Жените биле големи оговарачки,пфффф мало морген,абе дали има поголем оговарач од маж ,м?! Абеее,како сум се изнервирала,она копилето што излегував последно околу 2 недели,низ цел град кажувал приказни за мене,што ми правел,што добил од мене,а не доби ништо,и ај сега,да си пукнеш во кожата,ама не за џабе рекле ,мажот најповеќе зборува за онаа жена која не ја имал никогаш Патем,среќен и вековен нека ни биде празникот Илинден,знаеме колку е важен и од верски аспект и од историски
Вчера додека го решавав фамозниов тест за тоа дали си интровертна или екстровертна личност, наидов на нешто што цело време го зборувам: no surprises is better than surprises - bad or good ones. И кога ќе размислам подобро, никогаш не сум сакала изненадувања. Некој ќе помисли дека сум многу неспонтана личност, ама животот ти приредува разни лекции. После многу години, доаѓа момент кога ќе седнеш и ќе си ги извагаш работите кои ти се случиле во животот и ќе си речеш: Дали сум имала повеќе добри или повеќе лоши изненадувања? Кога ќе си го добиеш одговорот (нормално нели, повеќето биле негативни), тогаш прекинуваш да ги посакуваш и оние позитивните и убавите изненадувања. Така, денес кога ќе се најдам во ваква ситуација, лошите изненадувања ги примам со тежина во душата, мачнина и мала доза на испаниченост, а позитивните, пак, уште повеќе ме вознемируваат. Поради ова почитувам кога некој ќе дојде и во лице, директно и моментално ќе ми соопшти тоа што има да ми каже - добро или лошо, наместо да ми кружи со фрази од типот: „Абе знаеш, имам да ти кажам нешто“. Од друга страна, радо приредувам (убави) изненадувања на луѓе кои знам дека сакаат изненадувања. Тоа е, колку луѓе - толку различни карактери. Јас сум од оние што сакаат непосредност.
Официјално јас сум крива за се 100 добри работи да ги напрајш на некој и 1 лоша и та лошата да не е по твоја вина туку спонтано да се деси за некој чоек кој го знајш ти, ти си крив, готово. Ќе ти памти 101 година и ќе почни да оладва со тебе, да се дистанцира, да неќи ни да изл со тебе и ти буквално ко уруп да седиш дома зошто другава другарка шо е ств супер не е в град, а неќам дечкото да го мачам сакам да му остам време за другарите. И после то, по некој месец ќе слушниш муабет јас сум била та шо сум заладила работите, шо сум се дистанцирала, а јас кутрото ко идиотче пробвај, пробвај, лепи. Секогаш јас лепам Секогаш јас пробвам врските со луѓето да ги лепам зошто велам луѓе се, чувства имат, неќам јас да бидам причина за то тие шо ќе бидат повредени. А они мене ко ќе ме повредват? Никој не прашва како ти е тебе. Важно да си крив, па шодека ти е лошо бе? Небитно. Кој му е гајле за тебе. Ако, така треба.
Мислaм декa сaмo јaс сум oстaнaтa вo скoпјевo и кучевo нaдвoр штo се oдрa oд лaење. Тaкси бaрaв дa викнaм пред некoј сaaт, пa ни тaксињa немa и нa крaј се oткaжaв. Си викaм кaј пa ќе пaзaрaм, седи си мaдрo и еве седaм мaдрo.... Си сипaв пивце нaвoднo ќе се рaзлaдувaм и 3 минути пo oбaвувaње физиoлoшки пoтреби, седнувaм целa среќнa сo тaњир грицки, oнo се стoплилo. Чекaјте другaри, не се дoгoвoривме вaкa. У реду е дa се тoпaм јaс, дa се пржи се живo и дивo нaдвoр, aмa дa ми се зaгревa пивoтo е преминувaње нa секoјa грaницa! Сегa прoверув, денес сoнцетo ќе зaјделo вo 7:52. Епa aјде друже, убрзaј. Сите штo се рaзлaдувaте пo езерa и мориња, ве мoлaм упaтете бaрем еднa мислa кoн нaс зaрoбените вo Сaхaрa. живели! Вaшa М,
