А ако ти кажам дека имам у животов вкупно 5 луѓе со овен во љубавно поле? И со сите увек сум на ратна нога со нив, јас шлапам они со краток фитиљ све ме сфаќаат сериозно (еве сега ми се налути зошто сум се зезала со него за нешто неопасно, бог да чува), ама у љубов сме во суштина. И ако ти кажам дека, пу пу пу од вас периодов... Напаљенковци сте деновиве, не знам што ви е, само за тоа слушам муабети, а според постов твој гледам бааѓи си западната у љубав.
Ее паа, Лилитот твој е негде кај што Венерата у Овен ужива веројатно . А јас пак не сум краток фитиљ, напротив држам контрола доста ... Некако одам за се' неисфорсирано. И владеам со ситуации. Овенот кај мене е доста скротен. Кхм, кхм ... а кој не е периодов или не би да е пун страсти, кога е лето, месецот на Сонцето ... Ватрен знак владее ... А у нешто сум западната, за западот е сигурно дека одамна сум во него , а за другото ...
Драги мои феминки (пред се шоферки) знаеме нели дека ние жени возачи,возиме повнимателно и со нормална брзина за разлика од мажите. Сигурно слушнавте или прочитавте за несреќата утринава кај Гевгелија Сеуште ми е сликата пред очи :'( воопшто не бев сконцентрирана на работата, се молев, се молев за сите, а најмногу за девојчето кому му даваа вештачко дишење..... за да ми заврши смената и да ми кажат колегите ужасна вест солзите нема да повратат ничиј живот,знам, но толку ми е тешко, и неможам да престанам да мислам на тоа. Секој ден сум сведок на пребрзите возења,претекнувања на кривини и полни линии. Да, имаат јаки коли, мојата не е, нека ме претекнуваат ама според правила. Луѓе бре жешко е знаеме, не сакате да чекате многу на граница, но ништо не ви значат 5-10 минути порано да стигнете на саканото место. Возете внимателно Ве Молам
Уште еднаш ако ми излезе видео дека лотото било наместено во Србија и дека сопругата на Дуле распалила по Коки (или обратно, не знам чија сопруга), го фаќам лаптопов и низ прозор ќе го фрлам....преку Стојко веќе и лото и Дуле и Коки и слични такви срања од објави.... Едно нешто паметно да ми излезе ќе го частам кој што пишал таква објава.
Нешто што заклучив од лична ситуација денес: Никогаш додека се качуваш на врвот не забораваај да ги одпоздравиш оние кои всушност ги одминуваш ,еден ден може ќе се најдеш на нивно место #чао #нарциси.
Некој сади цвеќиња и си го украсува дворот, а јас деновиве садам тревки и го преуредувам аквариумот. Само измислувам нешто ново, само правам некои комбинации за да не ѝ биде досадно на желката. Меѓу целиот песок, школки, тревки и други украси, имаме ставено и камчиња што мајка ми и татко ми ги собирале од Јадранот уште пред јас да се родам. Уште ги чуваме во една голема кугла. Пред некој ден кога го чистев аквариумот, ги извадив и нив, па почнав да ги разгледувам. Сите со различна големина, форма, боја, нијанса и шара. Сите се посебни и уникатни. Некои ми беа толку убави, што си се чудев како е можно да собере толку уметност во едно камче. Ова ми беше омилено, па си го задржав Нема поголем уметник од природата
Има карма за луѓето што прават свадба во продолжени викенди. Или казна. Во најмала рака како за фаќање некој во заложништво. @AnaKarenina Ако нешто значи, имаме иста форма на прсти. Хе. Помислив дека е мојата дланка. Се ежам од парови каде што она глуми висока класа, а муж и ја носи на Ѕвезде Гранда, Харис Џинович и слични ми ти концерти, он крева мишки, а она љубезно се смешка и му го држи пивото. Одат на свадбено патување со друг пар (објаснете ми го ова) и најчесто одморите ги поминуваат со братот на невестата и девојка му... Мислам ме инспирираше еден тазе у брак пар... Соу мач ВМРО на едно место... Многу ми се свиѓа што почнаа ВМРО да го користат ко стил на живот, а не партија. Па стварно е бре стил на живот! И парови што праат свадба, а се, абе ние не сакавме, нашите така сакаа. Ако не сакам и покојните ми претци сите нека се кренат и нека инсистираат на не знам шо, не правам така и готово. Па онда свадбичево, малце од традиционалното, малку од селското со оро пред куќа, со фустанот ветер и сонце да го фатат, ама во ресторан ќе имаме фенери и онакви што ќе ги пуштаме во воздух и некои Преплет ствари што се типски и откаченки...