавите дела од секоја сфера, тогаш се прашувам по што ќе се памети 21 век после повеќе векови? Што ќе учат луѓето за нас на пример во 35 век? Не сакам ни да помислам. :tmi:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Ќе учат за белешките на Лајла Грејс и Дарко Лешовски, учебниците по музичка уметност ќе бидат преплавени со биографските податоци на Вале Гулабица, обидите за музичка кариера на Боки 13, Фифи и сличните.. Има,има што да се научи :worried:
     
    На Barbie20, Golden, Mahidevranfan и 4 други им се допаѓа ова.
  8. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Во право си. И јас сакам. Не е до поклонот, до вниманието е.
    Сепак ако дечкото ја почитува девојката (има многу што се долго време во врска) може да и поклони нешто, колку за внимание, не мора да се земени. Па има 18-годишни кои се мажени и добиваат, некои ни со 30. Има и такви за кои не треба повод за мало внимание. Секоја чест за нив. :bow:
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    39.605
    Додека ја чекав керка ми пред школо,приметив двајца работници како го средуваат песочникот во кој си играат децата за време на одмор.Со четка,лопата и некој апарат кој го сушеше песокот(често врне овде),го враќаа и распоредуваа растурениот фин песок за децата пак да го расфрлат :) Милина.Се сетив на песочникот пред зградата во Кисела Вода кој 6 години,никој никогаш не сум видела да го среди и исчисти,или замени песок.Преполн си пикавци и измет од кучиња и мачки ,ѓубре и метални отпадоци,а и најмалите си играа таму.
    Сосем банална работа нели,лоцирана никаде на мапата на светски проблеми,ама убав доказ дека работите некаде далеку ,сепак функционираат.Добредојдов во цивилизација...
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pink.Barbie

    Pink.Barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    23
    СДК дека сум многу среќна дека е петок!!! :rofl: :inlove:
     
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Што е време?
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.087
    Пол:
    Женски
    Животот го разбирам и го живеам како драма со своја премиера.
    Театарската драма има премиера и реприза.Ако ја пропуштиме премиерата има втора шанса,реприза.Но,животната или реалната драма нема реприза.Таа има една универзална и неповторлива содржина наречена премиера.
    Животот е премиера составена од три чина: детство,адолесценција и зрелост.
    Во првиот чин се е убаво и интересно.Се радуваме на утрото,го живееме денот безгрижно,го гледаме зајдисонцето,ја сакаме играта...Времето одлетува! Годините поминуваат! А детското и детството остануваат длабоко во нас.Премиерата продолжува...
    Во адолесценцијата,почнуваме да го формираме сопственото его и реалноста ја доживуваме според некој свој имагинарен свет во кој белото е црно,а црното е бело.Вториот чин трае кратко.
    Работите ги разбираме поинаку од нивната реална форма и содржина.А кога ќе почнеме да ја осознаваме вистинската страна на животот,тогаш ние сме зрели актери.Животната слика ја доживуваме низ турбуленции и препреки,падови и подеми.Сами се соочуваме со предизвиците.Некогаш смирени,некогаш бунтовни,некогаш среќни,некогаш тажни,некогаш храбри,некогаш слаби,но секогаш подготвени да ја живееме нашата приказна.Реалноста вели:Колку подобар актер,толку поубав живот.Но,дали сите умееме добро да одглумиме на животната сцена :?:
     
    На Barbie20 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  13. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    СДК дека расположението ми е како времево...
    Ај за мене ништо чудно да бидам нерасположена ама уште кога и сите околу мене се нерасположени... најди го крајот да те видам :^) Учењево денеска ми изгледа како најпаметна работа што можам да ја направам за да избегнам да се нервирам за некои работи :geek:

    http://www.youtube.com/watch?v=gH476CxJxfg :!:
     
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Празникот со кој ја почитуваме жената, неслучајно е во март. Неслучајно е во рана пролет, кога се што е најубаво, повторно се појавува на светот...

    СРЕЌЕН ПРАЗНИК, драги жени и мајки!
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    И јас за тоа постојано се мислам. Малку се ретардирам, што почнувам да оставам податоци на сите страни, . :D во дворот ги фрлам оние малите од лебот на кои го пишува датумот. :lol: Па дури и на столот дома дата напишав. Знам дека не ти беше тоа поентата, постојано мислам дека ќе експлодираат нуклеарните оружја, ќе изумреме сите, па после гоодини и години ќе се развие некој нов свет. Е во тој свет би сакала да жиевеам. Толку ме интересира иднината. :!:

    Знам дека сум ви чудна, постојано вака се занесувам, ништо страшно, само луда не ме вадете. :D Ај со здравје, па добро би било наместо да кукаме што би проучувале луѓето во иднината за нас, подобро би било да го направиме тоа со што би можеле да се проучува. Како и да е. Премногу забегав. :emo:
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Една таква гуска да ми расипе ден? Епа нема да и дозволам ^_^ !
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Бескрајно сум им благодарен на погрешните личности кои се тргнаа од мене исто така сум им бескрајно благодарен на моите пријатели кои се секогаш тука со мене како подршка,вистинските пријатели и во добро и во зло тука се секогаш со тебе,сакам само да им кажам дека и вие ја имате мојата подршка секогаш и во секое време.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Го знаете она чувство кога некој ви се лути,знаете дека не сте криви(убедени) и не ви праи муабет оти гордоста му е 30 метра над небо?
    Абе мали,сузо моја сузана,бриго моја једина.
     
  20. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум смотана,многу! :D
    Значи,како и секогаш за на тренинг си носам шише со вода..Ама,сабалјево брат ми го земал истото шише со него за на тренинг..И си викам ај кога ќе дојде ќе го земам и ќе го наполнам со вода,ама заборавив..Ии,дојде време за на тренинг да одам,ја го барам шишево,тоа па нигде го нема |( Отварам фрижидерот,најдов исто такво шише и мислев дека он го оставил таму |( Ама водава беше некако многу ладна,и јас да ја истурам и да си наполнам вода,нешто чудно ми замириса :lol: Тоа ракија да ти било..И така,отиде пола литро ракиичка,татко ми ќе ме утепаше хахахах :rofl:
     
    На lovely-girl и summer-lover им се допаѓа ова.