Што е со гордиве наркомани по социјалниве мрежи? Не, не зборувам за марихуана туку за се' останато. Посебно имам една Кралјица Кокаина што очигледно и не знае дека е 90% Кралјица Малтера. Едно време беше брука да имаш наркоман у фамилија, сега е модерно валјда, што знам. Очигледно јас останав што не сум пробала хемија и што никогаш не ме интересирало тоа. Најсериозно, толку не се сакате? Толку сте празни и ви требаат вештачки стимуланси? И па кога ќе ми кажат дека е подобро од секс.... па фала богу кога имаш секс со наркоман, каков сакаш да ти биде. Сум ги видела таквите мажиња кои едвај се човеци, немаат потреба за јадење не пак некаква сексуална. Тој чин е неспоредлив, ебате тоа глупите. И строго наркоман со наркоман, ако не се прави хемија со тоа друштво, ок, ќе го викнеме другото, оти за нив е тоолку досадно да се седне и муабет да се направи. А пак јас, толку сум слична со овие наркоманиве... еве, стварно не знам. По музика, по нивните вештачки продуховености (моите се природни, не ги закачајте), по места за излегување, само уште да се облекувам како тринаесетгодишна на Тумороуленд и тоа е тоа. Имав еден другар таков, не верував дека ќе заглави пошо по природа е себичен и се сака самиот себе, ми беше смешно прво како му се дава пари за тоа, познавајќи го. Не бре. веќе не ги ни познаваш, ги снемува, се бришат, се губат од едно наркоманско дувло во друго. И да, овој мој хејт спич е пошто стварно ми е криво и не сакам вака да биде, имам изгубено другар благодарејќи на дрогата и неговата смрт немаше ама баш никакво влијание на неговите другарчиња. Ама не, они се бесмртни и прекрасни.
Лето е она кога имаш пореметен биоритам (како последица на уживање во пријатните летни ноќи со слушалки во уши без ориентација за време ) левел: ти треба ваков изум за да станеш eвентуално пред пладне... иии кога не знаеш не само кој датум, туку ниту кој ден е, освен кога е почеток на месец или празник како денешниот, па неколку дена после се ориентираш околу истите. Am I the only one? Tуку, нема ден што не можат да ти го разубави попладне со тивко ветренце, сладолед и дружба со оној тип на луѓенца со кои ги вежбаш сите фацијални, стомачни мускули и не можеш да дојдеш до здив од смеење кога ќе ти текне на муабетот со нив дури и наредните неколку дена... Have a nice evening!
Знаете што? Ни денес никој не ме побара. А, кога почнав јас да ги барам другите не ми креваа , некој ме одби... Зошто вака се се отпреврти? Мислам дека време е за некој др план. Грешам некаде... На помош св. Илија
Неверојатно е како појавата на една личност и една едноставна нејзина насмевка може да ве расположи и да ве натера да се смеете во остатокот од денот. Немам пишано тука одамна. Нема што да се каже. Т.е. има, ама не знам начин. Деновите брзо поминуваат, како вчера да беше јуни/јули, додека да трепнеш август дошол, а утре и септември ќе дојди па одново да се почни нашколо, овој пат последната година од средно, која со нетрпение ја очекував, бидејќи според кажувањата на тие кои завршиле средно оваа е најубавата година, и најлесно ќе си поминиме со учењето. Па матурата...Па потоа со факултетот..... Денес ми беше нешто посебно жешко, мислам дека прегрејв, и одма под туш, со ладна вода (Не ладна ладна). Ми дојде душа. Па потоа надвор со цревото, се испрскавме малку со брат ми и некои другари. Не можам да замислам зошто толку многу чекав да дојди лето и да затопли времево, сега само нека залади за едно 10 степени убаво ќе биди...
Ниту една жена несакам повеќе да видам падната на колена за маж јасно?,денес се случи нешто за моја другарка шокантно,ама состојбата во која ја затекнав беше катастофална...И да пати некоја нека го направи на достоинствен начин а не падната на колена не така за никој и за ништо никогаш... Јасно? Никогаш...
Мајка ми секогаш ми вели: „Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе!“ И цел живот се придржувам кон тоа правило и не сакам во никој случај да го прекршам. Оти, ако се деси тоа ќе си имам грижа на совест... Или сум наивна или добра или глупача која гледа за доброто на другите пред се. И сите да се задоволни за да нема тензии. Ама изгледа не треба така. Оти вратка немам за ниедно добро што сум го направила. АМА БАШ ЗА НИЕДНО!