Богови на стилот. И не ќе е лошо, ако баш така не се декларираат ко богови на стилот... па и те потценуваат и ти се надмени зошто ти во принцип не се замараш за ништо зошто не веруваш дека си толку битна фаца во туѓите животи како би ти обрнувале толку многу внимание како изгледаш и што правиш. Не верувам дека некој баш мене ќе ме запримети и да рече, види ја сељанкава, прстенот и огрлицата не и се во иста нијанса на сребрено, а најверојатно не е ни сребро, туку посребренето, бљак... Како бе успевате да се доживувате за толку важни? Да ми беше битно туѓото мислење до сега ќе бев мажена со две деца, брак во криза без секс месец дена и секој викенд ќе идевме на гости кај кумовите и они кај нас... Се смиривме. Уште и се извини. Е не!
Мрчаторски пост нумеро:100000 1.Најпрепознатливи сме македонците на плажа,најозбилно.Да почнам со луѓе на кои им се дешава да легнат на сред плажа,во простор каде што играат тенис најмалку 3 пара луѓе.И притоа не се тргнуваат,иако топки летаат околу нив. - Се распоредуваат со 100 рогозини,столови и разни реквизити,уште камп приколка фали. -А да не зборувам како им текнува да се прскаат со пиво,да викаат и урлаат,да рипаат во вода,без грижа дали има народ околу нив кој може да го испраскаат или во најлош случај,да ја направат утоп новата книга. И не,другите не го прават тоа.Има исклучоци,ама кога наидувам на некултура,најчесто потекнува од наш народ. 2.Не дека сум перфекто шофер,ама трепкач никад не заборавам,ниту за најмала ситница.Во последно време стално налетувам на возачи кои не уклучуваат трепкач кога вртат лево или десно.Па аман,од каде да знам јас каде оди возилото,зар видовита сум?! 3.Запнав со автомобилите,ама нели ве нервира кога пуштаат глас најсилно што може,демек јаки фраери возат и јака кола,а ви иде да ги треснете една? Ај доста се,и да не биде се мрачно,синоќа беше прекрасна месечината,само јас будалата мислев ќе биде навистина сина И си ја чекав до 3 сабајле,да посине А инаку времето е прекраснотии,совршено за прошетки покрај море и пена парти за доцна навечер. Во таа чест и еден поздрав со музиче, со посвета на пријателството,јаките коли и згодните момци
На пат ми е нов член во фамилијата, или повеќе не би можела да знам. Едвај чекам мали кученца. Мислам дека нема ништо послатко од штотуку прогледани мали кучиња со големи стомачиња да се шеткаат во двор. Кучето е малечко и не знаевме дали сигурно има нешто во стомакот. Сестра ми пред неколку дена ја фатила за стомачето и ги прицнала знаете што и и истекло млеко. Кога ми кажа не знаев дали да плачам или да се смеам. Ах бе со цел памет... кај и текнало Јас да одам да си се спремам зошто мразам да каснам
Денес добив удар 'рани куче да ти лае' Не прекарувам, ама некои кај мене јадеа,спиеа, маси му ставував и нож добив. Јас ги барам, тие надвор од град. 'А бе знајш ние заминавме' А мене кој ме шиша. Господ да ве благослови. Не бе, не ми требаат другарки.... Не бе, не очекувам ништо. Жими се. Се извинувам. Party hard 2nite!
Една од позитивните работи што ми се допаѓаат во Скопјево е што речиси на секој чекор има чешмички за пиење вода. Многу се корисини и спасоносни, особено летно време!
