Честит празник на сите, нека е за многу години! Имајте убав ден со оние кои ве прават среќни и прославтете онака како што сакате. Поздрав.
Кога ја соблекуваш душата пред некој, биди сигурен тој да е од твојот вид, да го зборува истиот јазик како твојот, да ги сака само невидливите нешта што му ги покажуваш, да не ги бара зборовите меѓу редови-туку да ги разбере од почеток со само еден поглед. Да е способен да го наслика твојот свет со истите нијанси од твоите зраци на парче од сјајот на твоите очи. Да те растрепери како крилјата на пеперутката...и кога ќе посегнеш по првото копче од таа твоја величествена облека, ќе ти се распрснат сите делчиња од сложувалката...и ќе се залепат за него!
Мразам кога недела се паѓаат празници и не работи ништо. Така Скопје ми е како да го удрила акополипса. Жив човек нема по улици.
СДК... Во светот на идеите се зависи од ентузијазмот, а во реалноста опстанокот се заснова на упорноста.
Ама не знам што толку се'сериозно сум сфатила се па дури и себеси. Дотолку што сите ги бркам од себеси буквално еден ѕид цврст сум ставила.... Еве денес едно многу добро пораче
Tопла августска ноќ, 2011 година. Ноќ во која на четириесет и првиот степен, повторно се обвиткав во лесната црвена лелеава марама. Ноќ во која, иако течеше врелата одмаздничка лава, беше студено. Проклето студено... "Само уште овој пат" Повторував со себе. Потребната концентрацијата отсуствуваше, а мисливе ни` се преплетуваа како пленови во пајакова мрежа. Каде секој се` чинеше поголем од другиот. Градација во недолгед... Само што овојпат, бевме во очекување на оној најкрупниот, белиот. Главниот двигател на шаховските фигури. Неговото појавување, ја наостри пајаковата нога. И после третиот убод, во воздухот веќе можеше да се намириса оган. Тензичен, тежок. Кој траеше се` до првиот утрински свиок. И тогаш конечно, олеснување...
Многу интересен феномен на балканци го засретнувам од време на време по кафе муабети, со чест на исклучоци. Као он е секс либерален, поштува свои жени, кои не се плашат да имаат секс овде и онде, да ги плеснат за сите пари и дека тоа е сасвим нормално и после слушаш муабет, опростете на јазиков, ама буквално ќе цитирам - абе ми пиша бившата ноќеска,ваљда и се прие*ало. Да ви напраам списоче од колку вакви момци кои важат за градски фаци сум го чула ова...а на пошироката јавност и продаваат пувки за љубовта и жените, слободата. Море мрш! Колку сакате убедувајте се дека не е тоа така, ама најголемите фраерчини во државава се со ваков став. Еве сабајлево го чув муабетов, си подповратив во себе. Нормалните и красни мажи нема да ги видите на ТВ, нема да ги чуете ко познати на социјални мрежи, ниту политички активирани, туку на кафе пауза од работа во кафиќ во близина на предузеќе и линијата на прошетаност им е по сите географски ширини и должини, гњурат во мобилниот,пијат еспресо и кога ќе ја кренат главата и ако ве забележат, сосема храбро ќе ви дојдат да се запознаете ( не мора де така,ама најобичниот пример,ништо спектакуларно од маж,ама ете). Да се разбереме, имам строги критериуми за раскалашеност и кај мажи и кај жени (би рекла и конзервативни по мерило на општеството кои сака да наметне нешто кое е со многу попивршна и материјална содржина од наводната либералност. Се во граници на профатливото и здравото, секако дека не појас на невиност енд шит), промискуитетност да не зборувам, ама бате, сакаш да ги искористиш, па после да ругаш...не колнам, ама таков непочит према луѓе,особено жени, па да даде господ на трета да ти упалува, да се фино побрукаш пред девојчето и да ти се родат три ќерки. Ама интересно е што овие ваквиве обично завршуваат со најголемите опајдури и после витешки јавно им ја бранат честта која не може ни да се реанимира, ни има знаци на живот,туку години веќе тоне во блам и клиничка смрт. Исто така ме нервира притисокот врз жените за секс со нов партнер. А бре ако не сака,не сака, од кај тоа глупо правило дека до 3то гледање требало да имате секс, демек не била мала,не била невина, не сте биле во средно? Не си помислил дела можда си кретен ама ти дава време да и го докажеш спротивното? Ако толку ти се допаѓа, а имаш во црепот ако треба ќе ја чекаш бре и три месеци. За некого е сексот духовна ствар, а не физичка ствар! Имам теорија дека овие ваквиве се мнооогу лоши и себични љубовници. Иронијата е тоа што после пак ќе чуеш, да бе,после првиот секој потоа е втор. Леле леле како ми оди да ви пишам од кое селебрети се муабетиве,ама ај нека го нека се подзанесува, оти на разоткритијата на оваа сељандура од чоек се со мудар заклучок - да бе ти се имам свиѓано,не сум ти обратил внимание... Ама права сељанка ко мене во своја одбрана би извадила и принт скринови на очајни обиди за разговор...па да видиме кој до каде е со сељачизмот непочитта и нејебаштвото во животот. Како да ти објаснам дечко, одолив си, впрочем и одбивен.
Денес,вчера и најмногу утре би требало да се моите најубави денови..... ама душава ми плаче. Вчера помина. Одглумив најдобро што можев ама сепак не беше сценската изведба на ниво. Почнав да се губам, да не издржувам до крај. Преку глава ми е од се. Денес ќе морам уште една партија да ја одиграм така. Да стиснам заби оти така тргнало. А во утрешниот ден ми е собрана сета надеж. Како да токму тој ќе ми ги избрише сите болки. Но, кога гледам наназад вушност тој е денот кога јас за цела година си ја олеснував душата и полнев еден океан од солзи за да ми се отвори место да почнам од почеток. Ех, пуста надеж.Само ти ми остануваш.