Топли бакнежи и поздрави од Фурка.Овде е прекрасно.Луѓето се ептен гостопримливи и фини.Барем мене сега ми оставиле таков впечаток.Овде е прекрасно.Овде е рајот.Најмногу од се се радував на тоа што вкусив Орео за прв пат.И беше неверојатно.
Луѓето заминуваат од нашиот живот точно кога треба.Исто и ни влегуваат во животот кога треба.Тоа се наши учители,мотиватори, поттикнувачи кои ни помагаат да се осознаеме самите себе.Проблемите и пречките се знак дека растеме и дека треба да се менуваме.Ако тоа не го препознаеме,животот постојано ќе не враќа на истите лекции.
Негативност, котва која ве движи и влечи само кон еден правец, на дното! Па уште понепријатно е кога ќе ја слушнеш упатена на своја сметка од некоја си рандом личност што усвари нема ни појма за тебе... Па така да, да и одговарам на девојката која запраша пред сите, "...што е работава со момциве со капиве на плажа?" Не дека сакам да изигравам Саша Ковачевич стајл, ами ја носам поради моето голо главче кое се усвитува како вок тава на рингла, а брадата е тука секогаш со мене, откога започна етапата на пубертет па така да ако не ти се допаѓа воошто не ни гледај такви момци и не шари со очината пред твојот дечко кој и онака беше зафатен со броењето на карти... Но да сумирам, би ја запрашал многу прашања на кои и онака нема да дадеше одговор, но само мудро ја погледнав и ја проголтав таа кнедла ударно наменета за нејзиното простичко главче... И девојко ако се препознаеш, гајле ми е, та и онака капата совршено ми изгледа на мене!!!
@Olli28 Еј и јас сум матурантка годинава. Ни следува едно од најубавите доживувања во животот-матура. И мене распустот ова лето ми помина најбрзо до сега, а Август како и секогаш уште побрзо ќе ни помине и штом трепнеме дошол Септември. Премногу брзо ми поминаа претходниве 3 години од средно и затоа и не се ни сомневам дека уште побрзо ќе помине и 4-тата година. Сите сакаме што побрзо да завршиме, но потоа ќе ни фали дружењето со некои другари од средно исто како што сега ми фали дружбата од основно. А ако треба да споредам помеѓу основно и средно, јас би кажала дека повеќе постоеше вистинско дружење во основно, отколку сега во средно. А во животот најискрени пријателства се стекнуваат во основно и во средно, а ретко кога можеш да најдеш добар и искрен пријател на факултет.
Добра Ви вечер убави луѓе. Нека е за многу години денов. Среќен Илинден!! Вечна им слава на оние кои у '903 го дадоа животот за ние да имаме со што да се гордееме денес. Паа.. што има ново? Someone catch me up?! --------------------- Никогаш во животов не сум била поодлучна. Решив да не ја коментирам и ругам сопствената среќа. И животот ми е поубав. Сеуште ми фали татко ми, посебно денеска.. 4-ти Илинден без него, 4-ти негов именден без него.. ама знам дека тој ќе ме сакаше и поддржуваше ваква, баш ваква каква што неуморно се обидувам да се сочувам. Знам дека тој ќе ми беше најголемата поддршка..знам... имам грутка во грлово секогаш кога зборам за него..ама така е тоа кога некој бескрајно ти недостига... Совет кој МОРА да го примените: дистанцирајте се, бегајте што е можно подалеку од негативни луѓе, а опкружете се со оние кои ви го праат животот поубав во секоја смисла. Големи промени на повидок...огромни... ама моите плеќи веќе се навикнати да носат тежок товар.. претежок.. сонцето едвај ме допира од неговата сенка... ама уште малку остана да се изоди од тој трнлив пат..бар се надевам.. --------------------------------- Последниов дел ќе биде малку ироничен спрема првиот дел од целиов коментар ...ама грчкиов не ми оди лесно..ич!!! Некогаш мислам дека таман сум го фатила редот..баш тогаш ќе се испостави дека поизгубена не сум била...ајм лост кејс енд ај лајк ит... Имајте убав остаток од денот. Ми фалите драги луѓенца.. се читаме наскоро п.с. На сите на кои им е драг Охрид, сите кои се грижат за природата, биолошката разновидност, ендемските видови кои живеат у најстарото и најдлабокото езеро у Европа, сите кои сметаат дека Охрид е совршен баш таков каков што е и сите кои се против неговото уништување одвојте 2 минути и потпишете ја петицијава. https://www.change.org/p/save-the-o...m=des-lg-share_petition-no_msg&fb_ref=Default
Сакам да кажам зошто на сите оние кои им правиш добро ти враќаат дупло повеќе со лошо... Стварно не разбирам... Понесена сум од една ситуација која ми се случи од неодамна и сеуште не можам да сватам зошто е така...