Najinteresni mi se onie hejteri od tipot "Magareto mu se smeelo na zajacet za golemite usi".Pogotovo koga se raboti za magare so abnormalno golemi usi. Denes e najlesno da si hejter.Zatoa i jas si hejtam koga imam potreba.Nekogas mi teknuva da podrazmislam da ne ispadnam i jas kako magareto. Ama ete,ne sekogas ni teknuva.Nemoze covek da bide 24/7 svesen.
Едно нешто не ми е јасно: Како можете да купите пола лубеница, како не ви е гадно после да ја јадете? Ќе рече некој зошто, па како зошто, како пола лубеница ќе ја измиеш? Зарем мислите дека тие што ја пресекле се грижеле за хигиената? Случајно да не ја мијат тие секоја лубеница пред да ја пресечат? Од каде да знам дека ножот со кој ја сечеле е чист? А и сечејќи ја лубеницата, нечистотијата се пренесува и на внатрешниот дел. Подобро нема да купам лубеница, ама пола лубеница никогаш ни од продавница нема да купам, а не па од пазар каде е уште на пониско ниво хигиената!
Сакам да кажам дека кучево на сликава има неверојатна сличност со моево куче (како е можно кога немаат никакво крвно сродство).....ај ќе се помислам уште малку
Море шефе, му викам, сакам да ми најдете една пушка. Воздушна ли, со чаури ли, абе каква било, пушка си е пушка. Не ја бива вака... И они се мачат, и ја се мачам, вака, пау, ќе си го решам проблемот. Мртва озбилна му го правам муабетов, фацата ми стои заглавена на бич фејс, и вака ме гледа човеков... Ми вика, озбилно? Да бе шефе, најозбилно. Се чеша човекот за глава, ладна пот го обли, си вика оваа ќе не отепа сите тука. Еве и да пукам, само како предупредување, во воздух нагоре, па нека бегаат. Па вака ме гледа човеков, не му е јасно, се зезам или озбилна сум. Му викам еве и во нив да пукам, нема да ги отепам де, не сум до толку, малце само, по коленцето, по лактчето, ништо нема да им биде... Се исплаши човек, не знаеше што да каже, се здтка, а ја стојам и го гледам во очи.... се збуни, и на крај зема сладолед ми донесе, од тие големите, убавите. Уште да ми го фрлеше од 10 метри, бегајте деца... Ај се насмеав, ќе речат љуткава е оваа, кај ја донесовме, му олесна и него, ајде хехе, хаха, хихи... Овие другиве стојат и слушаат, леле, пушки, ме гледаат мене озбилна, си викаат ќе не отепа сите, нема да се вратиме назад... Ех бе бачиња бееееее, не ве пукам бе баче, ни пушка ни ништо, него малце да се нашалиме на маката. Кај се пукаат, такви деца, злато вредни... Не ми ја разбираат смислата за хумор, а потврдено од стручно лице, од нормална, понормална, амин.
Лето е да,прежешко и препеколно е времето,ама јас црното не го соблеков од мене,имам толку цветна облека и во разни бои,а јас цело лето го поминав во црнина,и убаво ми е не дека се жалам,омилена боја ми е црнататуку,секојден сите ме прашуваат што вака во црно,па и црн кармин ставам,абе како вампир сум,на мене нешто да разбие,може да се забележат само цветните старки на нозе слушам муабети од типот рокер ќе сум се правела на 26 год,или сум се спремала за Црната ружа,а не сум такво дете јас,па сега чудно им е на луѓево,абееее пфф па колку ми е гајле,ова чисто само да ви кажам дека изгледот лаже,и народски кажано руба краси руба гнасиама за инат ,ќе се носам како што ми одговара мене ми е гајле за чаршиски муабети,вака или така,кој му погодил на народот-никој,е па нема ни јасова некој филм ми е изгледа,ќе ми помине
Salava ne ti bila namesto ama voopsto. Mozes da si napravis ozbilen problem. Kulturnata razlika e ogromna za da bi mozela da upotrebuvas isti segi sekade. Vo sustina i toa e problemot na emigracijata. Treba okolu 10god da pomines, pa da pocnes da svakas sto moze sto nemoze da se kaze, kade i koga. Pazi se da ne bides deportirana so crven pecat. Od igracka, placka biduva.