Najinteligenten chovek e onoj shto znae da ja prikrie svojata inteligencija i da gi premolchuva rabotite. Sfatil deka mozaikot e sharenolik i shto i da kazhe, vo ist moment mozhe da bide greshno kolku i vistinito.
@Daydream Сосема си во право Јас имам 24...И си имам зацртано план... Работа и дечко. Другарките не ми се толку важни... Доста ми е една.Односно,доволна ми е сестра ми (27).Секако и нови луѓе ми требаат,за контакт. Поздрав и ти благодарам за одговорот.
Најмногу сакам да се дружам со луѓе што сакаат храна. Многу сакам да се дружам со луѓе кои без проблем зборуваат на било која тема. Луѓе со кои си се смееме и жалиме на наша сметка. И многу сум среќна што последниве месеци сум опкружена само со такви луѓе. Некако одеднаш сите негативни луѓе ги снема, поради било која причина. Д. сеуште е тука, се држи цврсто за мене и не се откажува. А ми треба да се откачи, ми треба да продолжам сама натака без него. И после сите разговори дека не оди вака и ветувања дека веќе нема да се слушнеме еве го, тука е, пак и пак.
Брат ми ми ствара многу голем стрес. Пишав еднаш тука за него, многу неубави коментари, сега не очекувам повратни одговори ве молам. Ме боли душата. Ме боли срцето, и умот ме боли. Тој требаше подобро да знае, тој видел со свои очи..... Не требаше да оди по стапките на татко ми... А исти се. Потполно исти. Дали се гени во прашање, дали е бидејќи децата учат од родителите.... Не можам да разберам. Никогаш не сум била и никогаш нема да бидам толку разочарана колку што сум од брат ми. Мислев дека ќе знае подобро дека ќе биде подобар.. Секако пробав со добро, со лошо... Со лутење, со помош, со закани... На сите можни начини. Разговарав со психолог.... Се. Сега знам дека единствена личност која што може да му помогни е самиот тој. А јас морам најбрзо што можам да се тргнам од оваа ситација, од оваа куќа полна со страв, плачење и стресови и морам да мислам еднаш на мене на прво место. Морам пред да избие некаде цело ова секирање, некоја болест, чир, психолошки некако... Негде мора да избие... Да бегам морам.
@GirlLove , девојко, не се мачи за луѓе кои не се вредни за тоа.Ако некој си оди, има причина и не секогаш мора да значи дека тоа ќе биде негативна Знам дека чудно звучи, може и нелогично делува, ама за се‘ си треба време.Ќе видиш, само не се преоптеретувај со тоа. ~ Изгледаше доста празен градот вечерва.А мене па, ми се виде најубав ~ И никогаш, ништо не е загубено. Кога најмалку ќе се надеваш, тогаш ќе си најсреќна. Баш така се чувствувам. Поздрав до третата смена на форумов
Чудно мајката, летово не ја доживеав празна Партизанска, а сепак полна од моите мечти... во 3 наутро. Да се шуткаме лево-десно и да се сакаме како никои. Не дека не ја поминавме, ама го немав онаа младалачка возбуда, освен сигурноста дека го сакам. Молк до дома и се распеавме на Галебе мој тажен и се насмеавме со некоја си безвезна горчина. Не дозволувајте им на луѓето да си го тераат и прават филмот и животот кој им се лажни на твоја сметка. Летово го направив тоа, ќе ме чини и пари и време, драгоцено време, ама никогаш повеќе. Никогаш. Постои нешто како баланс, ако се е со скриена намера кога-тогаш ќе ги покаже пукнатините во нештото и ќе се врати многу полошо. Кога влегуваш со чиста душа, а ја гледаш прљавата игра во позадината...прво се разочаруваш од другите, а потоа од себе си, потоа си простуваш, нив и така и така, ама забот на времето ќе покаже само ако ти си ја научил лекцијата и не си ја повторил, а ќе го погоди грешникот. Има една добра стара - ви посакувам се што ми посакувате, да ви прават така како што ми правите, да ја видите убавината или неубавината, а кон себе си попустливо кога можам кон секој и сешто.