Женска, се наоѓам во иста ситуација...И размислувам дека најверојатно сме нешто подобри од нив, имаме карактеристики што сакаат тие да ги имаат но не можат и најверојатно правиме добро на некој што не заслужува т. е. Не го заслужува нашето внимание и грижа, а ги запоставуваме на тие што им требаме. Поздрав
@presiosaP и @GirlLove одамна не ви се тие добри другарки и другари, само не сте сакале да си го признаете тоа. Не сте ставиле крај на време и затоа дошло до ова. Не знам колку години имате ама мислам дека сте се' уште средно, се извинувам ако грешам. Не сте единствени, сите сме имале период во животот кога некое другарство прекинало, некоја другарка не' разочарала, ни забила нож во грб, кога не не' викнале за некаде, а сите отишле, или пак само се случувале милион ситници кои ни биле пред очи, а не сме сакале да ги видиме, ниту да ги признаеме. Храброста доаѓа со текот на годините, карактерот се зацврстува и со вакви искуства. Потребно е време. Кога ќе ви се наредат приоритетите во глава, кога ќе стоите цврсто на земја, нема да се плашите од иднина или од осаменост тогаш ќе ставите крај на ваквите пријателства и верувајте ми дека животот ќе ви се подобри.
Кажи што чувствуваш и заеби се, не кажувај ништо и остави да те заебат. Како и да постапиш, грешка си. Не бе не, правилни одлуки кој прави? - Не јас. Баш се пронајдов во ова „кога ја имав не знаев што имам, кога ја губев добро знаев што губам“, а во ситуацијата јас сум губитникот. Ама ако, навикната сум јас. Цел живот на контра ми оде, нешто се е против мене. Овака, си мислиш чекај јас сум паметна, созреана личност со мои ставови, знам што правам, знам како да постапам. Пробаш. И се заебеш... До кога ќе учам, кога ќе научам? Целиов живот ми е само лекции, па јебига, сакам да уживам. Какви грешки правам, сигурно сум и дипломирала веќе. Не сум навикната на монотони работи, сакам нешто, сакам да уживам, да сакам, да патувам, да истражувам, да читам, да готвам, да учам... Периодов како чувствата да ми беа во зимски сон, никаде ги немаше, можда по пат сум ги загубила кога сум била пијана. Ама ако, не ми требаат. Подобро ќе бидам ладнокрвна кучка отколку емотивец и плачка. Ќе си ги држам сите конци во рака, така мора, нели за тоа живееме, демек тоа било целта на животот. Само трпи, собирај во тебе и ќути додека еден ден не пукнеш. Не покажувам слабости, јак карактер сум јас, така мислат.
Не бе мајче, не се секирај, не ме дава шефот... Еееееее ти одма во Мк ме испрати, како тој вицот со тој што викал бомба бомба во авион. Напротив, многу ме поштува и добив многу добра понуда од нив, оваа година знаат да го ценат трудот што го вложувам, (донекаде) барем со нив немам мака ... не би пишувам ради приватност. Иначе, тука сме со годините, немам и ова пишувано, и ги имаме смеите со него, само намерно му бев озбилна да се нашалам со него троа повеќе. Денеска па он ми направи вратка, ме здрма, ама ај, заслужено. Вака кога ќе размислам, ко исфрустрирана свекрва звучам, и пишувам само за некои 20-30% лоши работи... Ради приватност, а не споделувам што се' направив, пробав, научив, каде бев, со кого бев... Пола Америка на гости ќе ми иде следно лето, аххххх, ама мора човек некаде маката да си јакаже. Станавме идиоти и имбецили ради други такви, е тоа заклучивме со 3-4 колешки денеска. Тоа е, за жал, сфатив како е да работиш нешто што нејќеш, и што не ти лежи, во средина кај што не се пронаоѓаш, само и само ради пари. Ама ајде, младост, па после на старост нека биде подобро.