Денес денов ми е преубав. Колку малите нешта знаат да те направат срекен. Се чувствувам како да сум направила коjзнае што. Бев каj другарка на утринско трач кафе. Се дружиме 21 година од прво одделение. Буквално се знаеме една за друга и сме биле тука за што и да треба. И донесов Lindt чоколада од Бугариja и денес успеав да и го дадам. Среката на неjзиното лице беше непроценлива. Сдк не морате да трошите многу за да го направите некого срекен.
Еееј, абе не ви кажав.. внуката ми се роди вчерааааааа! Сум се изнаплакала, а мислев да ви кажам, ама ете заборавив од возбуда. Мајка весела, татко весел, баба весела, тетка весела, сите весели! Сум се изнаиграла за сите пари. Сега чекаме само мама да ја пуштат од болница, па да си ја видам теткината принцеза. Е, ова е неизмерна среќа!
Sto e ova? Mnogu pati sum rekla i pak ke recam " Ne e lisicata tolku pametna kolku kokoskite sto se glupavi"
Да куцнам малку во темава, оти ми се смачи веќе во Word и во белешки на телефон да си пишувам мудрости. Ова мудрости може да оди во наводници. Јас телефон затоа на никој не давам, не заради слики што ќе гледа, или пораки, туку, не го пружај тоа показалчето накај белешки! Белешките на една особено нездрава личност. Па кој нормален би пишувал белешки во телефон како овие моиве? Или подобро да прашам дали некој воопшто пишува во белешки? Ги читав прееска сите од почеток, во глава ми се врти Аааах, дете, со некој глас на бабичка. Како од рекламана, не знам за што беше. Ај, жива, здрава, ќе ми текне другпат. Туку, не можам, а да не ставам иста боја штипка како што е парталчето што го пружам (смрт ми е кога на ред ќе дојде нешто шарено, немам такви штипки!), или книгите да не се подредени по градација на бои, перницата и чаршафот да не се иста шара, лебот да не ми е поделен на залчиња и да не е подреден во редови, ќе се мрднам ако не е така! Ама не мислам дека имам некакво нарушување, или треба да се загрижувам? Ама, ама, се чувствувам здравооо! Какви глупости читам, не можела да заспие ако не ги исчеткала забите пред да си легне и ако не ја исчешла косата сабајле и мисли дека има некакво пореметување. Па, да, имаш пореметување штом мислиш дека имаш таков проблем само со тие симптоми. Гледам тинејџери по социјални мрежи и форуми, мислат дека е модерно да имаш ОЦД. Браво, дајте си боксче! Меѓусебно, во лице. Чекајте, да кажам уште нешто, уште нешто и уште нешто. Уствари, ако продолжам да куцам ќе се заборавам. Утре ќе пишам пак, ќе испозамарам, така малку. Поздрави и честички.
Изгледа повторно се враќа модата од времето на мајка ми и татко ми, па сите почнаа да се верат на 20 год Не стварно, што е финтата ако се вериш на 20 г.? Немаш ни факултет, ни работа убава, немаш ништо ама битно деца ќе раѓаш цел живот И? Тоа е целта на животот? 2-3 деца да родиш и толку си завршил работа? Си ја постигнал целта? Да, сите сакаме да си основаме семејства, да имаме деца ама се во свое време. Битно е да си осамостоен, да имаш диплома, работа, да прошеташ, да се забавуваш и да можеш башка од твоите да живееш. Да не си им на грб на старите, е тек тогаш прави веридба, свадба.... А не до вчера си правел осмици со газот во пепел, а сеа деца ќе чуваш... Добро, секој си одлучува што да прави со животот ама убаво е да се има некој цел а не да се лута во животот ко изгубена душа.... п.с. и најважното.... од каде по ѓаволите знаеш на 20 г дека тој е вистинскиот? Цел живот е пред тебе ама неее, на 19/20 си го нашол вистинскиот.
Колку ли е само прекрасно чуството кога ке влезеш во авион или автобус било што ... Со спакуваниот куфер и сите подготовки околу истиот, плаќаш карта по можност за еден правец, влегуваш и самата глетка и возбуда е непроценлива.....да тргнеш во бољи живот, во цивилизација, во средена и чиста држава. Каде што нема рекли казали, каде што сите си ја гледаат колата и својата работа, каде викендите се исполнети со секакви панорами, пејсажи, убавина......а не со кафеани пиво и ќебапи! Каде што главата и очите ке ти се одморат од се, каде што мозокот нема да ти се ограничи само на едно место. Ехх, неописливо чуство, минуваш граници, слушаш поинакви јазици, гледаш поинакви луѓе, работи...се чуствуваш поголем, посилен.. Самото чуство на спакуван куфер, чајче во рака слушалки на уво...и чуство за подобар живот.
@Moonstone.17 Не си единствена која што пишува белешки во телефонот. Многу често кога не ми е при рака мојот дневник, пишувам белешки во телефонот. И затоа и го чувам телефонот како очите, не сакам никој во мојата интима да чепка.
@Moonstone.17 Не си единствена која што пишува белешки во телефонот. Многу често кога не ми е при рака мојот дневник, пишувам белешки во телефонот. И затоа и го чувам телефонот како очите, не сакам никој во мојата интима да чепка.
Ona koga pikaat nos vo tugja rabota I na kraj ke dodadat : "Ama dobro toa si e nivna rabota" ili "Ne se zamaram so toa". Otkako ke razglabaat I komentiraat. Ne be ic ne se zamarate. Aj mrs. Get a life.