И ние што не извадовме албум со 50 слики од на плажа,со не ги напрчивме муцките и газот имаме и фаца и тело и бевме негде,фала многу пријатно...
@Daydream имам 25 год.. Да сега сум поцврста од порано но не можам да си објаснам зошто ги забораваат работите кои ги имаш правено за нив... Не очекувам јас ниш за возврат ама барем почит толку секој може да даде тоа ми е најмногу криво..
Кога во животот се најдеме во ситуација да чекаме за нешто а притоа тоа нешто не зависи од нас, неможеме ништо да направеме со проблемот туку само да чекаме и да имаме трпение е многу тешко. Стоиме во место и чекаме ....и чекаме и знаете како викаат кој чека ќе дочека. Ете така и јас сум во моментот. Одбројувам, одбројувам конечно мојата мака моите неприспиени ноки, мојата талкачка душа, моите скриени солзи да заврашат еднаш засекогаш. Чекам за подобро утре, за подобра иднина, за многу љубов, за место исполнето со среќа и радост. Свесна сум дека животот ни најмалку не е добронамерен, тој е суров исполнет со трње со маки...но ние сме борци мораме да се бориме. Животот не ни дава ништо на послужавник, па затоа мораме да се помачиме малку за да стигнеме до некоја цел. Никогаш не заврашуваат проблемите, викаат дека без проблеми животот не би имал смисла, но толку ли многу?! Јас велам секогаш ке сум позитивна, секогаш верувам во чуда, и така ми е полесно...а и позитвните мисли те прават позитивен човек со позитивни исходи. Многу е лесно да западнеш во себе, и психата да те отепа, но зарем тоа е животот?! Не животот е еден и е многу вреден и треба да се бориме за нештата што ги сакаме. Само храбрите и борците низ овој живот добиваат. Но....колку и да го мислам ова, кажувувам, пишувам и јас имам моменти на слабост кога се ми е преку глава..сета борба, сиот труд. Ама знам ...ке помине. Што и да е ...ке помине! Ке бидам до него засекогаш, минав и планини и брда за него, ке го поминам и ова наскоро ...за него...затоа што тој заслужува и многу повеќе од ова.
15 месеци со нас,да,денес се прават точно толку,одкако дојде на бел свет мојот Принц,моето сонце,моето внуче..Тета му посакува бескрајно да биде среќен,здрав и прав,и вечно да не радува,како што тоа го правеше овие месеци....ако постои совршена љубов,после мајчината секако,тоа е теткинската,тврдам со 2 раце и потпишувам
Сакам да кажам дека од денес и јас имам милениче. Едно преслатко ангорско маче. Од сега натаму ќе се дружиме и во темите за нашите миленичиња.
Сд и кажам на Lady Phoenix, дека јас имам мачор И сдк 2 (е сега, малку се плаши од јаки мачки) Ама ако знае твојата како има да преде Јавна понуда за партнерка мог мачора па шооо! фемина и се е можно Убав ден
Само нека порасне женскава и ќе ги запознаеме. До сега сите комшиски што не' сакале и ни доаѓале, биле издресирани како кутриња. Мора и оваа таква да биде, да не го плаши, па да си предат заедно. Убав ден и тебе, Озбилна-Неозбилна.
@LUCERKA Кога е неработен ден ретко кој дава фискална сметка. Во такви ситуации си барам сама, а ако не ми дадат, а ме фати инат, знам и да го оставам тоа што сум мислела да го купам.
Колку ми е интересно на одмор кога сум, и во вода некој македонец несакајќи ме удри, и ми вика сори Преска едно дете малечко пливајќи ме удри и ми вика сории..и јас: Ништо ништо, и сирото дете само напрае ИИИПП!! . Се зачуде, не знаеше дека и ја сум од Македонија А, гарант не само мене, туку и на скоро сите вас ви се има случено ова П.С овде е толку убаво, што би седела месец за да се релаксирам како што теба, једино ептен е пеколно, ама се издржува Имајте убав ден луѓе
Човек во голема мера можеш да го процениш според (не)разликувањето на значењето на поимите селанец и сељак во неговиот речник...